идф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 15:19:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png идф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генерал Халеви: ИДФ го опколи градот Газа, влезени сме во срцето на северна Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-halevi-idf-go-opkoli-gradot-gaza-vlezeni-sme-vo-srtseto-na-severna-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-halevi-idf-go-opkoli-gradot-gaza-vlezeni-sme-vo-srtseto-na-severna-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 15:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=895872

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, денеска изјави дека неговите сили оствариле нов напредок во спроведувањето на фазите од војната против Хамас во Појасот Газа, пренесе „Тајмс од Израел“. -Постигнавме напредок во уште една значајна фаза од војната. Нашите сили се во срцето на северна Газа, оперираат во градот Газа, го опкружуваат и ја продлабочуваат копнената офанзива и достигнувањата, изјави генералот Халеви во базата на воздухопловните сили. „ИДФ се борат во густа и сложена урбана област, за која е потребна професионална борба и храброст“, наведе тој. Генералот кажа дека војниците се вклучени и во блиска борба. -Копнените сили имаат точни разузнавачки информации, и се поддржани со оган од воздух и море. Оваа соработка ја прави борбата многу поефикасна, кажа началникот на ГШ на израелската армија. Халеви, сепак, призна дека во оваа војна се плаќа „болна и тешка цена“, со 18 досега убиени војници во копнената операција. -Го изгубивме најдобрите наши синови во војната, ги прегрнуваме нивните семејства... ќе продолжиме да победуваме, кажа генералот. На крајот од изјавата тој кажа дека ИДФ има „обврска“ да ги врати дома сите заложници што ги држи Хамас и другите терористички групи во Појасот Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-halevi-idf-go-opkoli-gradot-gaza-vlezeni-sme-vo-srtseto-na-severna-gaza/feed/ 0
ИДФ: Од почетокот на војната погодени се 11.000 „терористички цели“ во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-od-pochetokot-na-vojnata-pogodeni-se-11-000-teroristichki-tseli-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-od-pochetokot-na-vojnata-pogodeni-se-11-000-teroristichki-tseli-vo-pojasot-gaza/#respond Wed, 01 Nov 2023 07:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=895154

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во текот на ноќта продолжила копнената операција врз десетици цели на Хамас во Појасот Газа. Во текот на ноќта, копнените сили ги упатија воздухопловните сили да нападнат зграда во Џабалија каде што беа собрани голем број оперативци на Хамас, се наведува во соопштението на ИДФ. Според ИДФ од почетокот на војната биле погодени околу 11.000 локации на Хамас и други терористички групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-od-pochetokot-na-vojnata-pogodeni-se-11-000-teroristichki-tseli-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
ИДФ го потврди нападот на Џабалија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-go-potvrdi-napadot-na-dhabalija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-go-potvrdi-napadot-na-dhabalija/#respond Tue, 31 Oct 2023 19:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=895053

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари, потврди дека израелски борбени авиони го извршиле нападот врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, во кој, како што рече, загинал висок командант и предизвикал уривање на подземната инфраструктура на Хамас. Дописниците од Газа на светските медиуми претходно јавија дека најмалку 47 тела се извлечени од под урнатините во бегалскиот камп Џабалија по експлозија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-go-potvrdi-napadot-na-dhabalija/feed/ 0
Галант: ИДФ имаaт „значајни“ резултати во Газа, но „плаќаaт висока цена“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-idf-imaat-znachajni-rezultati-vo-gaza-no-plakaat-visoka-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-idf-imaat-znachajni-rezultati-vo-gaza-no-plakaat-visoka-tsena/#respond Tue, 31 Oct 2023 17:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=895036

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили постигнуваат „значајни“ резултати за време на копнената операција во Појасот Газа, но оти исто така „плаќаат висока цена“. - Распоредуваме сили во голем обем, длабоко во Појасот, им рече Галант на војниците од елитните воздухопловни единици Шалдаг. - Има битки против силите што дејствуваат во Газа и резултатите и достигнувањата на бојното поле се многу високи. За жал, во војната има и цени, а тие во последниот ден беа високи цени, рече Галант. Сепак тој додаде дека и покрај се, ИДФ се решени да продолжат и да победат. ИФД соопштија дека двајца војници биле убиени, а двајца тешко повредени во денешните жестоки борби во Газа и оти биле убиени „многубројни“ терористи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/galant-idf-imaat-znachajni-rezultati-vo-gaza-no-plakaat-visoka-tsena/feed/ 0
Хагари: ИДФ само денеска убија четворца претставници на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-idf-samo-deneska-ubija-chetvortsa-pretstavnitsi-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-idf-samo-deneska-ubija-chetvortsa-pretstavnitsi-na-hamas/#respond Mon, 30 Oct 2023 14:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=894556

Израелските војници во изминатите неколку часа од копнената офанзива убиле четворица претставници на Хамас, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), контраадмирал Даниел Хагари. Израелските војници, исто така, ја уништија терористичката инфраструктура, вклучувајќи и противтенковски позиции, изјави Хагари. „Силите на ИДФ ги продолжуваат копнените операции во Појасот Газа во последните неколку часа“, напиша тој. „Во борбата против терористите, борците на ИДФ, поддржани од вооружени хеликоптери и дронови управувани од далечина, ги елиминираа одредите кои се обидоа да ги нападнат израелските сили“. Портпаролот на ИДФ тврди дека во денешните напади се убиени четворица високи видни членови на Хамас: командантот на поморските сили, на противтенковската формација во баталјонот Тафах, оперативец на противтенковскиот систем во баталјонот Тафах и висок функционер во централата за производство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-idf-samo-deneska-ubija-chetvortsa-pretstavnitsi-na-hamas/feed/ 0
Потврдено: Хамас држи 239 заложници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeno-hamas-drzhi-239-zalozhnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeno-hamas-drzhi-239-zalozhnitsi/#respond Sun, 29 Oct 2023 20:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=894291

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, вели дека војската досега ги известила семејствата на 239 заложници дека нивните најблиски се чуваат во Појасот Газа, пренесуваат израелските медиуми. Тој посочи дека бројката не е конечна, бидејќи војската истражува нови информации. -Меѓу заложниците има и странски работници, ни треба време да дојдеме до семејствата на сите, вели тој. Хагари додаде дека бројот на исчезнати лица чија судбина засега е непозната во моментов изнесува 40. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан, пак, денеска го обвини Хамас за „психолошка манипулација“ со заложниците што ги држи, откако исламистичкото движење соопшти дека е подготвено да ги ослободи во замена за сите палестински затвореници затворени од Израел. -Приказните објавени од Хамас се дел од нивната психолошка манипулација и тешко го оптеретуваат целиот народ на Израел. Хамас цинично ги користи оние за кои се грижиме, ја разбира болката и притисокот што ги предизвикува, рече Галан при приемот на претставниците на семејствата на заложниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeno-hamas-drzhi-239-zalozhnitsi/feed/ 0
ИДФ: Со тенкови и пешадија нападнати позиции на Хамас во Газа, по нападот војската се врати на израелска територија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-so-tenkovi-i-peshadija-napadnati-pozitsii-na-hamas-vo-gaza-po-napadot-vojskata-se-vrati-na-izraelska-teritorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-so-tenkovi-i-peshadija-napadnati-pozitsii-na-hamas-vo-gaza-po-napadot-vojskata-se-vrati-na-izraelska-teritorija/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=893188

Изралеските копнени сили во текот на ноќта извршија релативно голем упад во Појасот Газа, јавија британските медиуми, повикувајќи се на израелското воено радио. Операцијата имала за цел да ги нападне позициите на Хамас, соопшти радиото, и наводно била поголема од претходните копнени напади. Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија нападот на северот на Газа и изјавија дека тоа е подготовка за следните фази од борбата. „Тенкови и пешадија на ИДФ нападнаа бројни терористички ќелии, инфраструктура и бази од кои се лансираат противтенковски ракети. По нападот војската се врати на израелска територија“, соопшти ИДФ на социјалните мрежи и притоа закачи и видео снимка од копнената операција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-so-tenkovi-i-peshadija-napadnati-pozitsii-na-hamas-vo-gaza-po-napadot-vojskata-se-vrati-na-izraelska-teritorija/feed/ 0
ИДФ објави податоци за заложниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-objavi-podatotsi-za-zalozhnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-objavi-podatotsi-za-zalozhnitsite/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:01:59 +0000 https://kurir.mk/?p=891271

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија ново соопштение со информации за 200-те заложници кои моментално се држат во Појасот Газа. - Повеќе од 20 од нив се деца помлади од 18 години. Помеѓу 10 и 20 од нив се постари од 60 години. Повеќето од заложниците се живи, се вели во извештајот. Во соопштението на ИДФ, исто така, се вели дека мртви тела биле „однесени како заложници“ во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври. Би-Би-Си претходно јави дека Хамас понудил да ослободи некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот за време на разговорите за ослободување на многу од околу 203 заложници кои се држат во Газа. Според британскиот медиуми, Хамас не ги држи сите заложници. Некои се задржани од други вооружени милитантни групи. Тоа што се уште се заробени во Газа, ја компликува ситуацијата на израелските команданти кои планираат упад на територијата. Очигледно, заложниците имаат многу поголеми шанси да излезат живи ако тоа може да се направи со преговори, коментира Би-Би-Си.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-objavi-podatotsi-za-zalozhnitsite/feed/ 0
ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/#respond Fri, 20 Oct 2023 08:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=891114

Израелските бомбардирања против позициите на Хамас во Појасот Газа продолжија и синоќа, речиси две недели по нападот врз Израел во кој животот го загубија повеќе од 1.400 луѓе, јави ДПА. -Борбени авиони нападнаа повеќе од 100 позиции и убиле припадник на палестинската група за која наводно учествувал во нападот на Хамас на 7 октомври, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ). Претставници на ИДФ додадоа дека биле бомбардирани тунел, магацини за оружје и десетици командни центри. Дополнително, при целен напад на градот Газа, била „ликвидирана дивизија на Хамас“. Објектите и оружјето на групата биле уништени во џамија северно од градот Џабалија, за кој Израел рече дека се користи како место за набљудување и тренинг. Израел одговори на нападот од страна на милитантите на Хамас со силно бомбардирање на Појасот Газа, во кој според палестинските власти досега загинаа 3.785 луѓе. На границите на крајбрежната енклава, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската Армија се подготвува за можна копнена офанзива. Хамас држи повеќе од 200 заложници во Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Израелската војска известила 203 семејства дека нивните најблиски веројатно се заложници на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-vojska-izvestila-203-semejstva-deka-nivnite-najbliski-verojatno-se-zalozhnitsi-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-vojska-izvestila-203-semejstva-deka-nivnite-najbliski-verojatno-se-zalozhnitsi-na-hamas/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=890645

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари соопшти дека војската досега ги известила семејствата на 203 заложници дека нивните најблиски се наоѓаат во Појасот Газа. Тој вели дека бројката не е конечна, бидејќи ИДФ постојано истражува нови информации за Израелците кои се исчезнати од нападот на 7 октомври. Хагари посочи дека во некои од случаите семејствата биле известени дека војската со голема веројатност смета дека тие се заложници на Хамас. Но, во други случаи, тој вели дека војската има умерено до ниска увереност дека тие се заробеници. Хагари вели дека ИДФ исто така отфрлила некои случаи и ги информирала семејствата дека нивните најблиски не се држат како заложници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-vojska-izvestila-203-semejstva-deka-nivnite-najbliski-verojatno-se-zalozhnitsi-na-hamas/feed/ 0