хуавеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 May 2022 06:10:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуавеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канада го забрани достапот на „Хуавеј“ до 5Г мрежите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-go-zabrani-dostapot-na-huavej-do-5g-mrezite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-go-zabrani-dostapot-na-huavej-do-5g-mrezite/#respond Fri, 20 May 2022 06:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=679300

Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо одлучи да го забрани пристапот на кинеската меѓународна корпорација „Хуавеј технолоџис“ – најголемиот светски производител на комуникациска опрема, до следната генерација мобилни мрежи во Канада. Развојот на 5-Г мрежата, тн. мрежи од „петтото поколение“, ќе им овозможи на корисниците побрзи интернет-врски. Тоа ќе обезбеди огромен капацитет за податоци како одговор на сѐ поголемата побарувачка на тоа поле, бидејќи сѐ повеќе работи се поврзани на интернет и се појавуваат иновации како виртуелната реалност, сѐ пософистицирани видеоигри и самоуправувачки возила. Одлуката ја потврди и портпарол на министерот за јавна безбедност на Канада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-go-zabrani-dostapot-na-huavej-do-5g-mrezite/feed/ 0
Хуавеи гради фабрика на исток во Франција, прва надвор од Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huavei-gradi-fabrika-na-istok-vo-francija-prva-nadvor-od-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huavei-gradi-fabrika-na-istok-vo-francija-prva-nadvor-od-kina/#respond Fri, 18 Dec 2020 07:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=444987

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ќе изгради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред се поврзана со технологијата 5G, прва нејзина таква фабрика надвор од Кина, соопшти компанијата. Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица. Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот европски пазар, велат од компанијата. Според Хуавеи, фабриката во Брумат, мало гратче на околу десет километри северно од Стразбур треба годишно да произведува опрема во вредност од милијарда евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/huavei-gradi-fabrika-na-istok-vo-francija-prva-nadvor-od-kina/feed/ 0
Хуавеј отвора сопствена фабрика за чипови https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/huavej-otvora-sopstvena-fabrika-za-chipovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/huavej-otvora-sopstvena-fabrika-za-chipovi/#respond Mon, 02 Nov 2020 09:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=423620

Кинеската технолошка компанија Хуавеј планира да отвори сопствена фабрика за чипови, како одговор на американските мерки кои опфаќаат ограничувања на чиповите, во чие производство се користи американска технологија, пишува Фајненшал тајмс (ФТ). Според изворите на ФТ, новата фабрика ќе биде отворена во Шангај и нема да користи американска технологија, со што ќе му овозможи на Хуавеј да се ослободи од зависноста од чиповите кои ги произведуваат САД и ќе обезбеди снабдување со потребните компоненти, и покрај ограничувањата од таа држава. Новата фабрика на почетокот ќе експериментира со производство на 45-нанометарски чипови. Таа технологија пред 15 години ја користеле светските лидери во таа област. Хуавеј има намера да започне со производство на напредни чипови од 28 нанометри до крајот на 2021 година и од 20 нанометри, кои можат да се употребуваат во повеќето 5Г апарати на Хуавеј, до крајот на 2022 година, наведува ФТ. Американското Министерство за трговија во август оваа година наметна ограничувања за 38 подружници на Хуавеј за пристап до производи создадени со помош на американска технологија и софтвер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/huavej-otvora-sopstvena-fabrika-za-chipovi/feed/ 0
Жао: Кина цврсто се противи на притисоците врз Хуавеј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zao-kina-cvrsto-se-protivi-na-pritisocite-vrz-huavej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zao-kina-cvrsto-se-protivi-na-pritisocite-vrz-huavej/#respond Tue, 18 Aug 2020 10:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=392085

Пекинг остро се спротивставува на американскиот притисок врз кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеj, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, реагирајќи на најавите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прошири санкциите против таа компанија. Обраќајќи се на редовната прес-конференција, Жао ги повика САД да престанат да ги дискредитираат кинеските компании. Жао истакна дека кинеската влада ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита на легитимните права на кинеските компании.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zao-kina-cvrsto-se-protivi-na-pritisocite-vrz-huavej/feed/ 0
Британија го исклучува Хуавеј од брзата мобилна мрежа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-go-iskluchuva-huavej-od-brzata-mobilna-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-go-iskluchuva-huavej-od-brzata-mobilna-mreza/#respond Tue, 14 Jul 2020 20:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=375769

Британската Влада се откажа од своите планови да и даде на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ ограничена улога во новата брза мобилна мрежа. Велика Британија соопшти дека ја воведува забраната по санкциите на САД со кои се оневозможува гаранција за безбедност на опремата на „Хуавеј“. САД се заканија дека ќе го прекинат договорот за размена на разузнавачки информации со Велика Британија поради загриженост дека опремата на „Хуавеј“ може да и овозможи на кинеската Влада да се инфилтрира во американските мрежи. Одлуката им дава време на британските телекомуникациски оператори до 2027 година да ја отстранат опремата на „Хуавеј“, која веќе е во британската мрежа 5Г. Операторите мора да престанат да купуваат 5Г опрема од 5Г од „Хуавеј“ до крајот на годината. Владата одлучи да не им нареди на компаниите да одземаат опрема произведена од „Хуавеј“ во претходните системи, како што е 4Г.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-go-iskluchuva-huavej-od-brzata-mobilna-mreza/feed/ 0
Лондон размислува да го откаже учеството на „Хуавеј“ во изградбата на 5Г мрежата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-razmisluva-da-go-otkaze-uchestvoto-na-huavej-vo-izgradbata-na-5g-mrezata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-razmisluva-da-go-otkaze-uchestvoto-na-huavej-vo-izgradbata-na-5g-mrezata/#respond Sun, 05 Jul 2020 14:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=369369

Само по неколку месеци, британската Влада ќе почне да го разгледува откажувањето на учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во изградба на 5Г мрежата во Британија, пишува весникот „Сандеј телеграф“. Според весникот, центарот за врски со Владата ја ревидирал проценката на ризик при користењето технологии на кинеската компанија. Експерти од разузнавачките служби заклучиле дека забраната наметната од американските власти за пристапот на „Хуавеј“ во развој на САД, ќе ја принуди компанијата да користи непроверена технологија. Како резултат на тоа, ќе биде невозможно да се контролира ризикот од работата со нив во британските 5Г мрежи. Следната недела се очекува извештај, кој ќе содржи детална анализа по ова прашање, да биде испратен до премиерот Борис Џонсон. Извори на весникот тврдат дека извештајот е радикална промена во проценката на ризикот, односно соработката со кинескиот технолошки гигант, што ги обединува ставовите на Лондон и Вашингтон за ова прашање. Од своја страна, портпарол на „Хуавеј“ истакна дека компанијата е „најтемелно проверен снабдувач во светот“, повикувајќи фокусот да се стави на фактите, а не на шпекулациите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-razmisluva-da-go-otkaze-uchestvoto-na-huavej-vo-izgradbata-na-5g-mrezata/feed/ 0
Американски фирми можат да соработуваат со Хуавеи на стандарди за 5Г https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-firmi-mozat-da-sorabotuvaat-so-huavei-na-standardi-za-5g/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-firmi-mozat-da-sorabotuvaat-so-huavei-na-standardi-za-5g/#respond Tue, 16 Jun 2020 09:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=358502

Американските компании можат да соработуваат со Хуавеи за да воспостават стандарди за технологии од следната генерација, соопшти Министерството за трговија на САД. „Ова е важна одлука затоа што тоа значи дека американските компании ќе можат да учествуваат во формирањето стандарди, односно дефинирањето на технички детали и правила со кои се уредува работата на критичните технологии“, информира Си Ен Би Си.. Во мај 2019 година, Хуавеи беше ставен на американската таканаречена црна листа на компании, со што им се ограничува соработување на американски фирми со таа кинеска компанија и кои мораат да побараат дозвола за да ги продаваат своите производи на Хуавеи. Но, црната листа создаде забуна околу тоа дали американските фирми можат да се вклучат во разговорите за воспоставување стандарди и да учествуваат во организации, каде е присутен и Хуавеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-firmi-mozat-da-sorabotuvaat-so-huavei-na-standardi-za-5g/feed/ 0
Рекордна заработувачка на Хуавеј во 2019 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-zarabotuvachka-na-huavej-vo-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-zarabotuvachka-na-huavej-vo-2019-godina/#respond Tue, 31 Dec 2019 09:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=284150

Кинеската компанија Хуавеј забележа стабилен приход во 2019 година, во период кога оваа технолошка групација продолжува со раст и покрај американската кампања против нејзиното делување. Компанијата предупреди дека нејзиниот напредок следната година би можел да биде попредизвикувачки. Ротирачкиот претседател на компанијата Ерик Су напиша во новогодишната порака до вработените дека заработувачката на Хуавеј оваа година надминала 122 милијарди долари, што претставува нејзин нов рекорд и зголемување на приходот од 18 отсто во однос на претходната година. Тој истакна дека Хуавеј, кој е втор најголем производител на паметни телефони во светот, оваа година продал 240 милиони апарати, за разлика од 206 милиони минатата година. – Овие бројки се пониски од нашите првични предвидувања, сепак работењето е солидно и стоиме цврсто, соочени со проблеми, напиша Су. Хуавеј оствари голема победа во Индија, која вчера и дозволи на компанијата да учествува во пробното тестирање на 5Г мрежата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-zarabotuvachka-na-huavej-vo-2019-godina/feed/ 0
Ако имате ваков мобилен телефон нема да можете да користите Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ako-imate-vakov-mobilen-telefon-nema-da-mozete-da-koristite-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ako-imate-vakov-mobilen-telefon-nema-da-mozete-da-koristite-fejsbuk/#respond Sat, 08 Jun 2019 13:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=207035

Компанијата Фејсбук потврди дека нивната апликација нема да ја прединсталира на новите апарати на Хуавеј. Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции, воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон. Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеј и натаму ќе можат без проблеми да ги користат апликациите на Фејсбук и на другите социјални мрежи. Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив. Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании, што предизвика домино ефект на целиот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ako-imate-vakov-mobilen-telefon-nema-da-mozete-da-koristite-fejsbuk/feed/ 0
Од денеска „Хуавеј“ е на црната листа на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-huavej-e-na-crnata-lista-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-huavej-e-na-crnata-lista-na-sad/#respond Fri, 17 May 2019 07:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=198934

Наредбата на американската админстрација со која се става кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј Технолоџис на црната листа стапува на сила денеска. Министерот за трговија Вилбур Рос вчера изјави дека од денеска стапува на сила таа наредба. Американското министерство соопшти дека на т.н. Листа на правни лица (Entity list) е Хуавеј технолоџис и уште 70 филијали со што и се забранува на таа телекомуникациска компанија да набавува компоненти и технологија од американски фирми без претходно одобрување од САД. Покрај тоа, Трамп потпиша и наредба со која се забранува на фирми од САД да користат телекомуникациска опрема од компании што се сметаат дека се ризик за националната безбедност. Во таа наредба не е наведена ниту една држава или компанија, но американски официјални лица претходно ја означија Хуавеј за „закана“ и лобираа кај сојузници да не користат мрежна опрема од Хуавеј за 5G мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-huavej-e-na-crnata-lista-na-sad/feed/ 0