Христос Спирѕис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Sep 2022 13:33:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христос Спирѕис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеник и поранешен министер од СИРИЗА пријави обид за следење на неговиот мобилен телефон со софтверот „Предатор“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenik-i-poraneshen-minister-od-siriza-prijavi-obid-za-sledenje-na-negoviot-mobilen-telefon-so-softverot-predator/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenik-i-poraneshen-minister-od-siriza-prijavi-obid-za-sledenje-na-negoviot-mobilen-telefon-so-softverot-predator/#respond Fri, 09 Sep 2022 13:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=730744

Пратеникот и поранешен министер од грчката опозициска партија СИРИЗА Христос Спирѕис до Врховниот суд на Грција денеска достави пријава за обид неговиот мобилен телефон да биде хакиран и следен со софтверот „Предатор“, јави дописничката на МИА од Атина. Ова е трет ваков случај во Грција откако новинарот Танасис Кукакис откри дека неговиот мобилен телефон бил хакиран со конкретната програма, а лидерот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис на крајот на јули, исто како и Спирѕис сега, пријави обид неговиот мобилен телефон да биде следен со „Предатор“. Спирѕис рече дека во ноември 2021 година, кусо откако излегол со соопштение и доставил пратеничко прашање за следење на новинар и адвокат, според текст објавен во грчки весник, во рок од четири дена добил две смс пораки со сомнителни линкови. Додаде дека ова покажува дека некои сакале да знаат со кои новинари, со кои граѓани разговара, но и да ги следат неговите разговори со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас во врска со откритијата во медиумите од тој период поврзани со Националната служба за разузнавање (ЕИП). -Сакам да ве информирам и да нагласам дека втората порака е истата што им беше испратена на Танасис Кукакис и Никос Андрулакис. Што значи дека тие не биле изолирани случаи на следење. Ниту господинот Кукакис, ниту господинот Андролакис. Трите пораки беа испратени од истиот болен, морбиден, антидемократски и нелегитимен центар. И овој центар е ЕИП Мицотакис, или директно или преку нивна наредба од трети страни. Поради оваа причина сакам да поставам јавни прашања. Господине Мицотакис, ги слушавте разговорите што ги имав со претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас?, изјави Спирѕис. По пријавата на пратеникот, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас преку писмо до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас достави барање за вонредно свикување на Специјалната постојана комисија за институции и транспарентност во Парламентот „за случувањата во врска со следењата од страна на Националната служба за разузнавање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenik-i-poraneshen-minister-od-siriza-prijavi-obid-za-sledenje-na-negoviot-mobilen-telefon-so-softverot-predator/feed/ 0
Спирѕис: Горди сме за Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spirdzis-gordi-sme-za-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spirdzis-gordi-sme-za-dogovorot-od-prespa/#respond Thu, 25 Oct 2018 14:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=119482

Ние сме горди за Договорот од Преспа и сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, вели министерот за инфраструктура,транспорт и врски на Грција, Христос Спирѕис во интервју за грчкото радио “Тема 104.6” Како што јави МИА од Атина, прашан за изјвата на Коѕијас дека на минатонеделната владина седница, коалицискиот партнер во владата и министер за одбрана, рекол дека “владата е финансирана од Сорос”, Спирѕис вели дека „не постојат тие работи”, и дека не слушнал дека Каменос говорел за Сорос на владината седница на која и тој лично бил присутен. Министерот за инфраструктура, транспорт и врски на Грција, воедно побара од новинарите да не го мешаат во, како што рече, “конкретниот конфликт”. -Постоеше и постои политичко несогласување и со Панајотис Каменос и со Независни Грци во врска со договорот со поранешната југословенска Република Македонија. Ние сме навистина горди за овој договор. Ние сме горди што ќе се финализира овој договор. Ние сме горди што вртиме страница, не само во односите со соседниот народ, туку и за целиот Балкан, рече Христос Спирѕис во интервјуто за грчкото радио. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spirdzis-gordi-sme-za-dogovorot-od-prespa/feed/ 0