иџет мемети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Dec 2020 13:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иџет мемети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иџет Мемети 16 години беше народен правобранител, сега се сели во Совет на јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idzet-memeti-16-godini-beshe-naroden-pravobranitel-sega-se-seli-vo-sovet-na-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idzet-memeti-16-godini-beshe-naroden-pravobranitel-sega-se-seli-vo-sovet-na-javni-obviniteli/#respond Wed, 16 Dec 2020 13:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=444073

Пратениците со 61 глас „за“, без против и без воздржани изгласаа Иџет Мемети и Љупчо Ивановски да станат членови на Советот на јавни обвинители, а со 61 глас „за“, без против и без воздржани ја избраа Павлина Црвенковска за член на Судски Совет. По 16 години, Иџет Мемети ја напушта престижна државна институција Народен правобранител и се сели во Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idzet-memeti-16-godini-beshe-naroden-pravobranitel-sega-se-seli-vo-sovet-na-javni-obviniteli/feed/ 0
Илиевски: Лагите и манипулациите на Иџет Мемети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-lagite-i-manipulaciite-na-idzet-memeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-lagite-i-manipulaciite-na-idzet-memeti/#respond Mon, 26 Oct 2020 10:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=420688

Виш просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски посочува дека Народниот правобранител  - Обдусман Иџет Мемети, со изјава на ден 19.10.2020 година, објавена на ТВ Алсат „360 степени“ во емисијата на водителот Ванчо Попетрески, изнесе низа груби лаги и манипулации со кои се обиде да му нанесе штета на заменик Народниот правобранител Јован Андоновски. Анализата на Илиевски ја пренесуваме во продолжение: Имено, овој манипулант Иџет Мемети, пред целата македонска јавност искажа лаги и понижувања за целиот предмет, дека: „...При изготвување на Годишен извештај утврдив дека  во предметот има тоа што не е наш мандат. Почнал да истражува (мисли на зам.народен правобранител Јован Андоновски) нешто што не е наш мандат...Додека ние водевме постапка за еден инспектор за труд (м.з. Абре трулеж не за инспектор за труд, туку за просветен инспектор- понижување и лага), тој се жалеше кај нас за ние да ја следиме дисциплинската постапка во Министерството за труд (м.з. копук не во Инспекторат за труд, туку во Државен просветен инспекторат), и тоа е наш мандат, да го штитиме него, дали ќе одлучува правилно... Господинот заменик почнал да истражува како професорите добиле дипломи, а никој не го барал тоа од него. Тоа е недозволиво. Не сум му дозволил тоа да се случи и го исфрлив од извештајот затоа што сме надвор од мандатот...“. Е, лажго Иџет Мемети (после 16 години, диригирање како Обдусман во декември му завршува мандатот на овој манипулант) да знаете јас Ѓорѓи Илиевски – виш просветен инспектор извршив редовен инспекциски надзор на Универзитетот во Тетово на Правниот Факултет и открив образовен криминал на Арбер Адеми (сега пратеник од ДУИ-тогаш министер за образование и наука), Агим Нухиу( сега заменик министер за правда,тогаш заменик министер за внатрешни работи, кадар на партијата ДУИ) и Сафет Емрули ( директор за индустриска сопственост,кадар на политичката партија на  ДУИ). Напред наведените личности, во период кога им мирува работниот однос,истите незаконито се унапредуваат во наставно-научно звање, истите склучувале интелектуални услуги и незаконито земале хонорари. Управата за финасиска полиција, го истражи случајот и констатира дека ги зеле незаконитите пари и истите ги вратиле. Подетално може да се види во мојата книга ТРУЛЕЖОТ НА СИСТЕМОТ ВО МАКЕДОНИЈА, (побарајте ја има и во електронска верзија. Мемети, ако не можете да ја најдете, ќе ви ја дадам или побарајте ја кај амбасадите во Македонија, ќе ви ја дадат). Неможам да ве наречам господин, затоа што лажете и манипулирате  и го браните образовниот криминал. Вашиот ангажман во партијата ДУИ е ваше право. Но не е право да му се заканувате на заменикот народен правобраните Андоновски, и да му ги одземате задачите од неговата област. Тоа е знак на твоја диктатура, што недоликува на еден Обдусман. Дали ги знаете вашите задачи. ДА, ама задачите на партијата ДУИ. Во декември ви истекува мандатот и нормално е да бидете подлизурко на вашата партија ДУИ. Но за сето ова ќе бидат запознати како македонската исто така и странските институции. Со право се реакциите на Хелшинскиот комитет во Македонија, за вашата работа а во однос на дискриминацијата, од работен однос и други човекови права. Воедно сакам да истакнам дека ако сум од нечие постапување задоволен во врска со мојот случај, тоа е од Заменикот народен правобранител  Јован Андоновски и неговиот стручен соработник ((албанка) кои го водеа мојот предмет. Двајцата беа на висина на својата задача односно професионално и одговорно си ја извршија својата работа. Апсолутно е неточно тврдењето дека Народниот правобранител односно заменикот Андоновски проверувал дали и како лица стекнале наставни или научни звања на Тетовскиот државен универзитет. Од нив побарав да ме заштитат во делот на повреда на моите права од работен однос и да проверат дали и зошто некои државни органи не постапуваат по моите писмени обраќања, нешто што тие и го сторија. Истото го правеа и од Хелшинскиот комитет во Македонија, Транспарент Интернешнл од Македонија. Точно е тоа дека на Заменикот јавен правобранител му вршевте притисоци и заканувања. Знаеме и кој се тие. Но крајот од оваа кариера  ви дојде. За ова деновиве ќе ги известам како што нагласив сите, па и ОПСЕ. Чувствував за потребно вака да реагирам, со цел вистината да излезе на виделина. Овој манипулатор Иџет Мемети кои преку вработените во институцијата беше запознаен со мојот случај не најде за потребно да ме прими или да помогне во случај на евидентна повреда на моите права. Спремен сум да се соочиме на ТВ дуел. Нека се знае вистината, а не лагите Иџете. Од декември ја „Заработивте некоја друга функција од Партијата ДУИ“. „Заслужено“.   ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ-Виш просветен инспектор]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-lagite-i-manipulaciite-na-idzet-memeti/feed/ 0
Критики до Владата затоа што не вработила доволно луѓе кај Иџет Мемети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kritiki-do-vladata-zatoa-shto-ne-vrabotila-dovolno-lugje-kaj-idzet-memeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kritiki-do-vladata-zatoa-shto-ne-vrabotila-dovolno-lugje-kaj-idzet-memeti/#respond Thu, 06 Jun 2019 09:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=205920

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ), во рамки на петтиот циклус од мониторингот, ја обнови својата привремена постапка за времено следење која се применува на две конкретни препораки дадени во извештаите, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Во својот извештај  (објавен на 7 јуни 2016 година) ЕКРИ им препорача на властите да започнат со пополнување на сите слободни работни места во Канцеларијата на Народниот правобранител со цел да обезбеди соодветно ниво на персонал, со оглед на обемот на работа на оваа институција. Во оваа смисла, властите, исто така, требаше да и стават на располагање на Комисијата за заштита од дискриминација персоналот за административна поддршка. ЕКРИ дошло до сознанија дека Министерството за финансии се согласило во 2017 година да пополни 10 слободни работни места во Канцеларијата на Народниот правобранител. Во август 2018 година, од вкупно 142 места во Канцеларијата на Народниот правобранител, како што е предвидено во регулативата за систематизација на јавниот сектор, 79 беа пополнети. Овој сооднос покажува дека и покрај доброто зголемување на бројот на вработени, човечките ресурси на Канцеларијата и понатаму претставуваат сериозна тешкотија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kritiki-do-vladata-zatoa-shto-ne-vrabotila-dovolno-lugje-kaj-idzet-memeti/feed/ 0
Мемети откри фрапантни бројки: Годинава 41 отсто повеќе граѓани се жалат на судството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-otkri-frapantni-brojki-godinava-41-otsto-povekje-gragjani-se-zalat-na-sudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-otkri-frapantni-brojki-godinava-41-otsto-povekje-gragjani-se-zalat-na-sudstvoto/#respond Mon, 10 Dec 2018 14:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=138244

Остварувањето на правата на граѓаните почнува на микро ниво, насекаде околу нас, од домот, семејството, училиштето, работната околина… Тие се местата каде треба да се бараат еднакви права еднакви можности, почитување на достоинството без дискриминација, без тоа тие не можат да се бараат во пошироката заедница или во светот. Треба да се обезбеди независно судство, ослободено од политички, бизнис и лоби влијанија, а во судските постапки да се почитува правото на презумција на невиност и да им се обезбеди правично судење. Ова беа ставовите на дел од учесниците на денешната Конференцијата „70 години од Универзалната декларација за човекови права: Улогата на адвокатите за заштита и унапредување на човековите права“. Народниот правобранител Иџет Мемети истакна дека остварувањето и гарантирањето на правата на граѓаните во Македонија не е на високо ниво и оти и натаму има голема недоверба во институциите и владеењето на правото. Годинава за 41 отсто е зголемен бројот на граѓани кои се жалат на правосудниот систем во споредба со минатата година. Лани на ова се пожалиле 576 граѓани, а годинава таа бројка пораснала на 811. Според Мемети, за 60 проценти повеќе поплаки има за правата од областа на работните односи, за имоти односи за 37 проценти и за детски права, семејно насилство, негрижа за децата … за 25 проценти. -За жал, кај нас во континуитет имаме проблеми токму на полето на независноста на судството и владеењето на правото, што секако делува фрустрирачи за сите, особено за граѓаните кои ја губат правната сигурност и вербата во правично судење. Обврска на власите е да обезбедат услови за непречено функционирање ослободено од секакви партиско-политички стеги. Таму каде почнува политиката, завршува правото, истакна Мемети. Министерката за правда Рената Дескоска вели дека предизвикот на Владата во битката за остварување на правата на граѓаните е уште поголема ако се има предвид, како што рече, дека Македонија штотуку излегла од она што теоријата го нарекува „заробена држава“. -Затоа битката за воспоствување ефикасен систем за заштита на човековите права мора да се води на неколку колосеци, правна реформа, градење институционални капацитети и ефикасни институции кои ќе ја вратат изгубената доверба, и градење политичка култура на кативни граѓани кои си ги знаат човековите права, рече Дескоска. Независноста на судството кон која целиме, додаде таа, преставува столб на човековите права и затоа, потенцира, во таа насока се измените на законите за судови и судски совет, како и следењето на препораките на венецијанската комисија. Независноста и непристапноста на судството од политичките партии, лоби групи, бизнис интереси, судски менаџмент е клучна за обезбедување на правдата и гаранција на правата. Таа додаде и дека остварувањето на правата треба да се почне од микро ниво, од домот, училиштата и работната средина. Дури потоа, рече, може да се бара остварување на правата во пошироката заедница и светот. Преседателот на адвокатската комора на РМ Љубомир Михајловски, која е и организатор на конференцијата, истакна дека заштитата на правата може единствено да се оствари преку овозможување на владеење на правото во државата, нешто што е потенцирано во Универзалната декларација за човековите права. -Човековите права се под опсада низ целиот свет, универзалните вредности се уништуват, владеењето на правото се поткопува, а принципите зацртани во Универзалната декларација се релативни, рече Михајловски. Сите ние, додаде, треба да се залагаме и за сопствените права и за правата на другите тежнеењето кон заштита на човековите права. Американскиот амбасадор Џес Бејли на адвокатите им порача дека со својата функција што ја извршуваат треба да обезбедат дека правата од оваа декларација се повеќе од зборови на хартија, и оти како адвокати на оние кои се соочуваат со обвиненија за кривични дела, треба да обезбедат дека ситемот на правдата ги отелотворува правата вградени во документите. За поголема доверба во правдата и судството, рече, потребно е и отворање на процесите за јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-otkri-frapantni-brojki-godinava-41-otsto-povekje-gragjani-se-zalat-na-sudstvoto/feed/ 0
Мемети: Далеку сме од општество со еднакви можности за сите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-daleku-sme-od-opshtestvo-so-ednakvi-moznosti-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-daleku-sme-od-opshtestvo-so-ednakvi-moznosti-za-site/#respond Thu, 29 Mar 2018 16:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=34282

Сѐ уште се присутни селективната правда и партизираната јавна администрација на централно и локално ниво. Ова е сериозна пречка во остварувањето на правата на граѓаните, лошиот систем на извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани. Социјалната заштита останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик на граѓаните, рече народниот правобранител, Иџет Мемети, презентирајќи го годишниот извештај за степенот на почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи. Според него, голем проблем е и појавата на дискриминација по сите основи, неефикасното судство и обвинителство кои поттикнуваат недоверба кај граѓаните. Минатата година Народниот правобранител почнал 4.185 претставки од кои во 1137 случаи се констатирани повреди на човековите права и слободи. Од овие 1137 случаи, прифатени се 970 интервенции на омбудсманот. -Правната регулатива за јавната администрација, како и партизираната и непрофесионална структура создаваат сериозни проблеми на граѓаните. Утврдени се одредби кои не се применливи и услови кои ни оддалеку не гарантираат стручна, квалитетна и неполитизирана администрација, вели Мемети. Тој смета дека партиските вработувања во администрацијата на локално ниво и натаму се присутни и особено се видливи во непродолжувањето на договорите на определено работно време во образовниот процес. -Ваквата појава особено е карактеристична по изборниот процес, што наведува на заклучок за наградување на партиски лојалните и класична злоупотреба на трудот на претходно ангажираните лица, рече Мемети. Во контекст на ова тој го повика министерот за информатичко општество итно да пристапи кон порадикални промени во овој систем со што ќе обезбеди стручна и ефикасна администрација ослободена од партиски влијанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-daleku-sme-od-opshtestvo-so-ednakvi-moznosti-za-site/feed/ 0
Мемети: Прекршен е законот со приведувањето на пратениците, Спасовски да преземе сè за да се разреши овој случај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-prekrshen-e-zakonot-so-priveduvanjeto-na-pratenicite-spasovski-da-prezeme-se-za-da-se-razreshi-ovoj-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-prekrshen-e-zakonot-so-priveduvanjeto-na-pratenicite-spasovski-da-prezeme-se-za-da-se-razreshi-ovoj-sluchaj/#respond Fri, 29 Dec 2017 11:41:38 +0000 http://kurir.mk/?p=3971

Народниот правобранител Иџет Мемети отворил постапка за случајот со приведувањето на пратениците од ВМРО- ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов, поради тоа што полицијата ги уапсила и ги спровела со лисици на рацете до Кривичниот суд, иако тие се повикале на пратеничкиот имунитет. Мемети очекува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да преземе сѐ за да се разреши овој случај во дисциплинска постапка и ако ја има – по командна одговорност. -Народниот правобранител со должно внимание и сериозност ги разгледа изнесените наводи во претставката, во која изразувате незадоволство спрема судот, обвинителството и полицијата поради пречекорување на нивните овластувања при присилното приведување на пратениците на 28.11.2017 година од страна на полицијата, се вели во известувањето на народниот правобранител испратено до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Со цел испитување на наводите, а заради утврдување на фактичката состојба и расветлување на настанот, согласно одредбата на членот 24 од законот за народниот правобранител, Народниот правобранител од Министерството за внатрешни работи побарал објаснувања, информации и докази за постапувањето на полциските службеници при приведувањето на пратениците на 28.11.2017 година, а особено:
  • Дали приведувањето е извршено врз онсова на судска наредба определена со членот 157 од Законот за кривична постапка.
  • Дали при приведувањето на полициските службеници им биле познати одредбите за пратеничкиот имунитет, а особено одредбата на членот 19 од правилникот за вршење на полцииски работи.
  • Дали при преземањето на дејствијата за приведување е извршен и претрес во домовите на пратениците односно дали претресот е извршен согласно одредбите од член 181 до 204 на законот за кривична постапка.
Народниот правобранител покрај бараните објаснувања информации и докази побарал од МВР доставување на примероци од сите акти поврзани со овој настан, а осовено: наредби за приведување, службени белешки и запосници за извршени претреси во домовите или претрес на лице, записи за утврдување на идентитетот на приведеното лице, потврди за времено одземени предмети и друго. -Едновремено истражувајќи го случајот претставници на Народниот правобранител извршија посета на притворените лица во затворот Скопје. Остварија увид во документацијата и разговор со притворените и службените лица во затворот. Во текот на разговорот притворените лица Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов известија дека при нивното приведување и лишување од слобода на 28.11.2017 година се повикале на пратенички имунитет покажувајки ја пратеничката легитимација но приведувањето и покрај тоа продолжило, односно по полициските дејствија истите со лисици на рацете биле спроведени во Основен суд Скопје 1 Скопје. Постапувајќи по барање на Народниот правобранител МВР со допис известување го извести Народниот правобранител за превземените мерки и применетите полициски овластувања од страна на полициските службеници на СВР Охрид и СВР Скопје констатирајки дека целокупната постапка за вршење претрес, приведување и спровод на пратениците е извршено согласно одредбите од законот за кривичната постапка, а врз основа на предходно издадени наредби од судија на предходна постапка при Основен суд Скопје 1 Скопје, се вели во известувањето на народиот правобранител. Народниот правобранител по разгледување на целокупната документација констатира дека полициските службеници извршиле претрес во домовите на пратениците Жаклина Пешевска, Крсте Мукоски и Љубен Арнаудов врз основа на наредби за претрес на дом издадени од Основниот суд Скопје 1 Скопје одделение за организиран криминал и корупција, а по барање за издавање наредба за претрес на дом поднесена од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Понатаму постапувајќи по наредба за нивно приведување издадено од судија на предходна постапка од 27.11.2017 година, а по предлог за определување мерка притвор поднесен од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, полициските службеници од правосудната полција – МВР на РМ извршиле нивно приведување на 28.11.2017 година при што врз осомничените Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов биле употребувани средства за врзување – лисици. -Народниот правобранител по превземените дјствија констатира дека при приведување на пратениците и нивно лишување од слобода 28.11.2017 година е повредено правото на пратенички имунитет утврден со член 64 од уставон на Р.М и членовите 53-59 од деловникот на собранието на начин што полициските службеници не се придржувале од правните процедури за приведување определени со член 19 од правилникот за начинот на вршење на полициски работи, стои во известувањето. За Народниот правобранител неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на член 19 од правилникот според кој ако лицето кое се приведува се повика на статус кој му дава имунитет полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на исправите со кој се докажува таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник. -Според став 4 од истиот член во случај кога не му е одземен имунитетот и покрај писмената наредба за негово приведување истото нема да се изврши, а надлежниот суд ќе се извести од страна на полицискиот службеник за причините поради кои не е постапено по наредбата. За Народниот правобранител горенаведената констатација е недвосмислена при што го имаше предвид исклучокот од член 19 став 2 од овој правилник според кој приведувањето нема да се прекине ако лицето е затекнато во извршување на кривичното дело за кое е предвидено казна затвор во трање од најмалку 5 години, состојба за која не станува збор во конкретните случаи, се вели во дописот. Од тука со приведување на пратеници кои уживаат имунитет Ксто Мукоски, Љубен Арнаудов и Жаклина Пешевска не е испочитувана ниту една одредба од страна на полицијата и тоа правото на пратенички имунитет, на челото на пресункција на невиност и пратениците со лисици на рацете се приведени во судот каде што по подолг престој се пуштени, а мерката притвор им е изречена по неколку дена одкако во Собранието на Р. М се олдучи за одземање на пратеничкиот имунитет. -Со оглед на ваквата состојба, а притоа имајки ги предвид надлежностите на народниот правобранител Ве известуваме дека за констатираната повреда на правото на пратенички имунитет и постапување спротивно на правилникот за начинот на вршење на полициски работи во кои детално е пропишана процедурата за постапување при примена на полициски овластувања Народниот правобранител ќе ја информира јавноста. Едновремено народниот правобранител од министерот за внатрешни работи достави препорака согласно надлежностите да спроведе целосна постапка за испитување на постапувањето на полциските службеници на 28.11.2017 година и за утврдената одговорност да се санкционираат прекршителите на правата, смета народниот правобранител. Покрај наведеното Народниот правобранител почитувајќи ја независноста и самостојноста на судската власта апелира до судовите при носење на судски одлуки да се почитува правото на имунитет од причина што не е прв пат со судски наредби да се врши повреда на ова право. -Во тој контекст апелира да се води сметка за евентуално постоње на имунитет (пратенички, конзуларен) на осомничено/и лице/лица со што ќе се превенира постапување спротивно на закон или подзаконски акт, а со тоа ќе се зацврсти заложбата за враќање на довербата во владеење на правото и правната сигурност на граѓаните. Известувајки ве за горенаведеното ве информираме дека Народниот правобранител согласно надлежностите го завршува постапувањето по вашата преставка со напомена дека и понатаму ќе продолжи да ја следи состојбата и остварувањето на правата на притворените лица во казнено поправна установа за што има отворено поединечни предмети и согласно надлежностите ќе преземеме мерки за нивна целосна и соодветна заштита, се заклучува во известувањето на Мемети испратено до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memeti-prekrshen-e-zakonot-so-priveduvanjeto-na-pratenicite-spasovski-da-prezeme-se-za-da-se-razreshi-ovoj-sluchaj/feed/ 0