христос воскресна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Apr 2022 11:41:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png христос воскресна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Немојте да згрешите: Eве како правилно се честита Велигден, а овие изрази никако не ги користите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nemojte-da-zgreshite-eve-kako-pravilno-se-chestita-veligden-a-ovie-izrazi-nikako-ne-gi-koristite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nemojte-da-zgreshite-eve-kako-pravilno-se-chestita-veligden-a-ovie-izrazi-nikako-ne-gi-koristite/#respond Sat, 23 Apr 2022 11:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=667149

По повод најголемиот празник сите православни христијани едни на друго си упатуваат познати традиционални честитки и очекуваат да им се врати на сличен начин, со отпоздрав. Но, многумина тој поздрав не го изговараат правилно. Еве каде е грешката и како гласи правилниот и единствено точен велигденски поздрав, а кои верзии никако не би требало да ги користите бидејќи е потполно неточни. Христос воскресна, Христос васкресе, Христос воскрес, Ристос воскресе… слушаме толку слични, а во суштина сосема различни изговори на велигденскотот поздравување и честитање. Најправилно би требало да се каже: : „Христос воскресна”! А покрај тоа дозволен е и архаичниот, црквен облик „Христос воскресе”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nemojte-da-zgreshite-eve-kako-pravilno-se-chestita-veligden-a-ovie-izrazi-nikako-ne-gi-koristite/feed/ 0
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-voskresna-navistina-voskresna-4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-voskresna-navistina-voskresna-4/#respond Sat, 01 May 2021 22:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=504290

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден- Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово точно на полноќ е објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден. Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението. Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне. Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето. Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе- Вистина Воскресе!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-voskresna-navistina-voskresna-4/feed/ 0
Зошто Велигден секогаш е во недела и на полноќ, а не преку ден? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-veligden-sekogash-e-vo-nedela-i-na-polnokj-a-ne-preku-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-veligden-sekogash-e-vo-nedela-i-na-polnokj-a-ne-preku-den/#respond Sat, 01 May 2021 11:54:36 +0000 https://kurir.mk/?p=504288

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Што значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми. Велигден е Празник над празниците. Со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Најконкретно со Велигден, празниците се поврзани 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Духовден (Педесетница). А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн. Велигден е првиот празник на христијаните. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века. Христијаните на Исток, во Азија го празнувале Велигден во исто време и на ист датум, но другите не. Велигден се празнувал секогаш на 14 ден од првиот пролетен месец, без разлика во кој ден од седмицата ќе се падне тој датум. Тоа било истовремено празнување на Велигден со Јудејската Пасха. Христијаните, во Европа велеле дека е неприлично да го славиме нашиот најголем празник Велигден, заедно со најголемиот празник на Евреите – Пасха. Затоа, се определиле да го слават Велигден секогаш во неделниот ден по првата пролетна полна месечина. Тоа значело дека Велигден ќе биде секогаш во недела. Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. На првиот вселенски собор, во 325 година, била донесена одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина. Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сончев знак – пролетна рамноденица; месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамноденица; спореден празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот. Западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века. Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш штом влегува во недела. Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час. Зошто на полноќ, а не преку ден? Светите отци сакале да биде празникот, колку е можно, најблиску до времето на Христовото воскресение. Но, нам не ни е кажано точно времето и часот кога Христос воскреснал. Евангелијата ја премолчиле оваа точност. За моментот на Христовото воскресение не е напишано, но за доаѓањето на ангелот Божји, којшто ги пречекал жените мироносици кај празниот гроб, се вели: “Стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото…, а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.” Настанот се случил порано, а можело и на полноќ, но сигурно не пред полноќ. Воскресението во почетокот на означеното време значи сила и моќ – дека немало што да чека, туку ја имал Божјата сила и можел да воскресне; а тоа, ако се случело на крајот од денот, ќе значело немоќ – како да чекал да собере сила, како едвај воскреснал. Затоа е земен терминот веднаш по полноќ, само што почнува неделата. Затоа тогаш се објавува Воскресението и гласно се вели: – Христос воскресе! Ова значи објавување на една голема вистина – му се објавува на целиот свет дека нашиот Бог не е мртов, туку е жив и не е во гробот, туку воскресна. Тоа се кажува гласно и сеопшто, од сите и за сите во светот. Тоа значи одеднаш, јавно и најмасовно исповедање на верата на сиот свет дека Христос Воскресе! На тоа се одговара: – Вистина воскресе! Како се пресметуваат велигденските таблици? Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 година и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, римскиот монах Дионисиј Мали ги направил конечните Велигденски таблици. Тоа важи и до денес и засекогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт. Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред. Велигденските таблици за пресметување на датумот на Велигден се нарекуваат и Пасхални таблици или Пасхалии. Оваа пресметка не е едноставна и има своја долга историја. Првите пресметувања ги направил свети Теофил Александриски во 385 година и ја дал првата Пасхална таблица за 40 години. Тоа го дооформил свети Кирил Александриски и било дадено за целиот христијански свет, скоро два века. Во 526 година, римскиот монах Дионисиј Мали ги направил конечните Велигденски таблици. Тоа важи и до денес и засекогаш. Формиран е Велигденски круг, Пасхален круг или Пасхалија која никогаш не завршува и е наречен Голем индикт. Оваа вечна Пасхалија опфаќа циклус од 532 години. А кога ќе заврши овој круг, пак се повторува по истиот ред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-veligden-sekogash-e-vo-nedela-i-na-polnokj-a-ne-preku-den/feed/ 0
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА, НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-voskresna-navistina-voskresna-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-voskresna-navistina-voskresna-3/#respond Sun, 19 Apr 2020 06:44:56 +0000 https://kurir.mk/?p=334209

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден- Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово точно на полноќ е објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден. Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението. Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне. Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето. Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе- Вистина Воскресе!]]>

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден- Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово точно на полноќ е објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе! Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден. Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението. Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне. Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето. Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе- Вистина Воскресе!]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristos-voskresna-navistina-voskresna-3/feed/ 0