хуманитарни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 18:11:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хуманитарни работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчкиот суд го прекина судскиот процес против 24 хуманитарни работници обвинети за шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-sud-go-prekina-sudskiot-protses-protiv-24-humanitarni-rabotnitsi-obvineti-za-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-sud-go-prekina-sudskiot-protses-protiv-24-humanitarni-rabotnitsi-obvineti-za-shpionazha/#respond Fri, 13 Jan 2023 18:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=787049

Судот на грчкиот остров Лезбос денеска ја прекина постапката против 24 хуманитарни работници на островот, обвинети за шпионажа, со што заврши спорниот судски процес што беше критикуван од ОН и невладините организации кои го осудија обвинувањето волонтери кои им помагаат на имигрантите. Судот во Митилини, најголемиот град на островот во Егејското Море, соопшти дека ја донел одлуката поради процедурални пропусти. Но, во Грција се уште е во тек друга постапка против истите хуманитарни работници поради криумчарење мигранти, перење пари и измама. – Ова не е правда! Правда ќе беше ако бевме ослободени!, рече Шон Бајндер, еден од главните обвинети. Волонтерите кои беа обвинети им помагаа на мигрантите на Лезбос, една од главните влезни точки за бегалците во Европа, каде што стотици илјади се собраа од 2015 година, бегајќи особено од конфликтот на Блискиот Исток. Меѓу обвинетите е и младата Сиријка Сара Мардини, која со нејзината сестра, олимписка пливачка Јусра, инспирирала филм на Нетфликс за нивното бегство во Европа. Како бегалец во Берлин, по одисеја од Дамаск во Германија во 2015 година со нејзината сестра, таа се вратила во Грција како волонтер на невладината организација ERCI. Уапсена во 2018 година, таа помина три месеци во затвор пред да биде ослободена со кауција. Таа денеска не беше во судница, а не можеше ниту да присуствува на почетокот на судењето во ноември 2021 година поради забраната за влез во Грција. Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации претходно побара од грчкото правосудство да ги отфрли сите обвиненија против хуманитарците, Европскиот парламент го претстави судењето како „најголем случај на криминализација на солидарноста во Европа“, а Амнести интернешнал го нарече „фарса“. Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ го критикуваше кривичното гонење, бидејќи е покренато врз основа на полициски извештаи кои содржат фактички грешки. Во Стразбур, Советот на Европа ја критикуваше „непријателската средина“ во Грција кон бранителите на човековите права. – Ги повикувам грчките власти да се погрижат бранителите на човекови права да работат во целосна безбедност и слобода, рече комесарот за човекови права на организацијата, Дуња Мијатовиќ. Кривичните постапки против хуманитарците, започнати во 2018 година, доведоа до тоа повеќето невладини организации за спасување мигранти да ги прекинат своите активности на море во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-sud-go-prekina-sudskiot-protses-protiv-24-humanitarni-rabotnitsi-obvineti-za-shpionazha/feed/ 0
ОН: Минатата година низ светот убиени повеќе од 140 хуманитарни работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=717719

Повеќе од 140 хуманитарни работници се убиени во 2021 година, соопшти денеска Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања со седиште во Женева. Бројот хуманитарни работници убиени за време на конфликт или како последица на напад, е највисокиот од 2013 година наваму, се појаснува во соопштението на организацијата што ги координира хуманитарните активности во случај на глобални хуманитарни кризи. Повеќето од убиените биле застрелани, додека втора најчеста причин за смртта е последица на воздушни напади или гранатирање, најчесто во Сирија. Минатата година биле ранети 203 хуманитарни работници, а 117 биле киднапирани. Што се однесува на тековната календарска година, од јануари досега се регистрирани 168 напади врз хуманитарни работници, при што се убиени 44 од нив. „Хуманитарните потреби се поголеми од кога и да било, а хуманитарните работници работат во уште поопасна средина“, рече потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс. Најопасни земји за хуманитарните работници се Јужен Судан, Авганистан и Сирија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. „Повеќе луѓе ширум светот имаат потреба од хуманитарна помош од кога било досега, а 300 милиони од нив живеат во кризни региони“, изјави портпаролот на агенцијата Јенс Лерке. Иако донаторите обезбедуваат повеќе помош од кога било досега, потребите секојдневно растат, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-minatata-godina-niz-svetot-ubieni-povekje-od-140-humanitarni-rabotnici/feed/ 0