хуманитарен прекин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 07:11:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарен прекин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лазарини: Неопходен е хуманитарен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazarini-neophoden-e-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazarini-neophoden-e-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 07:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=895601

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) повторно повика на прекин на огнот во Газа со оглед на големиот број цивилни жртви и тензичната ситуација со снабдувањето поради израелското бомбардирање на крајбрежниот појас. - Хуманитарен прекин на огнот одамна требаше да се случи, изјави генералниот комесар на УНРВА Филип Лазарини. - Без хуманитарен прекин на огнот, повеќе луѓе ќе бидат убиени, оние што се живи ќе претрпат дополнителни загуби, а некогаш живото општество ќе биде во тага, засекогаш, вели Лазарини, пренесува ДПА. Лазарини рече дека го посетил училиштето управувано од УНРВА во Рафа, на границата со Египет. - Штотуку се вратив од Појасот Газа. Ова е првпат да ми биде дозволен влез од почетокот на оваа ужасна војна, пред речиси четири недели, рече тој. Шефот на УНРВА изјави дека децата таму побарале „голтка вода и парче леб“, рече тој. „Тоа беше еден од најтажните денови во мојата хуманитарна работа. - Сегашната хуманитарна помош за жителите на Газа е далеку од доволна, потенцираше Лазарини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lazarini-neophoden-e-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0
Германија се противи на барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Mon, 23 Oct 2023 16:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=892265

Во Европската Унија Германија се спротивстави на барањата за прекин на огнот од хуманитарни причини во Појасот Газа. - Сега најважна е борбата против тероризмот, изјави денеска во Луксембург министерката за надворешни работи Аналена Бербок, јави германската агенција ДПА. На состанокот со колегите министри од ЕУ, таа изјави дека „очигледно е дека Израел се уште трпи масовни ракетни напади“. „Ќе има мир и безбедност за Израел и Палестинците само ако има борба против тероризмот“, додаде таа, мислејќи на нападите на исламистички Хамас врз Израел. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно повика на итен прекин на огнот од хуманитарни причини. Гутереш поттикна и дискусија во ЕУ - дали Унијата треба да го поднесе истото барање. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска пред почетокот на состанокот во Луксембург изјави дека министрите ќе разговараат за повикот на ОН за „хуманитарна пауза“ и дека сега „најважно е хуманитарната поддршка да оди во Газа. “. Шпанија, Белгија, Холандија и Ирска недвосмислено се за прекин на огнот. Од друга страна, Австрија и Чешка имаат иста позиција како Германија, додава ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-se-protivi-na-baraneto-na-eu-za-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0
Пет водечки агенции при ОН повикуваат на хуманитарен прекин на огнот во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-vodechki-agentsii-pri-on-povikuvaat-na-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-vodechki-agentsii-pri-on-povikuvaat-na-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/#respond Sat, 21 Oct 2023 18:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=891716

Пет водечки агенции на Обединетите нации повикуваа на хуманитарен прекин на огнот во Газа, предупредувајќи дека бројот на загинати наскоро би можел да „се вивне до облаци“ поради појава на болести. „Со толку многу цивилна инфраструктура во Газа оштетена или уништена за речиси две недели постојано бомбардирање, вклучувајќи засолништа, здравствени установи, водоснабдување, санитарни и електрични системи, времето истекува…“, предупредија агенциите на ОН. Светската програма за храна, Светската здравствена организација, Програмата за развој при Обединетите нации, Фондот на ОН за население и УНИЦЕФ во заедничка изјава повикаа на прекин на огнот и неограничен хуманитарен пристап низ Газа откако 20 камиони со помош стигнаа до енклавата преку преминот Рафа. „Повикуваме на хуманитарен прекин на огнот, заедно со итен, неограничен хуманитарен пристап до цела Газа за да им се овозможи на хуманитарните групи да спасат животи и да спречат понатамошно човечко страдање“, се наведува во заедничката изјава. „Протоците на хуманитарна помош мора да бидат соодветни и одржливи и да им овозможат на сите жители на Газа да го зачуваат своето достоинство“, наведуваат агенциите на ОН во заедничката изјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pet-vodechki-agentsii-pri-on-povikuvaat-na-humanitaren-prekin-na-ognot-vo-gaza/feed/ 0