хотелски комплекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Jan 2019 06:35:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хотелски комплекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајдени сите исчезнати по нападот врз хотелскиот комплекс во Најроби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-site-ischeznati-po-napadot-vrz-hotelskiot-kompleks-vo-najrobi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-site-ischeznati-po-napadot-vrz-hotelskiot-kompleks-vo-najrobi/#respond Fri, 18 Jan 2019 06:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=153586

Кенискиот Црвен крст синоќа соопштија дека пронајдени се 94 лица кои се водеа како исчезнати по терористичкиот напад врз луксузниот хотелски комплекс во Најроби. При нападот врз хотелскиот комплекс „ДуситД2“ загинаа 21 човек, а петте напаѓачи се убиени. Меѓу загинатите се 16 Кенијци, од кои еден полицаец, еден Британец, еден Американец и тројца Африканци, чија националност не е соопштена. Нападот врз луксузниот хотелски комплекс „ДуситД2“ на 15 јануари го извршија припадници на терористичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, кои фрлија бомби врз возилата на паркингот, а потоа влегоа во предворјето на хотелот, каде еден од нив го активира експлозивот што го имал на себе. Потоа напаѓачите отворија оган. Опсадата на хотелскиот комплекс заврши по 20 часа, а напаѓачите беа убиени од кениските безбедносни сили. Ал Шабаб соопшти дека нападот е одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп  да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Седиштето на Ал Шабаб, која презеде одговорност за нападот, е во Сомалија. Терористичката група во 2013 година изврши напад врз трговскиот центар Вестгејт во Најроби, при што загинаа 67 луѓе. Нападот уследи откако во понеделникот кенискиот суд одлучи да им суди на тројца осомничени мажи дека биле вклучени во нападот врз трговскиот центар Вестгејт. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-site-ischeznati-po-napadot-vrz-hotelskiot-kompleks-vo-najrobi/feed/ 0
ФОТО: Најмалку 15 загинати при нападот врз хотелскиот комплекс во Најроби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najmalku-15-zaginati-pri-napadot-vrz-hotelskiot-kompleks-vo-najrobi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najmalku-15-zaginati-pri-napadot-vrz-hotelskiot-kompleks-vo-najrobi/#respond Wed, 16 Jan 2019 07:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=152746

Најмалку 15 луѓе загинаа во вчерашниот терористички напад врз луксузниот хотелски комплекс во главниот град на Кенија, Најроби, а меѓу жртвите се и еден Британец и еден Американец, соопшти полицијата. Меѓу жртвите 11 се државјани на Кенија, а на две лица се уште не им е утврден идентитетот. Според Кениската државна телевизија, 12 часа од почетокот на нападот во хотелскиот комплекс и понатаму се заробени луѓе со повеќекратни повреди. Иако кениските власти тврдат дека хотелот е обезбеден и луѓето се евакуирани, голем број семејства тврдат дека нивни членови се уште се заробени во комплексот. Нападот врз луксузниот хотелски комплекс „ДуситД2“ го извршија припадници на терористичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, кои фрлија бомби врз возилата на паркингот, а потоа влегоа во предворјето на хотелот, каде еден од нив го активира експлозивот што го имал на себе. Потоа напаѓачите отворија оган. Ал Шабаб тврди дека при нападот се убиени 47 лица, додека кениските власти се уште немаат соопштено дека напаѓачите се убиени, уапсени или побегнале. На видео снимка се гледаат најмалку четворица напаѓачи. Неименуван сомалиски дипломат изјави дека за време на нападот во хотелот биле претставници на сомалиската власт. Седиштето на Ал Шабаб, која презеде одговорност за нападот, е во Сомалија. Терористичката група во 2013 година изврши напад врз трговскиот центар Вестгејт во Најроби, при што загинаа 67 луѓе. Вчерашниот напад уследи откако во понеделникот кенискиот суд одлучи да им суди на тројца осомничени мажи дека биле вклучени во нападот врз трговскиот центар Вестгејт. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-najmalku-15-zaginati-pri-napadot-vrz-hotelskiot-kompleks-vo-najrobi/feed/ 0