Христофер Жефаровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 14:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христофер Жефаровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се реконструира улицата „Христофер Жефаровиќ“ во општината Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-rekonstruira-ulicata-hristofer-zefarovikj-vo-opshtinata-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-rekonstruira-ulicata-hristofer-zefarovikj-vo-opshtinata-gazi-baba/#respond Wed, 31 Aug 2022 14:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=726799

Градоначалничката Данела Арсовска на прес-конференција минатата недела најави дека достави барање за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за реконструкција на улицата Христофер Жефаровиќ, за што денес Советот на Град Скопје на 16-та седница донесе одлука. Арсовска нагласи дека реконструкцијата на улицата Христофер Жефаровиќ е неопходна за да се овозможи безбедно движење на сите учесници во сообраќајот. - Пред неколку месеци имав можност во населеното место Сингелиќ, заедно со граѓаните од локалната заедница да ја посетам улицата Христофер Жефаровиќ која е во катастрофална состојба. Истата не само што е неасфалтирана и раскопана, туку претставува приоритет и затоа мора да се посвети внимание, за движењето на граѓаните во сообраќајот на тој потег да биде безбедно и сигурно. Со оваа одлука излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните за реконструкција на улицата Христофер Жефаровиќ. Исклучително важно е да се постигне рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, а едновремено да се обидеме да помогнеме на скопските општини – истакна Арсовска. Според донесената одлука од Советот на Град Скопје, проценетата вредност за реализација на оваа меѓуопштинска соработка изнесува 7.800.000 денари со вклучен ддв, а градежните работи на терен ќе ги изведува ЈП „Улици и патишта“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kje-se-rekonstruira-ulicata-hristofer-zefarovikj-vo-opshtinata-gazi-baba/feed/ 0