хуман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 12:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обезбедени првите пари од хуманиот и еколошкиот паркинг во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obezbedeni-prvite-pari-od-humaniot-i-ekoloshkiot-parking-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obezbedeni-prvite-pari-od-humaniot-i-ekoloshkiot-parking-vo-kavadartsi/#respond Wed, 10 May 2023 12:43:25 +0000 https://kurir.mk/?p=832727

Обезбедени се првите пари од хуманиот и еколошкиот паркинг во Кавадарци, што беше воведен неодамна, информираше попладнево во изјава за МИА, Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци. - Станува збор за еколошко - хуманитарен проект. ЦКА - ПХВ младинците од СОУ ,,Киро Спанџов Брко" од Кавадарци по поднесената заедничка иницијатива на Црвен крст Кавадарци и ЈП Паркинг и донесената одлука на Совет на општина Кавадарци, го реализираа проектот кој е комбинација од хуманитарен и еколошки карактер. Проектот е насловен како „Еко - Хум Паркинг“ и истиот обезбедува 4 паркинг места од кои 2 хуманитарни во центарот на градот и 2 еколошки пред музеј галеријата, соопшти Каракулев. Средствата од смс пораките од возачите што ќе ги паркираат своите возила, ќе одат на две посебни потсметки и ќе се користат за еколошки и хуманитарни цели. - Комисија од Советот на општината на секои 4-5 месеци ќе прави пресек на собраните средства од смс пораките и по одредени критериуми, ќе одлучува каде ќе се насочат овие средства. Направен е мал екпериментален пресек за само 9 работни денови, од кој може да се види дека од хуманитарниот паркинг кој е во зона А, од смс пораки собрани се околу 4000 денсри, а од еколошкиот паркинг кој е во зона Ц, собрани се 570 денари, додаде Каракулев. Тој упати пофалби за идејата и иницијативата за овој, како што нагласи, голем општествено одговорен и траен производ, кој ќе помогне на многу ранливи групи на граѓани, а ќе придонесе и за еколошки цели и почист воздух. Даниела Лазовска е дисеминатор при Црвен крст Кавадарци, за програмата ЦКА-ПХВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obezbedeni-prvite-pari-od-humaniot-i-ekoloshkiot-parking-vo-kavadartsi/feed/ 0