хоти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Dec 2020 07:43:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хоти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Партијата на Пацоли ќе го поддржи уривањето на владата на Хоти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-pacoli-kje-go-poddrzi-urivanjeto-na-vladata-na-hoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-pacoli-kje-go-poddrzi-urivanjeto-na-vladata-na-hoti/#respond Fri, 11 Dec 2020 07:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=441825

Партијата Алијанса ново Косово (АКР), на чие чело е поранешниот шеф на државата, а подоцна и на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, најави дека ќе го поддржи гласањето во собранието за уривање на владата предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и нејзиниот премиер Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Наим Мурсели, советник на лидерот на АКР, преку објава на својата страница на Фејсбук, синоќа порача дека Владата на Хоти „веќе ја има изгубено довербата“ и пратениците од неговата партија “ќе го поддржат нејзиното уривање“. АКР има двајца пратеници во 120-членото Собрание на Косово и тие досега ја поддржуваа актуелната влада, додека Мурсели денеска објави нивно заминување во опозиција. – Само една обединета опозиција може да го отвори патот за нови избори во Косово. Оваа влада веќе ја има изгубено довербата и граѓаните со нетрпение очекуваат друг да ја преземе должноста. (…) АКР ќе го поддржи уривањето на оваа влада, напиша советникот на Пацоли. Во врска со полемиките меѓу коалиционите партнери околу изборот на нов шеф на државата, откако досегашниот претседател Хашим Тачи поднесе оставка на функцијата, Мурсели порача дека е јасно оти „ниеден нов претседтел не може да биде избран без опозицијата“. Најголемата косовска опозициска партија, Движењето самоопределување (ВВ) на претходниот премиер Албин Курти, од порано има покренато иницијатива за собирање потписи на републичките пратеници за изгласување недоверба на владата предводена од Хоти, кој ја презеде власта на почетокот на јуни годинава, откако го урна дотогашниот коалиционен партнер Курти. За покренување моција за владата потребни се 40 потписи, а за изгласување недоверба 61 глас на пратениците од 120-члениот косовски Парламент. ВВ има 28 пратеници, така што двајцата пратеници од партијата на Пацоли не се доволни за свикување седница за гласање доверба на кабинетот на Хоти. Втората најголема опозициска партија, Демократската партија на Косово, објави дека нема да ја потпише моцијата за уривање на актуелната влада, но оти ќе гласа за нејзино уривање доколку тоа прашање дојде на дневен ред во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-pacoli-kje-go-poddrzi-urivanjeto-na-vladata-na-hoti/feed/ 0
Хоти: Косово има најмалку заболени од Ковид-19 споредено со регионот и Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-ima-najmalku-zaboleni-od-kovid-19-sporedeno-so-regionot-i-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-ima-najmalku-zaboleni-od-kovid-19-sporedeno-so-regionot-i-evropa/#respond Sun, 01 Nov 2020 08:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=423198

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека состојбата со пандемијата на Ковид-19 во земјата и натаму е под контрола и дека во Косово има многу помалку заразени од коронавирусот во споредба со земјите од регионот и Европа, јави дописникот на МИА од Приштина. Хоти преку неговата страница на Фејсбук порача дека Владата успева да ја држи ситуацијата под контрола, но побара од граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките кои ги препорачуваат здравствените власти, со цел што полесно да се преброди новиот бран на пандемијата. – Бројот на тестови за Ковид-19 расте, како што расте и бројот на случаи. Ние продолжуваме да ја држиме ситуацијата под контрола и имаме многу помалку заразени споредено со регионот и Европа. Нашите институции го чинат невозможното за да ја држат под контрола оваа ситуација, а тоа посебно се однесува на здравствените работници. Затоа да им помогнеме, порача Хоти. Последните денови во Косово секојдневно се зголемува бројката на новозаразени од коронвирусот, а според последниот 24-часовен извештај на Институтот за јавно здравство во петокот се забележани рекордни 514 новозаболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата достигна до 19.842. Од нив починале 681 (тројца во последниот извештаен период), а излекувани се 15.520, така што активни заразени во моментов се 3.641 лице. Секојдневно расте и бројката на извршени тестирања според методот РТ-ПЦР, така што во споменатиот период беа испитани 1.750 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, што е двојно повеќе споредено со дневната бројка на испитаници пред десетина дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-kosovo-ima-najmalku-zaboleni-od-kovid-19-sporedeno-so-regionot-i-evropa/feed/ 0
Хоти: Приштина од преговорите со Белград очекува единствено меѓусебно признавање https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-prishtina-od-pregovorite-so-belgrad-ochekuva-edinstveno-megjusebno-priznavanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-prishtina-od-pregovorite-so-belgrad-ochekuva-edinstveno-megjusebno-priznavanje/#respond Sun, 12 Jul 2020 21:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=374813

Косовскиот премиер Авдулах Хоти најави дека идниот четврток во Брисел ќе ги продолжи разговорите со претседателот на Србија Александар Вучиќ за изнаоѓање решение за споровите меѓ двете земји, но нагласи дека Приштина во преговарачкиот процес со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција по денешниот видео-самит со Вучиќ и со претставниците на Европската Унија, шефот на дипломатијата Жозеп Борел и специјалниот пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак, Хоти информира дека е постигната начелна согласност за продолжување на дијалогот со официјален Белград, на 16 јули во престолнината на ЕУ. – Дијалогот нема алтернатива и само преку дијалог можеме да ги решиме прашањата со Србија. Јас ја предложив платформата за дијалогот и ние во овој процес влегуваме единствено за меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите меѓу двете земји, изјави Хоти, најавувајќи ја првата официјална средба меѓу челниците на двете држави по 20-месечен прекин, кој настапи по воведувањето, во ноември 2018 година, на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово. Теми на денешниот виртуелен состанок, според косовскиот премиер, биле компензацијата на штетите од војната во 1998-99 година, регулирањето на катастарските документи, нормализацијата на економските и трговските односи и други прашања. – Ги претставивме нашите државни ставови и подготвени сме да седнеме на секоја преговарачка маса за бранење на државноста на Косово и за барање за нормализација на односите, која може да настапи единствено по меѓусебното признавање на двете држави, порача Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-prishtina-od-pregovorite-so-belgrad-ochekuva-edinstveno-megjusebno-priznavanje/feed/ 0
Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-gi-zamoli-pratenicite-vo-kosovskoto-sobranie-da-glasaat-za-izmenite-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-gi-zamoli-pratenicite-vo-kosovskoto-sobranie-da-glasaat-za-izmenite-na-budzetot/#respond Sat, 04 Jul 2020 18:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=369051

Претседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти ги повика пратеничките групи и пратениците во републичкото Собрание да овозможат одржување на пленарна седница, на која ќе се усвојат измените во буџетот на државата, со цел справување со проблемите што на косовското стопанство му ги предизвика пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Од селото Широка во општина Сува Река, каде што присуствуваше на отворањето на жетвената сезона, Хоти вети дека неговата влада ќе ги удвои субвенциите за земјоделството, но нагласи дека за тоа е потребно Собранието да ги усвои измените во буџетот и да ги ратификува меѓународните финансиски договори. Тој рече дека знае оти некои пратеници и членови на собраниската администрација се заразени од коронавирус, но ја нагласи итноста од потребата од изнаоѓање начин за одржување седница. Целта на Хоти, како што беше истакнато на денешната седница на Владата пред неговото заминување во Сува Река, е формирање фонд за економско опоравување, за што планира да се издвојат 400 милиони евра. – Очекувам што поскоро да помине буџетот во Собранието, да започне целосното спроведување на пакетот за економско закрепнување, вклучително и на земјоделството. Во оваа прилика ги замолувам сите пратенички групи, сите пратеници, да се организираат во ова време на пандемијата, за што поскоро да помине и буџетот и меѓународните договори поврзани со фондот за економско опоравување, рече Хоти во Сува Река. Владејачката коалиција има минамално мнозинство од 61 глас во 120-членото Собрание, а дополнителни проблеми со обезбедувањето на потребните гласови за усвојување на владините одлуки се појавија откако на еден од пратениците, Арбен Гаши, кој е шеф на пратеничката група на партијата на Хоти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му беше дијагностициран коронавирус. Во изминатите петнаесетина дена имаше два неуспешни обиди за ратификација на неколку договори за поволни кредити од Светската банка и грантови од Европската унија, вредни над 60 милиони евра. За да се склучат договорите потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, додека двете најголеми опозициски партии, Движењето самоопределување на претходниот премиер Албин Курти и Демократската партија на Косово на поранешниот собраниски спикер Кадри Весели досега одбиваа да дадат било каква поддршка на Владата на Хоти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-gi-zamoli-pratenicite-vo-kosovskoto-sobranie-da-glasaat-za-izmenite-na-budzetot/feed/ 0
Курти ја одби поканата на Хоти за лидерски форум за дијалогот со Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ja-odbi-pokanata-na-hoti-za-liderski-forum-za-dijalogot-so-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ja-odbi-pokanata-na-hoti-za-liderski-forum-za-dijalogot-so-srbija/#respond Thu, 11 Jun 2020 11:19:47 +0000 https://kurir.mk/?p=356573

Портпаролот на Движењето самоопределување (ВВ) Арлинд Манџука информира дека во партиското седиште стасала покана од косовскиот премиер Авдулах Хоти за лидерот на ВВ Албин Курти да учествува на таканаречниот лидерски форум за дијалогот со Србија, но Курти нема да одговори на неа, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што објави Манџука преку својата страница на Фејсбук, поканата од Хоти е одбиена, затоа што ВВ ја смета актуелната влада за нелегитимна, поради нејзината „зависност“ од најголемата партија на косовските Срби, Српската листа и претседателот на државата Хашим Тачи. – Пред два дена примивме писмо со кое се кани претседателот на ВВ Албин Курти да дискутира со актуелната влада за идниот дијалог со Србија. Една влада која е зависна и овозможена од гласовите на Српска листа и која е формирана од Тачи и за него и една влада која му го укина на Косово реципроцитетот со Србија, нема ниту кредибилитет ниту легитимитет. Затоа ние не одговоривме на таа покана, бидејќи не сакаме да бидеме дел од тие средби, напиша Манџука. Хоти при вчерашната посета на Академијата на науките и уметностите на Косово најави дека ќе основа форум со лидерите на сите политички партии, а во рамките на премиерската канцеларија ќе се формира сеопфатен Експертски совет за дијалогот Приштина – Белград. – Ќе побарам од Собранието да основа парламентарна комисија за дијалогот која ќе ја води опозицијата. Сé ќе биде транспарентно и нема да има разговори зад затворени врати, изјави премиерот. Во претходната влада, предводена од лидерот на ВВ, Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) беше прв вицепремиер, но беше разрешен неполн час откако, на 25 март, Собранието на Косово, на барање на ЛДК, му изгласа недоверба на кабинетот на Курти. На 3 јуни, со минимално мнозинство гласови од пратениците во републичкото Собрание, беше изгласана новата влада, предводена од Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-ja-odbi-pokanata-na-hoti-za-liderski-forum-za-dijalogot-so-srbija/feed/ 0