Христина Серафимовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 May 2023 17:23:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христина Серафимовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Серафимовска: Власта нема автентична визија за образованието, младите излегуваат од училишните клупи без иницијативност и визија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-vlasta-nema-avtentichna-vizija-za-obrazovanieto-mladite-izleguvaat-od-uchilishnite-klupi-bez-initsijativnost-i-vizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-vlasta-nema-avtentichna-vizija-za-obrazovanieto-mladite-izleguvaat-od-uchilishnite-klupi-bez-initsijativnost-i-vizija/#respond Thu, 11 May 2023 17:23:11 +0000 https://kurir.mk/?p=833185

Македонија е земја која долго време важеше за земја во транзиција што се отслика и во образованието. Денес имаме ученици со високи оценки и сериозен недостаток на теоретски знаења и уште помала способност за примена на истите, понатаму имаме висок степен на граматичка неписменост што предизвикува сериозно искривување на македонскиот литературен јазик, рече професор Христина Серафимовска, член на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Штип во организација на партијата, а на тема Современи образовни политики. Според неа „од училишните клупи излегуваат горди конформисти, наместо млади луѓе со иницијативност и сопствена визија за својата иднина“. Серафимовска укажувањата ги потврди со неколку истражувања и резултатите од нив. „Според ПИСА тестирањето во 2018 година бевме погубно рангирани за најслаба земја во регионот, во 2021 година на пробното тестирање во делот на математичка писменост и научна писменост што опфаќа познавање на природни науки една четвртина од прашањата воопшто не беа одговорени, а од одговорените 50 до 70 проценти беа неточни. Потоа голем дел од учениците не ги разбираат речениците. Замислете да ја ставите таквата личност како активен општествен чинител во посложен контекст и треба да носи одлуки“, рече Серафимовска. Серафимовска укажа дека погубно е дека нашиот образовен систем произведува луѓе кои на пример не разликуваат добро од лошо. „Во изминативе години ни недостигаше сопствена визија за автентичен образовен модел, не треба да ги следиме туѓите примери со буквално преземање на истите. Тоа не дава резултати. Неопходна ни е сопствена визија за образованието“, посочи Серафимовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-vlasta-nema-avtentichna-vizija-za-obrazovanieto-mladite-izleguvaat-od-uchilishnite-klupi-bez-initsijativnost-i-vizija/feed/ 0
Серафимовска: Пропустите во образованието се недозволиви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-propustite-vo-obrazovanieto-se-nedozvolivi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-propustite-vo-obrazovanieto-se-nedozvolivi/#respond Thu, 01 Sep 2022 09:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=727145

Овој 1 септември чувствувам потреба наместо со свечен тон и желби за успешна работа на наставничката фела, да го одбележам со реакција до јавноста, се вели во Фејсбук статусот на Христина Серафимовска. -Настаните кои во континуитет, веќе подолг временски период се случуваат во образованието, не смеат да останат занемарени. Наша заедничка одговорност е да реагираме, укажеме и да ги запреме процесите кои неминовно водат кон уништување на образовниот процес и креирање пропусти со трајни последици врз младите генерации. Ако пред извесен период дискутиравме на теми поврзани со квалитетот на наставата и излезните резултати, денес се соочуваме со недостиг на елементарни услови за изведување на настава. Техничките проблеми од типот немање на свидетелства, грешки при печатењето и доцнење на главните книги, отсуство на учебници и сл. укажуваат дека на најклучниот ресор, образованието, не му се посветува соодветно внимание токму од луѓето на кои единствена задача, за која се платени од народни пари, е токму тоа. Станува збор за пропусти од недоволно вложена енергија и стручност, како и ненавремено планирање на постапките со цел непрекинат и квалитетен тек на наставниот процес. Важно е да се спомене дека сето ова следува по еден подолг период обележан со Ковид кризата во која образованието беше пред сериозен предизвик и претрпе ненадминливи пропусти, или поинаку речено, годината која требаше да претставува своевидна стабилизација во образованието, се претвори во целосен крах. Посакувам овој 1 септември да биде почеток на кревање на свесноста на сите нас за значењето и важноста на образованието и враќање на дигнитетот на наставничката професија. Во име на иднината мораме да се избориме учениците да го добијат најдоброто од образованието, а за тоа е потребно да внимаваме што и колку толерираме, бидејќи грешките за кои не се залагаме да се коригираат, се осудени на повторување, истакнува Серафимовска. Фејсбук статус на Доц. д-р Христина Серафимовска, Централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-propustite-vo-obrazovanieto-se-nedozvolivi/feed/ 0
Каква партија е ВМРО-ДПМНЕ? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kakva-partija-e-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kakva-partija-e-vmro-dpmne/#respond Tue, 05 Oct 2021 13:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=573368

Ако Македонија традиционално страда од погрешни луѓе поставени на погрешни позиции, веќе извесно време сликата е надополнета со апатичност која го има зафатено народот до тој степен што во неколку наврати се покажа дека не може да се формира критична маса што ќе предизвика промени. Промени кои ќе ја ослободат државата од сите оние појави и процеси кои систематски ја уништуваат. Кој е виновен за ваквата ситуација? Читајќи можеби помисливте дека алудирам на вината на народот. Погрешно. Народот е таргетот кој треба да се ослободи. Многу малку се работи токму на народот. Виновници за состојбата во која западнавме како општество има многу, но за нив во друга прилика... Би сакала повеќе да се задржам за состојбата на претстојните локални избори. Како кандидат за советник во Општина Штип под реден број 15 ќе кажам збор-два за себе, за моите мотиви и настојувања... Како доктор по економски науки ме плаши фијаското во кое тонеме на економски план, ме боли секое изгубено работно место на македонскиот работник. Уште тој ни остана, а на добар пат сме да го загубиме... Како член пак на највисоките партиски тела на партијата ВМРО-ДПМНЕ,  неподнослива ми е сликата на спинувана јавност во корист на паразитите кои го цицаат организмот на државата, вештачки креираното расположение за парализирање на граѓаните и нивната иницијативност, подмолно подривање на темелите на самочуствие, борба за опстанок и достоинство. Одлучив да се ставам на располагање на граѓаните, да придонесам да се разбијат предрасудите и со својот пример да придонесам да се напуштат најчесто употребуваните флоскули од типот:
  • Идеологија одамна не постои, политичарите се борат за власт.
  • Цело време се едни исти се тапаат за функции, обичниот член/грѓанин не може да дојде на ред.
  • Укини им ги парите ќе видиме кој ќе сака да биде советник/пратеник и сл.
  • (И што е најважно) СИТЕ СТЕ ИСТИ!
Но исти ли сме? Распространето е убедувањето дека политичките партии се претворени во гнезда на лукративни гмизавци, одродени поединци спремни на се за да ја соголат државата. Но еве, ВМРО-ДПМНЕ со свој пример покажува дека негува поединци доследни на определувањето, подготвени на труд и отпорни на притисок, во кои тлее идеологија наспроти лична корист. И ако ме прашате каква партија е ВМРО-ДПМНЕ, ќе ви одговорам - ете таква. Партија која изобилува со поединци кои не се штедат и се спремни да вложат СЕ, а да не добијат ништо за возврат, да се стават во служба на граѓаните и да се борат за подобро утре. ВМРО-ДПМНЕ е партија која жилаво се бори со спинови на дневна основа, но не се откажува од можноста еден ден да блесне во полн сјај, да го извади на површина сиот свој кадров капацитет и да го стави во служба на државата. Ете таква партија е ВМРО- ДПМНЕ. Граѓаните ќе ја препознаат надежта дека се уште постои и ќе ја дадат својата поддршка за да опстои. Се обраќам до вас гласачите. Поединецот го гледа светот преку призмата на генерираното искуство. Колку повеќе разочарувања износени на сопствени плеќи, толку позатемнето е стаклото низ кое гледате. Не сте виновни вие за вашиот светоглед, но виновни ќе бидете ако не се потрудите да видете... Можев да не прифатам, но решив да се борам. Да го вложам секој дел од моето битие да ги подобрам нештата. За оние кои се прашуваат и кои бараат скриени намери еве, ќе бидам јасна. Немам никакви барања, ниту лични очекувања… не барам ниту компензација за (како што обично е пракса) за она што ќе го одработам за овие избори вложувајќи го мојот труд и име на советничката листа. Одбивам да бидам директор, не очекувам вработувања (ни лични, ни фамилијарни). Единствено сакам да ја вратам довербата кај народот и да им покажам дека се уште имаат избор. Идеологијата не е изумрена работа, иако тешко се воочува во оваа магла од спинови и нечист воздух. И ако се уште ви стои неодговорено прашањето зошто се одлучив на ваков чекор? Одговорот е многу едноставен. НЕ МОЖАМ ДА ИЗДРЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ГЛЕДАМ ЖИВИ ЛУЃЕ КАКО ГОРАТ! Ако и вие истото го чувствувате, придружете ми се. Заокружете бр. 7! Одлучете се за ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори. Заедно да ја износиме оваа битка! Дојдено е време кога не може веќе да се чека некој друг да ги промени работите. Дојдено е време кога треба да почнеме од себе, од изборите кои ги правиме и одговорностите кои ги преземаме. Чекорот што треба да го направиме зависи од нас, нашата желба и потреба за промена. Јас го направив мојот, а вие? Д-р Христина Серафимовска, кандидат за советник во Советот на Општина Штип                                                 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kakva-partija-e-vmro-dpmne/feed/ 0
Рацин и самобитноста македонска, како зборуваше Коста… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/racin-i-samobitnosta-makedonska-kako-zboruvashe-kosta/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/racin-i-samobitnosta-makedonska-kako-zboruvashe-kosta/#respond Sun, 13 Jun 2021 10:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=522709

Овој пат нема да пишувам. Некои зборови се премногу значајни за да бидат прераскажани. Некои зборови одекнуваат со истиот интензитет и важност низ времето, уште од моментот кога биле кажани. Пред формирањето на македонската нација, држава. Пред кодификацијата на македонскиот јазик. Во оваа прилика ќе замолам да замолчиме, да се стишиме за момент и да дозволиме зборовите кажани еднаш, да ги слушнеме повторно.  Повторно со исто значење. Повторно со цел самоодбрана на македонското. Рацин за Македонците. По повод нападите од страна на српскиот археолог Никола Вулич, 3 декември 1939 г.: „... За мене е важно дека оваа земја се викала Македонија и дека извесни народи кои за таа земја оставиле спомен. Ние видовме како ниту Србија ниту Бугарија под Турците не се викале со денешното име, туку со некои општи имиња. Ние сега доаѓаме во време кога тие не се појавуваат кога кај народите се јавува ренесансата. Народот почнува да станува национално свесен. Тогаш настапува времето кога тие историски имиња се извлекуваат од ризницата на историјата. Србите го извлекуваат од својата историја она што го имале некогаш. Тоа истото го прават и Бугарите. Што прават нашите Македонци! Тоа го прават и тие! Во периодот на националната преродба кога доаѓа таканареченото граѓанство свесно за својата положба дека треба да создаде национална држава, тоа настапува под паролата на сплотување на народот, со намера да ја обнови својата некогашна стара држава. Во тоа време од историската ризница извлекуваат тие називи. Кај Србите националното движење се јавува не само во Србија туку и таму каде што можеле слободно да се движат... Тие луѓе го зеле српското име бидејќи видел: ние бевме Срби... Тие луѓе тогаш српското име го обновиле и почнале да го обединуваат својот народ. Тоа е кога се обновуваат тие стари држави извлекувајќи го од својата историска ризница своето старо минато, врз основа на кое можат на другите народи да им кажат дека тие не се тоа што тие го сметаат, туку се тоа Срби, Бугари итн... Кај Македонците постоело сознание дека оваа земја некогаш се викала Македонија. Тие го извлекле од својата историска ризница своето име како и српските и бугарските идеолози. Во тој поглед на знамето на својата национална преродба го испишале своето македонско име. Мислам дека нашето македонско револуционерно движење под Турците го направило истото што го сториле, борејќи се, и Вашите Срби и Бугарите. Во тоа време се формирале овие две први држави и ја имаме нивната пропаганда, дека таа земја е нивна. Факт е дека на нашето знаме е запишано името Македонија. Вие веројатно помисливте дека е тоа влијание на туѓа пропаганда и во тоа е Вашата грешка. По тоа ја имаме борбата на македонскиот народ и борбата на Бугарите и Србите за превласт над оваа земја. Таа борба се водела за копањето на историската тапија. Се работело на тоа да се владее над овој народ. И Србите и Бугарите создадоа цели научни институти да го докажат правото да владеат над нашата земја. Македонците имаат нешто заедничко и со Бугарите и со Србите. Базирајќи се врз тоа, и Вие сте дошле до погрешен резултат. Националната преродба не се врши врз основа на историските натписи, туку дека таа земја е еднаква со другите и по својата етнографска положба и свест што постои кај народот....“ По повод 78 години од смртта на македонскиот великан, Коста Апостолов Солев Рацин (Велес, 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943)

Д-р Христина Серафимовска

]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/racin-i-samobitnosta-makedonska-kako-zboruvashe-kosta/feed/ 0
Серафимовска: Се врши партизација во општина Штип, се преполнува администрацијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/serafimovska-se-vrshi-partizacija-vo-opshtina-shtip-se-prepolnuva-administracijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/serafimovska-se-vrshi-partizacija-vo-opshtina-shtip-se-prepolnuva-administracijata/#respond Wed, 19 May 2021 10:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=512374

По втор пат оваа година, на дневен ред на Совет на Општина Штип се измените на  Планот за вработување за 2021 година. Градоначалникот на Општина Штип не само што расфрла народни пари за пијалоци, туку со оваа одлука планира да троши дополнителни 9.000.000 денари на годишно ниво, само за новите вработени во локалната самоуправа, вели Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ Штип.
„Се врши партизација, се преполнува администрацијата и прашање е дали во општината секој има сопствено столче и компјутер.
Со овие политики на превработеност во администрацијата и трошење на 150.000 евра само за вработувања на 20 нови луѓе во 2021 година, докажува дека во сигурни раце се само блиски и партиски лица на градскиот татко.
Градоначалникот, очигледно брза да врбува сѐ поголема група на гласачи кои ќе му се доживотно благодарни за вработувањето.
Но, во таа трка со времето заборава една клучна работа - слоганот во сигурни раце се однесуваше на сите граѓани“ - порача таа.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/serafimovska-se-vrshi-partizacija-vo-opshtina-shtip-se-prepolnuva-administracijata/feed/ 0
Пред да нè „создадат“ во 1944… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-da-ne-sozdadat-vo-1944/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-da-ne-sozdadat-vo-1944/#respond Wed, 25 Nov 2020 08:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=434013

Пред да нè „создадат“ во 1944... Ова е насловот на колумната која ја напиша Христина Серафимовска. Прочитајте ја во продолжение: Тезата дека македонскиот јазик е само јазична норма на бугарскиот јазик и е настанат вештачки како резултат на политичка одлука во 1944 г. е толку повеќе погубна за креаторот на ваквата теза колку што е примамлива. Поаѓајќи од заводливоста на ваквото тврдење, која мора да признаеме е доста привлечно на прв поглед (но само на прв поглед, додека не размислиме и не споредиме) ќе излезе дека наша најголема грешка било формирањето на македонската држава и стандардизирањето на македонскиот јазик. Апсурдно! Токму ваквиот чин наместо да нè потврдува, сега служи за негирање на сè што е македонско, како резултат на извртените тези кои се пласираат за туѓи политички цели. Ако ја погледнеме пошироката слика ќе видиме дека она што нашите источни соседи го користат како аргумент за нивната теза и се обидуваат да ја нагризаат македонската етничка и јазична посебност сè само и единствено аргументи, кои не се темелат на наука (линвистика, археологија, етнологија, историја и сл.), туку се темелат исклучиво на политички настани и одлуки низ минатото кога тие биле во посупериорна позиција, и секако нивни нуспојави. Во тој контекст е користењето на 1944 г. како датум со која се покажува дека „сме вештачка конструкција“, наместо како пресвртен момент за формирање на национална држава по примерот на сите останати држави (некои порано, некои покасно). Такви се и аргументите од типот попис на населението, образование, јазик на институциите, печатење публикации на наши дејци и сл. во услови и институции администрирани од друга држава. Вистината е сосем поинаква ако се потпреме на науката, на пример линвистиката каде јасно се диференцираат различните јазични промени што се случувале во развојот на двата засебни јазици (бугарски и македонски) уште во фазата пред да бидат стандардизирани и постоеле на ниво на народен говор. Тука е и народното торештво како основно обележје на етничкиот идентитет. Ниту кај Македонците ќе пронајдете народни песни за кан Аспарух, ниту кај Бугарите за Александар  Македонски... Каде погрешија Македонците и каква била праксата на стандардизација на другите јазици? Еве да го погледнеме примерот на грчкиот јазик. Иако се смета за еден од најстарите живи јазици, сепак стандардниот, современ грчки јазик е формиран 1976 г. кога е прогласен за официјален јазик на Грција. Тој е производ на одлука со која е надмината фазата на диглосија која ја зафатила Грција и како компромис вклучува одлики својствени за двете форми кои дотогаш биле во употреба „народната“ и онаа „прочистената“. Сепак тоа не значи дека до тој момент не постоел грчки јазик. Стандардниот современ грчки јазик е продолжение на средновековниот грчки јазик, античкиот итн. сè до прото-грчкиот како најстар предок на денешниот грчки јазик. Од друга страна, германскиот јазик како еден од водечките светски јазици е стандардизиран во 1901 г. Стандардниот германски јазик не е настанат спонтано од некој дијалект, туку е осмислен од поети, филозофи и други образовани луѓе, кои го користеле како пишан јазик. Ова е како последица на разделеноста на тогашната јазичната територија на повеќе држави. Единствената сила за унифицирање на германскиот јазик во периодот од неколку стотици години била претпочитањето на писателите да се обидат да пишуваат на начин кој би бил разбирлив во што е можно повеќе региони. На пример, Мартин Лутер ја превел Библијата на германски јазик во 16 век свесно спојувајќи карактеристики од различни дијалекти за да биде разбирлива за што е можно повеќе луѓе. Издавањето на Првиот речник на германски (16 дела) од браќата Грим започнува 1852 г., додека 1901 г. е направена комплетната стандардизација на германскиот јазик во неговата пишана форма. Албанскиот јазик пак, до Втората светска војна не постоел официјален албански јазик, а приоритет во официјалната комуникација му се давало на гегскиот дијалект. Сепак, по долгата јазична традиција на двата доминантни дијалекти јазикот е стандардизиран во 1968 г. на Конференцијата одржана во Приштина кога како основа за стандардниот јазик се зема тосканскиот дијалект, а правописот бил определен во 1972 г. Со оглед на големите разлики кои постојат помеѓу тосканскиот и гегскиот дијалект во албанската научна јазична фела и денес постојат расправи дали да се изврши повторна стандардизација на албанскиот јазик како во него би биле вклучени повеќе обележја на гегскиот дијалект. Ова не ја негира албанската долга јазична традиција, само ги потврдува фазите низ кои се развиваат јазиците. Што се однесува до бугарскиот јазик, тој историски разликува повеќе значајни периоди во развојот, но за значајна дата во новобугарскиот период се смета 1863 г. кога Библијата во целост е отпечатена на оваа форма од јазикот заснована на североисточните дијалекти од околината на Велико Трново, што подалеку од македонската јазична територија. Во истиот период кога тие воведуваат една нова фаза во бугарскиот јазик (пречистена од турцизми, но со позајмици од рускиот и црковнословенскиот јазик) на територијата на денешна Македонија дејствува и твори големиот Ѓогија Пулевски. Тому од овој период тој зад себе ги остава првата публикувана граматика на македонски јазик од 1880 г. „Слогница речовска“, „Речникот на четири јазика“ (Четиријазичникот, 1873 г.), „Речникот на три јазика“ (Тријазичникот, 1875 г.) каде е вклучен македонскиот јазик заедно со албанскиот и турскиот, како и неговата „Славјанско-маќедонската општа историја“ од 1892 г. во која се навраќа на македонската историја дури пред Христа и Александар Македонски. Кога работите ќе се погледнат од една ваква перспектива очигледно е зошто 1944 г. е клучна. Можеби сега е појасно зошто за Бугарите не постои и строго се игнорира Пулевски и неговите дела за македонскиот јазик од истиот период кога тие на своите простори го дефинирале и кристализирале новобугарскиот јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-da-ne-sozdadat-vo-1944/feed/ 0
Серафимовска: Клучно е прашањето што е приоритет здравјето на граѓаните или Изборен процес? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-kluchno-e-prashanjeto-shto-e-prioritet-zdravjeto-na-gragjanite-ili-izboren-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-kluchno-e-prashanjeto-shto-e-prioritet-zdravjeto-na-gragjanite-ili-izboren-proces/#respond Sun, 22 Nov 2020 17:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=432892

На почетокот на кампањата, а по толку бурни дискусии ЗА или ПРОТИВ предвремени локални избори во Штип, чувствувам потреба да дадам и свое мислење на темава..., реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук членот на ИК на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Христина Серафимовска. Фактичка состојба: 600 штипјани се заболени од корона вирус, а 56 во моментот се хоспитализирани ! Според мене во услови кога само во последните 5 дена има 186 нови случаи, 8 починати и секој познаник на улица е потенцијален преносител на Covid 19 e време, единствено и исклучиво за сериозно вложување на секој еден човечки напор во насока на сузбување на единствениот заеднички непријател за сите нас, Covid 19! Лично сметам дека во време кога еден заеднички непријател не обединува во заедничка борба против него, не е потребно да креираме предизборна атмосфера на разединување и поделби на наши и ваши, на успешни и помалку успешни, на некои што не би донеле добро за градот кога би биле избрани и оние кои би донеле напредок на Штип. Кога лично би одлучувала д-р Сашко Николов би сакала да го видам на чело на кризниот медицински штаб во болницата, заедно со сите оние кадарни и образовани поединци кои знаат и можат да придонесат вистински во вакви моменти одлучувачки за сите нас! Постојат времиња на радости и времиња на таги...времиња за градење кариера и времиња на уживање на плодови од истата. Постојат и времиња за борба во изборни кампањи и времиња на борба за преживување! Ние сме во овие последниве! Клучно е прашањето што е приоритет здравјето или Изборен процес за “подобар живот”? Јас би рекла нема подобар живот без здравје!!!, пишува во својата објава Серафимовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-kluchno-e-prashanjeto-shto-e-prioritet-zdravjeto-na-gragjanite-ili-izboren-proces/feed/ 0
Серафимовска: СДСМ потфрли во Штип, колони граѓани со симптоми чекаат да бидат тестирани, но тестови нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-sdsm-potfrli-vo-shtip-koloni-gragjani-so-simptomi-chekaat-da-bidat-testirani-no-testovi-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-sdsm-potfrli-vo-shtip-koloni-gragjani-so-simptomi-chekaat-da-bidat-testirani-no-testovi-nema/#respond Mon, 02 Nov 2020 15:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=423844

Уште едно изненадување како резултат на неуспешните политики за справување со КОВИД кризата од СДСМ. Веќе извесно време државата е во недостиг на тестови за детекција на вирусот. Колони граѓани со симптоми чекаат да бидат тестирани, но тестови нема, изјави денеска за медиумите, Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ. Ако пикот на вирусот ни го најавуваа уште од јуни, со месеци слушаме дека состојбата ќе биде влошена на есен, тогаш зошто не е навремено пресретнат проблемот и е дозволено државата да остане без тестови за детекција на вирусот.Како резултат на ваквите пропусти граѓаните на кои не им спроведено тестирање со симптоми слободно се движат, немаат решение за изолација, немаат отворено боледување и вирусот го шират на работните места. Ова се коси со секојдневните апели за рана детекција на вирусот и навремено лекување што е причина број 1 за високата смртност во Македонија, вели Серафимовска. Како граѓаните да започнат со рана контрола, ако државата не им обезбедила тестови? Да се потсетиме, пред извесно време ги укинаа контролните тестови и по изминување на изолацијата позитивните случаи се пуштаат слободно да се движат без проверка. Сега еве се соочуваме со неможност за почетно тестирање и детекција на заразата. За на крај да ги обвинат граѓаните дека токму тие со непочитување на мерките се директни виновници за ширење на заразата, истакна таа. Она што е индикативно е што брзите - тестови кои се најавени од министерот според неговите изјави се донација на државата, но сепак граѓаните ќе ги плаќаат 1.000 денари од свој џеб. Дали оваа власт е свесна дека секој задоцнет чекор е директна причина за зголемување на смртноста и ширење на заразата. Потсетуваме дека партиските препукувања и отфрлањето на предлозите од опозицијата се на директна штета на граѓаните. Одговорност мора да има, посочува Серафимовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-sdsm-potfrli-vo-shtip-koloni-gragjani-so-simptomi-chekaat-da-bidat-testirani-no-testovi-nema/feed/ 0
Серафимовска: Владата на Заев нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година, добивме ученици кои со право протестираат и збунети родители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-vladata-na-zaev-nema-strategija-za-zashtita-na-zdravjeto-na-mladite-i-bezbeden-start-na-uchebnata-godina-dobivme-uchenici-koi-so-pravo-protestiraat-i-zbuneti-roditeli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-vladata-na-zaev-nema-strategija-za-zashtita-na-zdravjeto-na-mladite-i-bezbeden-start-na-uchebnata-godina-dobivme-uchenici-koi-so-pravo-protestiraat-i-zbuneti-roditeli/#respond Tue, 01 Sep 2020 10:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=397715

Денес, 1 септември наместо со традиционалниот почеток на учебната година Македонија се соочува со хаотична и неизвесна состојба во образованието. Освен одложениот почеток од 1 октомври, ситуацијата бележи и средношколци на улиците, наместо во училишните клупи од една страна, и неинформирани родители и ученици од друга страна, ова денеска преку прес-конференција го истакна Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ. -Владата на Заев нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година, наместо старт на учебна година, добивме ученици кои со право протестираат и збунети родители. Се претворивме во држава на жолт печат каде информации за образованиот процес се добиваат од портали и социјални мрежи наместо по службен пат од училиштата. Владата предводена од СДСМ веќе имаше неколку месечно искуство со настава во услови на криза, од која за жал ништо не научи и не извлече можни решенија.  Одложен е почетокот на школската година, само заради неорганизираност на старата Влада и училиштата раководени од нивни кадри. За скратена наставна програма веќе 6 месеци неуспешно се говори, а протоколите за учениците наместо навреме беа изработени со закаснување непосредно пред 1 септември.  Учениците од стручните училишта, сместувањето во училишните домови и превозот на учениците се исто така прашања кои сеуште висат во воздух..., вели Серафимовска. Таа додава дека ВМРО ДПМНЕ неколкупати до сега излезе во јавност со конструктивни предлози и решенија за предизвиците во образовниот процес. Овие предлози вклучуваа неколку модели на настава меѓу кои и комбинирана настава, како и можност различни општини да имаат различни опции согласно состојбите. Ваквите предлози во целост се поклопуваат со она што сега го бараат средношколците од улица! -Оваа Влада е должна да одговори зошто ги отфрли конструктивните предлози кои доаѓаа од опозицијата? Зошто во време на здравствена криза креира дополнителни кризи и во образованието? Зошто нема план? Владата да објави список кои чекори ќе ги преземе за подобрување на условите за учење. Очигледно е. Ова е Влада без јасна цел, недостаток на визија и со многу прашалници како понатаму, а цената за сите нејзини недостатоци за жал ќе ја плаќаат денешниве ученици и општеството во целина, вели Срафимовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/serafimovska-vladata-na-zaev-nema-strategija-za-zashtita-na-zdravjeto-na-mladite-i-bezbeden-start-na-uchebnata-godina-dobivme-uchenici-koi-so-pravo-protestiraat-i-zbuneti-roditeli/feed/ 0
Колумна на Христина Серафимовска: Психологија на љубовта „Гоце Делчев и Бугарите“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-hristina-serafimovska-psihologija-na-ljubovta-goce-delchev-i-bugarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-hristina-serafimovska-psihologija-na-ljubovta-goce-delchev-i-bugarite/#respond Wed, 13 May 2020 17:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=345492

Отсекогаш ми висело неодговорено прашањето -Зошто Бугарите го сакаат Гоце? Веднаш да кажам дека ова е само едно мое видување, логички патепис, обид да фрлам светлина на една така загонетна љубов. Тоа не е обична љубов. Тоа е една љубов со таков незгаснат жар и истрајна димензија што е својствена само за нечиј копнеж по нешто што никогаш не го имал и не било негово. Нешто што веројатно е туѓо и некому е многу вредно. Би рекла тоа е една помалку фанатична фиксација кон нешто што во себе несомнено крие недореченост, нејасни намери или можни фрустрации. По дефиниција фрустрацијата подразбира повредени чувства, грч од негативни емоции како резултат на попреченост во намерата да се реализираат одредени мотиви, желби, цели. Се крие ли зад бугарската љубов кон Гоце токму една ваква длабока фрустрација? Од каде потекнува целата нелогичност на едно вака навидум благородно чувство? Би рекла, не е сомнителна бугарската потреба да го признае гоцевото потекло за свое, за бугарско. Сомнително е нивното инсистирање на таквото потекло. И овде веднаш се отвораат прашањата зошто неговото потекло им е толку важно на Бугарите? Што ли им треба да докажат со тоа? Зошто некој што животот го дал за друга нација би им бил потребен, та и цели градови да именуваат по него? Да, на Бугарите Гоце во суштина им е потребен! Делчев како идеолог, револуционер и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење од почетокот на XX век е составен дел од столетната борба за сопствена држава на Македонците, која што се реализирала дури во 1944 г. Ако државноста е онаа која откако сме ја утврдиле ни дала простор да го дефинираме јазикот, истиот оној јазик кој што е трн во окото на Бугарија и до ден денешен не го признаваат, тогаш зошто делото на една ваква историска личност им е потребно на соседите? Зарем е возможно да се гордеете со личност чие што дело не го признавате? Ерих Фром вели: „Сакањето е продуктивна активност. Тоа подразбира грижа, разбирање, реагирање, афирмација, уживање кон личноста, идејата... Тоа значи оживување, зголемување на нејзината виталност. Љубовта е чин на самообновување и самоодржување“. Но јас овие елементи не можам да ги препознаам кај однесувањето на соседите. Поентата е дека постои разлика во љубовта кон Делчев на Македонците и онаа која што ја демонстрираат Бугарите. Македонското сакање е „Те сакам - Ти се восхитувам“, тоа е сакање на воодушевување и афирмирање. Бугарското сакање е „Те сакам - За себе“, тоа е сакање со потреба за присвојување. Присвојувањето во суштина претставува поседување, а со работите кои ги поседувате правите што сакате. Тие се ваша своина и служат на вашите потреби. Токму тоа е суштината. Дали треба да прашам што би направила Бугарија со производот од делото на Гоце Делчев кое децении наназад индиректно, но жестоко го оспорува. Дали ќе го воздигне и ќе го промовира? Или пак јазикот како производ на државноста, градена на гоцевата идеја и борба, ќе го сведе на јазична норма „западно бугарски дијалект“? Народот ќе го признае и ќе го чувствува и чествува за македонски или по аналогија со бугаркото потекло на Делчев ќе извлече заклучок за „еден народ меѓу кој времено се испречила граница“? Во моментите кога вон науката се обидувате да докажувате и оспорувате посебноста на македонскиот народ и дека не постои македонски јазик, бидејќи тоа е еден ист јазик на кој зборува ист народ, сте ја нагризале државноста. Со тоа сте ја уништиле неговата, гоцевата идеологија. Сте го убиле делото на Гоце- Македонецот! Сте го убиле Гоце! Ете затоа Гоце не е и не може да биде туѓ, ничиј освен Македонски. Не, не даваме да го присвоите и да го уништите Гоце! За среќа далеку сме од можноста некој друг да одлучува за нас, но убаво е понекогаш да продискутираме и за намерите. Оние туѓите. Не затоа што сме должи да се објаснуваме, не сме. Туку затоа што сите треба да знаат зошто за некои прашања воопшто не треба да се дискутира!   Христина Серафимовска]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-hristina-serafimovska-psihologija-na-ljubovta-goce-delchev-i-bugarite/feed/ 0