хрватска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 16:40:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хрватска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавени WhatsApp пораки на хрватската полиција за нелегалното враќање на мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/objaveni-whatsapp-poraki-na-hrvatskata-politsija-za-nelegalnoto-vrakane-na-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/objaveni-whatsapp-poraki-na-hrvatskata-politsija-za-nelegalnoto-vrakane-na-migranti/#respond Thu, 06 Apr 2023 16:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=821150

Полицијата во Хрватска, користејќи група креирана на WhatsApp како неформален начин за комуникација за мигрантите, го прекршила законот, покажува истражувањето на повеќе медиуми во Хрватска. Во ноември минатата година, шеесет принтскрин фотографии од разговорот во групата беа доставени до непрофитната истражувачка редакција Lighthouse Reports, кои прикажуваат одбрани делови од комуникацијата на врвот на хрватска полиција на апликацијата WhatsApp во периодот од август 2019 до февруари 2020 година. Заедничката истрага на неделникот Новости, Lighthouse Reports, Нова ТВ, порталот Телеграм, германскиот Der Spiegel и австрискиот ORF откри дека полицијата, користејќи ја групата WhatsApp како неформален начин за комуникација за официјалните дејствија кон мигрантите и споделување на голема количина на податоци, ги прекршува законите и внатрешните одредби кои ги пропишуваат официјалните методи на известување, пренесуваат хрватските медиуми. Предметната група се вика „ОА Коридор II – Запад“, по истоимената полициска акција која ги опфаќа западните делови на Хрватска и чија цел е заштита на државната граница од нерегуларни мигранти, пренесува Index.hr. Во WhatsApp групата, полицајци од речиси сите хиерархиски нивоа масовно разменувале информации за големината на пресретнатите групи мигранти, местото и времето на нивната средба и нивната националност. Групата споделувала и лични податоци, фотографии од документи и регистарски таблички на автомобили во сопственост на сомнителни лица. Новинарите кои се занимаваа со овој случај заклучуваат дека целта на ваквиот канал за комуникација е, очигледно, да се избегне правилно бележење на овие полициски постапки, односно водење неофицијална евиденција за апсењата на мигрантите. Меѓународен новинарски тим ја потврди автентичноста на направените принтскрин од разговорите доставени до Lighthouse Reports. Тие беа испратени до Клас ван Дијкен, ко-директор на таа медиумска организација со седиште во Холандија, од анонимно лице преку апликацијата Сигнал, додавајќи дека се јавува од привремен број кој наскоро ќе биде затворен. „Потребно беше време да се испитаат десетици слики од екранот на мобилните телефони и да се потврдат сите видливи телефонски броеви и да се започне истрага. Бидејќи можевме да ги потврдиме броевите, заклучивме дека е малку веројатно некој да ги фабрикувал сите тие пораки и слики од екранот на мобилните телефони и да поседува толку многу телефонски броеви кои се совпаѓаат со бројките на луѓето кои сè уште ги поседуваат. Заклучивме дека пораките се апсолутно автентични“, вели Ван Дијкен. Министерството за внатрешни работи на Хрватска ја признава употребата на групи на WhatsApp, но тврди дека се е според законот. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека полициската група на WhatsApp, чија содржина е објавена во јавноста, била наменета за оперативна комуникација во борбата против криумчарите на мигранти, а сите дејствија кон мигрантите биле официјално евидентирани. „Операцијата Коридор не е тајна операција, таа се спроведува многу интензивно во последните пет години. Тоа е акција што ја спроведува хрватската полиција против шверцерите на мигранти“, рече Божиновиќ и додаде дека хрватската полиција е на границите 24 часа, пренесува Хина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/objaveni-whatsapp-poraki-na-hrvatskata-politsija-za-nelegalnoto-vrakane-na-migranti/feed/ 0
Европскиот парламент со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-so-golemo-mnozinstvo-go-poddrza-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-so-golemo-mnozinstvo-go-poddrza-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/#respond Thu, 10 Nov 2022 11:13:36 +0000 https://kurir.mk/?p=758526

Европскиот парламент на денешната пленарна седница со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната, а сега е потребна одлука на Советот на Европската унија за конечна потврда. Пратениците го изгласаа мислењето на Европскиот парламент за предлог-одлуката на Советот на ЕУ за прием на Хрватска во Шенген зоната. Гласаа 612 пратеници, од кои 534 беа за, 53 беа против, а 25 беа воздржани. Во текстот се вели дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во Шенген зоната и нема пречки да стане полноправна членка на таа зона без контроли на внатрешните граници. Со ова гласање заврши улогата на Европскиот парламент во процесот на влез на Хрватска во Шенген зоната. Конечната одлука ќе ја донесат 22-те земји-членки на ЕУ, исто така членки на Шенген зоната, на состанокот на 9 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-so-golemo-mnozinstvo-go-poddrza-vlezot-na-hrvatska-vo-shengen-zonata/feed/ 0
Хрватската полиција повторно ќе оди во Србија по повод исчезнувањето на Матеј Периш https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskata-policija-povtorno-kje-odi-vo-srbija-po-povod-ischeznuvanjeto-na-matej-perish/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskata-policija-povtorno-kje-odi-vo-srbija-po-povod-ischeznuvanjeto-na-matej-perish/#respond Sun, 30 Jan 2022 09:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=624594

Директорот на хрватската полиција Никола Милина најави дека екипи на полицијата најверојатно повторно ќе замине во Србија во врска со истрагата поврзана со исчезнувањети на Матеј Периш од Сплит, пренесува Нова.рс. Милина рече дека хрватската полиција врши увид во Хрватска што можела да помогне во истрагата за исчезнатиот Матеј. -Разменуваме информации. Колегите сигурно уште еднаш ќе одат во Србија, истакна Милина на прес-конференцијата. Истакна дека нема време да ги прочита сите коментари, но се обидува да ги собере сите информации од службите, но и граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskata-policija-povtorno-kje-odi-vo-srbija-po-povod-ischeznuvanjeto-na-matej-perish/feed/ 0
Хрватската полиција се огласи со апел до граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskata-policija-se-oglasi-so-apel-do-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskata-policija-se-oglasi-so-apel-do-gragjanite/#respond Tue, 29 Dec 2020 12:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=449850

Хрватската полиција по силниот земјотрес кој ја погоди земјата се огласи преку социјалните мрежи со апел со граѓаните. -Ви повикуваме граѓаните доколку се во можност да излезат на отворен простор и да се тргнат од градби на кои им се заканува рушење. Лицата кои се на повисоките катови нека побараат носечки столб, објави полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskata-policija-se-oglasi-so-apel-do-gragjanite/feed/ 0
Мијатовиќ: Неприфатливо однесувањето на хрватската полиција кон мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mijatovikj-neprifatlivo-odnesuvanjeto-na-hrvatskata-policija-kon-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mijatovikj-neprifatlivo-odnesuvanjeto-na-hrvatskata-policija-kon-migrantite/#respond Fri, 06 Dec 2019 14:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=274315

Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ денеска го критикуваше однесувањето на хрватската полиција кон илегалните мигранти кои доаѓаат од БиХ, а од властите во Сараево побара поодговорен однос кон мигрантите. Мијатовиќ посебно ја критикуваше праксата на т.н. пуш бек, односно туркање на мигрантите назад преку границата. Таа тактика, според неа е кршење на Конвенцијата за човекови права, вклучително и правото на азил и забрана за мачење. – Голем број лекари ми дадоа конзистентни изјави за насилство, кое го спроведува хрватската полиција, изјави Мијатовиќ на прес-конференција во Сараево. Таа потенцираше дека ќе продолжи да ја следи состојбата со илегалната миграција во БиХ и регионот. Посетата на Мијатовиќ на БиХ е за да утврди колкав е степенот на проблемите на илегалните мигранти и ги посети сите бегалски кампови. Мијатовиќ појасни дека се заложила кампот Вучјак кај Бихаќ веднаш да биде затворен поради нехумани услови, а министерот за безбедност на БиХ Драган Мектиќ ветил дека тоа наскоро ќе биде направено. – Во БиХ има 8.000 мигранти. Дали е тоа најголемиот проблем на државата? Ним треба да им се обезбеди барем минимум од она што го добиваат бегалците од БиХ во 90-те години, потенцираше Мијатовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mijatovikj-neprifatlivo-odnesuvanjeto-na-hrvatskata-policija-kon-migrantite/feed/ 0