идлиб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 16:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png идлиб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сириската војска изврши ракетен напад врз позициите на екстремистите во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-vojska-izvrshi-raketen-napad-vrz-poziciite-na-ekstremistite-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-vojska-izvrshi-raketen-napad-vrz-poziciite-na-ekstremistite-vo-idlib/#respond Tue, 23 Jun 2020 16:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=361681

Сириските владини трупи извршија ракетен напад врз позициите на терористичката група Џабхат ал Нусра во провинцијата Идлиб, објави денеска порталот „Ал-Масдар“. Командата на сириската армија издаде наредба за отворање оган врз терористите, откако беспилотните летала на оваа екстремистичка група се обиделе да ја нападнат руската воздушна база Хмеимим, јави ТАСС. Беспилотните летала биле забележани над крајбрежниот град Џаблех и биле елиминирани со противвоздушна одбрана. Сириската армија потоа го уништила командното место и позициите на екстремистите во близина на градот Ал-Бар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/siriskata-vojska-izvrshi-raketen-napad-vrz-poziciite-na-ekstremistite-vo-idlib/feed/ 0
Гутерeш: Се надеваме на траен прекин на воените дејствија во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-se-nadevame-na-traen-prekin-na-voenite-dejstvija-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-se-nadevame-na-traen-prekin-na-voenite-dejstvija-vo-sirija/#respond Fri, 06 Mar 2020 07:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=312814

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази надеж за „итен и траен прекин на воените дејствија“ што ќе им помогне на луѓето од северна Сирија, откако Русија и Турција се договорија за прекин на огнот во Идлиб. Договорот, кој влегува во сила од петок на полноќ, има за цел да стави крај на интензивните борби во Идлиб, северозападната провинција на Сирија, каде Анкара се бори против владините сили поддржани од Москва. Гутереш изјави дека „се надева оти тој договор ќе доведе до итен и траен прекин на воените дејства, што ќе гарантира заштита на цивили во северозападна Сирија, кои веќе претрпеа огромни страдања“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-se-nadevame-na-traen-prekin-na-voenite-dejstvija-vo-sirija/feed/ 0
САД го поздравија руско-турскиот договор за Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-pozdravija-rusko-turskiot-dogovor-za-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-pozdravija-rusko-turskiot-dogovor-za-idlib/#respond Fri, 06 Mar 2020 07:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=312809

САД го поздравија постигнатиот договор од страна на лидерите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, надевајќи се дека тоа ќе помогне за деескалирање на ситуацијата, соопшти претставник на Стејт департментот. – Ја поздравуваме веста за договорот меѓу Турција и Русија, односно прекинот на огнот во Идлиб. Се надеваме дека тоа ќе помогне за деескалирање на исклучително опасната ситуација и ублажување на сериозната хуманитарна криза, истакна тој. Според него, „САД со нетрпение очекуваат да ги разгледаат деталите за развој на ситуацијата со својот сојузник во НАТО, Турција, која се стреми кон траен прекин на огнот“. – Сега е важно какви точно дејствија ќе бидат преземени во зоната на воени дејствија од страна на сирискиот претседател Башар Асад и оние кои го поддржуваат. Тоа ќе покаже дали ќе се постигне трајно примирје. Единствен начин за решавање на тој конфликт е воспоставување примирје во целата земја и политичко решение преку преговори согласно резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, смета претставникот на Стејт департментот. Путин и Ердоган вчера во Москва постигнаа договор за прекин на огнот, кој стапи во сила на полноќ, и низа други мерки за решавање на ситуацијата во сириската провинција Идлиб. Од 15 март Руската Федерација и Турција ќе започнат заеднички патролирања низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр. Москва и Анкара се согласија за почитување на суверенитетот на Сирија и продолжување на борбата против тероризмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-pozdravija-rusko-turskiot-dogovor-za-idlib/feed/ 0
Двајца турски војници загинаа во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-turski-vojnici-zaginaa-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-turski-vojnici-zaginaa-vo-idlib/#respond Thu, 05 Mar 2020 21:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=312769

Двајца турски војника се убиени од силите на сирискиот претседател Башар Асад во северозападниот дел на Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, само неколку часа пред прекинот на огнот, договорен денеска од Анкара и Москва. Двајца турски војника загинаа, а тројца се повредени откако сириските владини сили отворија оган во провинцијата Идлиб, соопшти Министерството, додавајќи дека турската војска одговорила веднаш на нападот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-turski-vojnici-zaginaa-vo-idlib/feed/ 0
Русија и Турција договорија безбедносен коридор со заедничко патролирање во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusija-i-turcija-dogovorija-bezbednosen-koridor-so-zaednichko-patroliranje-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusija-i-turcija-dogovorija-bezbednosen-koridor-so-zaednichko-patroliranje-vo-idlib/#respond Thu, 05 Mar 2020 18:31:43 +0000 https://kurir.mk/?p=312700

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Москва по повеќечасовни разговори постигнаа договор за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб. Документот го прочита рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Москва и Анкара и постигнаа договор да создадат безбедносен коридор во провинцијата Идлиб во реонот на сирискиот автопат М4. – Страните се согласија да создадат заштитен коридор шест километри северно и шест километри јужно од автопатот М4. Конкретните параметри за функционирањето на безбедносниот коридор ќе ги договорат министерствата за одбрана на Руската Федерација и на Турција во рок од седум дена, се наведува во соопштението. Од 15 март Русија и Турција ќе започнат заедничко патролирање низ автопатот М4 во Сирија од населбата Тромба до селото Аин ал-Хабр. Русија и Турција ја изразија својата подготвеност да се борат со сите појави на тероризам. Борбите во сириската провинција Идлиб е договорено да прекинат денеска на полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rusija-i-turcija-dogovorija-bezbednosen-koridor-so-zaednichko-patroliranje-vo-idlib/feed/ 0
Турција и Русија постигнаа договор за Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-i-rusija-postignaa-dogovor-za-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-i-rusija-postignaa-dogovor-za-idlib/#respond Thu, 05 Mar 2020 18:05:16 +0000 https://kurir.mk/?p=312694

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Москва по повеќечасовни разговори постигнаа договор за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, објави вечерва турскиот весник „Сабах“ – Блиските лични односи меѓу лидерите на Руската Федерација и Турција ни овозможуваат да најдеме заеднички пристапи за решавање на меѓународните проблеми, изјави Путин, цитиран од ТАСС. Тој додаде дека разговорите за Сирија се завршени во позитивна насока. Путин истакна дека „Русија и Турција најдоа прифатливи решенија за проблемот во сирискиот Идлиб“. – Москва и Анкара договорија документ за заедничко регулирање на ситуацијата во Сирија, нагласи рускиот претседател. Тој очекува дека „договорот на руско-турската средба на врвот во Москва треба да стави крај на страдањата на цивилите во Сирија“. – Преговорите со Ердоган не беа лесни, но завршија позитивно, додаде Путин. Турската и руската делегација спроведоа дипломатски преговори за потенцијален прекин на огнот во северниот дел на Сирија. Средбата се одржа во услови на зголемени тензии во северниот дел на Сирија, провинцијата Идлиб. Речиси тричасовната средба меѓу двајцата претседатели беше проследена со состанок меѓу делегациите, што вкупно траеше околу шест часа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-i-rusija-postignaa-dogovor-za-idlib/feed/ 0
Уште двајца турски војници убиени во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-turski-vojnici-ubieni-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-turski-vojnici-ubieni-vo-idlib/#respond Wed, 04 Mar 2020 09:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=311881

 Уште двајца турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад на сириските безбедносни сили во провинцијата Идлиб, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, со што бројот на загинати турски војници изнесува најмалку 37 во текот на изминатата недела.

Турската војска веднаш одговори на огнот на сириските сили и продолжи да напаѓа цели, се наведува во соопштението на Министерството.

Со тоа вкупниот број на жртви од турска страна достигна 59 лица за еден месец.

Од почетокот на минатонеделната воена операција, Турција уништи три сириски авиони, осум хеликоптери и повеќе од 150 тенкови, додаде турското Министерство.

Жестоките борби во сириската провинција Идлиб предизвикаа нов мигрантски бран од еден милион лица кон Турција, по што Анкара ги отвори границите кон Грција и Бугарија.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-dvajca-turski-vojnici-ubieni-vo-idlib/feed/ 0
Борел: Тензиите во Идлиб може да ескалираат до меѓународен судир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-tenziite-vo-idlib-moze-da-eskaliraat-do-megjunaroden-sudir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-tenziite-vo-idlib-moze-da-eskaliraat-do-megjunaroden-sudir/#respond Fri, 28 Feb 2020 10:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=309876

Тензиите во сирискиот регион Идлиб може да ескалираат во голем меѓународен конфликт, изјави денеска Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи дека Унијата ќе ги разгледа сите неопходни мерки за заштита на своите безбедносни интереси. Според него, ескалацијата во Идлиб мора итно да престане, бидејќи постои ризик тој да стане голем отворен меѓународен воен конфликт. Исто така, предизвикува неподносливо хуманитарно страдање и ги става во опасност цивилите, напиша Борел на Твитер. „ЕУ ги повикува сите страни на брза деескалација и жали за сите загубени животи. ЕУ ќе ги разгледа сите неопходни мерки за да ги заштити своите безбедносни интереси. Ние сме во контакт со сите релевантни актери“, рече Борел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-tenziite-vo-idlib-moze-da-eskaliraat-do-megjunaroden-sudir/feed/ 0
Телефонски разговор Меркел-Макрон-Путин за ситуацијата во Идлиб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-merkel-makron-putin-za-situacijata-vo-idlib/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-merkel-makron-putin-za-situacijata-vo-idlib/#respond Fri, 21 Feb 2020 07:07:22 +0000 https://kurir.mk/?p=306771

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговарале со шефот на руската држава Владимир Путин, изразувајќи ја својата загриженост поради хуманитарната ситуација во сирискиот регион Идлиб и повикаа на итен прекин на судирите, соопшти кабинетот на Меркел. Разговорот меѓу тројцата лидери се случил за време на самитот на ЕУ во Брисел. – Меркел и Макрон јасно кажаа колку се загрижени поради катастрофалната хуманитарна ситуација во сириската провинција Идлиб. Двајцата побараа веднаш да прекинат борбите и да се овозможи хуманитарна помош за луѓето, изјави германски портпарол. Според германскиот владин кабинет, двајцата лидери изразиле волја да се сретнат со Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со цел да се постигне политичко решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-merkel-makron-putin-za-situacijata-vo-idlib/feed/ 0
Турските сили возвратија на нападите на армијата на Асад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-sili-vozvratija-na-napadite-na-armijata-na-asad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-sili-vozvratija-na-napadite-na-armijata-na-asad/#respond Mon, 03 Feb 2020 08:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=298404

Откако во сириски артилериски напад беа убиени четири и ранети деветмина турски војници во сириската провинција Идлиб, армијата на Турција одговори со напади врз речиси 40 објекти. Претседателот Реџеп Тaип Ердоган нагласи дека државата ќе продолжи со возвраќање на какви било напади од силите на Асад. – Одговоривме соодветно на тие напади и ќе продолжиме…Одлучни сме да продолжиме со операциите за безбедност на нашата држава, народот и границите со Идлиб. Кој се сомнева во нашата цврста решителност, наскоро ќе разбере дека тоа му е грешка, изјави тој во Истанбул. Според договорот од 2017 година со Русија и Иран, регионот има 12 пунктови што се под надзор и неколку од нив се опкружени со сириската армија. Турското Министерство за одбрана соопшти дека единиците испратени за поддршка на тие пунктови биле нападнати. Тоа се случи и покрај тоа што сириската страна беше информирана за нивниот потег, додаде Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskite-sili-vozvratija-na-napadite-na-armijata-na-asad/feed/ 0