хпв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 13:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хпв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ХПВ – вакцинација и масовен скрининг како најдобра превенција за намалување на бројот на заболени од рак на грло на матка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hpv-vaktsinatsija-i-masoven-skrining-kako-najdobra-preventsija-za-namaluvane-na-brojot-na-zaboleni-od-rak-na-grlo-na-matka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hpv-vaktsinatsija-i-masoven-skrining-kako-najdobra-preventsija-za-namaluvane-na-brojot-na-zaboleni-od-rak-na-grlo-na-matka/#respond Tue, 21 Feb 2023 13:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=803178

Потребно е подигање на јавната свест во однос на ХПВ-вакцините, како најдобра превенција за спречување на рак на грлото на матката и што помасовен скрининг, беше заклучено на денешната панел дискусија „„Искоренување на ракот на грлото на матката - како да го унапредиме здравјето на жените и девојките во Северна Македонија?", што беше организирана од страна на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Скопје, во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и Рош Македонија Скопје. Претседателот на Националната комисија за превенција и рана детекција на рак на грлото на матката Марјан Стојовски рече дека како национална комисија, имаат должност и обврска да ги спроведат сите протоколи што ги насочува и Светската здравствена организација, а тоа е до 2030 година 90 проценти од женската популација да биде опфатена со скрининг, 70 отсто од младите девојки од 12 до 14 годишна возраст да бидат покриени со вакцини и 90 проценти од сите рано откриени лезии на грлото на матката да бидат третирани. -Нашата цел е што побрзо да се приближиме до европските трендови, а тие се три, три ипол, четири, пациентки на 100.000 жени годишно да заболуваат, додека кај нас тој процент е се уште многу висок и се уште сме во средно развиените земји кои имаат висок процент заради недостаток на скрининг. Мораме да сфатиме како држава дека се што ќе превенираме ќе ни се врати неколкупати со здрава нација и здрава популација, нагласи Стојовски. За жал, како што посочи, засега е многу мал бројот на жени кои се опфатени со скрининг но се вложуваат огромни напори тој број да се зголеми. -Државата даде огромни средства, иако излезе некоја информација дека е намален буџетот на програмата. Напротив, тој е зголемен за околу 50 проценти и верувам дека доколку има потреба ќе најдеме уште финансиски средства, истакна Стојовски. Проф. д-р Александра Грозданова, претседателка на Националната комисија за имунизација посочи дека покрај скринингот, ХПВ-вакцинацијата е една од најуспешните методи со којашто може да се дојде до елиминирање на ова заболување. Гроздановска потенцираше дека до 2030 години се планира 95 проценти од популацијата што е во групата за таа вакцина, да биде имунизирана. - Треба да ја подигнеме свесноста за тоа дека имаме вакцина којашто спречува карцином. Оваа вакцина ја прати една стигма, посебно во регионот, поради тоа што се воведува во релативно рана возраст, кај нас е на 12 до 15 години и тогаш веројатно родителите се уште не размислуваат за сексуално пренослива болест како што е всушност ХПВ-то кое најчесто така се пренесува, треба во тој период да ги заштитат своите девојчиња, меѓутоа исклучиво е важно дека пред да бидат сексуално активни да ја примаат оваа вакцина бидејќи во 97 проценти заштитува, извонредно е ефикасна и безбедна, порача Гроздановска. Шефицата на Канцеларијата на Фондот за население УНФПА на Обединетите нации Афродита Шаља - Плавјанска упати порака до мајките да дозволат нивните деца да се вакцинираат. - Тоа што е предност во нашата држава е дека освен што сите овие чекори треба да се следат, и вакцината и скринингот го покрива државата. Ние имаме фонд и буџет во државата што може тоа да го поддржи, што не е случај во многу земји. Како меѓународна организација сме во контакт со наши колеги во други држави коишто се стремат да обезбедат мали количини, а интересот е голем, така што ги охрабрувам сите жени пред се, мајки, да дозволат нивните деца да се вакцинираат, затоа што кога понатаму ќе се соочат со ХПВ инфекција и евентулано понатаму уште поголема последица, тогаш сите се каат што не го сториле тоа, нагласи Шаља - Плавјанска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hpv-vaktsinatsija-i-masoven-skrining-kako-najdobra-preventsija-za-namaluvane-na-brojot-na-zaboleni-od-rak-na-grlo-na-matka/feed/ 0
Д-р Грозданова: Мал процент на вакцинирани девојчиња против ХПВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-grozdanova-mal-procent-na-vakcinirani-devojchinja-protiv-hpv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-grozdanova-mal-procent-na-vakcinirani-devojchinja-protiv-hpv/#respond Tue, 06 Dec 2022 14:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=771816

За ХПВ вакцината има релативно мал процент на вакцинирани девојчиња од различни причини. Оваа вакцина е една од најефикасните вакцини и има за цел да делува и да спречи развој на карцином на грло на матка, апелира проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на денешниот брифинг поврзан со прашања околу набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ. – Карциномот на грлото на матка е еден од водечките кај женската популација на возраст од 15 до 45 години, а е втор по ред, веднаш по карциномот на дојка. Родителите ова сериозно треба да го имаат како информација со цел да донесат одлука дали ќе ги вакцинираат своите девојчиња или не, вели д-р Грозданова. Додава дека согласно календарот за имунизација оваа вакцина се дава помеѓу девет и 12 години, а дополнително оние кои немаат примено вакцина до оваа возраст можат да ја примат до 15 години. Причината зошто баш на оваа возраст е потребно девојчињата да ја примат вакцината, како што вели д-р Грозданова, е поради тоа што од имунолошки аспект е многу важно кога ќе се даде вакцината, но дополнително, оваа вакцина е асоцирана да се прими што е можно порано, односно пред девојките да стапат во сексуални односи. – Оваа вакцина што во моментов е достапна кај нас е четиривалентна и заштитува од четирите најинвазивни серотипови, директно асоцирани со развој на рак на грло на матка. Има и нови вакцини со поголема валентност и очекувам во следните години да ги имаме и тие, додава таа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-grozdanova-mal-procent-na-vakcinirani-devojchinja-protiv-hpv/feed/ 0
СЗО ја потврди делотворноста на еднодозната вакцина против ХПВ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-potvrdi-delotvornosta-na-ednodoznata-vakcina-protiv-hpv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-potvrdi-delotvornosta-na-ednodoznata-vakcina-protiv-hpv/#respond Wed, 20 Apr 2022 12:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=665942

Вакцината со единечна доза против хуман-папилома вирусот (ХПВ) има потенцијал да ги промени „правилата на играта“, велат стручњаци од Светската здравствена организација (СЗО). Експертите од Стратешката советодавна група за имунизација при СЗО заклучија дека една доза од вакцината има споредлива делотворност со вакцините со две или три дози и нуди солидна заштита од вирусот. Групата ги проценуваше показателите од изминатите неколку години, во однос на ефикасноста на вакцината со една доза. СЗО верува дека овие наоди може да овозможат повеќе девојчиња да се вакцинираат со вакцината која спасува животи. Се препорачува за лица од девет до до 20 години да се вакцинираат со една или две дози, а две дози – за жени над 21 година. ХПВ е најчеста сексуално пренослива болест и е предизвикувач на 95 отсто од сите карциноми на грлото на матката. Ракот на грлото на матката е четвртиот најчест облик на рак кај жените. Според СЗО, 90 отсто од жените со рак на грлото на матката живеат во земји со низок и среден приход, каде што постои загриженост за бавното воведување на вакцината против ХПВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-ja-potvrdi-delotvornosta-na-ednodoznata-vakcina-protiv-hpv/feed/ 0
Филипче скаран со вакцините, освен што нема за КОВИД-19, нема вакцина ниту за ХПВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-skaran-so-vakcinite-osven-shto-nema-za-kovid-19-nema-vakcina-nitu-za-hpv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-skaran-so-vakcinite-osven-shto-nema-za-kovid-19-nema-vakcina-nitu-za-hpv/#respond Thu, 25 Mar 2021 13:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=487617

Министерот за здравство Венко Филипче очигледно дека е скаран со вакцините. Освен тоа што граѓаните поради неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче не можат да се заштитат од КОВИД-19 бидејќи не набавува вакцини, родителите апелираат повеќе од два месеца дека нема на располагање вакцини против хуман папилома вирус (ХПВ) во земјава. Овие вакцини се задолжителни и според програмата, имунизацијата се врши со давање две или три дози на вакцината на сите женски деца со наполнети 12 години. Дозите се аплицираат на соодветни временски растојанија, во согласност со Календарот за имунизација. -Поради својата здравствена состојба, ќерка ми од пред два месеца има препорака од лекар да се вакцинира со ХПВ-вакцина. Оттогаш, значи два месеца, секојдневно ја барам вакцината низ здравствените домови. Никаде ја нема, ниту лекарите знаат кога би ја добиле. Станува збор за вакцина која многу родители ја одбија, плаќајќи и парични казни. Ние мораме да ја ставиме, сакаме да ја ставиме, но државата не ни ја обезбедува. Која иронија е тоа, вели загрижен родител од Скопје за „360 степени“. Вакцините против хуман папилома вирусот дека ги нема потврдува и директорот на Здравствениот дом-Скопје, Виктор Исјановски. Тој во краток телефонски разговор за „360 степени“ посочи дека од Нова година наваму ХПВ-вакцини нема, а подетален одговор за овој проблем треба да даде министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче во јануари месец оваа година на една утринска програма на националната телевизија убедливо велеше дека граѓаните мора да се свесни дека само преку вакцинација може да се искорени и победи болеста и тоа е единственото сигурно оружје. Но како некоја болест или пак КОВИД-19 да се победи кога нема вакцини? На ова прашање очигледно одговор нема и нема да има, бидејќи за министерот за здравство Венко Филипче, па и за самата власт секогаш другите се виновни, а тие не се, а за таквото однесување единствено страдаат граѓаните. И додека министерот за здравство Венко Филипче апелира граѓаните да се вакцинираат иако нема вакцини ниту за обичен грип, опозицијата критикува дека со ваква несериозност се штети по јавното здравје, и за тоа мора кривично да одговара министерот за здравство па и целата влада. Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ во вчерашното гостување на радио „Лидер“ додаде дека Филипче треба да си даде оставка за тоа што нема набавено вакцини за населението, а свесно ги лажеше граѓаните. Потребно е да сноси кривична одговорност. Дури и во момент кога ЕК најавува вакцинални пасоши како официјален документ за цела Европа, во Македонија за министерот за здравство примена вакцина е класифицирана информација. -За тоа ние во Собрание вчера имавме прес конференција и јас лично излегов, рековме дека и денеска ќе го поднесеме до собраниската Комисија за здравство барање за декласификација на информациите за тоа кои лица се вакцинирани. За тоа што ние, не само ние, јавноста има сознание дека се вакцинираат политичарите од власта, истакна Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-skaran-so-vakcinite-osven-shto-nema-za-kovid-19-nema-vakcina-nitu-za-hpv/feed/ 0