Хусни Исмаили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 10:28:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хусни Исмаили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алтернатива вечерва ќе се позиционира за влезот на Алијанса во Влада, но и дали ќе понуди нов министер за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-vecherva-ke-se-pozitsionira-za-vlezot-na-alijansa-vo-vlada-no-i-dali-ke-ponudi-nov-minister-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-vecherva-ke-se-pozitsionira-za-vlezot-na-alijansa-vo-vlada-no-i-dali-ke-ponudi-nov-minister-za-zdravstvo/#respond Wed, 01 Feb 2023 10:28:11 +0000 https://kurir.mk/?p=794620

Најтесното раководство на владејачката Алтернатива вечерва се очекува да се позиционира и да излезе со свои предлози откако на вчерашната лидерска помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, програмски 90 отсто се усогласиле и следи кадровската понуда за влез на АА во Владата. Потпретседателот на Собранието и дел од тесното раководство на Алтернатива, Хусни Исмаили за „Слободен печат“ изјави дека на редовниот партиски состанок очекува дека ќе се разговара за официјалниот почеток на преговорите меѓу Владата и Алијанса и претседателот на партијата Африм Гаши да информира за разговорите со Ковачевски. На состанокот ќе се разговара и дали ќе се официјализира како партиска понуда, идејата која ја лиферуваат од Алтернатива, Гаши да понуди компромис за ресорот здравство поради незадоволството на Ковачевски од министерот за здравство Беким Сали. Компромисот би бил Алтернатива да го задржи министерството, но да го смени Сали, а на негово место да го понуди потпретседателот на Собранието и лекар ревматолог Хусни Исмаили. „Засега тоа е само како идеја. Вечерва на редовниот партиски состанок очекувам дека претседателот Гаши ќе не информира за разговорите со Ковачевски за евентуален влез на Алијанса за Албанците во Владата и дали таа идеја ќе биде опција на Алтернатива – ни изјави Исамили. Тој не сака да прејудицира дали би прифатил партијата да го предложи за нов министер за здравство. „Не сум размислувал. Тоа е голема обврска. Знам бидејќи бев министер за култура. Ресорот здравство е огромно. Ќе размислам ако понудата е сериозна“, вели Исмаили. Целиот текст прочитајте го ТУКА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-vecherva-ke-se-pozitsionira-za-vlezot-na-alijansa-vo-vlada-no-i-dali-ke-ponudi-nov-minister-za-zdravstvo/feed/ 0
Гаши: Исмаили е чист како солза, ако се утврди вина јас давам оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-ismaili-e-chist-kako-solza-ako-se-utvrdi-vina-jas-davam-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-ismaili-e-chist-kako-solza-ako-se-utvrdi-vina-jas-davam-ostavka/#respond Tue, 21 Dec 2021 19:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=611367

Екс министерот за култура е чист како солза, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Дневникот на ТВ Сител, во однос на барањето од Антикорупциска да се покрене од страна на Обвинителството кривична постапка за поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, за кој постои сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластувања и го оштетил буџетот на државата во постизборен период. Исмаили е дел од партијата Алтернатива и е номиниран за потпретседател на Собранието. – Воопшто не е точно тоа, ова е многу индикативна иницијатива започната од политички структури, целосно политизирана. Јас тврдам дека Хусни Исмаили е чист како солза, јас повеќе му верувам нему отколку себеси. Така што со полна одговорност тврдам дека нема ништо неодговорно направено и нечесно тој човек. Ако се утврди нешто такво јас давам оставка од политиката, изјави Гаши. Прашан како ќе функционираат во локалната власт, Гаши рече дека нивниот став е оти на локално ниво проблемите на граѓаните се поинакви и сакаат да останат верни на тие коалиции. Појасни дека со Алијанса за Албанците имале коалиција, додека со ВМРО-ДПМНЕ само соработка за поддршка на кандидатите во некои општини. – Се додека еднострано не се прекине соработката, Алтернатива ќе остане дел од тие позиции што ги имала пред локалните избори, рече Гаши. Претседателот на Алтернатива сепак гледа и можност за повторна соработка со овие партии за некои следни избори. – Политичките партии во Македонија не треба да се забарикадирани во политички ровови, треба да комуницираат, треба да има различни коалиции, соработка на различно ниво. Но, тоа треба да се направи врз основа на принципиелни критериуми и политики кои се во добробит на сите граѓани. Се трудам да ја подобрам политичката култура во државата, мислам дека тоа е здраво за целата политички реалност во државата и само така можеме да одиме напред. Поинаку со инсинуации, закопани во политички ровови, само ќе ја зацврстиме омразата помеѓу граѓаните, а тоа на никому не му треба, рече Гаши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gashi-ismaili-e-chist-kako-solza-ako-se-utvrdi-vina-jas-davam-ostavka/feed/ 0
Поранешен министер од Владата на Заев ќе биде кривично гонет, еве што утврди Антикорупциска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshen-minister-od-vladata-na-zaev-kje-bide-krivichno-gonet-eve-shto-utvrdi-antikorupciska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshen-minister-od-vladata-na-zaev-kje-bide-krivichno-gonet-eve-shto-utvrdi-antikorupciska/#respond Tue, 16 Nov 2021 12:30:11 +0000 https://kurir.mk/?p=596112

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес. Овој предмет до ДКСК бил доставен од Министерството за култура, а по заклучок на седница на Влада одржана а 18 мај годинава. Од Министерството за култура било побарано да се изврши контрола на работењето во делот на законската основаност на договорите и анекс договорите склучени на 27 јуни 2020 година, имајќи предвид дека тие, како што појасни членот на ДКСК Владимир Георгиев, биле склучени во постизборен период по одржани парламентарни избори во услови кога не е формирана новата Влада и во услови кога со ребаланс на буџетот на Министерството му биле намалени финансиски средства за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. -По разгледување на целокупната документација може да се констатира дека во текот на февруари 2020 година од страна на стручните комисии формирани во Министерството за култура, биле донесени решенија со кои се одобрени средства за финансирање на овие три програми во висина од околу 196 милиони денари или над 3 милиони и 100 илјади евра за 684 проекти. Имајќи предвид дека за 2020 година за сите програми биле предвидени вкупно 159 милиони денари, но и обврските што Министерството ги имало преземено во 2019 година во износ од 23 милиони денари, произлегува дека оваа институција имала на располагање само 136 милиони денари за да ги финансира овие 3 програми, појасни Георгиев. Тој додаде дека ова значи оти уште во февруари 2020 кога биле склучени овие 684 проекти биле преземени обврски во висина од над 60 милиони денари над буџетски обезбедените средства за 2020 година. -Но и покрај тоа знаејќи дека Министерството за култура за намената нема доволно средства, а треба да се има предвид дека и со ребалансот од 15 мај 2020 година поради рестрикциите заради КОВИД 19 буџетот на Министерството е дополнително намален одговорното лице дополнително потпишало 100 решенија, договори и анекс-договори на 24 јули 2020 година со што презело нови обврски во износ од 33 милиони денари, рече Георгиев. Сите овие дополнителни договори склучени непосредно по завршување на изборите, како што нагласи, се однесуваат по жалби на апликанти кои или не добиле средства или добиле помалку па со нови договори или решенија добиле други средства. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, истакна дека сите овие сознанија упатуваат дека раководното лице во Министерството за култура си преземало обврски надвор од расположливите средства со Буџетот, што, како што нагласи е забрането и казниво. Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshen-minister-od-vladata-na-zaev-kje-bide-krivichno-gonet-eve-shto-utvrdi-antikorupciska/feed/ 0
Министерот за култура не чувствува одговорност за инцидентот во МНТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-kultura-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-incidentot-vo-mnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-kultura-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-incidentot-vo-mnt/#respond Tue, 26 Nov 2019 11:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=269342

Министерот за култура Хусни Исмаили изјави дека не чувствува одговорност за настанот од петокот вечерта во Македонскиот народен театар кога во продолжение на одбележувањето на Денот на албанската азбука се одржал настан на кој прославувале навивачите на ФК „Шкупи“ – „Шверцери“ по што е оштетен инвентарот во гледалиштето на театарот. Рече дека Министерството за култура не било организатор на настанот, туку е поддржувач на настан што се одржал во простор на Министерството и дека не може да ги контролира сите настани и однесувањето на луѓето што присуствуваат. Тој ден, рече, имало два настана, бил поканет, но не можел да присуствува поради обврски со министерскиот форум за култура. -Министерството за култура или јас лично не чувствувам бидејќи за ова е одговорен организаторот, директорот на таа институција. Во најмала рака ни тие не се многу одговорни зашто не можеме сѐ да контролираме, како ќе се однесува секој поединец во некоја јавна институција на некој настан.  Добив известување дека нешто се случило, но овие неколку дена цело време сум со министерот од Кина, изјави Исмаили прашан дали ќе понесе одговорност за демолирањето на МНТ. Како што рече, „вакви настани имало и порано и во иднина ќе има“ и дека министерот или Министерството не може да ги контролира сите настани и сите гости што ќе дојдат и што ќе направат. Рече дека штетата треба ја надоместат тие што ја направиле. – Најпрво да се утврди штетата и кој ја направил штетата и да си ја  надомести. Спротивставени се изјавите дека имало штета, дека немало штета, кој бил организатор.  Работите се многу испреплетени и нејасни, барем за мене. Има закони и институции и ако има прекршување на законот, сите да си понесат одговорност без разлика кој и да е. Министерството за култура и конкретно јас не сум организатор на тој настан, рече Исмаили по заедничката изјава со кинескиот министер за култура Луо Шуганг. Прашан дали разговарал со директорката на МНТ и со државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири и пратеникот Артан Груби, двајцата од ДУИ, министерот Исмаили, кој е кадар на партијата „Алтернатива“, рече дека имал површни разговори поради зафатеноста околу министерскиот форум и присуството на министерот од Кина. Рече дека по неговото заминување денес, од утре ќе види, како што рече, поконкретно за што се работи. Додаде и дека наместо да се интересираат за убав настан каков што е министерскиот форум, новинарите поставуваат прашања како за јавен обивинител кој треба да најде виновници и да пресудува за нешто за кое, како што рече, тој има најмалку вина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-kultura-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-incidentot-vo-mnt/feed/ 0