ИФДТ „Игор Маџиров“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Oct 2022 18:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИФДТ „Игор Маџиров“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доделени наградите на првиот ИФДТ „ИГОР МАЏИРОВ“ 2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeleni-nagradite-na-prviot-ifdt-igor-madzirov-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeleni-nagradite-na-prviot-ifdt-igor-madzirov-2022/#respond Tue, 04 Oct 2022 18:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=741079

На 04 октомври 2022, во салонот на Театар за деца и младинци – Скопје и официјално заврши првото издание на Интернацаионалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2022. Стручната жири комисија во состав: Диана Кржаниќ Тепавац, актерка, еатарски педагог и претседател на АСИТЕЖ, Србија во својство на претседател на жирито, заедно со членовите Благој Чоревски, актер и режисерката Драгана Милошевски Попов, главната ГРАН ПРИ награда ја додели на претставата „ТИВКОТО МОМЧЕ“ во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија. Жирито оваа претстава ја гледа како комплетен уметнички чин што храбро отвора чувствителни теми, користејќи внимателно избран театарски јазик, лесно препознатлив и прифатлив од публиката, се наведува во одлуката. Жирито додели и две специјални награди и тоа за претставата „ЖИРАФА“ на театарот „ХОП СИЊОР“ од Атина, Грција за исклучителната креација, изработка, водење и анимација на куклите и за комплетната естетика и театарскиот израз во претставата. „ЖИРАФА“ ја понесе и наградата за НАЈДОБРА СЦЕНОГРАФИЈА, затоа што како што вели жирито, со минимални средства оваа претстава остварува силни визуелни импресии и отвора простор за детската фантазија. Покрај нив, жирито додели уште една СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА на претставата „АВАНТУРИТЕ НА МАЛИОТ ЈУЈУ“, за колективната актерска игра и извонредното користење на сценските елементи направени од природни материјали како и за изведбата и употребата на музичките инструменти во истата. Оваа претстава се закити уште и со Наградата за НАЈДОБРА РЕЖИЈА на Рената Карола Гатица. Наградата за најдобра МАШКА УЛОГА му припадна на актерот МАРКО ХЕРГЕШИЌ, за улогата во претставата „АВАНТУРИТЕ НА БАРОНОТ МИНХАУЗЕН“, на театарот „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб Хрватска, за исклучителната ролја која пленеше со одлична актерска изведба допадлива за секое дете. Истата претстава ја освои и наградата за НАЈДОБРА КОСТИМОГРАФИЈА, на авторката Џениса Пецотиќ. Наградата за НАЈДОБРА ЖЕНСКА УЛОГА ѝ припадна на актерката Јулијана Мирчевска, за улогата на Марика во претставата ЈОВАНЧЕ И МАРИКА, во изведба на театарот „БАБЕЦ“ од Битола. Првото издание на фестивалот „Игор Маџиров“ се одржа од 30. Септември до 4. Октомври 2022 година на кој учествуваа девет претстави од различни земји на Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeleni-nagradite-na-prviot-ifdt-igor-madzirov-2022/feed/ 0
Претставата „Том Соер“ ќе го отвори првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-tom-soer-kje-go-otvori-prvoto-izdanie-na-ifdt-igor-madzirov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-tom-soer-kje-go-otvori-prvoto-izdanie-na-ifdt-igor-madzirov/#respond Fri, 30 Sep 2022 08:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=739397

Со претставата „Том Соер“ во режија на Деан Дамјановски вечер ќе биде отворено првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, во организација на Театар за деца и младинци – Скопје. Во рамки на фестивалот, што ќе трае до 4 октомври, ќе можат да се погледнат девет претстави. Покрај „Том Соер“ на Театарот за деца и младинци – Скопје, ќе бидат изведени „Авантурите на Баронот Минхаузен“ на „Жар птица“ Театарот од Загреб, Хрватска, „Тивкото момче“ на Детскиот театар од Крагуевац, Србија, „Мачката папучарка“ од Градскиот театар на Подгорица, Црна Гора, „Вечерва не сум сама“, во продукција на Албанскиот театар за деца и младинци од Скопје, „Авантурите на малиот Јују“, на Градскиот куклен театар од Ријека, Хрватска, „Јованче и Марика“ на театарот „Битолино“ од Битола, „До границата“ на театарската компанија „Петра“ од Итлија и претставата „Жирафа“ на театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција. На фестивалот, покрај селектираните претстави ќе има и тридневна работилница за кукларство, предводена од режисерот Јакуб Максимов од Чешка. Ќе се одржи и панел дискусија на која ќе има презентација за меѓународната соработка на детските театарски продукции, преку искуствата на српскиот национален центар на меѓународната асоцијација на детски театри „АСИТЕЖ“. Селектор на фестивалот е актерот Владимир Лазовски. Пораката што оваа година ја упатува фестивалот е „Види нови светови, остани дете“, предлог на истакнатиот поет Никола Маџиров, што беше со голема радост прифатен од фестивалската организација. – Упатувам порака до сите деца и родители. Дојдете во Детскиот театар, гледајте претстави и откријте нови светови. За миг побегнете од компјутерската реалност, истакна Изабела Новотни актерка, која е член на Советот на фестивалот. Визуелниот идентитет на годинашното издание е на авторката Јана Андева, а како извршен продуцент се јавува Миодраг Костиќ. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат награди: Гран при најдобра претстава во целина, Награда за најдобра режија, Награда за костимографија, сценографија, музика, Награда за најдобар актер и актерка. За нив ќе одлучува тричлено жири во состав: Диана Крзаниќ Тепавац, актерка и претседател на „АСИТЕЖ“ Србија, Благој Чоревски и режисерката Драгана Милошевски Попов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pretstavata-tom-soer-kje-go-otvori-prvoto-izdanie-na-ifdt-igor-madzirov/feed/ 0