христијани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Jan 2023 14:22:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png христијани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извештај: Повеќе од 360 милиони христијани биле прогонувани во 2022 од верски причини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-poveke-od-360-milioni-hristijani-bile-progonuvani-vo-2022-od-verski-prichini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-poveke-od-360-milioni-hristijani-bile-progonuvani-vo-2022-od-verski-prichini/#respond Wed, 18 Jan 2023 14:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=788951

Над 360 милиони христијани ширум светот биле „изложени на тежок прогон и дискриминација“ поради нивната вера во 2022 година, а Северна Кореја е најлоша земја за христијаните. Toа се посочува во извештајот што денеска го објави невладината организација „Порт Овер“. Tаа протестантска организација секоја година објавува „светски индекс“ на прогонот на христијаните, во кој ги регистрира сите напади врз нив – од „скриено секојдневно угнетување“ до „најекстремно насилство“. „Помеѓу 1 октомври 2021 година и 30 септември 2022 година „над 360 милиони“ католици, православци, протестанти, баптисти, евангелисти…од 76 земји биле „изложени на тежок прогон во светот, или секој седми христијанин“, изјави Патрик Виктор, шеф на францускиот огранок на „Порт-Овер“. Истиот број е забележан и во 2022 година, меѓутоа за 30 години откако е забележано проширување на прогонот денес „има силни прогони во 76 земји, во споредба со 40-те наведени во првата листа на организацијата во 1993 година, посочи Гијом Генек, портпарол на здружението. Во исто време „прогоните стануваат се поинтензивни во споменатите земји“, додаде тој. Во 2022 година се убиени 5.621 христијани, а 5.898 година претходно. Организацијата, исто така, изброи 4.542 христијани кои се наоѓаат во притвор (од нив 1.750 во Индија) наспроти 4.277 во претходната година. Киднапирани се 5.259 христијани (вклучувајќи 4.726 во Нигерија), за разлика од 3.829 во 2021 година. Вкупниот број уништени, затворени или нападнати цркви е 2.110 – значајно помалку од 5.110 во 2021 година. Според вкупната скала на прогон, Северна Кореја сега е на првото место во годишно рангирање, поместувајќи го Авганистан. Следна е Сомалија, а потоа следат Јемен, Еритреја, Либија, Нигерија, Пакистан, Иран, Авганистан и Судан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-poveke-od-360-milioni-hristijani-bile-progonuvani-vo-2022-od-verski-prichini/feed/ 0
Католичките верници ширум светот го слават Божиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katolichkite-vernici-shirum-svetot-go-slavat-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katolichkite-vernici-shirum-svetot-go-slavat-bozikj/#respond Fri, 25 Dec 2020 07:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=448072

Католичките верници ширум светот денеска го слават Божиќ во малку поинаква атмосфера, без големи семејни собири поради пандемијата на коронавирусот. Празникот што го слави раѓањето на Исус, 25 декември, според Грегоријанскиот календар, Божиќ е еден од најголеми христијански празници. Милиони верници беа принудени да ги откажат или ограничат прославите на тој празник во време кога голем број земји воведуваат нови ограничувања. Пандемијата однесе повеќе од 1,7 милиони животи, а голем број нови жаришта потсетуваат дека и покрај вакцинацијата, животот нема да се врати во нормала толку брзо. Во Витлеем, родното место на Исус Христос, мисата се одржа претходниот ден без верници и се пренесуваше преку интернет. Папата Франциск, исто така, одржа миса вчера во задниот дел на базиликата Свети Петар на која присуствуваа помалку од сто луѓе, заедно со неколку кардинали и епископи. Под нормални околности, мисата се одржува во главниот дел на базиликата, кога има обично 10.000 луѓе. Папата денеска ќе прочита и порака „Урби ет Орби“ од сала внатре во Ватикан наместо од балкон на плоштадот Свети Петар, кога обично се собираат десетици илјади луѓе. Низ Европа, Божиќните прослави се откажани, а бројни верски водачи ги повикаа верниците да останат дома со своите семејства за да ги заштитат другите и себеси од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katolichkite-vernici-shirum-svetot-go-slavat-bozikj/feed/ 0
Православните христијани го слават Бадник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-2/#respond Sun, 06 Jan 2019 08:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=149008

Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Манифестацијата ќе почне со бадниковата химна што ќе ја исполни„ Силви бенд“ и со кревање на бадниковото знаме. Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните. Присутните граѓани ќе ги пречекаат стариот кум Влатко Огненовски со преодниот пехар, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, новиот кум Љупче Николовски со погачата со златна паричка и здравичарот Миливое Алексиевски. Потоа тие ќе се упатат во Соборниот храм каде ќе се одржи свечен чин на осветување и кршење на погачата од страна на архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, кој ќе одржи традиционална беседа, по што сите заедно ќе дојдат на бината каде ќе продолжи свеченоста. Здравичарот ќе ја каже здравицата во име на Одборот за прослава, на присутните ќе им се обратат кумот, како и скопскиот градоначалник, кој потоа ќе му го врачи ќупот на новиот кум. Кумот и здравичарот ќе си заминат со пајтон. Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат и детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Децата учесници во бадниковите поворки во придружба на своите родители и роднини во 11 часот ќе се соберат на платото пред црквата „Св.Димитриј“ во Скопје, каде ќе се одржат Божикен концерт и Божикна претстава. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslavnite-hristijani-go-slavat-badnik-2/feed/ 0
Напад врз христијаните од областа Ал Мина во Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-hristijanite-od-oblasta-al-mina-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-hristijanite-od-oblasta-al-mina-vo-egipet/#respond Sun, 02 Sep 2018 09:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=95257

Двајца жители и пожарникар биле ранети во завчерашниот напад врз домовите на христијанското население во египетската област Ал Мина. Нападот врз коптската заедница во селото Демшау Хашем го извршиле нивните муслимански соседи, а како повод го навеле фактот што Коптите се молеле во нивните домови. Епископот Макариос од Ал Мина преку социјалните медиуми информираше дека напаѓачите подметнувале пожари во имотите на христијанските жители. Египетските власти информираа дека 38 напаѓачи биле притворени. Коптите во Египет честопати се цел на напади на муслимански екстремисти, а се соочуваат и со проблеми при градењето нови цркви, поради што честопати мораат да ги користат своите домови како импровизирани светилишта.(миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napad-vrz-hristijanite-od-oblasta-al-mina-vo-egipet/feed/ 0