хуманитарен конвој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 17:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарен конвој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хуманитарниот конвој на УТМС пристигна во Турција! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarniot-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarniot-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/#respond Thu, 23 Feb 2023 17:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=804285

Хуманитарниот конвој на Универзитетот за туризам и менаџмент вчера пристигна во Истанбул, Турција. Денеска, во координација со Амбасадата на Република Турција, хуманитарната помош што ја превезуваше конвојот ѝ беше предадена на АФАД, агенцијата за управување со кризи на турското Министерство за внатрешни работи. Ова тело на турската влада е одговорно хуманитарната помош што пристига во моментов во Турција од целиот свет да дојде до преживеаните во областите зафатени од катастрофалниот земјотрес што ја погодија земјата на 6 февруари годинава, а во кој, според официјалните бројки, загинаа околу 41.000 луѓе. Конвојот на УТМС, високообразовна и општествено одговорна установа, вчера, на иницијатива на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, се упати кон Турција. Дел од вработените од Универзитетот, а во име на целиот колектив и во име на студентите на УТМС, сесрдно се нафатија да ја испорачаат лично, хуманитарната помош што ја обезбеди Универзитетот за настраданите во земјотресот, а која се состои од храна, пијалаци и ќебиња со вредност од над 1,5 милиони денари. Посакаа, со своето директно присуство, да ја изразат својата солидарност со народот на Турција во овие тешки мигови за нацијата. Писмо на жалење за катастрофата што ја погоди Турција упати и ректорот Миленковски веднаш по несреќните настани на 6 февруари годинава. „Нашиот народ стои рамо до рамо со турскиот народ. Спремни сме да помогнеме на секаков начин, како Универзитет, но пред сѐ како луѓе“, истакна ректорот Миленковски во своето јавно писмо упатено до турскиот народ на денот на катастрофата. Вчера и денеска, неговиот тим ја покажа оваа посветеност на дело, во Истанбул, рамо до рамо со турскиот народ. Колективот на УТМС ѝ посакува брзо закрепнување на турската нација, изразувајќи надеж дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема никому да се случи! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarniot-konvoj-na-utms-pristigna-vo-turtsija/feed/ 0
По ослободувањето на Херсон, првиот хуманитарен конвој на ОН пристигна во градот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-osloboduvanjeto-na-herson-prviot-humanitaren-konvoj-na-on-pristigna-vo-gradot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-osloboduvanjeto-na-herson-prviot-humanitaren-konvoj-na-on-pristigna-vo-gradot/#respond Mon, 14 Nov 2022 14:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=760352

Првиот хуманитарен конвој на ОН пристигна во ослободениот украински град Херсон, јави денеска ДПА. Конвојот достави храна, вода за пиење, средства за хигиена, кујнски прибор, постелнина и соларни светилки за околу 6.000 луѓе, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарна помош. Болницата во Херсон добила лекови и други медицински материјали за лекување на околу 1.000 пациенти. Според украински извори, 80.000 од поранешните 280.000 жители се останати во градот. Градот страда од недостиг на вода за пиење и електрична енергија, како и од недостиг на храна, додека болниците немаат лекови. Во следните неколку дена се очекува да пристигнат уште хуманитарни конвои. Над 12.000 луѓе веќе добија помош во околните села кои претходно беа ослободени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-osloboduvanjeto-na-herson-prviot-humanitaren-konvoj-na-on-pristigna-vo-gradot/feed/ 0
Верешчук: Цивилите ќе го напуштат Суми со хуманитарен конвој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-civilite-kje-go-napushtat-sumi-so-humanitaren-konvoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-civilite-kje-go-napushtat-sumi-so-humanitaren-konvoj/#respond Tue, 08 Mar 2022 08:21:04 +0000 https://kurir.mk/?p=643089

Цивилите денеска ќе го напуштат опколениот украински град Суми  според договорот со Русија за воспоставување „хуманитарен коридор“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. „Договорено е првиот конвој да тргне во 10 часот (9 по средноевропско време) од градот Суми. По конвојот, ќе оди локалното население со сопствени возила“, рече Верешчук во телевизиска изјава. Повеќе од десет лица загинаа во воздушни напади врз градот Суми во североисточна Украина, соопштија локалните власти, пренесува ДПА. „Во некои делови се бомбардирани станбени згради“, рече Дмитриј Живицки, шеф на регионалната администрација во Суми, во изјава објавена на Фејсбук рано утрово. Тој рече дека неколку куќи се уништени кога бомба паднала во близина на центарот на Суми. Суми, во близина на руската граница, со денови е место на тешки борби.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vereshchuk-civilite-kje-go-napushtat-sumi-so-humanitaren-konvoj/feed/ 0