Христија Мицкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Jun 2023 07:32:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христија Мицкоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нема детали кога точно и во кој формат ќе биде средбата Ковачевски-Мицковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-detali-koga-tochno-i-vo-koj-format-ke-bide-sredbata-kovachevski-mitskovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-detali-koga-tochno-i-vo-koj-format-ke-bide-sredbata-kovachevski-mitskovski/#respond Sat, 03 Jun 2023 07:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=841661

Средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се знае точно кога ќе се одржи, ниту пак во кој формат ќе биде. Ковачевски најави средба со Мицковски и со тимовите од двете страни, а Мицковски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци. Ковачевски во четвртокот најави дека наредните денови ќе се одржи средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која ќе присуствуваат и тимови од двете страни, додека Мицковски вчера изјави дека инсистира на средба само со Ковачевски. Теми на разговор, како што најави Ковачевски, би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицковски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори. - Ќе повикам на лидерска средба, а темите ќе бидат одлуките што треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и темата за односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата, рече Ковачевски во четвртокот во телевизиско гостување. Мицковски, пак, во емисијата „360 степени“ рече дека преферира средба само со Ковачевски. - Моето искуство покажало дека на таков широк формат на средби, не лидерска, туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно после една таква лидерска средба треба да излеземе со некаков заклучок, рече Мицковски. Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии. Вели дека има две опции за кои би требало да се разговара - едната се уставните измени и втората што доколку не успее овој процес. Од СДСМ вчера на прес-конференција порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа пред одлука - дали ќе ја поддржи интеграцијата на државата или изолацијата. -Изборот е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција ниту шанса да добиеме подобар договор од овој што го имаме. А видоа граѓаните како изгледа изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава без перспектива, режим, уназадена земјата која не напредува, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак одговорија дека на лидерската средба, доколку ја има, ќе стане јасно дали Ковачевски е, како што велат, полтрон на ДУИ. - На лидерската доколку СДС престане со детските игри и воопшто ја има, ќе стане појасно дали Ковачевски е полтрон на ДУИ или не, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-detali-koga-tochno-i-vo-koj-format-ke-bide-sredbata-kovachevski-mitskovski/feed/ 0
Мицкоски: Одобрување на ваква рамка значи или во ЕУ бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-odobruvanje-na-vakva-ramka-znachi-ili-vo-eu-bugarizirani-ili-sekogash-da-ostaneme-nadvor-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-odobruvanje-na-vakva-ramka-znachi-ili-vo-eu-bugarizirani-ili-sekogash-da-ostaneme-nadvor-od-eu/#respond Fri, 01 Jul 2022 13:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=698457

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиското седиште повика на сенароден протест кој ќе се случи утре во 19 часот на платото пред Владата, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија. – ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на иницијативата за протести. Повикувам на сенароден протест. Го повикувам цел народ од цела Македонија, но и однадвор, да се приклучи и да застане до нас и да го одбраниме она што се вика европска вредност и да го спасиме процесот на преговори, рече Мицкоски. Коментирајќи го модификуваниот француски предлог, Мицкоски рече дека според предлогот, земјава нема да го отвори првиот кластер „фундаменталс“ се додека не се случат уставните измени на кои се повикуваат заклучоците од Европскиот совет. – Нема да имаме почеток и отворање на кластерот се додека не се случат уставните измени. На страна 8, пак, од предлогот, е избришан делот каде во првиот дел стоеше делот за јазикот ама јасно стои дека Македонија не може да го почне процесот на преговори се додека не биде поптишан протоколот од втората средба на заедничката меѓувладина комисија која е основана врз основа на чл. 12 од Договорот за добрососедство што го има нашата Влада потпишано со нашиот источни сосед. Тоа е оној протокол во кој се содржани историјата ,културата, се што треба да се направи како измена во нашите учебници, појасни Мицкоски. Сето она што го вели Ковачевски, додава тој, „не е визија, не е стратегија, ниту битка за идните генерација, туку срам, пораз и капитулација што идните генерации ќе ја имаат како грутка во својата душа“. – Ваков ултимат за Макакедонија – не благодарам. Сега е моментот кога треба да се биде глаен, јасен, да се заземе вистинска страна. Странаната на Македонија и страната на народот. Оваа Влада прави огромна штета, бидејќи одобрување на ваква рамка значи или во ЕУ асимилирани и бугаризирани или секогаш да останеме надвор од ЕУ. Јас ултиматуми по цена на достоинство на народот не прифаќам и никогаш нема да се согласам на тоа, рече Мицкоски. Со жалење морам да констатирам, истакна тој, дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот и во делот на идентитетот. – Прифаќањто на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот дикатат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата, како Ковачевкси, Османи и Маричиќ, ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име,не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже. Затоа, имаме два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија, кои Владата ни ги кажува како успех, изјави Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-odobruvanje-na-vakva-ramka-znachi-ili-vo-eu-bugarizirani-ili-sekogash-da-ostaneme-nadvor-od-eu/feed/ 0
Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ утре на средби со граѓани во Кичево, Скопје, Чашка, Тетово… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nositelite-na-listi-na-vmro-dpmne-utre-na-sredbi-so-gragjani-vo-kichevo-skopje-chashka-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nositelite-na-listi-na-vmro-dpmne-utre-na-sredbi-so-gragjani-vo-kichevo-skopje-chashka-tetovo/#respond Tue, 30 Jun 2020 21:39:18 +0000 https://kurir.mk/?p=366285

Во текот на утрешниот ден 01.07.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места: -Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети Пласница во 17:00 часот, Македонски Брод во 18:30 часот, Кичево во 20:30 часот. -Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова во 13:00 часот ќе оствари средба и прошетка преку Плоштад Македонија, Камен Мост со кандидатот за пратеник од ИЕ 2 Рашела Мизрахи, каде што е прeдвидено да биде дадена изјава во 13:15 часот во паркот пред Музеј на Македонската борба. Во 18:30часот митинг во општина Македонски Брод со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски. -Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев, ќе оствари средба со жителите на општина Чашка во 21:00 часот. -Носител на ИЕ 4, Алекснадар Николоски, ќе оствари средба со жителите на општина Радовиш, Ораовица во 19:30 часот. - Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:30 часот во Тетово ќе оствари средба со Здружение на лица со инвалидитет, локација во близина на ресторан Принц, при што е предвидено да биде дадена изјава за медиуми веднаш по завршување на настанот во 12:00 часот. Во 19:00 часот е предвидено да биде изјава за медиуми заедно со коалицискиот партнер Фуркан Чако, локација Тетовчанка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nositelite-na-listi-na-vmro-dpmne-utre-na-sredbi-so-gragjani-vo-kichevo-skopje-chashka-tetovo/feed/ 0