хотелиерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Nov 2020 12:32:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хотелиерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хотелиерите имаат проблем со поддршката за платите, бараат законски измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-imaat-problem-so-poddrshkata-za-platite-baraat-zakonski-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-imaat-problem-so-poddrshkata-za-platite-baraat-zakonski-izmeni/#respond Thu, 12 Nov 2020 12:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=428541

Голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени ако не се направат измени во Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона кризата во делот на платите за октомври, ноември и декември 2020. Како што соопшти Здружението на угостителството и туризмот од Стопанската комора на Македонија, повеќето компании од овој сектор, но пред сѐ хотелите, нема да бидат во можност да ја искористат поддршката. Освен тоа сметаат и дека како што е сега дефинирана во четвртиот пакет мерки, само делумно ќе ги ублажи негативните ефекти и последици од КОВИД-кризата. -Голем број од компаниите од угостителско туристичкиот сектор, пред сѐ хотелските објекти, се соочуваат со проблем околу користење на мерката – Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати (октомври, ноември и декември), која воедно е и прва мерка од четвртиот пакет економски мерки која започна да се реализира. Проблемот е во условите кои се утврдени во Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19, заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020. За таа цел, Здружението на угостителството и туризам при Стопанската комора на Македонија, бара измена на Законот со бришење на алинеја 2 и алинеја 3 од член 3, став 3, од Законот, соопшти Здружението на угостителството и туризам. Поради корона ситуацијата, додава Здружението, голем број работници од секторот угостителство и туризам доброволно заминуваат од работа и бараат вработување во друг сектор, а во дел од хотелите бројот на вработени е намален поради сезонскиот карактер. -Меѓу останатите проблеми предизвикани од здравствено-економската криза, компаниите се соочуваат и со реален проблем да ги задржат вработените. Дополнителен проблем е ограничувањата за исплата по основ на награда за деловна успешност, друг вид на годишна награда на вработените или дивиденда што е резултат на успешна работа од претходен период и е значајно да биде реализирано како обврска кон вработените со цел задржување на работните позиции во услови на голема мобилност на вработените во овој сектор. Доколку овие два услова не бидат изземени, укажуваме дека голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени во Агенцијата за вработување, наведува Здружението на угостителството и туризам. Барањето е доставено до надлежните државни институции со очекување дека ќе биде разгледано и ќе се излезе во пресрет на деловните субјекти од секторот туризам и угостителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hotelierite-imaat-problem-so-poddrshkata-za-platite-baraat-zakonski-izmeni/feed/ 0
HTCA Академик тренинг центар започнува со обуки https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/#respond Fri, 11 May 2018 18:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=53212

Во присуство на голем број значајни гости  од областа на угостителството, хотелиерството и деловниот свет поврзан со оваа индустрија, овој тренинг центар го објави својот план за идно делување и желбата за подигнување на нивото на квалитет во овој сектор. Според статистиката од вкупно 700 илјади лица вработени во Македонија, во угостителската и услужната дејност, директно или посредно, се вработени близу 150 илјади лица (Завод за статистика на РМ). Категоријата на вработени во угостителството се води како нејнепостојана категорија на вработени  поради  големиот одлив на овие кадри во странство и предрасудата дека оваа професија е од привремен карактер а не трајна професионална определба. Во областа на хотелиерството секогаш има недостиг од добри работници, затоа приоритет треба да биде развојот на вработените, кои пак се од суштинско значење за одржување на услугата на високо ниво што ќе резултира со задоволни гости за да може да се задржи конзистентноста и конкурентноста на пазарот. Во двете државни угостителски средни училишта завршуваат само 400 ученици годишно, а факултететите за туризам не обезбедуваат доволно практична обука. Во Македонија се регистрирани вкупно 2433 угостителски објекти  и 510 хотели.  Затоа, во моментов, потребата од центар за обезбедување тренинзи за угостителство е повеќе од потребна. Квалитетот на обуките што ги нуди Тренинг центарот е загарантиран со неговата инволвираност во меѓународните институции, како и со задолжителниот процес на ресертификација на Тренинг центарот на годишно ниво.
Нашата визија е гостопримливоста со која се одликува Македонија да се подигне на ниво на квалитет достоен според највисоките меѓународни стандарди за угостителство – швајцарските стандарди. Квалитетни, меѓународно сертифицирани практични обуки, и сертифицирани обучувачи без сомнеж ќе нѐ доведат до посакуваниот квалитет кој секако е гаранција за успех. Искористете ја можноста да се стекнете со вештини кои ќе ве доведат до посакуваната кариера со пет ѕвезди. ~ изјави Генералната директорка на центарот, г-ѓа Мајда Стошиќ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/htca-akademik-trening-centar-zapochnuva-so-obuki/feed/ 0