ИАТА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Sep 2022 15:00:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИАТА – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИАТА: Светскиот воздушен сообраќај закрепнува, цените на горивата предизвик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iata-svetskiot-vozdushen-soobrakjaj-zakrepnuva-cenite-na-gorivata-predizvik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iata-svetskiot-vozdushen-soobrakjaj-zakrepnuva-cenite-na-gorivata-predizvik/#respond Wed, 07 Sep 2022 15:00:33 +0000 https://kurir.mk/?p=730010

Закрепнувањето на глобалната воздухопловна индустрија по пандемијата на Ковид-19 зема замав, но високите цени на горивото ќе го зголемат притисокот врз авиокомпаниите, соопшти денеска Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Се наведува дека глобалниот патнички сообраќај во јули бил на околу 75 отсто од нивото пред пандемијата, потпомогнато од силната побарувачка за домашни услуги каде сообраќајот се вратил за 86,9 отсто од нивото во јули 2019 година. Од друга страна, меѓународниот сообраќај во јули закрепна на 67,9 отсто од нивото пред пандемијата. Генералниот директор на ИАТА, Вили Волш ситуацијата ја опиша како „цврсто закрепнување“, помогнато од побарувачката на северната хемисфера во текот на летото и зголемената домашна активност во Кина. Сепак, Волш предупреди дека високите цени на авионското гориво ќе продолжат да вршат притисок врз трошоците на авиокомпаниите во остатокот од годината, што тој го опиша како предизвик за превозниците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iata-svetskiot-vozdushen-soobrakjaj-zakrepnuva-cenite-na-gorivata-predizvik/feed/ 0
Коронавирусот до 31 јуни откажа над два милиона летови низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-do-31-juni-otkaza-nad-dva-miliona-letovi-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-do-31-juni-otkaza-nad-dva-miliona-letovi-niz-svetot/#respond Thu, 02 Apr 2020 11:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=326145

До крајот на јуни во светот, заради пандемијата од коронавирусот, се  откажани повеќе од два милиона летови, што ќе предизвика загуби од околу 252 милијарди долари, се наведува на сајтот на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА). Откажувањето на летовите е една од мерките на која беа присилени агенциите за воздушен сообраќај заради заштитата на своите вработени и патниците. ИАТА, на својот сајт соопшти кои аеродроми во светот се затворени и кои летови се откажани, но дава и насоки за патниците како да се однесуваат доколку веќе мораат да патуваат. Асоцијацијата наведува дека ги следи сите случувања важни за развојот на болеста, заедно со Светската здравствена организација, и дека во согласност со тоа ќе ги издава следните соопштенија. „Останете силни. Ќе ја надминеме оваа криза и ќе продолжиме да го поврзуваме светот“, изјави главниот извшрен директор на ИАТА Александар де Јуниак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koronavirusot-do-31-juni-otkaza-nad-dva-miliona-letovi-niz-svetot/feed/ 0