Христово воскресение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 02 May 2021 18:34:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Христово воскресение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО: Веста прва ја прими Марија Магдалена и побрза да им јави на апостолите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voskresenie-hristovo-vesta-prva-ja-primi-marija-magdalena-i-pobrza-da-im-javi-na-apostolite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voskresenie-hristovo-vesta-prva-ja-primi-marija-magdalena-i-pobrza-da-im-javi-na-apostolite/#respond Sun, 02 May 2021 18:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=504720

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалена и побрза да им јави на апостолите и тие не и поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voskresenie-hristovo-vesta-prva-ja-primi-marija-magdalena-i-pobrza-da-im-javi-na-apostolite/feed/ 0
Велигденска служба по повод Христовото воскресение во Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/veligdenska-sluzba-po-povod-hristovoto-voskresenie-vo-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/veligdenska-sluzba-po-povod-hristovoto-voskresenie-vo-delchevo/#respond Sun, 19 Apr 2020 08:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=334264

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Делчево се одржа велигденска служба по повод Христовото воскресение – Велигден. На службата му претходеше пристигањето на Благодатниот оган, по што со црковно пеење и црковните звона на камбаните, беше објавена веста за Христовото воскресение. Во својата проповед на богослужбата парохискиот свештеник и старешина на црквата Николчо Воиноски, апелираше верниците да се придржуваат кон мерките на надлежните, со цел да се спречи заразата. -Возљубени македонски чеда поминуваме низ еден период кога Бог од нас бара послушност и воздржување. Појавата на коронавирус во светот и во нашата земја не натера да размислуваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа да се придржуваме кон советите и мерките изречени од надлежните институции и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите и им препорачуваме да се молат во своите домови за Бог да не избави од оваа опасна болест, истакна Воиноски. Упати на молитва за медицинските лица, полицајците и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. -Да се молиме за заболените да оздрават, како и за душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости гревовите и да не помилува зашто само Бог е прибежиште и сила и докажан во невољите. Затоа во маката да бидеме трпеливи, а во молитвата зашто воскреснатиот Бог е нашата надеж. Нека овој период ни биде време за покајание и за засилена молитва, што не снајдоа нека ни бидат за утврдување во верата и за духовно напредување. Се е возможно за оние што веруваат зошто Господ знае да ги избави побожните од искушенија, додаде во својата проповед Воиноски. Да ја споделиме со сите радоста за воскресението на вечниот лечител и никогаш да не заборавиме на тоа дека колку сме поблиску до Бога, толку и тој ќе биде поблиску до нас, додаде делчевскиот старешина. Велигден согласно препораките за заштита од коронавирус, граѓаните го дочекаа во своите домови со свеќи во раце изговарајки го христијанскиот поздрав Христос Воскресе – Навистина Воскресе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/veligdenska-sluzba-po-povod-hristovoto-voskresenie-vo-delchevo/feed/ 0