идентификација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Aug 2023 07:55:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png идентификација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 X може да побара од вас фотографија од лична карта и селфи за верификација https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-mozhe-da-pobara-od-vas-fotografija-od-lichna-karta-i-selfi-za-verifikatsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-mozhe-da-pobara-od-vas-fotografija-od-lichna-karta-i-selfi-za-verifikatsija/#respond Mon, 21 Aug 2023 07:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=869010

Новата функција би можела да биде претставена наскоро, но многумина се сомневаат во ефикасноста на овој систем. Платформата Х, порано позната како Твитер, размислува да воведе верификација на идентитети преку лични документи за да се бори против лажните профили. Овој потег беше предмет на бројни гласини откако Илон Маск ја купи платформата. Информациите дојдоа од независниот истражувач Нима Овиди, кој сподели скриншот на кој се прикажани материјалите што корисниците на Premium ќе треба да ги користат за да го потврдат својот идентитет. Меѓу нив има лична карта и уред со камера – веројатно паметен телефон. Проверката ќе трае околу пет минути. Во пораката се наведува и дека корисниците треба да бидат подготвени да се фотографираат и да испраќаат фотографии од нивните лични карти. Ако ги прочитате ситните букви, пишува дека X ќе ги складира сликите на вашите документи и биометриските податоци на своите сервери до 30 дена. Во овој период, платформата ќе ги споделува вашите податоци со компанијата за проверка на идентитетот. Датумот на лансирање на оваа функција е непознат, но важно е да се напомене дека таа очигледно ќе биде опционална за корисниците на Premium. Постои сомнеж дека ова всушност ќе ги спречи лажните сметки на платформата X.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/x-mozhe-da-pobara-od-vas-fotografija-od-lichna-karta-i-selfi-za-verifikatsija/feed/ 0
Идентификувани 54 од 57 загинати во железничката несреќа во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/identifikuvani-54-od-57-zaginati-vo-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/identifikuvani-54-od-57-zaginati-vo-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/#respond Fri, 03 Mar 2023 19:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=807837

Од направените ДНК анализи и испитувањето на добиените примероци идентификувани се 54 жртви од железничката несреќа во Грција, согласно последните официјални податоци соопштени од портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду. Во однос на процесот на информирање на роднините на жртвите, Димоглиду објасни дека продолжува од претставници на полицијата и специјални психолози, а на семејството на секоја жртва му се дава неопходното време. Во железничката несреќа загинаа 57 лица, 38 се хоспитализирани, од кои седум на одделите за интензивна нега. Поради трагедијата, веќе трет ден во Атина се организираат протести и собири. Претпладнево протестираа студентите и учениците, кои мирно и масовно маршираа до зградата на „Hellenic train“, додека пак вечерва, демонстрации завршија со инциденти меѓу група маскирани лица и полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/identifikuvani-54-od-57-zaginati-vo-zheleznichkata-nesreka-vo-grtsija/feed/ 0
ПОТВРДЕНО: Пронајденото тело е на Матеј Периш, еве што е причината за смртта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-pronajdenoto-telo-e-na-matej-perish-eve-shto-e-prichinata-za-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-pronajdenoto-telo-e-na-matej-perish-eve-shto-e-prichinata-za-smrtta/#respond Thu, 19 May 2022 09:48:42 +0000 https://kurir.mk/?p=678847

Првичните сознанија од обдукцијата која е завршена врз телото кое вчера беше извлечено од водите на Дунав, потврдуваат дека станува збор за Матеј Периш. Според првичните информации причина за смртта е давење. Токсиколошките анализи ќе бидат готови за три недели. Телото беше пронајдено вчера наутро во Дунав. Според облеката се претпоставуваше дека се работи за 28 годишното момче Матеј од Сплит кој исчезна на 31 декември минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potvrdeno-pronajdenoto-telo-e-na-matej-perish-eve-shto-e-prichinata-za-smrtta/feed/ 0
Се чекаат резултатите од ДНК анализата, таткото на Матеј Периш ќе дојде во Белград по идентификација на телото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-chekaat-rezultatite-od-dnk-analizata-tatkoto-na-matej-perish-kje-dojde-vo-belgrad-po-identifikacija-na-teloto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-chekaat-rezultatite-od-dnk-analizata-tatkoto-na-matej-perish-kje-dojde-vo-belgrad-po-identifikacija-na-teloto/#respond Thu, 19 May 2022 07:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=678742

ДНК материјалот потребен за идентификацијата е земен веднаш откако вчера од Дунав во Белград беше извлечено тело на младо машко лице. Денеска се очекува да бидат познатите резултатите и да се утврди дали пронајденото момче е исчезнатиот Матеј Периш од Сплит. Споредбата на земениот ДНК примерок ќе биде направена со материјал од таткото на Матеј, Ненад Периш. Дел од српските медиуми јавуваат дека Ненад, иако беше најавено, се уште не е дојден во Белград, а неговото пристигнување се очекува откако ќе биде утврден идентитетот на пронајденото тело. На Институтот за судска медицина направени се и токсиколошки анализи, чии резултати според најавите би можеле да се чекаат повеќе дена. За Матеј се трагаше од 31 декември минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-chekaat-rezultatite-od-dnk-analizata-tatkoto-na-matej-perish-kje-dojde-vo-belgrad-po-identifikacija-na-teloto/feed/ 0
Идентификацијата на жртвите во автобуската несреќа ќе заврши утре, в петок посмртните останки ќе бидат пренесени во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-vo-avtobuskata-nesrekja-kje-zavrshi-utre-v-petok-posmrtnite-ostanki-kje-bidat-preneseni-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-vo-avtobuskata-nesrekja-kje-zavrshi-utre-v-petok-posmrtnite-ostanki-kje-bidat-preneseni-vo-zemjava/#respond Wed, 01 Dec 2021 13:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=602537

Според најавите од Обвинителството на Бугарија, идентификацијата на телата на 45-те жртви во сообраќајната несреќа минатиот вторник на автопатот „Струма“ треба да биде завршена до утре, по што ќе почне подготовката тие да бидат донесени во земјава, соопштија владините портпароли денеска на редовната прес-конференција. -Останките ќе бидат донесени в петок и преку организиран државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Ова е информација што ја имаме, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден, изјави портпаролот Муамет Хоџа одговарајќи на новинарско прашање. Министерот за здравство Венко Филипче претходно на прес-конференција изјави дека интензивно се работи денеска или утре да завршат ДНК-анализите на починатите во автобуската несреќа, по што ќе се организира транспортот на нивните посмртни останки кон земјава. – Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-vo-avtobuskata-nesrekja-kje-zavrshi-utre-v-petok-posmrtnite-ostanki-kje-bidat-preneseni-vo-zemjava/feed/ 0
Идентификацијата на жртвите ќе заврши за најмалку седум дена, одземена лиценцата на „Беса транс“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-kje-zavrshi-za-najmalku-sedum-dena-odzemena-licencata-na-besa-trans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-kje-zavrshi-za-najmalku-sedum-dena-odzemena-licencata-na-besa-trans/#respond Thu, 25 Nov 2021 06:56:51 +0000 https://kurir.mk/?p=599615

Идентификацијата на 45-те загинати во завчерашната тешка сообраќајна несреќа ќе се прави откако ќе биде земен биолошки материјал од роднините на жртвите. Се очекува таа да трае најмалку седум дена и кога ќе заврши ќе биде организирано пренесување на нивните посмртни останки од Бугарија во земјава. На средба со надлежниот главен обвинител, министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во Софија разговарал да се забрза собирањето биолошки материјал од роднините, кој треба да се спореди со ДНК на жртвите, за што во Скопје ќе биде пратен бугарски тим истражители. По завршување на идентификувањето на загинатите, МНР односно државата, рече Османи, ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт до Скопје. Тој вчера ги посети и седумтемина патници кои ја преживеаја несреќата и рече дека се во стабилна и добра општа состојба, но дел од нив се во тешка психичка состојба и им е потребна професионална помош. Тие се наоѓаат во софиската болница „Пирогов“ – шест се хоспитализирани на Клиниката за изгореници и пластична хирургија и еден е на трауматологија и им се извршени сите потребни итни интервенции. Нашето Министерството за здравство соопшти дека сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување, а потоа ќе се направи план за нивниот транспорт кон Скопје. На истрагата за автобуската несреќа што завчера се случи на автопатот „Струма“ работи бугарското Обвинителство, а шефот на дипломатијата очекува брзи резултати. -Добив впечаток дека овде, во Обвинителството во Бугарија, е даден врвен приоритет на оваа истрага и дека сериозно се зафатени што побрзо да излезат со резултати. Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно за да се одредат вистинските причини за трагедијата, изјави Османи. Со истражниот обвинител, рече, разговарале и за шпекулациите во однос на причините за несреќата, напомнувајќи дека тие се штетни за истрагата, ја оддолжуваат, а ја влошуваат и онака тешката емоционална состојба на семејствата. Вештаци и истражители работат на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што одморал и брзината со која се движел. Формиран е тим со претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото во Бугарија, кој во рок од пет дена треба да изврши увид каде што се случи несреќата. Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување. Бугарски експерти за безбедност на патиштата посочуваат можни причини за тешката сообраќајка, како избледени хоризонтални ознаки на автопатот, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка… Според Румен Дунев, автобусот имал двапати пат на сопирање, а возачот не спиел. Тој тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето. Министерството за транспорт и врски вчера информираше дека на фирмата-превозник „Беса транс БТБ“ и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење дејност. Соопшти дека за автобусот во кој загинаа 45-те патници немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци. Во соопштението беше посочено дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса транс БТБ“, но меѓу нив не е автобусот што изгоре завчера. Секторот за професионална одговорност на Царинска управа вчера на ГП „Деве Баир“ вршеше детална контрола на постапувањето на превозникот и на царинските службеници на денот на излез на автобусот од државава, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај. Првичните наоди од внатрешната контрола, како што соопшти Царината, покажуваат дека на 18 ноември од царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот „Беса транс“ од Скопје, извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници. По досега утврдените неправилности во постапувањето, најавија дека двајца царински службеници, кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат суспендирани од работното место, а нивниот непосреден раководител ќе биде санкциониран. Во земјава денеска е трет ден жалост за загинатите во несреќата и се откажани културни и спортски настани, а нема да се одржи ни собраниската седница за пратенички прашања. Во Скопје вчера се одржа комеморативен марш на ученици и вработени во ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир оддавајќи им почит на пет загинати нивни соученици. Општина Чаир на вонредна седница донесе одлука за финансиска помош на семејствата на загинатите и одлучи за таа цел да ги пренамени средствата предвидени за новогодишно украсување. И Општина Гази Баба најави дека ќе се приклучи на хуманитарната акција на Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-kje-zavrshi-za-najmalku-sedum-dena-odzemena-licencata-na-besa-trans/feed/ 0
Османи: Истрагата за автобуската несреќа е врвен приоритет за бугарското Обвинителство, идентификацијата ќе трае најмалку седум дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-istragata-za-avtobuskata-nesrekja-e-vrven-prioritet-za-bugarskoto-obvinitelstvo-identifikacijata-kje-trae-najmalku-sedum-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-istragata-za-avtobuskata-nesrekja-e-vrven-prioritet-za-bugarskoto-obvinitelstvo-identifikacijata-kje-trae-najmalku-sedum-dena/#respond Wed, 24 Nov 2021 15:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=599442

Истрагата за автобуската несреќа има врвен приоритет кај бугарското Обвинителство и се работи на тоа што побрзо да излезат со резултати од самата истрага, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата во Софија со бугарскиот главен обвинител надлежен за истрагата, додавајќи дека шпекулациите во врска со овој случај на помагаат во истражната постапка. Османи во изјава за медиумите нагласи дека на средбата со обвинтелот станало збор за деталите околу идентификацијата и било договорено да се забрза постапката за собирање на биолошки материјал од роднините на починатите во Скопје, постапка која што МНР веќе ја прави и очекува да се заокружи со цел да почне процесот на идентификација, во кој процес активно се вклучени и нашите експерти. Самата постака на идентификација на загинатите, посочи шефот на дипломатијата, се очекува да трае најмалку седум дена. -Процесот на идентификација врз основа на ДНК материјали ќе трае седум дена и тоа е важно за семејствата, важно е за државата во доменот на планирањето. Сакам уште еднаш да им се извинам на семејствата што не можевме да им дадеме и се уште не можеме да им дадеме индивидуални информации по однос на починатите, бидејќи мораме да го почекаме процесот на идентификацијата. Но, ги замолив денеска да се вратат во Скопје, бидејќи сепак ќе треба седум дена најмалку за да се заврши тој процес. И откако ќе заврши идентификацијата на сите тела, тогаш МНР, односно државата, ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт со погребални возила во Скопје и потоа од Скопје ќе можат да ги подигнат семејствата, рече Османи пред влезот на Главниот суд во Софија. На средбата со истражниот обвинител станало збор и за истрагата за автобуската несреќа, но и за шпекулациите коишто ги има во јавноста. При тоа било нагласено дека шпекулациите не помагаат на истрагата, дека се штетни, неточни и дека не се произлезени на никој начин од страна на самата истрага и од обвинителите, туку дека допрва ќе треба тој процес да заврши.  о оваа фаза не можам да споделам се, меѓутоа е важно дека шпекулациите коишто ги има во јавноста се неточни, дека не треба да се продолжи со овој тренд на шпекулирање во однос на причините, бидејќи ја влошува и така тешката емоционална состојба на семејствата, меѓутоа и ја одлага самата истрага, рече Османи прашан да сподели детали од разговворот за несреќата. Извршен е разговор и со преживеаните коишто се во болницата, а во истрагата се вклучени и нашите обвинители кои вчера биле на самото место, а во текот на денот разменувале информации и ќе продолжат да разменуваат. -Добив впечаток дека е даден врвен приоритет овде во Обвинителството во Бугарија на оваа истрага и дека сериозно се зафатени што побрзо да излезат со резултати затоа што и тие се свесни прво, колку е важно брзо да заврши идентификацијата, телата да бидат предадени на семејствата и второ, да се дадат конечните анализи за самата истрага, подвлече Османи. Од страна на бугарското Јавно обвинителство, појасни Османи, е побарано разбирање, бидејќи овој процес е сложен и мора да биде соодветно процесуиран за да може резултатите да бидат објективни.  Според шефот на дипломатијата, ДНК анализата ќе се врши во Бугарија, но се работи на тоа дел од примероците се земаат од секој починат и во Скопје за дополнителна истрага.   – Институциите се во блиска комуникација, во отворена соработка, ги разменуваат сите податоци по однос на оваа трагедија, додаде Османи.   Тој информира дека посетата е дозволена на дел од повредените кои се хоспитализирани во болницата во Софија, но не и на оние кои биле подложени на оперативен зафат, што претставува исклучок, бидејќи поради ковид-пандемијата во Бугарија има забрана за посета во болниците.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-istragata-za-avtobuskata-nesrekja-e-vrven-prioritet-za-bugarskoto-obvinitelstvo-identifikacijata-kje-trae-najmalku-sedum-dena/feed/ 0
Османи: Се работи на идентификација и побрзо пренесување на жртвите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-se-raboti-na-identifikacija-i-pobrzo-prenesuvanje-na-zrtvite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-se-raboti-na-identifikacija-i-pobrzo-prenesuvanje-na-zrtvite-vo-skopje/#respond Wed, 24 Nov 2021 09:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=599178

Повредените во автобуската нерсеќа според информациите на лекарите се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, изјави за МИА министерот за надворешни работи Бујар Османи пред болницата „Пирогов“ во Софија. Османи кажа дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со семејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите. Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија. -Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат заппочнато. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје, рече Османи. Во однос на тоа што може да се направи на дипломатски план, Османи кажа дека веќе се испратени двајца искусни дипломати-конзуларци во Амбасадата за да можат да им помогнат на луѓето. -Денеска ќе бидам тука и јас, а веројатно и утре за да се олесни координацијата и комуникацијата. Многу е важно се да се заврши навремено и луѓето да бидат информирани, нагласи Османи. Тој потврди дека имаат помош од бугарските власт и се во постојана комуникација. – Да, апсолутно уште вчера вопоставивме јасна координција меѓу институциите, цело време сме во комуникација и очекуваме така да продолжи и понатаму, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-se-raboti-na-identifikacija-i-pobrzo-prenesuvanje-na-zrtvite-vo-skopje/feed/ 0
Во тек е идентификацијата на жртвите, списокот на патници испратен за Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-identifikacijata-na-zrtvite-spisokot-na-patnici-ispraten-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-identifikacijata-na-zrtvite-spisokot-na-patnici-ispraten-za-skopje/#respond Tue, 23 Nov 2021 11:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=598779

Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески. На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во соодветна состојба и можат да дадат исказ. – Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите, рече Сарафов. Сите потребни документи, Сарафов нагласи дека обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје. Јавниот обвинител на Македонија Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа. Шефицата на ОЈО Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс“ функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобус бил нов, и во функција е само три години. Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на територијата на Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tek-e-identifikacijata-na-zrtvite-spisokot-na-patnici-ispraten-za-skopje/feed/ 0
ФОТО: Добил син, а никој не му верувал како се презива – „Секогаш мора да покажам документ за идентификација“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-dobil-sin-a-nikoj-ne-mu-veruval-kako-se-preziva-sekogash-mora-da-pokazam-dokument-za-identifikacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-dobil-sin-a-nikoj-ne-mu-veruval-kako-se-preziva-sekogash-mora-da-pokazam-dokument-za-identifikacija/#respond Fri, 23 Oct 2020 08:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=419647

-Луѓето мислат дека се шегувам кога ќе им се претставам, па каде и да одам морам да имам документ како доказ за идентитетот, се пожали Џими Корона кој живее во еден град во Англија. Тој посочува дека такви проблеми немал пред да се појави пандемијата. Овој 38 годишен маж морал да покаже документ за идентификација на медицинскиот персонал по раѓањето на неговиот син бидејќи тие не верувале дека бебето навистина така се презива, а го носи името Џими Џозеф Корона. Објаснува дека се работи за презиме со полско потекло кое е искучително ретко. -Чудно ми е да го слушав своето презиме насекаде. Едноставно многу е чудно да се слуша како постојано се изговара. Тоа е презиме кое речиси никој кој нема, а сега секојдневно е на вестите, во сите весници и на радио. Тоа е лудо, вели Џими. Презимето почнало да му прави проблеми и на работното место бидејќи доставувачите не веруваат дека треба да добијат потпис од човек кој го носи презимето Корона. -не веруваат, прашуваат дали станува збор за шега, а мојата компанија мора да објаснува дека навистина така се презивам. Лудост е колку труд морам да вложам за да докажам кој сум, вели Корона. Тој и неговата свршеница Лорен планираат да направат свадба по завршување на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-dobil-sin-a-nikoj-ne-mu-veruval-kako-se-preziva-sekogash-mora-da-pokazam-dokument-za-identifikacija/feed/ 0