хуман апел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jul 2021 09:51:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуман апел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Собрани 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков, Ристевски повторно со хуман гест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobrani-28-000-avstraliski-dolari-za-hemoterapija-na-maliot-jakov-ristevski-povtorno-so-human-gest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobrani-28-000-avstraliski-dolari-za-hemoterapija-na-maliot-jakov-ristevski-povtorno-so-human-gest/#respond Tue, 27 Jul 2021 09:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=542404

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари  за хемотерапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

-Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме. Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Во 2016 година, кога се случија големите поплави тој успеа да собере 10.000 австралиски долари  за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите мајка и брат на скопската обиколница.

Минатата година тој повторно се јави како организатор на иницијатива за собирање донации во која ја вклучи неговата ќерка Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија. Таа ѝ припаѓа на четврта генерација Австралијци со македонско потекло и изработувајќи средношколски проект, ги заинтригира светот и нашата дијаспора. Донациите доаѓаа од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД. А беа наменети за реконструкција на Медицинското училиште Д-р Јован Калаузи од Битола, кое беше во очајна состојба.

-Не сакам никој да ми каже благодарам, зошто јас не направив ништо поразлично од секој еден кој добрината ја смета за доблест. Замолувам да ја споделиме страната за донации на GoFundMe https://www.gofundme.com/f/2yo-jacob-13cm-tumor-has-come-back-kidney-lost и да ги дособереме средствата кои се потребни за да го видиме овој мал херој како расте во добар млад човек, додаде тој.

 Џим Ристевски е основач и менаџер на неколку компании во сфера на градежништво, аутсорсинг и дистрибуција на пијалаци во 12 земји во светот.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobrani-28-000-avstraliski-dolari-za-hemoterapija-na-maliot-jakov-ristevski-povtorno-so-human-gest/feed/ 0
Млад скопјанец преживува голгота, неговиот татко бара помош од хуманите луѓе (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mlad-skopjanec-prezivuva-golgota-negoviot-tatko-bara-pomosh-od-humanite-lugje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mlad-skopjanec-prezivuva-golgota-negoviot-tatko-bara-pomosh-od-humanite-lugje-video/#respond Tue, 12 Nov 2019 20:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=263296

Ова е 19-годишниот Незир Чајани од Скопје. Незир пред пет месеци останал неподвижен. Тој со своите пријатели отишол на езерото Матка, но за жал, поради висок скок се здобил со повреда од камењата во водата. Го повредил петтиот пршлен, поради што останал неподвижен. Веднаш бил хоспитализиран во Државната болница. Поради инфекција на крвта, Феми бил принуден синот да го префрли во приватната болница „Филип Втори“. Таткото на Незир не е во можност да ги покрие сите трошоци за лекување на синот во приватна болница, па затоа бара помош за да може син му да продолжи со потребниот третман. Таткото Феми вели дека единствената надеж му е помошта од хуманите луѓе. Апел испраќа и до сите оние кои познаваат некој лекар или болница надвор од земјата каде би можел да се излекува неговиот син. Сите заинтересирани ќе можат да го контактираат на овој телефонски број.
Телефонски број за донации преку мрежата на Телеком: 070 143-444 Телефонски број за донации преку мрежата на ВИП (А1) 143-482
БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:  + 389/71-434 661 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mlad-skopjanec-prezivuva-golgota-negoviot-tatko-bara-pomosh-od-humanite-lugje-video/feed/ 0
На Лидија ѝ се заканува целосна парализа, а потребните пари никако да се соберат: Ова е итен апел за помош! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lidija-se-zakanuva-celosna-paraliza-a-potrebnite-pari-nikako-da-se-soberat-ova-e-iten-apel-za-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lidija-se-zakanuva-celosna-paraliza-a-potrebnite-pari-nikako-da-se-soberat-ova-e-iten-apel-za-pomosh/#respond Wed, 28 Aug 2019 11:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=234378

Лидија подолго време се обидува да ги собере потребните парични средства за да замине на трансплантација на матични клетки во Русија. Од месец март до сега никако да успее да ги собере потребните пари. Иако ситуацијата е итна Лидија не може да замине и постои ризик од целосна парализа.  Недостигаат 18.000 евра.  Дали Лидија ќе замине во Русија и еден млад живот ќе успее во борбата зависи од нас. Нашите 100 денари за Лидија значат шанса за живот. Ајде да донираме за Лидија, да споделиме, да тагнеме пријатели, да ја рашириме оваа вест и да ги собреме потребните пари за Лидија! 143 121 Телеком 143 474 Вип/Оне]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lidija-se-zakanuva-celosna-paraliza-a-potrebnite-pari-nikako-da-se-soberat-ova-e-iten-apel-za-pomosh/feed/ 0
ДА ДОНИРАМЕ: На Дејан му е потребна наша помош, има рак каков што досега не е дијагностициран во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-donirame-na-dejan-mu-e-potrebna-nasha-pomosh-ima-rak-kakov-shto-dosega-ne-e-dijagnosticiran-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-donirame-na-dejan-mu-e-potrebna-nasha-pomosh-ima-rak-kakov-shto-dosega-ne-e-dijagnosticiran-vo-makedonija/#respond Sat, 30 Mar 2019 08:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=180400

Дејан Наумоски има 26 години и има дијагностициран ЕКСТРАГОНАЛАЛЕН СМЕСЕЕН ТЕМОР НА ГЕРМАНАТА КУЛТУРА, односно туморот на ТИМУС жлездата. Тимусната жлезда е одговорна за производство на Т-лимфоцити и е од суштинско значење за имунолошкиот систем. Тие се јавуваат со стапка од само 3 случаи за секои 2 милиони луѓе и можат да се прошират на срцето и на белите дробови. Дејан е првиот пациент од Македонија дијагностициран со овој вид на рак. Во моментов, тој се наоѓа во болницата Memorial Memorial Bahçeelievler во Истанбул, Турција, на чекање за лекување. Вкупните трошоци на радиотерапијата и хемотерапијата се 40.000 швајцарски франци, што е околу 36.000 евра. Неговото семејство можеше да собере 22.000 швајцарски франци,а тоа е 19.700 евра. -Потребни се уште дополнителни 18.000 швајцарски франци. Бидејќи операцијата треба да се спроведе што е можно поскоро, бараме од луѓето во светот да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на Дејан да ги собере потребните пари за успешен третман, велат од неговото семејство. На Дејан му треба помош од секој хуман граѓанин кој е во можност да донира. Можност за донција е преку интернет сајтот кој можете да го најдете ТУКА Вие ја избирате сумата која сакате да ја донирате. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-donirame-na-dejan-mu-e-potrebna-nasha-pomosh-ima-rak-kakov-shto-dosega-ne-e-dijagnosticiran-vo-makedonija/feed/ 0
И ова дете заслужува безгрижно детство: Родителите на Борјан бараат помош од хуманите граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ova-dete-zasluzuva-bezgrizno-detstvo-roditelite-na-borjan-baraat-pomosh-od-humanite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ova-dete-zasluzuva-bezgrizno-detstvo-roditelite-na-borjan-baraat-pomosh-od-humanite-gragjani/#respond Mon, 25 Mar 2019 17:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=178735

Трајанчо и Ане Гигови од Скопје апелираат до хуманите граѓани за помош за нивниот шестгодишен син, Борјан, кој треба да замине на лекување во Германија. Малиот Борјан има повеќе дијагнози – аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот. Со цел за подобрување на неговата здравствена состојба, веќе е договорен третман со матични клетки, што чини 23.000 евра. Родителите не се во можност да ја обезбедат оваа сума, затоа апелираат до граѓаните, доколку можат да донираат на следните донациски броеви: 143 177 – за корисниците на Телеком 143 471 – за корисниците на ВИП ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-ova-dete-zasluzuva-bezgrizno-detstvo-roditelite-na-borjan-baraat-pomosh-od-humanite-gragjani/feed/ 0