хуманитарен карактер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 17:14:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарен карактер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Завршниот турнир од АБА 2 лигата во Скопје ќе има хуманитарен карактер https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zavrshniot-turnir-od-aba-2-ligata-vo-skopje-kje-ima-humanitaren-karakter/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zavrshniot-turnir-od-aba-2-ligata-vo-skopje-kje-ima-humanitaren-karakter/#respond Wed, 06 Apr 2022 17:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=659334

Завршниот турнир од НЛБ АБА2 лигата, чиј домаќин од 13 до 17 април ќе биде МЗТ Скопје Аеродром, ќе има хуманитарен карактер, а продажбата на влезниците за сите средби ќе оди преку фондацијата „Марко Божиновски“, која потоа ќе ги пренасочи собраните средства онаму каде што е најпотребно. -На тој начин нашиот клуб, заедно со општина Аеродром, уште еднаш ќе му оддадеме почит на нашиот голем навивач и кадетски и јуниорски ракометен репрезентативец на Македонија, кој неочекувано почина пред 10 месеци, соопшти попладнево МЗТ Скопје Аеродром. Планирано е да има блок билет, кој ќе чини 300 денари со важност за целиот турнир, како и поединечен билет за секој натпревар по цена од 100 денари. Цените се симболични, но доволни од целиот турнир да се собере солидна вкупна сума, која и тоа како ќе биде помош за тие на кои им е неопходно, а на кои ќе им биде пренасочена од луѓето од фондацијата „Марко Божиновски“, се посочува во клупското соопштение на актуелниот кошаркарски првак. Продажбата на билетите почнува в четврток, а ќе можат да се купат преку интернет-сајтот www.mktickets.mk, продажните места на МК Тикетс, како и на билетарницата пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Поранешниот македонски кадетски и младински ракометен репрезентативец Марко Божиновски почина во сон на 3 јуни минатата година, кратко време по прволигашкиот натпревар на кој настапи во дресот на Бутел против Еурофарм Пелистер 2. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zavrshniot-turnir-od-aba-2-ligata-vo-skopje-kje-ima-humanitaren-karakter/feed/ 0