Хуавеи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Mar 2021 13:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хуавеи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески компании на врвот: Санкциите не им можат ништо, сè повеќе се свртуваат кон електронски возила https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kineski-kompanii-na-vrvot-sankciite-ne-im-mozat-nishto-se-povekje-se-svrtuvaat-kon-elektronski-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kineski-kompanii-na-vrvot-sankciite-ne-im-mozat-nishto-se-povekje-se-svrtuvaat-kon-elektronski-vozila/#respond Wed, 31 Mar 2021 13:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=490306

Како што беше напишано на почетокот на март, кинескиот гигант Хуавеи може сериозно да зачекори на пазарот на електрични автомобили. Оваа компанија нема намера да остане само во сегашниот опсег, а слични планови имаат и производител на паметни телефони од иста земја - Xiaomi. Имено, тие најавија инвестиција вредна дури 10 милијарди долари. Тие планираат да инвестираат толку многу во секторот на електрични возила во следните десет години. Компанијата првично ќе инвестира околу 1,52 милијарди долари во гранката во која ќе биде единствен сопственик, а истиот човек - Леи Јун - ќе биде извршен директор на новата дивизија. Оваа тема е генерално популарна низ целиот свет, а побарувачката за електрични возила постојано расте. Кинеските компании се особено заинтересирани за нивно производство. Во јануари, сличен потег направи и софтверскиот гигант Баиду, кој најави дека ќе го развива бизнисот во тој сегмент преку партнерство со Geely Automobile Holdings. Продажбата на нови електронски возила се очекува да достигне 50% од вкупната продажба на нови возила во Кина до 2035 година, а исто така ве потсетуваме дека XPeng и Li Auto излегоа во јавноста минатата година во САД. Очигледно, Тесла доби жестока конкуренција. Фолксваген и БМВ исто така имаат слични планови. Сепак, се чини дека Кинезите засега доминираат, особено ако се земе предвид дека тие нудат сегашни модели по подостапни цени. Згора на тоа, Кина се опорави доста добро од последиците на кризата. Хуавеи, меѓу другото, соопшти дека минатата година ја зголеми продажбата и профитот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kineski-kompanii-na-vrvot-sankciite-ne-im-mozat-nishto-se-povekje-se-svrtuvaat-kon-elektronski-vozila/feed/ 0
Крај на Хуавеј во Британија, се отстранува цела опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-huavej-vo-britanija-se-otstranuva-seta-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-huavej-vo-britanija-se-otstranuva-seta-oprema/#respond Sat, 11 Jul 2020 08:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=373841

Се очекува британската Влада до 2025 година да ја отстрани опремата на кинеската компанија Хуавеј од националната 5Г телекомуникациска мрежа, објави лондонскиот весник „Телеграф“. Весникот наведува дека британскиот министер за култура Оливер Доуден најави дека на 14 јули пред Парламентот ќе даде изјава за Хуавеј. „Телеграф“ истакна дека и министрите во Владата на премиерот Борис Џонсон бараат опремата на кинеската компанија да биде отстранета од британскиот телекомуникациски систем. Амбасадорот на Кина во Лондон, Лиј Џиаоминг минатата недела предупреди дека отстранувањето на опремата на Хуавеј ќе испрати „лоша порака до кинеските бизнисмени“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-huavej-vo-britanija-se-otstranuva-seta-oprema/feed/ 0
Хуавеи планира да отвори фабрика во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huavei-planira-da-otvori-fabrika-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huavei-planira-da-otvori-fabrika-vo-evropa/#respond Thu, 19 Dec 2019 10:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=279641

Кинескиот технолошки гигант Хуавеи планира компонентите за своите апарати да ги произведува во Европа. Информацијата доаѓа во момент кога лидерот во 5Г технологијата се бори со американските санкции. – Планираме во иднина своите компоненти да ги произведуваме во Европа. Работиме на истражување на можностите за отворање фабрика на тој континент, а изборот на земјата ќе зависи од студијата, изјави претседавачот со групацијата, Лианг Хуа. Иако не се наведува временска рамка за оваа инвестиција, сепак Лианг наведува дека „тоа може да се случи многу брзо“. Хуавеи моментно е водечки играч во 5Г инфраструктурата и втор по големина производител на паметни телефони во светот, по компанијата Самсунг Електроникс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huavei-planira-da-otvori-fabrika-vo-evropa/feed/ 0
САД повторно одложија санкции за „Хуавеи“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povtorno-odlozija-sankcii-za-huavei/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povtorno-odlozija-sankcii-za-huavei/#respond Tue, 19 Nov 2019 07:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=265743

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија Хуавеи за уште 90 дена. Во мај, САД ставија на црна листа пет кинески организации, вклучително и Хуавеи, кои се занимаваат со „суперкомпјутинг“, означувајќи ги како закана за националната безбедност на САД и спречувајќи ги да пристапат до доверлива технологија. Тоа значи дека американските компании не можат да продаваат ништо на кинеската компанија Хуавеи без одобрение од американските власти. Ова е второ одложување од 90 дена откако администрацијата воведе санкции во мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-povtorno-odlozija-sankcii-za-huavei/feed/ 0
Одделот за истражување на „Хуавеи“ во САД се обидува да изгради нов идентитет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oddelot-za-istrazuvanje-na-huavei-vo-sad-se-obiduva-da-izgradi-nov-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oddelot-za-istrazuvanje-na-huavei-vo-sad-se-obiduva-da-izgradi-nov-identitet/#respond Tue, 25 Jun 2019 06:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=212557

Одделот за истражување и развој на кинеската компанија „Хуавеи“, „Фјучрвеи“, почнува одделување на дејноста од компанијата-мајка, откако во мај САД го стави технолошкиот гигант на „црната листа“, информираат извори за американски медиуми. Одделот „Фјучрвеи“ им забранил на вработени на „Хуавеи“ да влезат во неговите канцеларии, ги префрлил своите вработени на нов информациски систем и им забранил да го користат името или логото на „Хуавеи“ во комуникација. Сепак, кинеската компанија ќе продолжи го поседува својот дел. Поделбата на дејноста следи откако многу американски универзитети ги прекинаа своите партнерства со „Хуавеи“, како реакција на обвинувањата на САД дека компанијата претставува ризик за национална безбедност. Некои образовни институции размислуваат да прекинат со заедничка работа и со други кинески компании. „Фјучрвеи“ има стотици вработени во Силиконската долина и регионите на Сиетл, Чикаго и Далас. Компанијата има над 2.100 патенти. Стравувањата на универзитетите се дека „Хуавеи“ ги користи партнерствата за да презема и користи истражувања од областа на вештачката интелигенција, телекомуникациите и роботиката, кои можат да се користат за хакерски или шпионски операции, или, пак, да и дадат предност на кинеската компанија пред американските конкуренти. Одделот „Фјучрвеи“ не може да биде ставен во истата црна листа како „Хуавеи“, бидејќи е регистриран во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oddelot-za-istrazuvanje-na-huavei-vo-sad-se-obiduva-da-izgradi-nov-identitet/feed/ 0
Директорот на „Хуавеи“ ја спореди компанијата со силно оштетен авион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-huavei-ja-sporedi-kompanijata-so-silno-oshteten-avion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-huavei-ja-sporedi-kompanijata-so-silno-oshteten-avion/#respond Mon, 17 Jun 2019 14:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=210023

Основачот на „Хуавеи“ соопшти дека приходите на тој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари пониски од планираните во наредните две години, споредувајќи ја компанијата тешко оштетен авион како резултат на активностите на американската администрација. -Ние никогаш не мислевме дека решеноста на САД да го нападне „Хуавеи“ ќе биде толку силна, толку цврста, вели Рен Зенгфеи, кој е и директор на компанијата. Тој најави дека „Хуавеи“ ќе го намали капацитетот и ќе очекува приходи од 100 милијарди долари годишно во следните две години, во споредба со приходите од 105 милијарди долари во 2018 година. Тој во февруари рече дека целта на „Хуавеи“ е да оствари приход од 125 милијарди долари во 2019 година. Рен Зенгфеи рече дека продажбата на мобилни телефони на „Хуавеи“ во странство се намалила за 40 отсто. Кинескиот пазар, сепак, расте брзо и „Хуавеи“ нема да дозволи рестриктивните мерки да влијаат на истражувањето и развојот, најави тој. Минатиот месец, САД го ставија „Хуавеи“ на листата на оние на кои, им се забранува на американските компании да им продаваат компоненти, без одобрување од владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-huavei-ja-sporedi-kompanijata-so-silno-oshteten-avion/feed/ 0
Директорка на „Хуавеи“ ја тужи Канада бидејќи и ги повредиле правата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorka-na-huavei-ja-tuzi-kanada-bidejkji-i-gi-povredile-pravata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorka-na-huavei-ja-tuzi-kanada-bidejkji-i-gi-povredile-pravata/#respond Mon, 04 Mar 2019 10:24:20 +0000 https://kurir.mk/?p=170906

Главната финансиска директорка на „Хуавеи“, Менг Ванжу поднесе тужба против канадските власти со тврдење дека и се прекршени нејзините уставни права кога беше приведена во декември. Менг ја тужи канадската влада, пограничната служба и полицијата поради „сериозни повреди“ на нејзините граѓански права бидејќи била приведена, испрашувања, па дури потоа и било речено дека е уапсена. Таа во декември минатата година на барање на САД беше приведена на аеродромот во Ванкувер под сомневање за измами и за кршење на американски санкции против Иран. Пред суд во покраината Британска Колумбија треба да се појави в среда и да побара отштета поради „злоупотреба на јавна положба“ и „погрешен притвор“, се нагласува во документ што го објавија канадски медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorka-na-huavei-ja-tuzi-kanada-bidejkji-i-gi-povredile-pravata/feed/ 0
Пет студенти по информатика ќе добијат ваучери за студиска посета во Кина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-studenti-po-informatika-kje-dobijat-vaucheri-za-studiska-poseta-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-studenti-po-informatika-kje-dobijat-vaucheri-za-studiska-poseta-vo-kina/#respond Wed, 17 Oct 2018 07:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=115976

Компанијата Хуавеи во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на програмата „Huawei Seeds for the Future“, на петте најдобри студенти во областа на информатичките технологии и телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина. На доделувањето на ваучерите ќе присуствуваат и ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, главниот извршен директор на Хуавеи во Македонија, Марин Тинчев и амбасадорката на НР Кина во Македонија, Jин Лисјен. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-studenti-po-informatika-kje-dobijat-vaucheri-za-studiska-poseta-vo-kina/feed/ 0