Христијан Пендиков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 10:12:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христијан Пендиков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одложено денешното рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води за случајот Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/odlozheno-deneshnoto-rochishte-od-sudskiot-protses-shto-pred-osnovniot-sud-vo-ohrid-se-vodi-za-sluchajot-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/odlozheno-deneshnoto-rochishte-od-sudskiot-protses-shto-pred-osnovniot-sud-vo-ohrid-se-vodi-za-sluchajot-pendikov/#respond Thu, 26 Oct 2023 10:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=893326

Пред Основиот суд во Охрид и денеска не се одржа закажаното рочиште од процесот што се води предметот во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид. Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот. Во судницата беа присутни оштетениот Пендиков, првообвинетиот во предметот Илија Спасески и за првпат и второобвинетиот Борче Ангелов од Битола. Застапникот на двајцата обвинети, адвокатот Димитрија Цобоски, рече дека не му е позната содржината на обвинението за второобвинетиот. - Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој. Судијата Бојан Мартиноски на денешното рочиште појасни дека за двајцата обвинети ќе се води една судска постапка, а дека околностите под кои се случила тепачката ќе се докажуваат на следните рочишта. Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата. Адвокатот Стефан Камишевски, застапник на оштетениот, немаше коментар на денешната одлука на Судот да го одложи денешното рочиштето, изразувајќи уверување дека веќе на следното рочиште ќе почне постапката со изведување на предложените докази, како на обвинителството така и на одбраната. Следното рочиште од процесот е закажано за 1 декември. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Пендиков беше префрлен на лекување во Бугарија, каде доби и бугарско државјанство кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/odlozheno-deneshnoto-rochishte-od-sudskiot-protses-shto-pred-osnovniot-sud-vo-ohrid-se-vodi-za-sluchajot-pendikov/feed/ 0
ФОТО: Пендиков и Стојанов: Мора да гледаме од Софија, оти имаме забрана за Македонија, нашата земја бугарска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendikov-i-stojanov-mora-da-gledame-od-sofija-oti-imame-zabrana-za-makedonija-nashata-zemja-bugarska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendikov-i-stojanov-mora-da-gledame-od-sofija-oti-imame-zabrana-za-makedonija-nashata-zemja-bugarska/#respond Thu, 27 Jul 2023 20:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=860932

Христијан Пендиков, кого јавноста го запозна по нападот во Охрид, и претседателот на бугарска фондација „Македонија“ Виктор Стојанов денеска преку фотографија информираат дека натпреварот меѓу Шкупи и Левски мораат да го гледаат од Софија. Тие додаваат дека мораат така бидејќи имаат забрана за влез во Македонија. „Левски значи Слобода! 1:0 во Скопје. Приморани сме да гледаме од Софија дека ни забрануваат влез во Македонија. Во нашата бугарска земја!“, напиша Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pendikov-i-stojanov-mora-da-gledame-od-sofija-oti-imame-zabrana-za-makedonija-nashata-zemja-bugarska/feed/ 0
Пендиков пак се пожали, адвокатот водеше борба да не се одговори дали со тепачот се знаат од порано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-pak-se-pozhali-advokatot-vodeshe-borba-da-ne-se-odgovori-dali-so-tepachot-se-znaat-od-porano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-pak-se-pozhali-advokatot-vodeshe-borba-da-ne-se-odgovori-dali-so-tepachot-se-znaat-od-porano/#respond Wed, 12 Jul 2023 08:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=855693

Новопечениот Бугарин, Христијан Пендков се чувствува загрозен, нема да бара обезбедување од МВР, но не одговори на прашањето дали со обвинетиот Илија Спасески за кој тврди дека го натепал, се знае од претходно, како и дали причините за тепачката се нерасчистени односи од порано. Пред медиумите одново се пожали кога беше прашан какви закани добива. Истовремено, тврди дека престојува нормално во Македонија, со надеж дека нема да биде убиен. „Се чувствувам загрозен. Добивам закани на социјални мрежи – месенџер, Инстаграм. На коментари си читаме закани кај што сакаат да не убијат. Не се чувствувам океј. Пријавено е во полиција, пред месеци и сега пред брзо. Редовно си пријавуваме. Пријавено е во ОБСЕ, сегде. На прашањето, како престојува во Македонија ако добива закани, тој одговори: „Престојувам нормално, со надеж дека нема да нѐ убијат следен пат“. Со оглед дека во Бугарија доби обезбедување, а во Македонија се шета без заштита, тој одговори и дали ќе побара заштита од МВР: „Се надевам дека одиме нанапред, дека имаме поотворено мислење, не треба да се тепаме заради некакво национално чувство. Се случи инцидент, се надевам дека нема да се повтори за никого. Не е убаво никој да е тепан и омаловажуван поради национално чувство“. Адвокатот Стефан Камишевски, не му дозволи на Пендиков да одговори дали се точни шпекулациите дека тој не бил претепан поради неговото бугарско чувство, туку поради нарушени односи од претходно. „Јас ќе му одговарам на тоа прашање, се извинувам“, изреагира адвокатот. На барањето да дозволи прашањето да го одговори самиот Пендиков, адвокатот рече: „Јас не можам да ви дозволам бидејќи таквите факти се факти кои треба да се утврдат во една законски уредена судска постапка“. И покрај инсистирањето, Пендиков да одговори дали се знае со обвинетиот Илија Спасески, адвокатот не дозволи. „Јас ви одговарам“, рече адвокатот, па прашан дали Пендков и Спасески се знаат, додаде: „Може ли да ми дозволите да одговорам? Дали се знае или не се знае на таа околност, Пендиков даде одговор во Обвинителството и ќе даде одговор пред судот во постапката, кога ќе биде сослушан во својство на оштетен“. Наместо одговори на останатите отворени прашања за тепачката која прерасна во дипломатска кавга, адвокатот на Пендиков рече дека за познанството ќе се чуе во судница, па со изговор дека неговиот клиент мора да замине за Софија, ја прекина изјавата. „Сега јас си благодарам, Пендиков мора да се врати назад денес во Софија, бидејќи се уште му трае лекувањето и повредите не му се заздравени. Ви благодарам“, рече адвокатот. Судењето се одложи поради отсуство на обвинетиот кој со документација од доктор докажа дека е болен, а судијата Бојан Мартиноски му поклони верба. Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка. „На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт. Тепачката се случи на почетокот на јануари. извор: makfaks.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-pak-se-pozhali-advokatot-vodeshe-borba-da-ne-se-odgovori-dali-so-tepachot-se-znaat-od-porano/feed/ 0
Пендиков пред судот во Охрид ќе дава исказ за физичкиот напад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-pred-sudot-vo-ohrid-ke-dava-iskaz-za-fizichkiot-napad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-pred-sudot-vo-ohrid-ke-dava-iskaz-za-fizichkiot-napad/#respond Wed, 31 May 2023 08:28:45 +0000 https://kurir.mk/?p=840775

Охриѓанецот Христијан Пендиков утрово присуствува на судењето во Основниот суд во Охрид, каде треба да даде исказ за физичкиот напад врз него на 19 јануари годинава и кои биле причините за тоа. На барање на судијата Бојан Мартиноски кој го води процесот, на денешното рочиште се повикани да сведочат вешти лица од областа на медицината и информатички технологии, како и тројца сведоци. На првото рочиште, кое се одржа на 5 април беа презентирани видео материјални и писмени докази во процесот што пред Основиот суд во Охрид се води против Илија Спасески, првообвинет за нападот врз Пендиков, секретарот на сега згаснатиот бугарскиот клуб во Охрид. Според Обвинителството, првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Спасески се произнесе невин. Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски, пред Судот даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее да го убеди Судот дека нема материјални докази што неспорно утврдуваат дека провообвинетиот е извршител на делото, како и оти во делото нема докази за зборови од омраза како што сака тоа да го наметне Обвинителството. Пендиков не присуствуваше на првото рочиште, како што кажа неговиот застапник адвокатот Стефан Камишевски, поради здравствени причини. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, тој доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendikov-pred-sudot-vo-ohrid-ke-dava-iskaz-za-fizichkiot-napad/feed/ 0
На свечена церемонија: Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-svechena-tseremonija-pendikov-utre-ke-dobie-bugarsko-drzhavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-svechena-tseremonija-pendikov-utre-ke-dobie-bugarsko-drzhavjanstvo/#respond Tue, 09 May 2023 19:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=832404

Утре на свечена церемонија во Бугарија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков. Документите ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло. Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. Гербова сала во Претседателството на Бугарија, која важи за најголемата и за најпретставителната сала во објектот и во неа се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања. Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот. Пендиков беше нападнат во Охрид. Тој беше секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети” во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-svechena-tseremonija-pendikov-utre-ke-dobie-bugarsko-drzhavjanstvo/feed/ 0
ВИДЕО: Презентирана снимка од тепањето на Христијан Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-prezentirana-snimka-od-tepaneto-na-hristijan-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-prezentirana-snimka-od-tepaneto-na-hristijan-pendikov/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=820453

Охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид. „На прикажаната снимка се гледа едно машко лице кое личи на обвинетиот Илија Спасески и застанува пред едно лице кое личи на оштетениот Христијан Пендиков. Лицето кое личи на Спасески замавнува со десната рака во висина на лицето. Истото лице му задава уште еден удар во пределот на грбот кај вратот“, образложи обвинителката. Адвокатот на обвинетиот Спасески побара судот да не го прифати објаснувањето на обвинителството дека неговиот клиент е напаѓачот затоа што не може да се утврди идентитетот и на другите двајца на видео-снимката. – Обвинителката не покажа дека лицето кое го тепа Пендиков е обвинетиот Спасески. Пендиков во интервју за бугарска телевизија различен исказ во однос на она што се гледа на снимката. Тој тврди дека бил удиран со нозе, но тука се гледа дека е удрен еднаш со нога. При немање доказ врз основа на кој може да се утврди идентитетот на другите две лица, судот не треба да го прифати наводот на обвинителот дека напаѓачот е лице кое личи на Илија Спасески – рече адвокатот на обвинетиот Димитар Цобоски. Судијата Бојан Мартиноски рече дека мора да се испита оштетениот за да се расчистат сите дилеми во однос на различните искази. Ќе го испитаме Пендиков, верувам дека ќе дојде и ќе ги расчистиме сите дилеми во однос на неговиот исказ. Во негов интерес е да се појави затоа што е клучен сведок – рече судијата. Илија Спасески, еден од обвинетите за претепувањето на Христијан Пендиков, претходно рече дека не се чувствува за виновен во случајот Пендиков во кој е обвинет дека заедно со уште едно лице го претепале охриѓанецот. – Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид кој го води судијата Бојан Мартиноски. На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди. Неговиот адвокат Димитрија Цобоски рече дека обвинетиот Илија Спасески бил мирно момче кое работи како професор по физичко во училиште и учествува во образовен процес и дека досега не е осудуван и против него не се води постапка. Јавниот обвинител во случајот со нападот на Христијан Пендиков во Охрид остана на ставот дека ќе успее да докаже дека охриѓанецот бил претепан од обвинетиот Илија Спасески и негов пријател поради тоа што се чувствувал Бугарин, објаснувајќи го во детали инцидентот. Оштетениот Христијан Пендиков не присуствува затоа што треба да се направат дополнителни испитувања, а обвинителство се надева дека наскоро тој ќе се појави, истакна неговиот адвокат Стефан Камишевски на второто рочиште од судскиот процес против неговите напаѓачи. извор: a1on.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-prezentirana-snimka-od-tepaneto-na-hristijan-pendikov/feed/ 0
Илија Спасески не се чувствува виновен за тепањето на Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilija-spaseski-ne-se-chuvstvuva-vinoven-za-tepaneto-na-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilija-spaseski-ne-se-chuvstvuva-vinoven-za-tepaneto-na-pendikov/#respond Wed, 05 Apr 2023 09:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=820432

Илија Спасески, единствениот обвинет за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот. – Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид, јавува Макфакс. Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасески. Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков. На ова, адвокатот Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков кажа дека оштетениот има здравствени проблеми. Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен, но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот, тој замина за Бугарија, каде што има обезбедување, а доби и стипендија и стан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilija-spaseski-ne-se-chuvstvuva-vinoven-za-tepaneto-na-pendikov/feed/ 0
Судењето за нападот врз Пендиков одложено за 5 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov-odlozheno-za-5-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov-odlozheno-za-5-april/#respond Tue, 28 Feb 2023 09:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=805924

Главната расправа од судењето против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, е одложено за 5 април. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетиот рочиштетот да се одложи и да им бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството. Нема доставено и адреса на оштетениот Пендиков, а обвинителите кажаа дека не знаат кога тој ќе може да дојде во судот поради здравствени причини. Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov-odlozheno-za-5-april/feed/ 0
Почнува судењето за нападот врз Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov/#respond Tue, 28 Feb 2023 08:19:52 +0000 https://kurir.mk/?p=805886

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Судскиот процес ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола. Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-sudeneto-za-napadot-vrz-pendikov/feed/ 0
Маричиќ за случајот со Пендиков: За обвинувањата и навредите кон Македонија, може да се одговара кривично https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-za-sluchajot-so-pendikov-za-obvinuvanata-i-navredite-kon-makedonija-mozhe-da-se-odgovara-krivichno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-za-sluchajot-so-pendikov-za-obvinuvanata-i-navredite-kon-makedonija-mozhe-da-se-odgovara-krivichno/#respond Sun, 26 Feb 2023 18:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=805259

Христијан Пендиков може да одговара за навредите и обвинувањата упатени кон Македонија и Македонците, а главната улога ја има Обвинителството. Со ова е согласен и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој во интервјуто за „Макфакс“ посочи дека Пендиков своите тврдења дека Бугарите во Македонија се малтретирани ќе треба да ги докаже. Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого“, изјави Маричиќ за „Макфакс“. Вицепремиерот одговараше и дали може да му се одземе државјанството на Пендиков, но и што може државата да направи за да ги спречи обвинувањата и навредите што доаѓаат од натепаниот охриѓанец со бугарска самосвест. „За обвинувањата и навредите кон Македонија, може да се одговара кривично. Не мора да го врати државјанството. Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок“, рече Маричиќ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-za-sluchajot-so-pendikov-za-obvinuvanata-i-navredite-kon-makedonija-mozhe-da-se-odgovara-krivichno/feed/ 0