хуманитарна катастрофа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Apr 2022 18:18:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарна катастрофа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на СБ предупредува: Светот е соочен со хуманитарна катастрофа, храната може да поскапи за 37% https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-sb-predupreduva-svetot-e-soochen-so-humanitarna-katastrofa-hranata-moze-da-poskapi-za-37/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-sb-predupreduva-svetot-e-soochen-so-humanitarna-katastrofa-hranata-moze-da-poskapi-za-37/#respond Fri, 22 Apr 2022 18:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=666965

Светот се соочува со хуманитарна катастрофа поради криза со храна која е последница на рускиот напад на Украина, истакнува претседателот на Светската банка Дејвид Малпас. Малпас во интевју за Би-Би-Си вели дека рекордниот раст на цената на водата води стотина милиони луѓе во сиромаштија. -Тоа е хуманитарна катастрофа, што значи дека исхраната ќе се намалува. Но, тогаш ќе стане политички предизвик за владите кои не можат ништо да направат по тоа прашање, тие не го предизвикале, а гледаат дека цените растат, вели Малпас. Светската банка предвидува дека би можело да дојде до огромно зголемување на цената на храната од 37 проценти, кое најмногу ќе ги погоди сиромашните. Претседателот на СБ смета дека сега фокусот треба да се стави на зголемување на помошта во храна за земјите во развој и на зголемување на производство на храна, енергија и ѓубриво за да се надокнади недостатокот на храна и порастот на цените поради војната во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-sb-predupreduva-svetot-e-soochen-so-humanitarna-katastrofa-hranata-moze-da-poskapi-za-37/feed/ 0
На Украина и се заканува најголемата хуманитарна катастрофа во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ukraina-i-se-zakanuva-najgolemata-humanitarna-katastrofa-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ukraina-i-se-zakanuva-najgolemata-humanitarna-katastrofa-vo-evropa/#respond Mon, 28 Feb 2022 06:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=637667

Европската комисија соопшти дека Европа, поради конфликтот во Украина, се соочува со најголемата хуманитарна криза во последно време и процени дека бројот на внатрешно раселените Украинци може да надмине седум милиони. -Сведоци сме на тоа што може да стане најголемата хуманитарна криза на нашиот европски континент по многу, многу години. Потребите на теренот растат додека разговараме. Очекуваниот број на раселени Украинци би можел да биде повеќе од седум милиони, изјави Јанез Ленарчиќ, еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи во Брисел, по специјалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ на кој се разговараше за украинската криза. Повикувајќи се на проценките на ОН, Ленарчиќ кажа дека околу 18 милиони Украинци внатре и надвор од земјата ќе бидат хуманитарно загрозени поради конфликтот, од кои седум милиони внатрешно раселени лица и четири милиони кои ќе заминат во егзил. -Иако ова се многу груби проценки, бројките се огромни и мораме да се подготвиме за оваа вонредна ситуација од историски размери, рече Ленарчиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ukraina-i-se-zakanuva-najgolemata-humanitarna-katastrofa-vo-evropa/feed/ 0
Гутереш: Во Авганистан се наѕира хуманитарна катастрофа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-vo-avganistan-se-nadzira-humanitarna-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-vo-avganistan-se-nadzira-humanitarna-katastrofa/#respond Wed, 01 Sep 2021 10:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=557748

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди на хуманитарна катастрофа во Авганистан и побара помош и солидарност од меѓународната заедница. „Во Авганистан се наѕира хуманитарна катастрофа. Речиси половина од населението има потреба од хуманитарна помош. Секој трет човек не знае од каде ќе го добие следниот оброк. Сега повеќе од кога и да е, на авганистанските деца, жени и мажи им е потребна поддршка и солидарност од меѓународната заедница“, напиша денеска на Твитер генералниот секретар на Светската организација. Обединетите нации претходно објавија дека повеќе од 18 милиони луѓе, околу половина од авганистанското население, бараат помош и дека половина од сите авганистански деца под петгодишна возраст веќе страдаат од акутна неухранетост поради втората суша во четири години. Ситуацијата сега дополнително се компликува, откако талибанците ја презедоа контролата во Авганистан, со оглед на тоа дека американските санкции против талибанците може да ја забрзаат хуманитарната криза во земјата која во голема мера се потпира на странска помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-vo-avganistan-se-nadzira-humanitarna-katastrofa/feed/ 0
ИОМ: Во БиХ 3.000 мигранти живеат на отворено, тоа е хуманитарна катастрофа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iom-vo-bih-3-000-migranti-ziveat-na-otvoreno-toa-e-humanitarna-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iom-vo-bih-3-000-migranti-ziveat-na-otvoreno-toa-e-humanitarna-katastrofa/#respond Mon, 28 Dec 2020 10:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=449322

Во Босна и Херцеговина најмалку 3.000 мигранти престојуваат на отворено во зимски услови, што може да се опише како хуманитарна катастрофа, предупреди денеска шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во земјата, Питер Ван дер Авераерт. Тој рече дека по пожарот и привременото затворање на кампот „Липа“ во околината на Бихаќ минатата недела, околу илјада мигранти кои престојуваа таму останаа без засолниште, а треба да се додадат и уште една и пол илјада до две илјади кои живеат во напуштени објекти и импровизирани населби со шатори во околината на Бихаќ и Велика Кладуша. – Ние сме во хуманитарна катастрофа, изјави Ван дер Авераерт за телевизијата Н1 во Босна и Херцеговина. Тој потврди дека ИОМ има потребни ресурси за формирање нов центар за прием, но проблемот е во локацијата. Советот на министри на БиХ претходно прифати локација на селото Липа да стане постојан центар за сместување мигранти, но за да се договори тоа треба да се испразни сегашното привремено засолниште за шатори и да се изгради нова населба со контејнери со потребната инфраструктура. Властите во Бихаќ не дозволија мигрантите од областа Липа привремено да бидат сместени во поранешниот камп во близина на фабриката „Бира“. Ван дер Авераерт изјави дека оваа ситуација предизвика дополнителен миграциски притисок на границите затоа што некои од оние кои останаа без засолниште се упатија кон Хрватска, а некои решија да се вратат во Србија, верувајќи дека таму можат да ја поминат зимата во подобри услови. Вкупниот број илегални мигранти кои моментално живеат во БиХ, според проценките на ИОМ, е околу осум илјади, а повеќето од нив се наоѓаат во Унско-Санската жупанија и во околината на Сараево, каде има два центри за нивно сместување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iom-vo-bih-3-000-migranti-ziveat-na-otvoreno-toa-e-humanitarna-katastrofa/feed/ 0
Пашинјан: Ситуацијата во Нагорно Карабах е пред хуманитарна катастрофа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-situacijata-vo-nagorno-karabah-e-pred-humanitarna-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-situacijata-vo-nagorno-karabah-e-pred-humanitarna-katastrofa/#respond Tue, 13 Oct 2020 06:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=415532

Ситуацијата во Нагорно Карабах е близу до хуманитарна катастрофа, предупреди премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан. На средбата со амбасадорите на странски земји, Пашинјан рече дека ситуацијата на јужниот фронт е тензична и дека примирјето не се почитува. Тој повтори дека Азербејџан го прекршил договорот за прекин на огнот постигнат во Москва, додавајќи дека Азербејџан се обидел да го заземе градот Гадрут веднаш штом стапи во сила примирјето. Пашинјан додаде дека борби има во областа Гадрут и дека армијата на Карабах спроведува операција за неутрализирање на противничките групи. – Блиску сме до хуманитарна катастрофа во зоната на конфликтот, ако не и на прагот, и единствениот начин да се спречи е да се признае правото на самоопределување и признавање на независноста на народот во Нагорно Карабах, потенцира Пашинјан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pashinjan-situacijata-vo-nagorno-karabah-e-pred-humanitarna-katastrofa/feed/ 0