идризово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 20:01:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png идризово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска од Идризово побегнале тројца затвореници со вкупна казна од над 26 години, но повторно биле уапсени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deneska-od-idrizovo-pobegnale-trojtsa-zatvorenitsi-so-vkupna-kazna-od-nad-26-godini-no-povtorno-bile-uapseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deneska-od-idrizovo-pobegnale-trojtsa-zatvorenitsi-so-vkupna-kazna-od-nad-26-godini-no-povtorno-bile-uapseni/#respond Thu, 10 Aug 2023 19:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=865612

Денеска (10.08.2023) околу 16.45 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од с.Студеничани, скопско. Околу 09.00 часот денеска тие побегнале од Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде што биле на издржување казна затвор. Имено, по преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во с.Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Тие на застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон с.Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа. Инаку, И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци. Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната. Додека, М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната. Тие ќе бидат спроведени во казнено – поправната установа за доиздржување на казната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deneska-od-idrizovo-pobegnale-trojtsa-zatvorenitsi-so-vkupna-kazna-od-nad-26-godini-no-povtorno-bile-uapseni/feed/ 0
Затвореник пронајден мртов во „Идризово“, познат неговиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvorenik-pronajden-mrtov-vo-idrizovo-poznat-negoviot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvorenik-pronajden-mrtov-vo-idrizovo-poznat-negoviot-identitet/#respond Tue, 06 Jun 2023 13:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=842779

Педесетгодишен затвореник од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години, бил пронајден починат во полуотвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. - На 06.06.2023 во 03.55 часот во СВР - Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореникот В.Л. (50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението од МВР.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zatvorenik-pronajden-mrtov-vo-idrizovo-poznat-negoviot-identitet/feed/ 0
Спасовски: Опсежни истражни мерки за копањето тунел од затвореници во Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-opsezhni-istrazhni-merki-za-kopaneto-tunel-od-zatvorenitsi-vo-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-opsezhni-istrazhni-merki-za-kopaneto-tunel-od-zatvorenitsi-vo-idrizovo/#respond Sat, 25 Mar 2023 11:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=816319

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот во кој беше спречено организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, преку копање подземен тунел од страна на затвореници во Идризово. -Таму се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето, тој процес беше започнат и претходно. Се што спаѓа во тие истражни мерки притоа да можат да се обезбедат докази, се работи, во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал и секако дека тоа ќе биде еден опсежен слулчај во којшто секако треба да се докаже и учестовото на вработените во затворските институции, изјави Спасовски на новинарско прашање по промоцијата на кампања на МВР. Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеци. -Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и да не се наруши безбедноста, рече Спасовски. Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност. -Секој кој направил кривично дело ќе одговара. Тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста, ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски. Прашан до каде е истрагата за киднапирањето на младиот скопјанец по кој се трага веќе 20 дена Спасовски посочи дека знаат повеќе детали но не можат да соопштат јавно за да не наштетат на истрагата. Во однос на случајот со труење на битолчанецот во кафуле, порача дека има надлежни институции за да испитаат и доколку постојат основани сомненија за кривично дело, тогаш очекувам да се пристапи кон обезбедување на сите докази]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-opsezhni-istrazhni-merki-za-kopaneto-tunel-od-zatvorenitsi-vo-idrizovo/feed/ 0
Минимум 12 трактори би биле потребни за да се изнесе земјата од ископаниот тунел во Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimum-12-traktori-bi-bile-potrebni-za-da-se-iznese-zemjata-od-iskopaniot-tunel-vo-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimum-12-traktori-bi-bile-potrebni-za-da-se-iznese-zemjata-od-iskopaniot-tunel-vo-idrizovo/#respond Fri, 24 Mar 2023 20:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=816198

Директорот на Управата за санкции, Јовица Стојановиќ, се сложува дека многу земја е ископана од тунелот што го копале за бегство затворениците во КПУ Идризово. Негова проценка е дека од прилика 12 трактори би биле потребни за да се изнесе таа земја од затворот. Поради тоа не е јасно каде завршувала земјата, но Стојановиќ се сомнева дека постепено е фрлана во кеси во депонијата во близина, а потоа со ѓубретарка изнесувана надвор од затворот. -Минимум 12 трактори би биле потребни. Претпоставувам не е направено во еден месец, туку процесот траел подолг период. Таму нема покриеност на затворската полиција, нема затворски полицаец да ги надгледува осудениците. Факт е дека затворот има слаба екипираност, тоа е слабоста – рече Стојановиќ во Топ Тема на Телма. Тој исто така се сложи дека условите во затворот не се како што треба. Причината за тоа рече дека е пренатрупаноста. Стојановиќ потврди дека на 1100 осуденици во Идризово има само еден лекар и еден психијатар кој доаѓа еднаш неделно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimum-12-traktori-bi-bile-potrebni-za-da-se-iznese-zemjata-od-iskopaniot-tunel-vo-idrizovo/feed/ 0
Смешно но вистинито: Познато е како бил откриен тунелот во Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smeshno-no-vistinito-poznato-e-kako-bil-otkrien-tunelot-vo-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smeshno-no-vistinito-poznato-e-kako-bil-otkrien-tunelot-vo-idrizovo/#respond Tue, 21 Mar 2023 17:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=814636

Сцена како на филм. Тунел ископан во затворот Идризово открила затворската полиција. Се копал најмалце четири до пет месеци а во него имало потпорни греди со добро осветлување. Пред 20 дена работнции пријавиле, а тајната полциија правела проверки. Денеска, во затворот пристигна и градежна механизација. Рано утринава затворската полиција при акција за сузбивање на можни обиди за бегство на осудентите лица откриле ископан тунел. Недостигале уште неколку метри за осудените лица да дојдат до главниот преграден ѕид на затворот Идризово. Овој тунел бил добро осмислен. Затворот Идризово има тунел како оној на максиканскиот нарко бос Ел Чапо, но кој требал да помине низ него допрва ќе се истражува. Го откриле градежни работници, а го копале затвореници со доживотни казни. Додека се подготвувало филмското бегство во затворот Идризово каде казна затвор одлежуваат осудените лица со најтешки кривични дела премиерот Димитар Ковачевски го разреши директорот Шпенд Тахири. Филмското бегство на Беким Мемети не беше доволна причина, премирот да донесе ваква одлука. Тогаш го правдаше како нов и недокажан кадар за денеска да предложи негова смена. Обвинителството сега има полни раце работа да открие евентуална вмешаност и корупација кај затворските службеници но и да се испита безбедноста во најголемиот затвор во земјава кадешто често се случуваат коруптивни скандали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smeshno-no-vistinito-poznato-e-kako-bil-otkrien-tunelot-vo-idrizovo/feed/ 0
Доживотни осуденици преку подземен тунел планирале бегство од „Идризово“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dozhivotni-osudenitsi-preku-podzemen-tunel-planirale-begstvo-od-idrizovo-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dozhivotni-osudenitsi-preku-podzemen-tunel-planirale-begstvo-od-idrizovo-video/#respond Tue, 21 Mar 2023 15:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=814625

Неколкумина затвореници кои биле осудени до крајот на животот да се затворени зад решетки во затворот во Идризово ископале тунел за да излезат на слобода. Планот им го попрачиле лица кои на полицијата и кажале дека се подготвува бегство од најголемиот затвор во државава. Копале под земја, за да излезат на слобода, а темните делови биле осветлувани со кабли и светилки. Кој им помогнал и како успеале да ископаат долг тунел, а никој да не забележи, иако има затворки чувари кои од висина го следат секое движење, треба да одговорат надлежните. Одговор треба да се даде и на тоа дали и кој ќе одговара за ова филмско сценарио на кое најмлаку 8 осудени лица се надевале дека ќе им го донесе светлото на денот и дека ќе ги спаси од решетки. Настанот го потврдија од МВР, а објавени се и фотографии и видео од тунелот. Но, наместо да им донесе слобода, сега оние кои се вмешани во бегството се соочуваат со нови пријави за сторено кривично дело. „Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово. Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите“, соопшти МВР. Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го разреши досегашниот директор на затворот во Идризово Шпенд Тахири и дека на негово место е именуван генерал-мајор, Зоран Јовановски. Ковачевски го претстави Јовановски како висок професионалец со богата кариера во Министерството за внатрешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dozhivotni-osudenitsi-preku-podzemen-tunel-planirale-begstvo-od-idrizovo-video/feed/ 0
Разрешен директорот на „Идризово“, Зоран Јовановски ќе го замени Тахири https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-idrizovo-zoran-jovanovski-ke-go-zameni-tahiri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-idrizovo-zoran-jovanovski-ke-go-zameni-tahiri/#respond Tue, 21 Mar 2023 15:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=814612

Директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири е разрешен, а на негово место е назначено лице за кое премиерот Димитар Ковачевски рече: „тој е врвен професионалец“. Станува збор за Зоран Јовановски, кој имал завршено повеќе обуки во странство, кажа Ковачевски. – Донесовме одлука за именување в.д. директор на КПД Идризово. Досегашниот директор беше разрешен, а за нов директор на затворот на мој предлог е именуван генерал мајор м.р. Зоран Јовановски. Тој има богата професионална кариера пред се во МВР. Во текот на својата професионална кариера поминал обуки во полициска академија во Луизијана, потоа обуки во Германија, во САД, Северна Ирска, Турција, Англија – истакна Ковачевски. Директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири, не понесе одговорност за низата скандали што го следат неговото директорување. Разрешувањето доаѓа откако партијата на Тахири, Алтернатива, излезе од Владата. Пред еден месец медиумите побара и коментар од Владата дали новите коалиции се поважни од одговорноста што треба да се понесе при нестручно раководење со институциите – но од таму досега не одговориле. Изминативе месеци во затворот „Идризово“ се случија низа скандали. Полицијата правеше претреси по налог на судот и наоѓаше дрога, телефони, недозволени предмети. Имаше и тепачки по кои затвореници беа пренесувани во болница. Постоеше и обвинување дека затворски полицајци ноќта пред пречекот на Нова година претепале млад затвореник. Меѓу најголемите скандали беше бегството на Беким Мемети за кое се води и истрага, а во кое осомничени се командир и затворски полицајци. Тахири дојде на функцијата без искуство во затворскиот систем. За него, Управата за санкции велеше дека му е дадена шанса да се докаже. – Го предложив за да добие шанса како и секој друг. Го најдов во општина Камењане, ми го препорачаа како голем борец против криминалот и корупцијата – рече Марјан Спасовски, разрешениот директор на Управата за санкции. Денеска во затворот беше откриен и тунел кој го копале затвореници со високи казни, а кој требало да им обезбеди бегство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-direktorot-na-idrizovo-zoran-jovanovski-ke-go-zameni-tahiri/feed/ 0
Ковачевски за тунелот во затворот „Идризово“: Преземено е сè што треба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-tunelot-vo-zatvorot-idrizovo-prezemeno-e-se-shto-treba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-tunelot-vo-zatvorot-idrizovo-prezemeno-e-se-shto-treba/#respond Tue, 21 Mar 2023 14:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=814599

За тунелот во „Идризово“ кој требало да послужи како излез од затворот за затворениците, премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да коментира. Тој посочи дека тоа е работа на службите кои треба да гарантираат безбедност. „Информациите за затворот ги имаат службите за безбедноста во државата, вклучувајќи го МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за извршување санкции и се што е потребно е преземено во однос на санирање и унапредување на состојбите во КПД ‘Идризово’“, кажа Ковачевски. Во затворот беше откриен тунел кој го копале затворениците. Според информации на „Макфакс“, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затвореници со високи казни, а меѓу нив има и осудени на доживотен затвор. Извори за „Макфакс“ посочуваат дека сето ова било добро организирано и се работело по претходно разработен план. Неофицијално, сето ова било правено со месеци од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени, во зависност од тоа кој кога ќе добиел термин за излез во шеталиштето. На терен е излезена и увидна екипа на МВР, односно крим-полиција. Се очекуваат повеќе детали за подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-tunelot-vo-zatvorot-idrizovo-prezemeno-e-se-shto-treba/feed/ 0
Крвава пресметка во Идризово: Двајца затвореници во болница, меѓу тепачите и осудени за Диво Насеље https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krvava-presmetka-vo-idrizovo-dvajtsa-zatvorenitsi-vo-bolnitsa-megu-tepachite-i-osudeni-za-divo-nasele/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krvava-presmetka-vo-idrizovo-dvajtsa-zatvorenitsi-vo-bolnitsa-megu-tepachite-i-osudeni-za-divo-nasele/#respond Mon, 13 Mar 2023 13:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=811379

Двајца затвореници од затворот „Идризово“ завршија во болница, по тепачка помеѓу две групи. Хаосот настанал во затворениот дел на установата, каде се степале две групи на затвореници. Според извори на „Макфакс“, во насилството учествувале и осуденици од случајот Диво Насеље. „Во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во дворот од затвореното одделение, настанал физичка пресметка помеѓу две групи затвореници. Притоа, со повреда од остар предмет се здобил осуденикот Н.М.(44) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Р.К.(33) од с.Челопек, тетовско, кој се здобил со повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош“, велат од МВР за „Макфакс“. Изминатите месеци, затворот „Идризово“ го следат низа скандали. Од тепачки, до избодени затвореници, измами. Најголемиот беше бегството на Беким Мемети, за кое осомничени се затворски полицајци и командир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krvava-presmetka-vo-idrizovo-dvajtsa-zatvorenitsi-vo-bolnitsa-megu-tepachite-i-osudeni-za-divo-nasele/feed/ 0
Тупанчевски: Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-se-ushte-trae-istragata-za-izbeganiot-zatvorenik-od-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-se-ushte-trae-istragata-za-izbeganiot-zatvorenik-od-idrizovo/#respond Mon, 30 Jan 2023 13:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=793769

Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово., а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште не стасале случаи поврзани со имињата на бугарските клубови и дека рокот за тоа се уште тече. -Знаете дека првиот човек на Управата за извршување на санкции е разрешен и при коментирањето и сугерирањето за тоа каков би требало да биде правниот епилог за сиве овие настани што ни се случуваат, би требало да се има комплементарен пристап, а тоа значи каква и да е одговорноста и за кого било, би требало да биде индивидуална, констатирана и потенцирана. Сè уште трае истрагата, се уште се констатираат дефектите, недостатоците што беа поврзани со последните настани. Јас верувам дека сето тоа ќе има и правен епилог, рече Тупанчевски. Тупанчевски не сакаше да ги коментира информациите дека ќе има негова смена од министерското место за сметка на влезот на Алијансата за Албанците во Владата. -Дефинитивно она што вие го слушате, го слушам и јас. Немам некоја поконкретна информација. Сведоци сме дека има некакви поместувања, дека тоа се во иницијални преговори и разговори итн. Она што сакам да потенцирам и посебно да подвлечам е дека ние како Министерство за правда до последен ден, ако има последен ден од мандатот, ќе ја завршуваме и ќе ја вршиме својата функција и своите обврски онака како што сме ги замислиле. Сепак, тоа станува збор за некој тип на политички контекст, не би сакал јас да го коментирам, рече Тупанчевски. Министерот за правда одговарајќи на новинарско прашање, изјави до него не се пристигнати случаи од Комисијата формирана со измените на Законот за здруженија и фондации, а кои се однесуваат на имињата на бугарските клубови. -Не затоа што има и рокови кои им даваат можност да ги анализираат предмети кои се стигнати до нив, рече Тупанчевски. Владата беше задолжена да формира Комисија, појасни тој, која треба да ги разгледува случаите што стигнале до неа и да предложи до Министерот за правда да преземе одредени дејствија кои што би значеле заокружување на таа правна целина. Тупанчевски исто така кажа и дека во Министерството за правда има работна група која работи на нов закон за здруженија и фондации.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-se-ushte-trae-istragata-za-izbeganiot-zatvorenik-od-idrizovo/feed/ 0