Идна влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Jun 2020 20:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Идна влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лазаров: Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде зачувување на работните места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-prioritet-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-bide-zachuvuvanje-na-rabotnite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-prioritet-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-bide-zachuvuvanje-na-rabotnite-mesta/#respond Wed, 17 Jun 2020 18:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=359208

Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во оваа фаза ќе биде зачувување на работните места, додека клучните столбови на програмата на ВМРО-ДПМНЕ се базирани на градење ефикасна држава и силни институции, како и градење на конкурентна економија. Ние имаме нова развојна стратегија базирана на системски одржливи политики. Паралено со Обновата за Македонија изработивме и преодна стратегија за справување со здравствено економските последици од корона кризата, затоа што ако сакаме да ја имплементираме целосно програма прво треба да ја санираме ситуацијата настаната од корона кризата, рече Дарко Лазаров, претседател на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ во вклучувањето на емисијата Топ тема на телевизија Телма. Реплицирајќи на соговорникот во емисијата Фатмир Битиќи од СДСМ, Лазаров укажа дека Владата на СДСМ не креираше никакви високо платени работни места, затоа што новите креирани рабoтни места во овој период имаат значително пониска продуктивност. –Во делот на платите на јавната администрација бевме јасни дека не треба да се намалуваат. Тоа го предложи СДСМ и сега се обидуваат да го заборават. Тие не треба да се намалуваат, туку да растат, рече Лазаров. Според него владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасна цел за економијата. -До крајот на годината фокус на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на заштита на работните места, колку работни места губиме сега толку повеќе проблеми ќе имаме во наредниот период. Понатаму клучно ќе биде стимулирање на инвестициите и затоа имаме стратегија преку ниски даноци и вистинска поддршка на приватниот сектор да поттикнеме технолоши развој во земјата што ќе го подобри животниот стандард на граѓаните. Ќе работиме на извозна конкурентност, само така може да се динамизира растот на економијата и продуктивноста на домашните компании, рече Лазаров. Лазаров кажа дека дел од работните места кои се креирани овој период се од компании и инвестиции донесени од претходната влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-prioritet-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-kje-bide-zachuvuvanje-na-rabotnite-mesta/feed/ 0