хронично болни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 13:10:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хронично болни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве кој прв ќе се вакцинира во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-prv-kje-se-vakcinira-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-prv-kje-se-vakcinira-vo-makedonija/#respond Wed, 23 Dec 2020 13:10:44 +0000 https://kurir.mk/?p=447217

Штом ќе биде достапна вакцината против КОВИД во земјава, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други што се на првата линија во борбата со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа, соопштија денеска владините портпароли, Душко Арсовски и Муамет Хоџа. Потоа, како што нагласија Арсовски и Хоџа, ќе се вакцинираат политичарите. -Како што најави премиерот Зоран Заев, и тој ќе даде личен пример во насока на давање поддршка во напорите за сузбивање на КОВИД-19, истакнаа портпаролите. Тие претходно соопштија дека се во тек преговори за директна набавка на вакцини против КОВИД-19. -Не чекаме само на донации, се користат сите инструменти и навреме се почнати сите процедури. Веќе се обзбедени 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани и треба да пристигнат во првите месеци од 2021 година, рече Арсовски. Покрај ковакс механизмот, нагласи, во тек се преговори и за директна набавка од комапниите кои ги произведуваат вакцините, а предвиден е и трет механизам преку ЕУ со кој треба да се набават 200 милиони вакцини за земјите членки и дополнителни 100 милиони дози за европските земји надвор од Унијата. -Република Македонија не чека само на донации, туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, а алоцираше и средства за вакцини. Почна директни прегови, се користат сите инструменти, вклучувајќи го и ковакс механизмот кој беше прв на располагање, рече Арсовски. Според него, се уште не се знае колку и кога Бугарија ќе и донира вакцини на земјава, но планот е делот од пратката што ќе пристигне во Бугарија, да биде наменета и за нашата земја. Дел од првата пратка вакцини, пак, што ќе стигнат од Грција ќе бидат наменети, како што објасни Арсовски, за нашите граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koj-prv-kje-se-vakcinira-vo-makedonija/feed/ 0
Хронично болни се жалат оти за преглед се чека и повеќе од шест месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronichno-bolni-se-zalat-oti-za-pregled-se-cheka-i-povekje-od-shest-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronichno-bolni-se-zalat-oti-za-pregled-se-cheka-i-povekje-od-shest-meseci/#respond Tue, 24 Nov 2020 14:52:26 +0000 https://kurir.mk/?p=433801

Срцево болни пациенти ставени на стенд бај. Се жалат оти со месеци не можат да стигнат до контролен преглед кај своите специјалисти бидејќи повеќето клиники го намалиле обемот на работа. Велат за преглед се чека и повеќе од шест месеци, пренесува телевизија Алфа. - Со срцево заболување имам вграден стент. Последен пат на преглед бев кон крајот на монатата година. Докторот тогаш ми рече задолжителна контрола после шест месеци, но мојата матична докторка не може да најде термин за мене откако почна корона пандемијата. Што да правам јас, хронично болна, со вграден стент без контрола цела година?, вели пациентка со срцево заболување. Дека капацитетите за работа во болниците се намалени покажува и системот Мој термин. На пример на Клиниката за пулмологија амбуланта држат едвај четворица лекари, а пред пандемијата ги имаше најмалку двојно повеќе. Уште поалармантно е на Кардиологија, каде во системот се јавуваат имињата на само двајца доктори, но слободни термини нема. Целиот текст може да го прочитате на АЛФА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronichno-bolni-se-zalat-oti-za-pregled-se-cheka-i-povekje-od-shest-meseci/feed/ 0
Хронично болните “фрлени во оган“: За да бидат ослободени од работа мора да трчаат по болниците и се втурнуваат во дополнителен ризик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronichno-bolnite-frleni-vo-ogan-za-da-bidat-oslobodeni-od-rabota-mora-da-trchaat-po-bolnicite-i-se-vturnuvaat-vo-dopolnitelen-rizik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronichno-bolnite-frleni-vo-ogan-za-da-bidat-oslobodeni-od-rabota-mora-da-trchaat-po-bolnicite-i-se-vturnuvaat-vo-dopolnitelen-rizik/#respond Mon, 02 Nov 2020 10:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=423607

Во Македонија коронавирусот буквално покосува. Бројот на починати надмина 1000, а бројот на активни случаи е над 10.000. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 32.436. Во најголем ризик се хронично болните лица, но според владината одлука тие пред повеќе од еден месец беа вратени на работа. Ослободени во моментов се само тешките случаи, но за да ја добијат таа потврда, тие минуваат низ хаос. Имено, исклучок од одлуката хронично болните да одат на работа секој ден се само пациентите кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои треба да биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување. Но, хронично болните за да дојдат до тој документ треба себеси да се стават на голем ризик. Дел од хронично болните ја контактираа редакцијата на КУРИР раскажувајќи низ што треба да поминат за да можат да бидат ослободени од работа, не затоа што не им се работи, туку дека состојбата за нив е силна опасност. Македонски граѓанин посочува дека изјавата на Венко Филипче дека хронично болните се ослободуваат од работа со извештај од специјачист-не е точна. -Филипче вели дека ние, хронично болните, сме биле ослободени од работа со известај од специјалист, тоа не е точно. Ние со извештајот од специјалист одеме кај матичниот доктор. Матичниот не' праќа на Комисија за боледување, Комисијата за боледување ни дава еден месец боледување и потоа ни пишува контрола. Ние пак за еден месец треба да одиме  по болниците кај специјалистот за нова препорака и пак комисијата да ни одговори колку ќе ни продолжи боледување. Во ек на пандемијата корона ние хронично болните мораме по болници да одиме по извештај секој месец за боледување. Нели е срамота да не' малтертираaт по болниците. Oдејки по болниците по извештаи секој месец постои голема веројатност да се испозаразиме. Ние не сме ослободени туку одиме на боледување, истакнува хронично болен граѓанин во своето сведоштво за КУРИР. Обвинува дека хронично болните минуваат низ пекол, а министерот за здравство се чувствуваат дека ги прави будали. -Да не дозволувате Венко Филипче да ве лаже вас и да не' прави будали нас.  Треба да се знае хронично болните секој месец низ што се' треба да поминат, пекол, страв да не се испоразболат за да отворат или да им се продолжи боледување. Хронично болните одат по болниците во ек на пандемија за извештаи за комисијата да им продолзува боледувањ секој месец. Ние не сме ослободени од работа туку трчаме по болниците, а до боледување низ пекол поминуваме. Има случаи каде за дијагноза канцер Комисијата за боледување дава 15 дена. После 15 дена пак на специјалист, пак иста процедура, катастрофа малтретирање и изживување со хронично болните, вели нашиот извор кој е хронично болен пациент и сведок на тоа што се случува. Хронично болните се чувствуваат како буквално да се фрлени во оган. Јавно бараат министерот Филипче и Комисијата со која раководи Караџовски да ја преиспитаат одлуката за нив. Хронично болните лица се во висок ризик и ова низ што мора да поминуваат дополнително може да го влоши нивното здравје. Стравуваат дека по клиниките можат да се заразат со коронавирус, тие се најризичната категорија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronichno-bolnite-frleni-vo-ogan-za-da-bidat-oslobodeni-od-rabota-mora-da-trchaat-po-bolnicite-i-se-vturnuvaat-vo-dopolnitelen-rizik/feed/ 0
Мицкоски: Бараме ослобободување од работа на хронично болните, бесплатни тестови за здравствените работници, наставничките и негователките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-barame-osloboboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-besplatni-testovi-za-zdravstvenite-rabotnici-nastavnichkite-i-negovatelkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-barame-osloboboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-besplatni-testovi-za-zdravstvenite-rabotnici-nastavnichkite-i-negovatelkite/#respond Sun, 01 Nov 2020 17:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=423361

Поради влошената и состојба со коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски излегоа со неколку барања до власта се со цел да се заштитат животите на најзагрозената категорија на граѓани и на овие кои што секојдневно се наоѓаат во првите борбени линии со невидливиот непријател. Барањата се ослобободување од работа на хронично болните, бесплатни тестови за здравствените работници, наставничките и негователките. БАРАМЕ: -Ослободување од работа на болните од хронични болести. -Бесплатни тестови за здравствените работници. -Бесплатни тестови за наставничките и негователките, стои во објавата на Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-barame-osloboboduvanje-od-rabota-na-hronichno-bolnite-besplatni-testovi-za-zdravstvenite-rabotnici-nastavnichkite-i-negovatelkite/feed/ 0
Ристески кон Филипче: Случајно ли е 85% од починатите да биле хронично болни, а донесовте одлука да ги вратите на работа од 23 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-kon-filipche-sluchajno-li-e-85-od-pochinatite-da-bile-hronichno-bolni-a-donesovte-odluka-da-gi-vratite-na-rabota-od-23-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-kon-filipche-sluchajno-li-e-85-od-pochinatite-da-bile-hronichno-bolni-a-donesovte-odluka-da-gi-vratite-na-rabota-od-23-septemvri/#respond Wed, 28 Oct 2020 12:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=421655

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на денешната собраниска комисиска дискусија во врска со измените на Законот за заразни болести, во низа на критики го праша министерот за здравство Венко Филипче дека треба да одговори дали е случајност што бројот на смртни случаи кои најголем дел се хронично болни, да се совпаѓа со одлуката на Владата за нивно враќање на работа. Ристески го критикуваше присутниот министер за здравство Венко Филипче дека треба да си даде оставка, затоа што бројките како Извештајот на БИ-БИ-СИ посочиле дека Македонија е земја со најголема смртност во Европа и со најлоша корона слика во регионот. На 30 август, во моментов на прогласување на новата влада сме имале 14.340 заболени во моментов бројката од тогаш е дуплирана, се наближуваме на 30,000 заболени, бројот на активни случаи ни е повеќе од 4,000, вие треба да поднесете одговорност за вашата работа до сега, зошто Македонија е рангирана со најлоша корона слика во регонот – му посочи на министерот Филипче, пратеникот Петар Ристески. Ристески го праша Филипче зошто во Македонија најмногу умираат луѓе од коронавирусот, како и тоа дека тој во негова изјава посочил дека 85% од бројот на починати се хронични болни. Зошто вие и Комисјата за заразни болести и дадовте предлог на владата и усвоено беше да ги врати хронично болните на работа од 23 септември – праша Ристески. Дали совпаѓањето на бројот на смртни случаи по одлуката на Владата да ги врати хронично болните на работа е случајност или не, треба да одговори министерот Венко Филипче – рече Ристески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-kon-filipche-sluchajno-li-e-85-od-pochinatite-da-bile-hronichno-bolni-a-donesovte-odluka-da-gi-vratite-na-rabota-od-23-septemvri/feed/ 0
Мицкоски апелира: Хронично болните да се ослободат од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-apelira-hronichno-bolnite-da-se-oslobodat-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-apelira-hronichno-bolnite-da-se-oslobodat-od-rabota/#respond Tue, 27 Oct 2020 08:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=421068

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!, вели Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-apelira-hronichno-bolnite-da-se-oslobodat-od-rabota/feed/ 0
Потресно сведоштво на сопруга, мајка и трудница од Скопје: Таткото на нејзините деца е тешко болен, а принуден да се врати на работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-na-sopruga-majka-i-trudnica-od-skopje-tatkoto-na-nejzinite-deca-e-teshko-bolen-a-prinuden-da-se-vrati-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-na-sopruga-majka-i-trudnica-od-skopje-tatkoto-na-nejzinite-deca-e-teshko-bolen-a-prinuden-da-se-vrati-na-rabota/#respond Wed, 23 Sep 2020 08:41:33 +0000 https://kurir.mk/?p=407149

Мајка, сопруга и трудница од Скопје плачејќи од мака ја контактираше редакцијата на КУРИР. Поради негрижа од страна на владата, нејзиното семејство живее во страв и неизвесност. Нејзиното писмо во кое ги раскажува сите детали, КУРИР го пренесува во целост: Со денови се спремам да го напишам ова писмо, но се’ си мислев дека ќе се променат работите во последен момент и оставив така. Но, по вчерашниот прес на министерот за здравство Венко Филипче, решив дека молчењето не е злато. Ако ништо друго, нема да ми се качи притисокот, ќе си се олеснам! Мојот сопруг има астма, ХОБС и постпулмонарна емболија. Главниот причинител за оваа “ситница” од дијагнози е мутација на крвта која ја откривме сосема случајно откако Фала и Слава на Бога ја преживеа емболијата. Министерот најави дека сите хронични болни ќе добијат термин до 23.09, за да може да се потврди односно побие потребата за отсуство од работа. Термини на пулмологија НЕМА! Закажан е тек за неколку дена за уште од ден еден кога се најави промената почнавме да бараме. Уште каква дрскост, вчера со високо крената глава изјави дека не е точно дека немало термини, они следеле. Кој тоа следел побогу?! Вистината е дека термини нема, што значи дека тие што се вистински болни како мојот сопруг, денес ќе се стават во ризик да одат на работа. За мало појаснување на злите јазици кои ќе се јават откако ќе го прочитаат ова, мојот сопруг работеше од дома секој ден, исто како да е на работа. Полно работно време, решавајќи се’ што му беше зададено како задача. Нашите деца исто така имаат проблеми со белите дробови кои НЕ се наследни, туку се резултат на одвратниот воздух кој го дишеме во Скопје и воопшто во Македонија. Секое второ дете е на терапија како нашите деца, што кажува тоа? Дека живееме во свињарник полн со жабокречина, каде ретко кој си го добива тоа што го заслужил. Напоредно со ова, една од мерките кои се планираат за да се држи во контрола Ковид 19 е редуцирање на јавниот превоз. Молам?! Јавниот превоз треба да е 100% БЕСПЛАТЕН, а не редуциран! Треба да се намали движењето со автомобил, ем сите немаат, ем сите фирми немаат паркинзи, ем загадувањето луѓе, зимата доаѓа! Се’ повеќе и повеќе млади луѓе бегаат “главом без обзира” од тука. Наша блиска личност која што замина пред малку од државата со цела фамилија, себеси се етикетира како “еколошки емигрант”. Точно, таа е вистината. Веќе ни парите не играат улога, немаме основен квалитет на животот овде! Ковид 19 е тука меѓу нас, и ќе биде уште долго. Народот наш е поприлично прост од “успешното” образование, од остатоците на “пу, пу, пу” моменти, од тоа што по 2-3 генерации живеат во 50 квадрати затоа што немаме финансиски средства. Затоа, не е доволно само едукација. Треба контрола! Треба да се казнуваат сите по ред кои што прекршуваат мерки, не само тие каде ви е полесно. Доста беше “удри по самарот ако не можеш по магарето”, удрете го магарето веќе еднаш! Секој кој прекршува протокол КАЗНА. Секој кој е во опасност, ИЗОЛАЦИЈА. Секој кој не разбира, ЕДУКАЦИЈА. Кој ќе им гарантира на (вистински) хронично болните од денес дека се безбедни? Кој ќе ми гарантира мене како бремена мајка, сопруга дека сме безбедни? Маска N95 имаме. Визир имаме. Алкохол имаме. Дистанца држиме. Дали е тоа доволно, за човек кој работи со многу луѓе и нема шанса за да се премести на друго работно место? Болен човек, повторувам. Човек кој нема ни 40 години, има жена, две деца и едно на пат. Благословен човек со се’, освен со разумна држава. Нека не чува добриот Бог, бидејќи сами не сме способни… Идентитетот на скопјанката е познат на редакцијата на КУРИР, но поради заштита на нејзиното семејство, истиот нема да го објавиме]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresno-svedoshtvo-na-sopruga-majka-i-trudnica-od-skopje-tatkoto-na-nejzinite-deca-e-teshko-bolen-a-prinuden-da-se-vrati-na-rabota/feed/ 0
Се враќаат на работа родителите на деца до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно и дел од хронично болните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrakjaat-na-rabota-roditelite-na-deca-do-shest-godini-licata-koi-koristea-prodolzeno-porodilno-i-del-od-hronichno-bolnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrakjaat-na-rabota-roditelite-na-deca-do-shest-godini-licata-koi-koristea-prodolzeno-porodilno-i-del-od-hronichno-bolnite/#respond Wed, 23 Sep 2020 05:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=407040

Од денеска се враќаат на работа родителите на децата до шест години, лицата кои користат продолжено породилно отсуство и дел од хронично болните лица. Владата ја донесе оваа одлука пред две недели, откако се отворија градинките и дневните центри за ран детски развој и се утврдија речиси сите протоколи за функционирање во сите сфери, со цел граѓаните да се заштитат од пандемијата од Ковид-19. Одлуката на Владата за враќање на родителите на нивните работни места наиде на реакции кај дел од засегнатите, па по тој повод во неколку наврати родителите организираа и протести. Велат, дел од децата не се запишани во градинка, каде и нема слободни места, нема кој да ги чува и немаат доволно средства да платат негувателки. Од Владата, пак, нагласуваат дека е обезбедена целосна грижа за децата во градинките, и нелогично и беспредметно е родителите да не одат на работа. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска синоќа повтори дека дека Владата останува на ставот дека родителите треба да се вратат на работа. – Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели, до 23 септември, за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме, изјави Шахпаска. Таа потсети дека стартот на градинките почна на 9-ти септември и оти родителите имаа две седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа. – Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинските доведе до ситуација мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи, потанцираше министерката. Шахпаска наведе дека согласно Протоколот што беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемија со Ковид-19. – На дневно ниво ги контактираме сите градинки, 311 објекти во државата. Нашите информации како инистерство не произлегуваат од ФБ групи, ова се базирани на докази, на дневни извештаи, секој ден ја анализираме состојбата како е. Јас одговорно тврдам, ова е состојбата, значи пишани се децата, а не посетуваат градинка, и оттука нашиот апел до сите родители кои што го чуваат местото, а не го праќаат детето во градинка значи имаат алтернатива кој да се грижи за тоа дете, да и го отстапат на родителите на кои што им е неопходно, апелираше Шахпаска. Таа истакна дека Протоколите јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца. Во однос на враќањето на работа на хронично болните лица, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека мерките се добро проценети и анализирани пред да се имплементираат. – Не се враќаат сите на работа, туку лекар специјалист проценува кој ќе оди на работа, а кој не. Не само на кого му е влошена болеста, туку и пациент кој е во фаза на болеста и има тип на хронична дијагноза, со таква шифра, а треба да биде заштитен во следните шест месеци. За тоа ние го сменивме правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување. Тоа значи дека ги одделуваме хроничните болни коишто се во рамките на една категорија и имаат иста шифра на болеста. На пример дијагноза миокарден инфаркт на срце. Пациент имал инфаркт на срце пред пет години, човекот е рехабилитиран и сосема нормално ги извршува животните активности. Тој ја носи истата шифра како пациент кој имал инфаркт пред еден месец и треба да биде на боледување и дополнително заштитен. Таа проценка ја прават специјалистите, истакна Филипче. Тој потенцираше дека се враќаат тие кои можат да работат согласно проценката на лекарот специјалист. Хронично болните пациенти имаа рок до денеска да посетат специјалист за што беа пуштени дополнителни термини во „Мој Термин“ и е-амбуланта, а, како што информираше Филипче, по потреба рокот ќе биде пролонгиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrakjaat-na-rabota-roditelite-na-deca-do-shest-godini-licata-koi-koristea-prodolzeno-porodilno-i-del-od-hronichno-bolnite/feed/ 0
Мерките на владата донесени во пет до 12 и неусогласени, создаваат главоболка за родителите, хронично болните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merkite-na-vladata-doneseni-vo-pet-do-12-i-neusoglaseni-sozdavaat-glavobolka-za-roditelite-hronichno-bolnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merkite-na-vladata-doneseni-vo-pet-do-12-i-neusoglaseni-sozdavaat-glavobolka-za-roditelite-hronichno-bolnite/#respond Tue, 15 Sep 2020 12:46:39 +0000 https://kurir.mk/?p=403519

Владата по се изгледа нема решение за тоа како да ги заштити најралнивите категории. Ако се следат последните одлуки кои се носат, Владата не само што не нуди решенија, туку и создава проблеми. Хронично болните, самохраните родители, мајките на породилно реагираат дека најголем проблем е што одлуките се носат многу доцна и не постои начин секој поединечно да најде решение. Решенија се потребни за многу категории на лица за децата кои не се запишани во градинка, за болните кои не може да стигнат на специјалист и да добијат потврда и слично. Соочена со економските и здравствените предизвици кои ги носи пандемијата и безидејноста како да се справи со истите, Владата како да пробува да го игнорира постоењето на вирусот и како ништо да не било ги враќа на работа дури и најризичните категории. Ваква одлука беше и враќањето на работа на хронично болните кои до сега не одеа на работа поради ризикот кој им се заканува по нивното здравје и живот, а баш сега кога никој од експертите не може да предвиди како ќе се однесува вирусот на есен, Владата ги враќа на работа. Хронично болните пациенти се загрижени поради одлуката на владата сите да ги врати на работа, освен оние на кои им се влошило здравјето. Тие се жалат дека рокот за добивање потврда од специјалист е краток, бидејќи е тешко да се закаже термин за на специјалист. Тие испратија петиција до Владата со барање овие потврди да се земаат преку матичниот лекар. Некои од нив се уплашени дека, ако до 23 септември не успеат да извадат потврда од лекар специјалист, а истовремено не се појават на работа, можно е да ги изгубат и нивното работно место. Друга ваква одлука беше и таа да се вратат на работа мајките кои се на продолжено породилно отсуство, иако пред околу недела дена Комисијата за заразни болести за нив предложи да им биде продолжено породилното отсуство до крајот на годинава, Владата сепак ги враќа на работа. На оваа одлука реагираа овие родители поради тоа што базирајќи се на предлогот на Комисијата за заразни болести дека остануваат дома до крајот на годината тие не ги запишаа нивните деца во градинките, а сега им се дава сосема краток период и не знаат како да го решат овој проблем. Тие дури и најавија ќе изгегуваат на протест против ваквата одлука на владата. Според најавите за протестот објавени од организаторите на Фејсбук, протестот ќе се одржи пред владата во четврток, од 17.30 до 19.00 часот. Друга одлука која предизвика бурни реакции во јавноста беше и враќањето на работа од 23 септември и на самохраните родители кои пак поради неусогласеноста на мерките и одлуките кои се носат од страна на владата невозможно е да функционираат. За овој проблем реагираше Здружението на самохрани мајки „Една може!“ кои прашуваат како со ваквите одлуки и работно време на училиштата и градинките ќе може да функционираат самохраните родители. „Како замислувате децата од 23 Септември до 1 Октомври да седат сами дома? Како замислувате да се одвива работен ден на самохран родител, кој треба да однесе дете/ца на училиште во 8:30 и да ги земе во 10:30 па да ги однесе сами дома да седат до 16 часот? Како замислувате дека треба да се вратат на работа самохраните родители на кои не им ги примија назад во градинка децата на возраст до 5 години? Како замислувате дека едно четвртодделенче ќе седи само дома и ќе следи хибридна настава, ќе управува со компјутер, скенер, принтер, имање и немање интернет и собирање и печатење на несоосдветно формираната документација која неспремните стручни кадри ја испраќаат до учениците? Дали обезбедивте компјутер и интернет во секој дом каде има деца кои ќе следат хибридна настава?“ , прашуваат во здружението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/merkite-na-vladata-doneseni-vo-pet-do-12-i-neusoglaseni-sozdavaat-glavobolka-za-roditelite-hronichno-bolnite/feed/ 0
Филипче не се откажува хронично болните да ги врати на работа- до 23 септември тие имаат рок да добијат потврда од специјалист! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-se-otkazuva-hronichno-bolnite-da-gi-vrati-na-rabota-do-23-septemvri-tie-imaat-rok-da-dobijat-potvrda-od-specijalist/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-se-otkazuva-hronichno-bolnite-da-gi-vrati-na-rabota-do-23-septemvri-tie-imaat-rok-da-dobijat-potvrda-od-specijalist/#respond Fri, 11 Sep 2020 05:50:39 +0000 https://kurir.mk/?p=401817

Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-Амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на средбата со претставниците на здруженијата на пациенти нагласи дека нема простор за паника бидејќи мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти. Во земјава вчера беа регистрирани 121 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје-33, Охрид-11, Крива Паланка-девет, Куманово-осум, Штип, Тетово, Струга и Битола по шест, Кочани-пет, Кавадарци и Гостивар- по четири, Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево по три, Свети Николе и Прилеп по два, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево по еден случај. Оздравеа 142 пациенти од Скопје-50, Куманово-32, Гостивар-12, Прилеп-11, Штип-седум, Тетово и Струга по четири, Велес, Охрид, Кавадарци, Струмица, Берово, Виница, Делчево и Кичево по двајца, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Македонски Брод, Кратово и Свети Николе по еден пациент. Три лица починаа, двајца пациенти од Прилеп на 63 и 83 години и еден пациент од Струга на 60 годишна возраст. Сите се починати во болнички услови. На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка е 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и две мајки позитивни на Ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се четири пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 129, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 414, бројката на оздравени пациенти е 12 896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881. Најмногу активни случаи има во Скопје – 571, потоа во Куманово – 206, Прилеп – 129, Тетово – 107 случаи. Скопската општина Аеродром е со највеќе активни случаи, и тоа 94, следат Гази Баба со 71, Карпош – 68, Центар – 61, Кисела Вода -54, Чаир – 51. Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-ne-se-otkazuva-hronichno-bolnite-da-gi-vrati-na-rabota-do-23-septemvri-tie-imaat-rok-da-dobijat-potvrda-od-specijalist/feed/ 0