„Идентитетот е приказна“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 11:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Идентитетот е приказна“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Идентитетот е приказна“ на Иван Антоновски и драмите на Горан Стефановски најбарани книги на „Полица“ во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/identitetot-e-prikazna-na-ivan-antonovski-i-dramite-na-goran-stefanovski-najbarani-knigi-na-politsa-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/identitetot-e-prikazna-na-ivan-antonovski-i-dramite-na-goran-stefanovski-najbarani-knigi-na-politsa-vo-2022-godina/#respond Tue, 10 Jan 2023 11:05:02 +0000 https://kurir.mk/?p=785480

Творештвото на Горан Стефановски беше во фокусот на читателите на изданијата на издавачката куќа „Полица“ во текот на минатата година кога беа одбележани 70 години од неговото раѓање. Најбарана книга објавена од „Полица“ во 2022 е „Идентитетот е приказна“ од  Иван Антоновски – прва книга за есеистиката на Стефановски. На второто и третото место според интересот на читателите се книгите со драмите на Стефановски, соопшти издавачката куќа. За книгата „Идентитетот е приказна“ од Антоновски, која за кратко време по објавувањето во октомври имаше второ издание, „Полица“ наведува дека е високопрофесионално напишана книга која „фрла јасна светлина врз еден навидум маргинален, второстепен дел од импозантното творештво на Горан Стефановски, претставувајќи ни го во неговата севкупност и творечка полнотија“. -Антоновски укажува на фактот дека и во драмите и во есеите се открива врховното книжевно мајсторство на Стефановски, кој во двата типа текст ги поставува клучните егзистенцијални прашања на единствен, уметнички начин од највисок ранг, нагласува истакнатиот книжевен критичар, поет, есеист и книжевен преведувач, Санде Стојчевски, во најновата рецензија за „Идентитетот е приказна“, објавена пред неколку дена, на почетокот на оваа година. Стојчевски и напоменува дека како темелно образован и енергичен автор, Иван Антоновски на својата аналитична приказна во оваа значајна книга ѝ пристапува со голема акрибија и со стратегиска обмисленост во поставувањето на широката теориска рамка во која ги разгледува претходните согледби, позиции и коментари за природата и основните својства на есејот воопшто, се наведува во соопштението.  Уште при објавувањето на првото издание на „Идентитетот е приказна“, универзитетскиот професор, книжевен критичар и писател Венко Андоновски истакна дека оваа книга не е само пионерско, туку е и професионално, методолошки точно поставено проучување на есеистиката на Стефановски.  – Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Антоновски беспрекорно ја покажува семио-осмозата меѓу драмите и есеите на Стефановски. Неговата студија е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски, посочува Андоновски „Идентитетот е приказна“ во која покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“, минатата година доживеа три промоции во државава, а согледбите поместени меѓу нејзините корици беа презентирани и пред истражувачи и студенти од странски универзитети, како и пред странски книжевни преведувачи. По интересот на читателите, на покана на локалните библиотеки и домовите на култура, веќе се закажуваат и промоции на книгата за оваа година, посочува „Полица“.  Вториот том со избрани драми на Горан Стефановски, кој е на второто место меѓу најбараните книги објавени од „Полица“, првпат во книжарниците се појави во 2021. и изданието веќе е исцрпено. Според податоците за интересот на читателите, односно за продажбата на изданијата, потоа следува првиот том со драми на Стефановски, кој минатата година доживеа трето издание, по првите две објавени во 2020. Во изданието се објавени драмските текстови: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Баханалии“ и „Демонот од Дебар Маало“. Во моментов, ова е и единствената книга со драми на Стефановски достапна во книжарниците во земјава.  На четвртото место меѓу изданијата на „Полица“, според интересот на читателите е дебитантската поетска книга „Има и такви денови“ од младата македонска авторка Моника Стојановска.  Меѓу десетте најбарани книги објавени од „Полица“ се и: „Дневник од Гвантанамо“ од  Мохамеду улд Слахи, „Откако умрев ми се случија други нешта“ од Рикардо Алфонсо, „Празникот на прчот“ од нобеловецот Марио Варгас Љоса, книгата за деца „Палеонтологија“ од Крис Макгауан, „Темно скенирање“ од Филип К. Дик и „Чудни цвеќиња“ од Донал Рајан.  – Особено радува што првите места меѓу најбараните книги објавени од „Полица“ ги заземаат дела од македонски автори, а посебно изненадува што првото  место го зазема небелетристичка книга, што е вистинска реткост не само во македонското издаваштво, туку и во меѓународни рамки. Книгата „Идентитетот е приказна“ беше објавена нецели три месеци пред крајот на годината, а со интересот што го побуди кај читателите изби на првото  место меѓу најбараните изданија во текот на 2022, се додава во соопштението на издавачката куќа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/identitetot-e-prikazna-na-ivan-antonovski-i-dramite-na-goran-stefanovski-najbarani-knigi-na-politsa-vo-2022-godina/feed/ 0
Второ издание на „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски по нецели два месеца од првото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vtoro-izdanie-na-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski-po-neceli-dva-meseca-od-prvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vtoro-izdanie-na-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski-po-neceli-dva-meseca-od-prvoto/#respond Mon, 28 Nov 2022 08:50:25 +0000 https://kurir.mk/?p=767428

Издавачката куќа „Полица“ објави второ издание на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски, најдобриот млад научник во хуманистичките науки во 2021 година, кому минатата недела му беше доделено признанието „Успешни млади“. Второто издание на „Идентитетот е приказна“ се случува по само месец и половина од објавувањето на првото издание по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски, кое веќе се исцрпува по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука, а веќе предизвика забележлив интерес и надвор од Македонија. -Еве, конечно, едно не само пионерско, туку и професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Имено, таа методолошка „десетка во целта“ лежи во сфаќањето на Иван Антоновски дека „есејот на Горан Стефановски може да биде метажанр“ во однос на неговите пиеси. Антоновски беспрекорно ја покажува семио-осмозата меѓу драмите и есеите на Стефановски. Неговата студија е методолошки чиста, инвентивна, јасна и дескриптивно-остензивна. Со еден збор, сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар – Горан Стефановски, истакна универзитетскиот професор, книжевен критичар и писател, Венко Андоновски, при објавувањето на првото издание на „Идентитетот е приказна“. Според универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, оваа книга е исклучително проучување и на полето на современата македонска книжевна наука и на полето на македонската култура. - Студиозна и високо книжевно-критичка анализа, која низ еден извонреден дијалог со есеите на Стефановски дава одличен импулс во книжевно-теориските истражувања на некои актуелни и нови теми и проблеми на македонското творештво. Горан Стефановски не можел да најде подобар соговорник од Иван Антоновски. Верувам дека оваа книга ќе поттикне и нови согледби и ќе отвори низа прашања кои може да станат појдовни точки за некои натамошни, нови истражувања, посочува Мојсова-Чепишевска. Како што посочува универзитетската професорка и книжевна критичарка, Марија Ѓорѓиева-Димова, „Идентитетот е приказна“ не е само книга во којашто се толкува есеистичкиот корпус на еден исклучителен и автентичен интелектуалец. - Ова е и книжевно-научна студија во вистинската смисла на зборот која проникливо, аналитично, аргументирано, но и полемички ги нотира актуелните состојби во книжевната наука, вклучително и македонската, давајќи конкретни предлози за понатамошни истражувања и во однос на есејот, вклучително и македонскиот, и во однос на есеистичкиот опус на Горан Стефановски, оценува Ѓорѓиева-Димова. И второто издание на „Идентитетот е приказна“ е објавено во соработка со Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски, и во него, покрај научната студија на Иван Антоновски, објавен е и последниот, тестаментален есеј на Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“. Досега, книгата доживеа две промоции во државава, а по интересот на читателите, на покана на локалните библиотеки и домовите на култура, веќе се закажани уште неколку за следниот период. Минатата недела, на покана на Универзитетот во Љубљана, Антоновски одржа и предавање за есеистиката на Горан Стефановски, на кое покрај словенечките студенти – македонисти и јужнослависти се вклучија и студенти од универзитетските центри во Загреб и Скопје, но и етаблирани македонисти и јужнослависти – истражувачи, книжевни преведувачи и писатели, вклучително и предавачи и книжевни преведувачи од Англија и Грција. Инаку, Иван Антоновски е млад, но искусен и докажан автор, кој зад себе веќе има неколку публикации, а од крајот на 2021 година е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Првичната верзија на книгата „Идентитетот е приказна“ беше негов магистерски труд, со кој оствари обид за прочит и вреднување на есеистиката на Горан Стефановски. Дел од тезите за есеистиката на Стефановски, детално образложени во книгата „Идентитетот е приказна“ се претставени и во неколку од неговите одделни научни трудови за кои му беше доделено високото признание „Успешни млади“, за најдобар млад научник во хуманистичките науки. Второто издание на „Идентитетот е приказна“, веќе е достапно за читателите во книжарницата на „Полица“ во Скопје и во другите поголеми книжарници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vtoro-izdanie-na-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski-po-neceli-dva-meseca-od-prvoto/feed/ 0