Хулиан Лопез Ескобар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jul 2023 10:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хулиан Лопез Ескобар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден од најголемите шпански тореадори објави повлекување https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/eden-od-najgolemite-shpanski-toreadori-objavi-povlekuvane/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/eden-od-najgolemite-shpanski-toreadori-objavi-povlekuvane/#respond Sat, 29 Jul 2023 10:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=861402

Еден од најголемите шпански тореадори Хулиан Лопез Ескобар, попознат како „Ел Хули“, објави на 41-годипна возраст дека прекинува со борбите со бикови на крајот на сезоната. „Дваесет и пет години откако станав тореадор, ве известувам за својата одлука да престанам со борбите со бикови на крајот на сезоната“, објави Ескобар на социјалните мрежи. „Ова не е пензионирање, ова е крај на една величествена етапа во тешката професија“, порача познатиот шпански тореадор, додавајќи оти сака повеќе да му се посвети на семејствата и на други активности во животот. На почетоците на неговата кариера, поради младоста, не му беше дозволено да се натпреварува во главните арени во Шпанија, поради што на 15-годишна возраст замина за Мексико каде стекнуваше тореадорско искуство. Со 15 години стана најмлад професионален тореадор, а две години подоцна стана и најплатен. Во текот на својата две и пол децениска кариера беше повреден дури 18 пати по борбите со бикови, а неколку пати беше и сериозно избоден.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/eden-od-najgolemite-shpanski-toreadori-objavi-povlekuvane/feed/ 0