хуманитарната трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 27 May 2023 12:53:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарната трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кумановци трчаа на хуманитарната трка за девојчињата Ана и Теодосија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovtsi-trchaa-na-humanitarnata-trka-za-devojchinata-ana-i-teodosija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovtsi-trchaa-na-humanitarnata-trka-za-devojchinata-ana-i-teodosija/#respond Sat, 27 May 2023 12:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=839422

Кумановци денеска трчаа на хуманитарната трка за помош за лекување на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба Теодосија и Ана. Трката ја организираше Советот на општината, кој едногласно одлучи дека треба да им се помогне на девојчињата кои се на лекување во странство. Трката имаше ревијален карактер и се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“. -Првпат организиравме ваква хуманитарна трка. Советници од сите политички партии учествува, но трчаа и спортисти, деца што ми е особено драго зашто од најрана возраст треба да се учи на хуманост, граѓани, граѓански организации. Покажавме заедништво и хуманост. Кумановци се познати по хуманост, солидарност, сме докажале преку донации и за други држави кои се соочиле со непогоди. Но, ова е прва трка за малите девојчиња, наши сограѓанки, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. За двете девојчиња донираше и бизнис заедницата, работници, ученици. Кутии за донации се оставени во повеќе деловни објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovtsi-trchaa-na-humanitarnata-trka-za-devojchinata-ana-i-teodosija/feed/ 0