Христос Стајкурас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 10:07:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христос Стајкурас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стајкурас: Грција по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stajkuras-grcija-po-12-godini-se-vrakja-vo-evropskata-normala-i-povekje-ne-e-iskluchok-vo-evrozonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stajkuras-grcija-po-12-godini-se-vrakja-vo-evropskata-normala-i-povekje-ne-e-iskluchok-vo-evrozonata/#respond Wed, 10 Aug 2022 10:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=716573

Факт е постигнувањето на уште една голема национална цел, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за излезот на земјата на 20 август од режимот на зголемен надзор и додава дека Грција, по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната, јави дописничката на МИА од Атина. Стајкурас објаснува дека пред неколку дена добил писмо од извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис и од комесарот за економија Паоло Џентилони во кое го потврдиле излезот на Грција од режимот на зголемен надзор и посочиле дека земјата го испорачала најголемиот дел од политичките обврски кон Еврогрупата, дека ефикасно ги спровела реформите и значително ја зајакна отпорноста на нејзината економија. -Со оваа разврска, заедно со предвремената отплата на кредитите од Меѓународниот монетарен фонд и укинувањето на капиталните ограничувања, по 12 години, се затвора тешко поглавје за нашата земја. Грција се враќа во европската нормалност и престанува да биде исклучок во еврозоната, вели Стајкурас. Објаснува дека излезот од засилениот надзор „ја зајакнува позицијата на Грција на меѓународните пазари, обезбедува дополнителен поттик за нејзината динамика на раст и привлекување инвестиции, дава степени на слобода во водењето на економската политика и го носи поблиску постигнувањето на последната цел, односно обновувањето на инвестициската оценка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stajkuras-grcija-po-12-godini-se-vrakja-vo-evropskata-normala-i-povekje-ne-e-iskluchok-vo-evrozonata/feed/ 0