храм свети сава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Nov 2020 13:44:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png храм свети сава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во криптата на храмот Свети Сава во Белград погребан српскиот патријарх Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kriptata-na-hramot-sveti-sava-vo-belgrad-pogreban-srpskiot-patrijarh-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kriptata-na-hramot-sveti-sava-vo-belgrad-pogreban-srpskiot-patrijarh-irinej/#respond Sun, 22 Nov 2020 13:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=432840

Во криптата на храмот Свети Сава во Белград, денеска беше погребан поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј, јави дописникот на МИА од Белград. Погребната литургија и опело служеше митрополитот Дабро-Босански Хризостом, со учество на владиците и свештенството на Српската православна црква и гости од други православни цркви, меѓу кои беше и вториот човек на Руската православна црква, митрополитот Иларион. На погребот беше целиот државен врв на чело со претседателот Александар Вучиќ, членот на претседателството на БиХ Милорад Додик, мандатарот на црногорската влада Здравко Кривокапиќ. -Овој храм тој практично го изгради. Ја обнови културата на сеќавање. Тој не прифаќаше поделба на луѓето и нациите, иако ја признаваше секоја држава кроена на моделите на АВНОЈ. Тој веруваше во растечката сила на српската држава и помалку наивно, во силата да го убеди светот за страдањата на нашиот народ на Косово, изјави во говорот пое опелото претседателот Александар Вучиќ. Пред храмот беа присутни голем број верници кои преку двата видео бима ја следеа Светата литургија и погребот, бидејќи престојот во Храмот беше ограничен поради епидемиолошката состојба. Патријарот Иринеј, кој беше педесет и шести поглавар на Српската православна црква, е првиот патријарх кој е погребан во Храмот Свети Сава, чија изградба и поставувањето на мозаикот беше една од главните карактеристики на неговото раководење со српската црква. Оваа година СПЦ беше речиси целосно обележана со коронавирусот. Иринеј умре од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по служењето литургија на погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој исто почина од последици од Ковид. Денеска почина расчинетиот епископ Артемије, претходно почина ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи. До изборот на новиот поглавар на Српската црква, должностите ќе ги извршува Синодот, со кој ќе раководи најстариот член. Изборот на патријарх се врши најдоцна во рок од три месеци од денот кога престолот на патријархот е испразнет, „на апостолски начин“, со жрепка, помеѓу тројцата кандидати со најмногу гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-kriptata-na-hramot-sveti-sava-vo-belgrad-pogreban-srpskiot-patrijarh-irinej/feed/ 0
Патријархот Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-irinej-najverojatno-kje-bide-pogreban-vo-hramot-sveti-sava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-irinej-najverojatno-kje-bide-pogreban-vo-hramot-sveti-sava/#respond Fri, 20 Nov 2020 11:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=432190

Упокоениот српски патријарх Иринеј најверојатно ќе биде погребан во храмот Свети Сава во Белград, јави РТС. Патријархот Иринеј, ако нема поинаку одрдено во својот тестамент, ќе биде првиот патријарх погребан во Храмот. До изборот на новиот поглавар на Српската православна црква (СПЦ), наследникот на патријархот Иринеј, неговите должности ќе ги извршува Синодот на СПЦ, со кој ќе раководи најстариот член. Изборот на патријарх се врши најдоцна во рок од три месеци од денот кога престолот на патријархот е испразнет. Правилата предвидуваат новиот патријарх да се избира на Собор, „на апостолски начин“, со ждрепка, помеѓу тројцата кандидати со најмногу гласови. За време на претходниот избор, најмногу гласови доби митрополитот Амфилохије. По повод смртта на патријархот Иринеј, сочувство до Синодот на СПЦ, свештените лица, монаси и верниците на Српската православна црква испратија официјални лица на Србија и регионот, како и политички партии. Во катедралната црква Свети Архангел Михаил во Белград се одржа помен за патријархот Иринеј. Како што јави дописникот на МИА од Белград, медиумите пишувајќи за дејноста на патријархот Иринеј наведуваат да „поради настаните на меѓународно црковно и политичко ниво, СПЦ станала вознемирена – дали украинскиот спор меѓу Вселенскиот патријарх и Московската патријаршија може да се прелее на нејзините делови во Северна Македонија, Црна Гора и пошироко во дијаспората каде што има своја организација.„ -Патријархот Иринеј беше јасен во својот став дека СПЦ смета да Руската црква е во право кога го обвинува патријархот Вартоломеј за „упаѓање на нејзина канонска територија“ во Украина и давање автокефалност на одредени црковни организации надвор од правилата, пишува Н1. Оваа година СПЦ беше скоро целосно обележана со коронавирусот. Неодамна почина митрополитот црногорски и приморски Амфилохије, претходно ваљевскиот епископ Милутин, а заразени се и повеќе епископи. Српскиот патријарх Иринеј (90) умре утринава во Белград од компликации со коронавирусот, а во болница заврши четири дена по погребот во Црна Гора на митрополитот Амфилохије, кој почина на 30 октомври од последици од ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/patrijarhot-irinej-najverojatno-kje-bide-pogreban-vo-hramot-sveti-sava/feed/ 0
Нема шанси да ја препознаете- Цеца замина во свет храм и не се одделуваше од свештеникот- од причината ќе занемете (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nema-shansi-da-ja-prepoznaete-ceca-zamina-vo-svet-hram-i-ne-se-oddeluvashe-od-sveshtenikot-od-prichinata-kje-zanemete-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nema-shansi-da-ja-prepoznaete-ceca-zamina-vo-svet-hram-i-ne-se-oddeluvashe-od-sveshtenikot-od-prichinata-kje-zanemete-video/#respond Thu, 23 May 2019 13:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=201212

Светлана Цеца Ражнатовиќ заедно со својата сестра се појавиле во храмот „Св. Сава“ во Белград. Таму се сретнале со едно свештено лице кое ги прошетало низ храмот, а сето тоа било забележано од камерата на екипата на емисијата „Папарацо лов“. Пејачката била облечена во потполно лежерна облека, розови тренерки, црни очила за сонце како и носела чанта на себе. Цеца и нејзината сестра целото време биле во придружба на свештеникот, а како изгледаше тоа од објективот на „Папарацо лов“, како и причината која таа беше во посета на овој храм погледнете во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nema-shansi-da-ja-prepoznaete-ceca-zamina-vo-svet-hram-i-ne-se-oddeluvashe-od-sveshtenikot-od-prichinata-kje-zanemete-video/feed/ 0