хуманитарна организација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Jul 2020 07:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарна организација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хуманитарна акција на МУНА (Асоцијација на Обединетите Нации на Македонија) за децата со посебни потреби од Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarna-akcija-na-muna-asocijacija-na-obedinetite-nacii-na-makedonija-za-decata-so-posebni-potrebi-od-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarna-akcija-na-muna-asocijacija-na-obedinetite-nacii-na-makedonija-za-decata-so-posebni-potrebi-od-kumanovo/#respond Thu, 23 Jul 2020 07:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=379996

На 10 јули (петок) беше организирана хуманитарната аукција „Limitless art” на која беа претставени делата на уметниците Влатко Тасевски и Марија Харпер. Аукцијата беше организирана од страна на невладината организација „МУНА“ и се одвиваше со наддавање во живо во комплексот Капан Ан во Скопје. За време на аукцијата  беа запазени сите мерки за превенција и заштита од Ковид-19, беа обезбедени маски за сите посетители и имаше прописно растојание.Преку оваа аукција успешно беа собрани средства за децата со посебни потреби од специјалните паралелки на Основното училиште  „Браќа Миладиновци” во Куманово. На настанот беше присутен и специјалниот рехабилитатор и едукатор на децата со посебни потреби Тино Шаботиќ како претставник на училиштето. Со  собраните средства МУНА успеа да обезбеди УВ лампа за дезинфекција, статичен велосипед и други реквизити за вежбање специјално наменети за деца со посебни потреби, како и соодветен тепих за училницата. “Асоцијација на Обединетите Нации на Македонија” или скратено “МУНА” е релативно нова невладина организација посветена на информирање и ангажирање на граѓаните за работата, целите и вредностите на ООН .Акцентот на нивната работа се приоритетните области од сферата на ООН како што се човековите права, заштита на животната средина, кампањи за подобрување на јавното здравство, родова еднаквост, мир и безбедност, преку организирање на различни хуманитарни и информативни настани со цел подигање на свеста кај луѓето за најважните вредности во целиот свет. Покрај настани од хуманитарен карактер МУНА активно организира работилници, дебати, симулации каде што на учесниците им се дава платформа да ги подобрат своите ораторски вештини и да ја изоштрат својата способност за критичко мислење. Сите настани и активности се најавени на нивната ФБ и Инстаграм страна каде што секој заинтересиран може да стапи во контакт со тимот на оваа невладина организација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/humanitarna-akcija-na-muna-asocijacija-na-obedinetite-nacii-na-makedonija-za-decata-so-posebni-potrebi-od-kumanovo/feed/ 0