Христо Христов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 10:42:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христо Христов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Христов: Голема тешкотија е, веројатно треба да продолжат да се борат Македонците за својата слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristov-golema-teshkotija-e-verojatno-treba-da-prodolzhat-da-se-borat-makedontsite-za-svojata-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristov-golema-teshkotija-e-verojatno-treba-da-prodolzhat-da-se-borat-makedontsite-za-svojata-sloboda/#respond Thu, 04 May 2023 10:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=830496

Ова е тежок ден, ден на смртта и ден за кој била платена висока цена. Цената на животот и слободата. Слободата е скапо нешто, веројатно најскапото нешто на светот.  Тоа е смрт за еден млад човек која ја платил со животот за слободата на сите, изјави денеска внукот на најмалиот брат на Гоце Делчев, диригентот Христо Христов, по положувањето на цвеќе пред гробот на Делчев, во црквата „Свети Спас“ во Скопје. -Ние сме родени за да бидеме слободни, сите да сте живи здрави. Тој се бореше за слобода на луѓето. Тие кои биле тогаш живи, се борел за нив да не бидат раја, да имаат човечки живот. Голема тешкотија е, веројатно треба да продолжат да се борат Македонците за својата слобода. Таа е нешто што треба да се дише постојано, додека си жив, рече Христов. Прашан дали со тензиите меѓу македонската и бугарската страна се зачувува мислата на Делчев дека „светот го гледа како поле за културен натпревар меѓу народите“, Христов рече дека она што се случува денес е токму спротивното од кажаното на Делчев. Тој напомена дека има желба да направи мирен и културен проект кој вклучува музичари од двете држави. -Моја лична желба беше на денешен ден да направиме мирен и високо културен проект кој вклучува музичари од двете држави и да ги изведат химните на двете држави, но и да отсвират нешто од последниот дел на деветтата симфонија на Бетовен, „Ода на радоста“ која всушност е химна на Европа, додаде Христов.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristov-golema-teshkotija-e-verojatno-treba-da-prodolzhat-da-se-borat-makedontsite-za-svojata-sloboda/feed/ 0
Правнукот на Гоце Делчев апелира за достоинствен 4 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnukot-na-gotse-delchev-apelira-za-dostoinstven-4-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnukot-na-gotse-delchev-apelira-za-dostoinstven-4-fevruari/#respond Wed, 01 Feb 2023 10:34:43 +0000 https://kurir.mk/?p=794629

Поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, упати апел до граѓаните и политичарите на Македонија и Бугарија да не дозволат ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Кон апелот се приклучуваат внуката на полковникот Борис Дрангов – Рајна Дрангова, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на војводата Тодор Александров , внукот на штиипскиот војвода Мише Развигоров и правнукот на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христов. „Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Северна Македонија и Република Бугарија би биле неприфатлива сакрилегија за споменот на Гоце Делчев! Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт“, ​​се наведува во апелот. Исто така, се вели: „Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да ја уништат работата на нашите предци“, пренесе БТА. Петар Стојанов и потомците на македонските семејства ги повикуваат политичарите во Софија и во Скопје „да соработуваат со сите сили за спречување на јазикот на омразата, кој е штетен за нашите две општества и за иднината на нашите две земји“. Неофицијално, во македонските политички кругови не се очекува да има некаква ескалација на насилство, па ни инциденти на 4 февруари кога ќе се чествува раѓањето на Гоце Делчев, а на провокаторот Ангел Џамбаски нема да му биде дозволен влез во Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnukot-na-gotse-delchev-apelira-za-dostoinstven-4-fevruari/feed/ 0
Kонцерт на Филхармонија по повод годишината од смртта на Делчев со дигирент од Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-filharmonija-po-povod-godishinata-od-smrtta-na-delchev-so-digirent-od-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-filharmonija-po-povod-godishinata-od-smrtta-na-delchev-so-digirent-od-bugarija/#respond Tue, 04 May 2021 09:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=505229

Филхармонија в четврток, на 6 мај 2021, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки се настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова. -Диригент е Христо Христов, Бугарија кој досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, на 04 мај 2019 г. Христо Христов е диригент чиј музички талент доаѓа до израз уште на 12 години, кога ја добива првата награда по пијано на Националниот музички конкурс во Чирпан. Дипломирал на бугарската национална музичка академија и се дообразувал по оркестарско диригирање кај проф. Карл Остерајхер (Австрија), проф. Курт Зандерлинг (Германија) и проф.Илја Мусин (Русија), информираат од Филхармонија. Лауреат е на меѓународните конкурси за диригенти: „Јехуди Менухин“ – 1989, „Прашка пролет“ – 1990, „Игор Стравински“ – 1991 година. Член е на повеќе интернационални жирија, а од 2021 година е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар, која го носи името на неговиот предок, Гоце Делчев .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-filharmonija-po-povod-godishinata-od-smrtta-na-delchev-so-digirent-od-bugarija/feed/ 0