Идеа Лаб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 May 2021 11:59:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Идеа Лаб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонската PR агенција IDEA LAB се приклучи на PROI Worldwide https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/makedonskata-pr-agencija-idea-lab-se-prikluchi-na-proi-worldwide/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/makedonskata-pr-agencija-idea-lab-se-prikluchi-na-proi-worldwide/#respond Fri, 28 May 2021 11:59:38 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516080

IDEA LAB од Скопје, Македонија, е избрана за партнерство во PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји. „Споделување на знаење и искуство со други сопственици на топ независни агенции е важна професионална и развојна иницијатива за IDEA LAB,“ изјави Димитар Атанасовски, Сопственик и Маркетинг Директор на агенцијата. „Навикнати сме да соработуваме со агенции на проекти низ Балканскиот регион и ориентирани сме кон вмрежување и проширување на нашиот опсег на поголемо ниво со помош на PROI Partners.“ Циро Диас Реис, Претседател на глобално ниво на PROI Worldwide и Директор на водечката бразилска агенција, Imagem Corporativa, изјави „Според нивната одлична соработка со други PROI агенции, навистина сме среќни да ги додадеме IDEA LAB во нашата група на водечки претприемачки комуникациски компании. Нивниот креативен пристап и став кон услугите за клиентите и развојот на бизнисот, совршено се вклопуваат во давање поддршка на нашите Партнери во регионот.“ „Секогаш се трудиме да ги збогатиме нашите кампањи со дополнителна вредност,“ изјави Ема Анчевска, Сопственик и Тим Директор на IDEA LAB. „Овој начин на размислување го демонстрира креативниот труд што секој од нашиот тим го покажува преку својата работа.“ IDEA LAB е основана во 2013 година и е во сопственост на двајца лидери на агенцијата, Димитар Атанасовски и Ема Анчевска. Имаат создадено силна репутација за креирање и поддршка на проекти и кампањи за PR, организација на настани, видео продукција и социјални медиуми, за клиенти со програми за потрошувачки производи, здравствена заштита и владини програми. ИДЕА ЛАБ е единствена PR и маркетинг агенција од Македонија која што е членка на оваа престижна организација. PROI Worldwide опфаќа повеќе од 80 бизниси за односи со јавност и комуникации во 165 градови и 55 земји. Како што вели Реис, индивидуално, тие се докажани лидери во своите домашни пазари. Колективно, PROI партнерите претставуваат повеќе од 913 милиони американски долари во приходи и 6,900 вработени. Илјадници клиенти, вклучувајќи десетици од Fortune 500 компаниите, им веруваат на PROI партнерите во една или повеќе земји и региони низ светот. За IDEA LAB IDEA LAB е македонска PR и маркетинг агенција со седиште во Скопје. Основана во 2013 од двајца ко-основачи, IDEA LAB има развиено широка мрежа на портфолио од клиенти и позитивни референци, — доказ за уникатниот пристап за квалитет на компанијата. Визијата на агенцијата е едноставна — нема нешто што не може да се направи. Тимот се залага за креативност и иновативни комуникациски стратегии, кои веќе се препознатливи на локалниот и регионален пазар. Со целење кон раст, компанијата продолжува да успева во привлекување на нови клиенти со трансформативни идеи. Мотивирани од вложување труд, желбата да се направи разлика, константно подобрување на креативните и комуникациски вештини, дневната навика за пронаоѓање инспирација од глобалните PR и маркетинг трендови, е точниот минимум што ја движи IDEA LAB напред. За PROI Worldwide PROI Worldwide ја користи колективната моќ на најамбициозните претприемачки комуникациски компании во светот. Со споделување на глобален увид и најдобри практики, PROI агенциите се најдобрите трендсетери на пазарот, поддржувајќи ја желбата да се испорачаат највлијателните комуникациски кампањи за своите клиенти.  Во 2020 година, PROI опфати 80 партнери со 6,900 вработени во над 165 градови и 55 земји. Со комбиниран приход од над 913 милиони американски долари, PROI се рангираше 5. меѓу консолидирани комуникациски групации, а беше и единствената која што е базирана на уникатно партнерство со независни бизнис индивидуи.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/makedonskata-pr-agencija-idea-lab-se-prikluchi-na-proi-worldwide/feed/ 0
Идеа Лаб со тимска еко акција на Маврово: СТОП за уништувањето на природата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata/#respond Wed, 22 Jul 2020 13:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=379689

Изминатите денови тимот на Идеа Лаб уживаше во убавините на Маврово. По многуте организирани тим билдинзи за компании кои што ги има организирано оваа агенција, овој пат истата организираше тим билдинг за својот тим. Поттикнати од идејата за развој на туризмот и зајакнување на економијата преку летување во Македонија и уживање во македонските природни убавини, оваа агенција започнува интересен предизвик кој има за цел да ги стимулира останатите млади компании кои имаат желба да ја запознаат Македонија. „Идеа Лаб како маркетинг и ПР агенција досега има организирано над 150 тим билдинзи за многубројни компании со цел доближување на нивните вработени и развој на тимскиот дух. Оваа година тим билдингот за вработените од Идеа Лаб решивме да го направиме на малку поразличен начин. Тим билдингот беше исполнет со многу креативни игри, кои што ги зближија членовите на тимот, пропратени со многу адреналин, како и многу забава. Сето ова ни беше доста потребно на сите, особено по стресниот период од карантинот и актуелниот корона вирус“, изјави Димитар Атанасовски, еден од сопствениците на маркетинг и ПР агенцијата, Идеа Лаб. Покрај многубројните авантури на Идеа Лаб, шетајќи низ околината на Маврово, Леуново, Никофорово, Сретково и Церово, поради забележаните огромни количества на отпад, искористени шишиња, пластика, но и искористени маски за заштита од корона вирусот расфрлани покрај патот, со тимски брзо организирана еко акција се исчисти околината од отпадот. „Несебично, тимот на Идеа Лаб се впушти во еколошка акција на чистење на прекрасната природа од отпадот расфрлан од несовесните посетители. Ние велиме СТОП за уништувањето на природата, затоа што одбраната на животната средина започнува од поединецот. Со појавата на корона вирусот, заштитата и хигиената мора да се на високо ниво, а со оставање на отпадоци зад себе, не се допринесува за зачувување на здравјето и спречување на ширењето на вирусите и бактериите. Идеа Лаб како општествено одговорна агенција има единствена цел, а тоа е да ги  поттикне сите компании, без разлика на нивната големина, да се вклучат во запознавањето на Македонија и зачувување на животната средина“, додаде Димитар.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idea-lab-so-timska-eko-akcija-na-mavrovo-stop-za-unishtuvanjeto-na-prirodata/feed/ 0