хуманитарна помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 10:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарна помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кирби: Можно е следните денови по сто камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-mozhno-e-slednite-denovi-po-sto-kamioni-so-humanitarna-pomosh-dnevno-da-vlezat-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-mozhno-e-slednite-denovi-po-sto-kamioni-so-humanitarna-pomosh-dnevno-da-vlezat-vo-pojasot-gaza/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=894837

Белата куќа верува дека е можно во следните неколку дена 100 камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби. Претседателот на САД, Џо Бајден пред два дена побара „значително и итно“ зголемување на протокот на помош за опколената палестинска територија. Според податоците на ОН, акутниот недостиг на гориво во Појасот Газа веќе влијае на снабдувањето со вода на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kirbi-mozhno-e-slednite-denovi-po-sto-kamioni-so-humanitarna-pomosh-dnevno-da-vlezat-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Хамас повика на запирање на војната во Газа и отворање премини за хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-povika-na-zapirane-na-vojnata-vo-gaza-i-otvorane-premini-za-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-povika-na-zapirane-na-vojnata-vo-gaza-i-otvorane-premini-za-humanitarna-pomosh/#respond Tue, 24 Oct 2023 15:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=892608

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан денеска ги повика арапските, исламските земји и Обединетите нации да се обидат да го запрат нападот на Израел врз Газа. - Ги повикуваме арапските и исламските земји и Обединетите нации да одговорат на своите морални одговорности и да ја запрат (израелската) агресија, изјави Хамдан, пренесува Ал Џезира. На денешната прес-конференција во Бејрут, тој повика да се отворат премините за хуманитарна помош, со што ќе се овозможи достава на гориво, помош и опрема за отстранување на урнатините во Газа. Хамдан, кој е член на политичкото крило на Хамас задолжен за односи со странство, исто така, побара од арапските земји да запрат со каква било нормализација на дипломатските односи со Израел. Тој ги повика арапските и муслиманските земји „да ги прекинат односите со државата окупатор и да ги повлечат своите амбасадори“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hamas-povika-na-zapirane-na-vojnata-vo-gaza-i-otvorane-premini-za-humanitarna-pomosh/feed/ 0
ОН бараат подобрa координација за хуманитарната помош во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-baraat-podobra-koordinatsija-za-humanitarnata-pomosh-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-baraat-podobra-koordinatsija-za-humanitarnata-pomosh-vo-gaza/#respond Tue, 24 Oct 2023 14:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=892590

Обединетите нации денеска повикаа на подобра координација меѓу хуманитарните групи за да се осигури дека малата количина на помош која сега влегува во Појасот Газа ги содржи најпотребните предмети. УНРВА, агенцијата на ОН задолжена за помош на палестински бегалци, рече дека дел од храната доставена во Газа досега, како што се оризот и леќата, биле непрактични со оглед на намалената достапност на свежа вода и гориво. - Дополнителен предизвик во многу ограничениот проток на залихи е тоа што навистина не ги добиваме најпотребните резерви за Газа, или најрелевантните, рече портпаролката на УНРВА, Тамара Алрифаи. - Во една од пратките во последните неколку дена, добивме кутии со ориз и леќа, им рече таа на новинарите во ОН во Женева, преку видео-врска од јорданската престолнина Аман, каде што е седиштето на УНРВА. - Но, за луѓето да готват леќа и ориз, им требаат вода и гас. И затоа овие видови на залихи - иако се многу дарежливи и испратени со добра намера - не се многу употребливи во моментов, рече таа. Алрифаи додаде дека пред 7 октомври, околу 500 камиони дневно влегувале во Газа од Израел и Египет, со мешавина од комерцијални стоки, храна, помош и гориво. Но, само неколку десетици камиони кои превезуваат храна, лекови и вода влегоа во Газа преку Египет откако договорот со посредство на САД стапи во сила во саботата. „Ќе треба да се подобриме како конзорциум од хуманитарци во испраќањето на многу експлицитни списоци на она што е најпотребно“, рече Алрифаи. Таа истакна дека ќе бидат потребни предмети како што се душеци и ќебиња со наближување на зимата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-baraat-podobra-koordinatsija-za-humanitarnata-pomosh-vo-gaza/feed/ 0
Сунак: Велика Британија се солидаризира со Израел, но важна е хуманитарната помош за Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=890793

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во Ерусалим во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека Велика Британија стои во солидарноста со Израел по нападот на Хамас, но во исто време нагласи дека е важно и да се обезбеди хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа. Сунак нагласи дека Британија го поддржува народот на Израел и неговото право да се бранат за да ја вратат безбедноста на својата земја и да овозможат безбедно ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа. Сунак рече дека Палестинците се жртви на она што го направи Хамас и дека е важно да продолжи да обезбедува хуманитарна помош за палестинските цивили. Претседателот на Израел го критикуваше начинот на кој Би-Би-Си, како што наведе, „ги искривува фактите“ кога известува за израелско-палестинскиот конфликт. Херцог рече дека сака да го покрене прашањето за објективноста на известувањето за таа трагедија, објави „Тајмс оф Израел“, наведувајќи дека британскиот премиер кимнал со главата, насмевнувајќи се. - Ние веруваме дека начинот на кој Би-Би-Си го карактеризира Хамас претставува искривување на фактите. Имаме работа со една од најлошите терористички организации во светот..., истакна Херцог, наведувајќи дека британскиот јавен сервис така треба да ја дефинира милитантната палестинска група. - Што друго треба да видат за да сфатат дека ова е ужасна терористичка организација?, праша Херцог. Би-Би-Си одбива да ги нарече членовите на Хамас „терористи“. Сунак одговори дека нападот на Хамас на југот на Израел треба да се нарече со неговото вистинско име, односно да се каже дека е терористички чин извршен од, како што наведе, „злобната терористичка организација Хамас“. По средбата на Херцог, Сунак имаше состанок и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на заедничка прес-конференција изјави дека Велика Британија ќе се солидаризира со Израел и сака негова победа. „Ќе бидеме солидарни, ќе бидеме со вашиот народ. Сакаме да победите“, рече Сунак по средбата со Нетанјаху, додавајќи дека Израел од своето основање секојдневно преживува насилство и тероризам, пренесува Би-Би-Си. Тој посочи дека Велика Британија ќе го поддржи правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право, како и правото да го нападне Хамас. Сунак додаде дека знае дека Израел „напорно работи“ за да ги заштити цивилите, што е „директна спротивност“ од она што го прави палестинската милитантна група Хамас. Британскиот премиер, исто така истакна дека сите се шокирани од сцените од експлозијата во болницата Ал Ахли во Појасот Газа и нагласи дека и палестинските цивили се жртви на Хамас. Тој ја поздрави одлуката на израелските власти да дозволат испраќање помош во Газа од Египет. Нетанјаху му се заблагодари на британскиот премиер за доаѓањето во Израел, велејќи дека длабоко ја цени неговата поддршка. - Британците се бореа со нацистите пред 80 години. Членовите на Хамас се новите нацисти, рече израелскиот премиер. Тој посочи дека војната меѓу Израел и Хамас е конфликт меѓу „цивилизираниот, слободен“ свет и современите арапски земји против „оската на злото“ која ги вклучува Хамас, Хезболах и Иран. - Ова е нашиот најмрачен момент. Затоа ја ценам вашата поддршка. Мораме да победиме заедно, му порача Нетанјаху на својот британски колега. Според него, тоа значи дека ова ќе биде долга војна, и дека на Израел ќе му треба постојана поддршка. - Ќе има подеми, падови и тешкотии. Луѓето се обединети овде. Ни треба тоа единство и постојана поддршка, посочи Нетанјаху. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sunak-velika-britanija-se-solidarizira-so-izrael-no-vazhna-e-humanitarnata-pomosh-za-gaza/feed/ 0
Египет ќе ја отвори границата за 20 камиони со хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ke-ja-otvori-granitsata-za-20-kamioni-so-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ke-ja-otvori-granitsata-za-20-kamioni-so-humanitarna-pomosh/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=890597

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа, потврди американскиот претседател Џо Бајден. Ал Сиси и Бајден постигнаа договор за отворање на граничниот премин поради влошувањето на хуманитарната криза во Појасот Газа и бројните антиизраелски протести низ Блискиот Исток. Бајден не прецизираше кога ќе се отвори границата, но портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, наведе дека тоа ќе се случи кога ќе се поправи патот уништен од израелските напади. - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум. Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа. Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет. За време на посетата на Бајден на Израел, кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ќе дозволи увоз на храна, вода и лекови во јужниот дел на Појасот Газа преку Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipet-ke-ja-otvori-granitsata-za-20-kamioni-so-humanitarna-pomosh/feed/ 0
Русија испраќа 27 тони хуманитарна помош за Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ispraka-27-toni-humanitarna-pomosh-za-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ispraka-27-toni-humanitarna-pomosh-za-pojasot-gaza/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=890588

Русија денеска испрати 27 тони хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа, што ќе биде транспортирана од Египет, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Специјален авион полета од аеродромот во Раменскоје во близина на Москва за Ел-Ариш во Египет. Руската хуманитарна помош ќе биде предадена на египетската Црвена полумесечина за да биде испратена во Појасот Газа, наведе заменик-министерот Илја Денисов. Претходно беше соопштено дека претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри отворање на граничниот премин Рафах за 20 камиони со хуманитарна помош за Појасот Газа. - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и американскиот претседател Џо Бајден се договорија за одржлива испорака на хуманитарна помош до Појасот Газа преку терминалот Рафах, изјави портпаролот на Сиси, Ахмед Фахми, без да се прецизира датум. Египет соопшти дека преминот Рафах, витална артерија пред борбите и сега важен пат за очајно потребните резерви, не бил официјално затворен, туку било оневозможено функционирање поради израелските воздушни напади врз Газа. Израелски медиуми објавија дека отворањето се очекува утре. Египет мора прво да го поправи патот преку границата, што беше уништен од израелските воздушни напади. Повеќе од 200 камиони и околу 3.000 тони помош чекаат на или во близина на преминот Рафах, единствената врска на Појасот Газа со Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-ispraka-27-toni-humanitarna-pomosh-za-pojasot-gaza/feed/ 0
СЗО бара итен пристап до Газа заради достава на хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-iten-pristap-do-gaza-zaradi-dostava-na-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-iten-pristap-do-gaza-zaradi-dostava-na-humanitarna-pomosh/#respond Tue, 17 Oct 2023 12:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=889805

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека и е потребен итен пристап до Појасот Газа за да достави помош и лекови, предупредувајќи на потенцијална долготрајна хуманитарна криза во палестинската енклава. Од канцеларијата на регионалниот директор на СЗО за Источен Медитеран, Ричард Бренан, беше соопштено дека претставници на таа агенција на ОН денеска ќе се сретнат со „луѓето кои носат одлуки“ со цел што поскоро да се овозможи пристап до Газа. - Имаме подготвена помош јужно од Рафах и чекаме зелено светло да влеземе во Газа, рече Бренан, алудирајќи на потенцијалното отворање на граничниот премин Рафах со Египет, кој беше многу важен пат за хуманитарна помош пред почетокот на борбите меѓу Израел и Хамас. Тој премин се уште е клучна рута за снабдување со храна за жителите на Појасот Газа. СЗО истакна дека нивната пратка била подготвена од пред три дена, но дека тимовите на ОН не можеле да ја достават. „Дури и ако мислите дека ова лудило и ужас ќе престанат и да почнеме да размислуваме за закрепнување, ова ќе биде долгорочна хуманитарна криза, истакна претставникот на СЗО за Западниот Брег и Газа, Ричард Пајперкорн. Говорејќи од Каиро, тој рече дека 2.800 луѓе биле убиени и 11.000 ранети во Газа од почетокот на израелската офанзива на 7 октомври, од кои половината се жени и деца. Канцеларијата за човекови права на ОН денеска соопшти дека израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација од северот на енклавата може да се сметаат за насилен трансфер на цивили и кршење на меѓународното право. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-iten-pristap-do-gaza-zaradi-dostava-na-humanitarna-pomosh/feed/ 0
ЕУ воведува воздушен мост за достава на хуманитарна помош до Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-vozdushen-most-za-dostava-na-humanitarna-pomosh-do-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-vozdushen-most-za-dostava-na-humanitarna-pomosh-do-gaza/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:00:56 +0000 https://kurir.mk/?p=889624

За ублажување на катастрофалната хуманитарна ситуација на жителите на Газа предизвикана од последиците од ужасниот терористички напад на Хамас врз Израел, ЕУ донесе одлука да започне операција за воведување хуманитарен воздушен мост, што ќе се состои од неколку авионски летови до Египет, со кои ќе се достават помош до хуманитарните организации на теренот. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, првите два лета се предвидени за во текот на оваа недела, со кои до активистите на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) ќе бидат доставени шатори, лекови и пакети за одржување на хигиената. - Оваа операција, што се спроведува преку Европскиот капацитет за хуманитарен одговор, ќе ја олесни испораката на помош до луѓето на кои им е потребна во Газа. Дополнителни средства од залихите за итни случаи на ЕУ се достапни и подготвени да бидат доставени до нашите хуманитарни партнери веднаш штом ќе бидат побарани, се наведува во соопштението на Европската комисија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен викендов најави дека ЕУ тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за поддршка на цивилите во Газа на над 75 милиони евра. Помошта ќе се дистрибуира преку избрани хуманитарни партнери од ЕУ кои работат на терен, при што ќе се земат предвид нивните капацитети и пристап. ЕУ обезбедува хуманитарна помош за Палестинците од 2000 година, која се дистрибуира исклучиво преку регистрирани хуманитарни организации, вклучувајќи ги агенциите на ОН, меѓународните невладини организации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Од овие партнерски организации се бара да ги почитуваат највисоките стандарди и строгите правила и се предмет на мониторинг и инспекција од хуманитарни експерти на ЕУ. Како што посочува ЕК, хуманитарната помош на ЕУ секогаш се обезбедува врз основа на хуманитарните принципи на непристрасност, неутралност, независност и хуманост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-voveduva-vozdushen-most-za-dostava-na-humanitarna-pomosh-do-gaza/feed/ 0
Израел нема да пушти хуманитарна помош за Газа додека заложниците не бидат ослободени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-nema-da-pushti-humanitarna-pomosh-za-gaza-dodeka-zalozhnitsite-ne-bidat-oslobodeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-nema-da-pushti-humanitarna-pomosh-za-gaza-dodeka-zalozhnitsite-ne-bidat-oslobodeni/#respond Thu, 12 Oct 2023 11:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=888057

Израел денеска соопшти дека нема да пушти хуманитарна помош за време на опсадата на Појасот Газа додека Хамас не ги ослободи сите израелски заложници, откако Црвениот крст побара да дозволи транспорт на гориво во Појасот Газа за да спречи преполните болници „да се претворат во мртовечници“. Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас што владее со Појасот Газа како одмазда за најсмртоносниот напад врз Евреите од холокаустот, кога стотици вооружени мажи ја преминаа границата и убија најмалку 1.300 луѓе, главно цивили, а зедоа десетици заложници. Израел одговори со ставање на енклавата, дом на 2,3 милиони луѓе, под целосна опсада и започнувајќи го убедливо најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на израелско-палестинскиот конфликт, уништувајќи цели населби. Властите во Појасот Газа соопштија дека повеќе од 1.200 луѓе се убиени, а повеќе од пет илјади се ранети во бомбардирањата. Исклучена е единствената електрична централа, а на болниците им снемува гориво за генераторите за итни случаи. -Човечката беда предизвикана од оваа ескалација е ужасна и ги молам страните да го намалат страдањето на цивилите, повика денескат Фабрицио Карбони, регионален директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и додаде дека „како што Газа ја губи струјата, болниците губат струја, ставајќи ги новороденчињата во инкубатори, а постарите пациенти на кислород“. Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека нема да има исклучок за хуманитарна помош во опсадата, додека не бидат ослободени израелските заложници. -Хуманитарна помош за Газа? Ниту еден електричен прекинувач нема да се подигне, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво додека израелските заложници не се вратат дома. Хуманитарно за хуманитарно. И никој не треба да ни проповеда за моралот, објави Кац на „X“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-nema-da-pushti-humanitarna-pomosh-za-gaza-dodeka-zalozhnitsite-ne-bidat-oslobodeni/feed/ 0
Грција испрати хуманитарна помош во Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-isprati-humanitarna-pomosh-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-isprati-humanitarna-pomosh-vo-libija/#respond Sun, 17 Sep 2023 17:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=878848

Хуманитарна помош, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна, испрати Грција во Либија за погодените региони од поплавите, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Според Министерството за надворешни работи на Грција, хуманитарната помош веќе пристигна во Бенгази со авион Ц-130 на военото воздухопловство со што „на дело се докажува солидарноста на Грција со либискиот народ“. По наредба на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, мисијата била придружувана од генералниот конзул на Грција во Бенгази, амбасадорот Ставрос Венизелос, за да обезбеди дипломатска помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-isprati-humanitarna-pomosh-vo-libija/feed/ 0