Христијан Неделковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 18:20:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христијан Неделковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРАГЕДИЈА: Институциите и државата не му помогнаа- почина 31 годишниот Христијан кој не ја дочека трансплатацијата на срце! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-instituciite-i-drzavata-ne-mu-pomognaa-pochina-31-godishniot-hristijan-koj-ne-ja-docheka-transplatacijata-na-srce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-instituciite-i-drzavata-ne-mu-pomognaa-pochina-31-godishniot-hristijan-koj-ne-ja-docheka-transplatacijata-na-srce/#respond Tue, 23 Jun 2020 18:18:43 +0000 https://kurir.mk/?p=361719

Почина 31 годишниот Христијан Неделковски кој осум години живееше приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето (БИВАД), интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин. Тој во средината на мај беше примен на одделот за интензивна нега во Државата кардиохирургија, откако пумпите алармирале дека нешто се случува со неговото срце. Христијан беше првиот пациент на кого му беа вградени пумпи во срцето пред осум години, а рокот на траење на овие пумпи е пет години. Веста дека починал младиот Христијан ја соопштија од Националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“. „Христијан почина, премногу изгубени години на макотрпно чекање и исполниување на ‘ветувањата’ од институциите. Толку вреди еден живот кај нас, за жал, што дури 8. години ниту еден од надлежните не се потруди да помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја“, напишаа од „Храбро срце“, на својата фејсбук страница. Христијан живееше приклучен на батерии со придружна опрема тешка 7-8 килограми и од која е невозможно да се одвои. Тој бараше помош од државата, да се најде срце бидејќи вештачкото срце или пупмите кои се вградуваат во развиените земји се само преодна фаза додека се најде срце и направи трансплантација. Двајца пациенти со вградени со вградени две пумпи и еден со вештачко срце починаа во последните неколку месеци, останаа уште двајца со по две пумпи во срцето. „На нас времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден“, вели Даниел Тодоровски. Во моментот во државата има над дваесттина пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце. На 22. мај беше извршена првата трансплантација на срце од починат донор, од Емилија Динева која беше во состојба на мозочна смрт по сообраќајна несреќа, а срце доби 54. годишниот Иван Огњановски кој се уште закрепнува во Државната кардиохирургија. Со оглед на тоа што државата не е членка на Еуротрансплант и по успешно извршената трансплантација од македонските лекари, пациентите кои имаат потреба од трансплантација на срце, единствевниот спас го гледаат тука, во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-instituciite-i-drzavata-ne-mu-pomognaa-pochina-31-godishniot-hristijan-koj-ne-ja-docheka-transplatacijata-na-srce/feed/ 0
„Храбро срце“: Да не го изгубиме и Христијан како Исмет, итно е потребна трансплантација на срце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-da-ne-go-izgubime-i-hristijan-kako-ismet-itno-e-potrebna-transplantacija-na-srce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-da-ne-go-izgubime-i-hristijan-kako-ismet-itno-e-potrebna-transplantacija-na-srce/#respond Thu, 21 May 2020 21:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=348932

32-годишниот Христијан Неделковски кому пред 8 години му е вградено вештачко срце е во ургентна состојба. Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“ бара Фондот за здравство да дозволи итна трансплантација. Срцето му откажува, најитно да се преземе одговорноста, не смееме да губиме повеќе ниту еден член, алармираат од здружението. Двајца со ваква дијагноза веќе починаа. Да не дозволиме на Христијан да му се случи истото. Инаку најмладиот пациент во земјава кој чека ваква операција е тринаесетгодишно девојче. А во земјава засега има повеќе од 20 пациенти на кои им е неопходно пресадување на срце.
„Спрегите со институциите во државата никако да стигнеме до тоа. Веќе двајца пациенти изгубивме поради спороста и тромоста на нашиот систем. Ајде да знаеме каде е пречката, но ние се' уште не знаеме каде е кочницата и што точно се случува со нашиот систем за конечно да не заживее трансплантацијата во Македонија. Еве и нашиот трет случај, тоа е младиот Христијан, кој се бори веќе 8 години со две пумпи за живот и е млад човек со инзвонредно голема надеж дека еден ден тоа ќе се случи и тој ќе заживее како што треба и како останатите луѓе. Но од денес е на интензивна нега и дали ние треба да изгубиме уште еден живот, и уште еден, и уште еден, за да укапираме дека нешто треба навистина да сториме на полето на хартиите. Пред Нова година побаравме одговор од државните институции како што е Министерството за здравство и Фондот за здравство. Одговорот беше дека тоа ќе се почне, тоа е во план, и дека сега коронавирусот е причина. Јас мислам дека следно ќе биде изборите, а после тоа ќе дојдат годишните одмори, и така ништо не се случува на ова поле.“ - велат од Здружението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-da-ne-go-izgubime-i-hristijan-kako-ismet-itno-e-potrebna-transplantacija-na-srce/feed/ 0
„Храбро срце“: Срцето на Христијан сѐ побрзо бие за трансплантација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-srceto-na-hristijan-s-pobrzo-bie-za-transplantacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-srceto-na-hristijan-s-pobrzo-bie-za-transplantacija/#respond Wed, 20 May 2020 18:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=348469

Пациентот Христијан Неделковски, кому пред 8 години му е вградено вештачко срце е во ургентна состојба и бараме Фондот за здравство да дозволи трансплантација на срце во странство на овој 32-годишник. Во земјата засега има повеќе од 20 пациенти на кои им е неопходно пресадување на срце, но кај Христијан е најитна состојбата, а за жал, двајца болни веќе починаа и не дочекаа ниту шанса да им биде трансплантирано срце, предупредуваат Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работа на срцето Храбро срце. Најмладиот пациент во земјава кој чека на оваа операција е 13-годишно девојче. Од Здружението алармираат дека пациентите кај нас се вртат во лавиринтот на институциите, а дека процесот бил запрен за време на епидемијата со коронавирусот. – Светла точка засега е само најавата која денеска стаса од Министерството за здравство дека од понеделник ќе продолжат да се вршат типизации на ткива за компатибилноста на органот. Инаку, во Словенија се направени 21 трансплантација, меѓу кои две се на срце и тоа за време на оваа епидемија, во Хрватска една трансплантација, а кај нас ништо. Координаторката изјави дека причината за застојот е короната, но мерките попуштаат и мора да мрднеме од оваа позиција. Уште колку пациенти треба да изгубиме за надлежните да се освестат? Во Фондот за здравство барањето уште чека за потпис, а поминаа веќе 2 месеца. Тоа што оваа институција има нов директор не значи дека треба повторно да ги кажуваме нашите барања – велат од „Храбро срце“. Овие пациенти имаат неколку барања. – Фондот за здравство ги покрива операциите, за тоа сме благодарни, и тие што досега се направени во странство и за тие во нашата земја. Но проблем е што пациентите кои се тука оперирани, во Клиниката „Жан Митрев“, секоја контрола сами си ја плаќаат, плус лабораториски услуги, евентуални наредни хоспитализации, бидејќи има ургентни состојби па пациентите мора да бидат примени во болница. И батериите морам да кажам дека се многу скапи – цената на една е 1.100 евра, а имаме 8 батерии. Во светот сево ова е на товар на државата – појаснуваат од Здружението. Единствено двајца членови од Здружението коишто се оперирани на државната клиника не плаќаат ништо. – Не е фер што останатите приватно плаќаме. Доставивме барања до Фондот за здравство, каде бевме и на состанок, но немаме никаков одговор дали нашите пакети конечно ќе почнат да ги покриваат. Бараме итен одговор од Фондот. Исто така, што побрзо мора да се подигне и свеста за трансплантацијата, за дарувањето органи, а за тоа уште нема никаква кампања во јавноста – велат членовите на „Храбро срце“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-srceto-na-hristijan-s-pobrzo-bie-za-transplantacija/feed/ 0