иднина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Jan 2023 13:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иднина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета: Развиениот свет стравува од иднината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-razvieniot-svet-stravuva-od-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-razvieniot-svet-stravuva-od-idninata/#respond Mon, 16 Jan 2023 13:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=787973

Нешто помалку од половина од луѓето во светот веруваат дека нивните семејства ќе бидат подобро во иднина, а најголем песимизам изразиле граѓаните од групата водечки економии, покажува истражувањето на „Еделман труст“ (Edelman Trust). Анкетата покажува дека само 40 отсто од испитаниците од 28 земји во светот се согласиле со изјавата „јас и моето семејство ќе живееме подобро за пет години“. Пред една година половина од испитаниците очекувале подобрување. Во САД, Велика Британија, Германија и Јапонија, песимизмот го достигна највисокото ниво пред две децении кога фондацијата почна да спроведува истражувања. Песимизмот ја одразува длабоката несигурност во глобалната економија бидејќи војната во Украина продолжува и централните банки ги зголемуваат каматните стапки за да ја скротат инфлацијата. Претходно, Светска банка предупреди дека 2023 година може да биде фатална за глобалната економија, која би можела да оди во рецесија. Во групата водечки економии, најмали „оптимисти“ се Јапонците, само девет проценти. Следуваат Германија и Велика Британија, со 15, односно 23 отсто од испитаниците, и САД, каде 36 проценти од испитаниците очекуваат подобрување. Земјите со високи стапки на раст забележаа многу подобри резултати, иако нешто послаби од минатата година, со исклучок на Кина, каде уделот на „оптимистите“ се зголеми за еден процентен поен, на 65 отсто, и покрај економските нарушувања поврзани со строгите мерки за коронавирусот. Резултатите повторно ја покажаа длабоката поделеност на општеството под влијание на пандемијата и инфлацијата. Така, домаќинствата со повисоки приходи се уште имаат доверба во институциите како владата, компаниите, медиумите и невладините организации, за разлика од оние со ниски примања. Резултатите од истражувањето на „Еделман Труст“ во САД покажуваат дека просечно ниво на доверба во клучните институции кај испитаниците со високи приходи е 63 проценти, додека во групата со ниски примања доверба во институциите изразиле само 40 отсто. Слични резултати се добиени и кај испитаниците од Саудиска Арабија, Кина, Јапонија и Обединетите Арапски Емирати. Сопственикот на Фондацијата, Ричард Еделман изјави дека „истражувањето повторно покажа огромна класна поделба. Во пандемијата бевме сведоци на различни исходи во однос на здравјето, а сега тоа го гледаме во однос на влијанието на инфлацијата, додаде Еделман. Светска здравствена организација (СЗО) нагласи дека пандемијата им нанела поголема штета на сиромашните, а зголемувањето на цената на основните прехранбени производи најмногу ги погодило луѓето со ниски примања. Во Аргентина, САД, Јужна Африка, Шпанија, Шведска и Колумбија, резултатите од истражувањето сигнализираат поларизација, бидејќи голем број испитаници се согласија со изјавата „Гледам длабоки поделби и мислам дека никогаш нема да ги надминеме“. Испитаниците покажале малку поголема доверба во компаниите, што Еделман го припишува на програмите за зачувување на работните места во пандемијата, повлекувањето од Русија поради нејзината инвазија врз Украина и зголемената посветеност на еднаквоста на малцинските општествени групи. Во истражувањето спроведено од 1 до 28 ноември 2022 година учествувале повеќе од 32.000 испитаници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-razvieniot-svet-stravuva-od-idninata/feed/ 0
„Зелени знаменца“ – Овие две нешта покажуваат дека вашата врска има ИДНИНА https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zeleni-znamenca-ovie-dve-neshta-pokazuvaat-deka-vashata-vrska-ima-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zeleni-znamenca-ovie-dve-neshta-pokazuvaat-deka-vashata-vrska-ima-idnina/#respond Thu, 28 Jul 2022 08:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=711203

Како што постојат „црвени знаменца“ кои укажуваат дека е време да ја напуштите врската, исто така има и „зелени знаменца“ кои велат дека сте ја нашле вистинската личност за вас. Тоа значи дека имате некој до вас кој ги задоволува вашите потреби и успева да ги препознае. На пример, се чувствувате безбедно, привлечно и прифатено. 1. Добро се познаваат себеси и се задоволни со себе Ова обично значи дека личноста знае што бара во романтична врска и дека е подготвена да биде отворена и искрена во разговорите со вас и со другите луѓе. Според експертот за врски, Лорел Хаус, еден од показателите е фактот колку некој се грижи за себе. Редовната физичка активност и здравата исхрана покажуваат дека се работи за посветена личност која има приоритети. 2. Прифаќаат „не“ како одговор – Тоа е голема работа. Вашето „не“ нема потреба од објаснување и дополнителни преговори, вели лиценцираната брачна и семејна терапевтка, Жаклин Мендез. Тоа значи дека за вашиот партнер, фокусот не е само на вашата физичка врска. Се разбира, физичката страна на романтичната врска е важна, но ако тоа е нечија главна или единствена грижа и фокус, тогаш зборуваме за црвено знаме. Но, ако некој е заинтересиран за вас и го интересира секој аспект од вас, а не само прашањето што може да добие во таква врска, тогаш тоа е дефинитивно зелено знаме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/zeleni-znamenca-ovie-dve-neshta-pokazuvaat-deka-vashata-vrska-ima-idnina/feed/ 0
Прашањето што ги интересира сите: Мит или вистина, дали соништата навистина можат да ја ПРЕДВИДАТ иднината? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prashanjeto-shto-gi-interesira-site-mit-ili-vistina-dali-sonishtata-navistina-mozat-da-ja-predvidat-idninata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prashanjeto-shto-gi-interesira-site-mit-ili-vistina-dali-sonishtata-navistina-mozat-da-ja-predvidat-idninata/#respond Thu, 09 Jun 2022 13:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=688927

Многумина тврдат дека нивните соништа им помогнале навреме да откријат некоја болест. Со илјадници години луѓето ги толкуваат соништата . Многу народни верувања се поврзани со соништата и нивното значење. Старите Египќани им придавале големо значење на соништата и нивното толкување. Ако некој во тоа време имал проблеми во животот и побарал совет, тој би ја поминал ноќта во храмот. Свештениците го толкуваа она што тој би го сонувал таа ноќ и му кажуваа што треба да направи. Она што никогаш не престана да ја скокотка фантазијата на луѓето е прашањето дали е навистина можно да се предвиди иднината преку соништата ? Постојат теории дека анализата на соништата може да ја предвиди иднината, и добра и лоша, а тоа е она што најмногу ги интригира луѓето за соништата. На оваа тема се направени одредени истражувања, поконкретно – дали е можно да се предвиди болест преку соништата. Имаше луѓе чии соништа наводно предупредувале на развој на сериозна болест во телото и на тој начин ги спасиле – затоа што обрнале внимание и навреме презеле акција, пред болеста да напредува. Тоа може да се објасни со фактот дека имаме тенденција да ги игнорираме сигналите кои телото ни ги испраќа додека сме будни, а во овој случај тоа може да бидат симптоми на болеста, па таа почнува да се манифестира преку соништата, често и преку кошмарите. Соништата на кои вреди да се обрне внимание се оние кои постојано се повторуваат или се појавуваат кај личност која инаку, многу ретко сонува. Некои ги поврзуваат соништата со минати животи. Класичните соништа претежно содржат места, луѓе и работи кои ни се познати во реалниот живот. Но, понекогаш е можно да сонуваме сцени кои изгледаат како да се гледаат од туѓа перспектива или луѓе и настани кои не ни се познати, а ни се чини како да потекнуваат од минатото. Ова може да биде знак дека тоа се спомени од минатите животи. Можете исто така да сонувате за себе, во сон изгледате поинаку, но знаете дека сте вие. Ова важи и за вештините што ги имате во сон, но во реалниот живот ги немате. На пример, зборувате друг јазик и во сон го разбирате или знаете да ковате нож, што во реалноста никогаш не сте знаеле како.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/prashanjeto-shto-gi-interesira-site-mit-ili-vistina-dali-sonishtata-navistina-mozat-da-ja-predvidat-idninata/feed/ 0
Мицкоски: Ковачевски да се вразуми и да седнеме да разговараме за предвремени парламентарни избори и за иднината на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kovachevski-da-se-vrazumi-i-da-sedneme-da-razgovarame-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-za-idninata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kovachevski-da-se-vrazumi-i-da-sedneme-da-razgovarame-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-za-idninata-na-makedonija/#respond Thu, 12 May 2022 12:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=675687

Очекувам Ковачевски да се вразуми и да разбере дека јас не сум му непријател. Јас сум му можеби политички конкурент и ВМРО-ДПМНЕ можеби политички конкурент на СДСМ, но ние не сме непријатели на Македонија и ние не сме непријатели на институциите. Ние сме пријатели, подаваме рака да седнеме и да разговараме. За мене непријателски акт е кога министер, кој што го плаќаат граѓаните, огромно мнозинство Македонци, стои пред знаме на туѓа држава и се срами да каже дека доаѓа од оваа држава, како што беше тоа чинот на еден министер во текот на неговата посета, во текот на вчерашниот ден, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор Д-р Христијан Мицкоски денес од теренските активности во општина Радовиш одговарајќи на новинарски прашања. Посочи дека нема други политички фактори освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои што можат да се договорат за иднината на Македонија и да престанат понижувањата и срамот кои на дневна основа и се случуваат на државата од функционери плаќани со парите на граѓаните, како што беше последниот вчерашен пример на македонски министер при посета на соседна држава кој што се сликаше под туѓо знаме не македонско. „Резултатот од овие политики на СДСМ е тоа, затоа апелирам до Ковачевски, не постојат други фактори освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кој што можат да се договорат за иднината на Македонија. Нека не се залажува дека некој друг му го чува грбот, тој грб ќе му биде полн со ножеви. Немаме поголема цена од Македонија, ние сме тие кои што сме иднината на овој народ и ние сме тие кои што се одговорни за иднината на Македонија. Нека не мисли дека други политички субјекти се тие кои што без нив не може. Не, не е така. За да прекинат срамот, како тој вчера што го направи тој министер кој што го плаќаат граѓаните, го повикувам на разум, на патриотски дух, да седнеме на маса и да ставиме крај на срамот што некои други ни го прават“, рече Мицкоски. Мицкоски додаде дека доста му е на македонскиот народ и на македонските граѓани од понижувањата и од поделбите кои што одредени политички партии му ги прават и дека тоа е против државните интереси и против мултиетничките односи во државата. „Доста му е на македонскиот народ и на граѓаните кои што се против една политичка партија, да се чувствуваат за граѓани од втор ред. Да престане срамот, срамењето и деградирањето на државата. Не може да дозволиме повеќе ниту минута да ни се случуваат вакви работи. Ова е против државните интереси, ова е против унитарниот карактер на државата, ова е против мултиетничноста на Македонија и против мултиетничките односи на Македонија. Некој свесно ја напуштаат зелената агенда и сака со национализам да го дели народот. Тоа е само затоа што имаме слаб СДСМ во владата, тоа некој го злоупотребува, го краде народот, создава нервоза, создава револт“, истакна Мицкоски. Затоа, додаде Мицкоски, го повикувам Ковачевски да се вразуми, ова не е ниту до Мицкоски ниту до Ковачевски, иднината на Македонија е во прашање, да седнеме и да разговараме, немаме ние друга држава, ние немаме резервна татковина, доста некој ни ја понижува и доста некој ни ја краде. „Затоа го повикувам да се вразуми, да не слуша дека некој друг му го чува грбот, ние сме тие што му го чуваме грбот и очекуваме тие да го чуваат нашиот грб, а заедно да го чуваме грбот на Македонците и граѓаните на Македонија. Тоа е она што јас сакам да го упатам од овде, од Радовиш. Некој свесно внесува поделби, некој свесно сака да го подели македонскиот народ и македонските граѓани и свесно внесува национализам и антагонизам. Само ние можеме тоа да го спречиме, само ние ја имаме таа сила која што може тоа да го спречи. Тоа е мојата порака“, рече Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kovachevski-da-se-vrazumi-i-da-sedneme-da-razgovarame-za-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-za-idninata-na-makedonija/feed/ 0
БРЗ ТЕСТ: Еве како ќе знаете што ве чека во иднина, поставете си едно прашање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brz-test-eve-kako-kje-znaete-shto-ve-cheka-vo-idnina-postavete-si-edno-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brz-test-eve-kako-kje-znaete-shto-ve-cheka-vo-idnina-postavete-si-edno-prashanje/#respond Sun, 01 May 2022 20:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=670531

Дали понекогаш гледате во вашата иднина и размислувате што ве чека таму? За ова не мора да се консултирате со астролог, нумеролог или да читате тарот карти, многу е лесно да откриете каква иднина ве чека сега. Ова е она што ни го кажува Буда, а овој цитат од него е моќен водич за животот на секој од нас. На прашањето како можеме да ја предвидиме иднината, Буда одговара - „Ако сакате да знаете што сте правеле во минатиот живот (минатото), погледнете ја вашата моментална состојба. Ако сакате да ја знаете вашата иднина, погледнете ги вашите постапки денес. " Овде не мора да се работи за карма, туку за едноставен животен павилјон кој секогаш функционира - Што ќе сееме денес, ќе жнееме утре. Ние сме одговорни за нашата среќа, го избираме нашиот животен пат и го создаваме со нашите постапки. Дали е можно да се програмирате за среќа, дали е можно да си обезбедите среќна иднина? Единствениот точен одговор е ДА. Учиме од грешките од минатото, па не ги повторуваме сега. Од друга страна, ако ги правиме тие грешки, продолжуваме да правиме лоши работи, не жалиме за оние од минатото, ги повторуваме и потоа се манифестира негативно, во сегашноста, а можеби и во иднината. Дали сакате утре да биде поинаку? Денеска е потребна промена! Не утре, не од понеделник, не после важен состанок, испити, започнување нова работа, брак, пензионирање, патување и слично. Сега, токму во овој момент, сменете го она што не го сакате во иднина и ве чека попозитивно време, едноставно е. Не е доволно само да разберете што правите погрешно. Потребни се одлуки и акции, бидејќи сè зависи од акција. Признавањето на грешката пред себе е првиот чекор, но акцијата на менување на оние работи што не ви се допаѓаат и не ви се допаѓаат, тоа е единствениот пат до среќна иднина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/brz-test-eve-kako-kje-znaete-shto-ve-cheka-vo-idnina-postavete-si-edno-prashanje/feed/ 0
Мицкоски: Со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-sdsm-nema-nitu-eu-a-nema-nitu-idnina-tuku-samo-kriminal-i-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-sdsm-nema-nitu-eu-a-nema-nitu-idnina-tuku-samo-kriminal-i-tenderi/#respond Wed, 06 Apr 2022 18:40:23 +0000 https://kurir.mk/?p=659374

Навистина е нејасно зошто се радува Бугарија, а Владата на Македонија молчи. Нејасно е и на што се должеше тоа што двете страни го опишуваат како придвижување во разговорите, за да на крај ни кажат дека договориле заедничко чествување за Цар Самоил. А истово ова го соопшти и Заев дека го договорил, па сега играјќи на картата на кратко помнење на народот сакаат да ни кажат дека треба повторно да се радуваме за продавање на работа која веќе ја продале во 2019 година – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на свечениот настан по повод 31 годишнина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – „Визија за победи, шанса за промени“ што денеска се одржува во салата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Тој вели дека премиерот Димитар Ковачевски не робива ниту на датуми, ниту на ветувања. -А воедно кога ќе го прашаат Ковачевски кога датум за преговори со ЕУ? Тој ќе одговори, не робувал на датум. Може Ковачевски не робува на датуми ама изгледа и не робува и на ветувања, затоа што партијата чијшто претседател е, дојде на власт со ветување дека ЕУ ќе дошлa веднаш и сега. А гледаме дека со СДСМ нема ниту ЕУ, а нема ниту иднина, туку само криминал и тендери. ВМРО-ДПМНЕ за прашањето со Бугарија има многу јасни позиции, и е против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси и нема повеќе отстапки кои владата ги опишува со реченица „ајде само уште ова и само што не дошло подобро време“. Од тоа „ајде само уште ова“ грлото ни е преполно со кнедлите што ги голтнавме, а таму во Европа обезличени не се оди. Туку такви какви што сме Македонци, со богата историја, со свој јазик и идентитет, додаде Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-sdsm-nema-nitu-eu-a-nema-nitu-idnina-tuku-samo-kriminal-i-tenderi/feed/ 0
Пронајдено писмо старо 50 години – девојчето кое го напишала погодила што ќе се случува во иднина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdeno-pismo-staro-50-godini-devojcheto-koe-go-napishala-pogodila-shto-kje-se-sluchuva-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdeno-pismo-staro-50-godini-devojcheto-koe-go-napishala-pogodila-shto-kje-se-sluchuva-vo-idnina/#respond Mon, 15 Feb 2021 11:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=468941

Во стар тросед е пронајдено писмо од 1969 година во кое девојче опишува како го гледа животот во иднина, а нејзините „предвидувања“ главно се исполнија. Писмото го пронашле сопружниците Роза и Питер Бекертон за време на реставрацијата на старо парче мебел, а авторот, тогаш ученичка, не е познат. Датумот на есејот е 23 февруари 1969 година, а според „Сан“, писмото го напишала 11-годишно девојче која имала задача да напише каков би бил животот во 1980 година. Девојчето претпоставило дека ќе постои видео повик, но некои работи сè уште не се реализирани, како што се добивањето на сите оброци од гума за џвакање. - Телефонот беше квадратна кутија со слушалки одозгора. Но, сега можете да ги видите луѓето со кои разговарате. Има екран каде ги гледате, нешто како телевизија, напишала во писмото кое еден од нејзините наставници го прегледал и ги означи корекциите со црвена боја. Сè се смени од мојата 11 година и кога отидов на училиште. Телевизијата денес е голем екран што го контролираме со седење и притискање на копчињата на задниот дел од столот. Јас сум мажена и работам во банка, заработувам пари.Јас секогаш го сакав тоа. Мојот сопруг доаѓа наскоро дома. Но, јас не морам да готвам за него како што тоа го правевме во 1969 година. Сè што треба да јадеме е гума за џвакање. Можеби мислите дека немаме доволно, но вие повторно грешите затоа што парче гума за џвакање е храна. Џвакаш и ја чувствуваш храната. Еве го мојот сопруг. Притиснете го копчето, мила. Нашата врата е електрична и така се отвора, напиша автор, кој сега треба да има околу 62 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajdeno-pismo-staro-50-godini-devojcheto-koe-go-napishala-pogodila-shto-kje-se-sluchuva-vo-idnina/feed/ 0
Mozzart со донација на лаптопи во Посебно основно училиште „Иднина“ во Чаир https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-posebno-osnovno-uchilishte-idnina-vo-chair/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-posebno-osnovno-uchilishte-idnina-vo-chair/#respond Wed, 09 Dec 2020 12:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=440904

Mozzart хуманитарниот караван никогаш не запира, а овој пат продолжува со големата акција во која донираат лаптоп компјутери во основни училишта. Досега Mozzart донираше лаптопи во ООУ Невена Георгиева Дуња во Општина Кисела Вода, ООУ Јан Амос Коменски во Општина Карпош и ООУ Блаже Конески во Општина Аеродром. Компјутерите се наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19. Овој пат донацијата е наменета за ПОУ Иднина во Општина Чаир, а компјутерите ќе бидат искористени во кабинетите на училиштето, наменети за учениците. Од училиштето се заблагодарија на Mozzart за реализираната донација и истакнаа колку се важни овие општествено одговорни активности. „Училиштето е стимулативна, мултикултурна и безбедна средина  која  се стреми да понуди современи методи и техники за едукација и рехабилитација, ориентирани кон силните страни и индивидуалните потреби на учениците, во која што тие  го постигнуваат својот максимален потенцијал за  активно учество во општеството, воедно тоа е  визијата на Посебното основно училиште „Иднина“ Скопје. Одговорноста на децата е на целата заедница. Патот на нивниот напредок и успех е и ќе биде поддржан од сите нас, затоа што сите деца имаат еднакви права и на сите треба да има се даде неопходната поддршка. Сите ние сме благодарни и  горди на хуманото дело на компанијата Mozzart за опрема на нашите кабинети за непречено реализирање на наставата во состојба на пандемија - донацијата на лаптоп компјутери. Ова што го направивте за нас како општествено одговорна компанија е од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици. Ви се заблагодарувам пред се во името на учениците, вработените и родителите.“ – изјави директорката на училиштето, Лорета Андреевска. Од Mozzart се надеваат дека со оваа голема акција преку која донираат лаптопи наменети за учениците во основните училишта, ќе помогнат онаму каде што е најпотребно и ќе придонесат кон обезбедување услови за непречено следење на наставата. „Се надеваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон подобрување на условите на учениците кои посетуваат настава во училиштето ПОУ Иднина и дека ќе им се олесни процесот на едукација преку пристапот до дигиталните уреди кои се од исклучителна важност во денешни услови. Како општествено одговорна компанија континуирано реализираме бројни хуманитарни кампањи во сите сфери и области, а со исто темпо продолжуваме и во следниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart. Покрај донациите на лаптоп компјутери во основните училишта, Mozzart донираа лаптопи и во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, наменети за реализација на проект за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение и за нивните родители. Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, лаптопи, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-posebno-osnovno-uchilishte-idnina-vo-chair/feed/ 0
Мисајловски: Нашите деца се иднината на Република Македонија и наша должност е да обезбедиме најдобри услови за тие да останат тука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nashite-deca-se-idninata-na-republika-makedonija-i-nasha-dolznost-e-da-obezbedime-najdobri-uslovi-za-tie-da-ostanat-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nashite-deca-se-idninata-na-republika-makedonija-i-nasha-dolznost-e-da-obezbedime-najdobri-uslovi-za-tie-da-ostanat-tuka/#respond Fri, 10 Jul 2020 09:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=373143

Се обврзуваме на нови 50.000 работни места. Нашите деца се иднината на Република Македонија и наша должност е да обезбедиме најдобри услови за тие да останат тука. Обновата доаѓа!, пишува во својата објава на Фејсбук носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-nashite-deca-se-idninata-na-republika-makedonija-i-nasha-dolznost-e-da-obezbedime-najdobri-uslovi-za-tie-da-ostanat-tuka/feed/ 0
Мицкоски: Мораме да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски, затоа придружете ни се и поддржете обнова! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-morame-da-sozdademe-idnina-kakva-shto-posakuvame-za-sebe-i-nashite-najbliski-zatoa-pridruzete-ni-se-i-poddrzete-obnova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-morame-da-sozdademe-idnina-kakva-shto-posakuvame-za-sebe-i-nashite-najbliski-zatoa-pridruzete-ni-se-i-poddrzete-obnova/#respond Thu, 09 Jul 2020 07:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=372238

Подобрата иднина не може да дојде сама од себе. Мораме да ги засукаме ракавите и да создадеме иднина каква што посакуваме за себе и нашите најблиски. Минатото не можеме да го промениме, но сме подготвени за подобро утре. А, како не би биле, кога секој ден зборуваме за креативни идеи и визија за подобар живот во Република Македонија. Придружете ни се и поддржете обнова!, вели во својата објава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер Христијан Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-morame-da-sozdademe-idnina-kakva-shto-posakuvame-za-sebe-i-nashite-najbliski-zatoa-pridruzete-ni-se-i-poddrzete-obnova/feed/ 0