ИФФК „Браќа Манаки“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jul 2022 12:14:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИФФК „Браќа Манаки“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 20 до 27 август во Битола 43. ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-20-do-27-avgust-vo-bitola-43-iffk-brakja-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-20-do-27-avgust-vo-bitola-43-iffk-brakja-manaki/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=707930 braka manaki

Најновото 43-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20 до 27 август во Битола. Ова издание е подолго од претходните две или ќе се одвива вкупно осум дена, соопшти на денешата прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. – Фестивалот ќе изобилува со програми, натпреварувачки, ревијални… Вративме се или речиси се што постоело претходно во фестивалот наспроти околностите, наспроти економската криза во светот, инфлацијата, рече Дамевски, додавајќи дека годинава фестивалот е битолски. Публиката ќе може да погледне 14 играни филмови во натпреварувачката програма, има извонредна селекција, 12 натпреварувачки филмови во кратката програма, годинава се враќа документарната програма, има студентска програма која порано беше регионална, а сега е европска, има кратка програма, има „Мак корнер програма“ на која ќе бидат прикажани сите заинтересирани продуценти кои имаат реализирано македонски филмови кои изминатите две години немале можно тоа да го направат. Дамевски додаде дека годинава има исклучителен добитник на наградата на Фестивалот, сестран кинематографер Ентони Дод Ментл, кој ќе дојде во Битола и ќе ја прими наградата. Селекторот на долгометражната натпреварувачка програма, Слаѓан Пенев информира дека оваа година има 14 филмови или по два-три филма во една вечер или во еден ден во големата сала на Домот на културата. Изрази надеж дека публиката ќе биде задоволна од изборот и оти ќе го оправдаат името и брендот на Фестивалот. Тој не ги откри сите имиња на гостите на Фестивалот. Посочи дека има филмови кои доаѓаат од Канскиот фестивал, од Берлинскиот фестивал, од Венецискиот фестивал, од фестивалот во Карлови Вари, има два македонски филма, тоа се „Мими“ во режија на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески. Селекторот на документарната програма Кумјана Новакова надополни дека фестивалот „Браќа Манаки“ е многу важен за виталноста на нашето општеството, како и многу други културни иницијативи, платформи и фестивали во оваа земја. Фестивалот „Браќа Манаки“ рече дека има најдолго искуство и традиција и со тоа има посебна одговорност да биде простор на промени и простор на креативна храброст. Новакова информира дека 70 отсто од филмовите селектирани во оваа натпреварувачка програма ги потпишуваат жени авторки. Таа не ги откри десетте селектирани филмови и додаде дека во жирито на натпреварувачката документарната програма сите се жени во дух на промените. Марија Апчевска, селектор на кратката програма, рече дека оваа година има 12 филмови кои доаѓаат од целиот свет. Информира дека се работи за филмови кои се снимени од жени, има жени режисерки и има наши, домашни македонски филови. Дел од филмовите веќе биле дел на светски фестивали и се наградувани, од автори кои се етаблирани, како и од кинематографери чие време допрва доаѓа. Ѓорѓи Пулевски информираше за студентската програма „Први чекори“. Посочи дека испратиле покани до скоро сите врвни европски филмски образовни институции и добиле околу 60 филмови, од кои избрале 18 филмови од 17 земји. Интернационално жири ќе ги види филмовите, ќе ги оцени, а победникот првпат ќе добие награда „Кристална камера 300“.]]>
braka manaki

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-20-do-27-avgust-vo-bitola-43-iffk-brakja-manaki/feed/ 0
Ново издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/novo-izdanie-na-iffk-brakja-manaki-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/novo-izdanie-na-iffk-brakja-manaki-vo-bitola/#respond Sat, 19 Sep 2020 07:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=405370

Најновото, 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е во знакот на традицијата, а годинава и со задолжителни мерки за борба против Ковид-19. Во пресрет на вечерашниот централен настан што ќе се одржи во пациото на битолскиот Музеј, од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека на сцената во Битола ќе биде доделена наградата на ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ чиј добитник е режисерот Столе Попов, а за присутната публика ќе биде емитувано видео обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински, како и видео обраќање од ново избраниот претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите-ИМАГО, Кејс Ван Острум. Според протоколот, вечер на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола за големиот културен настан ќе говорат покоровителот на фестивалот, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, градоначалникот на Битола, Наташа Петровска, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/novo-izdanie-na-iffk-brakja-manaki-vo-bitola/feed/ 0
Изложба на дизајни за Кинотеката изработени од Ладислав Цветковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-dizajni-za-kinotekata-izraboteni-od-ladislav-cvetkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-dizajni-za-kinotekata-izraboteni-od-ladislav-cvetkovski/#respond Thu, 26 Dec 2019 07:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=282378

Изложба на дел од дизајни што уметникот Ладислав Цветковски ги изработил за потребите на Кинотеката ќе биде отворена во нејзината галерија вечер од 19 часот, со што ќе бидат одбележани 28 години од соработката на уметникот со оваа институција. Графичкиот дизајнер и визуелен уметник Цветковски, кој е и универзитетски професор, изработил дизајнерски решенија за повеќе од 150 печатени изданија на Кинотеката: плакати, филмски програми, брошури, каталози, други периодични изданија, книги,  ДВД-изданија. Изработил и печатени материјали за ИФФК „Браќа Манаки“, кога Кинотеката беше организатор на фестивалот, како и комплетното брендирање и осмислување на визуелниот идентитет на 70-тиот Конгрес на Меѓународната федерација на филмски архиви (ФИАФ) кој во организација на Кинотеката се одржа во Скопје во 2014 година.  – Речиси три децении постои и се одржува креативната соработка помеѓу Цветковски и оваа институција од културата – почнувајќи од третиот број на  списанието за историја, теорија и и култура на филмот „Кинопис“ во 1991 година, па сè до 56-тото, последно издание на списанието во 2019 година, соопшти Кинотеката за изложбата која ќе може да се посети до 15 јануари 2020. 
Во своето работно искуство Цветковски ги истражува изразните можности на електронските медиуми во уметноста и теоријата на боја, фокусирајќи се на употребата на дигиталната технологија во ликовната уметност.  Во последните неколку години основен ликовен јазик што го користи е социјалниот плакат, преку кој ги коментира актуелните политички случувања.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-na-dizajni-za-kinotekata-izraboteni-od-ladislav-cvetkovski/feed/ 0
На ИФФК „Браќа Манаки“ продолжува натпреварот за „Златна камера 300“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-prodolzuva-natprevarot-za-zlatna-kamera-300/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-prodolzuva-natprevarot-za-zlatna-kamera-300/#respond Wed, 26 Sep 2018 06:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=106039

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ продолжува со проекции на филмовите што конкурираат за „Златна камера 300“, а паралелно се реализираат сите фестивалски програми. Претпладнево во рамки на програмата за деца ќе биде емитуван норвешно-шведскиот филм „Лос Бандо“, а надвор од конкуренција, во текот на денот, ќе бидат емитувани и филмовите „Кратки зборови“ од Турција, „Комик Санс“ од Хрватска и „Завојувана жена“, копродукциски филм на тимови од Исланд, Франција и Украина. Во натпреварот за најдобар краток филм денес ќе учествуваат американскиот филм „Зора“ и грчкиот филм „Лажни вести“, додека пак од селектираните филмови во официјална конкуренција, на филмското платно во големата сала на НУ Центар за култура-Битола ќе бидат емитувани копродукцискиот филм „Фокстрот“ на филмаџии од Израел, Швајцарија, Франција и Германија, а во 22 часот ќе биде емитуван и филмот „Нико 1988“ во италијанско-белгиска копродукција. Според фестивалската програма во текот на денот на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе продолжат работилниците за студенти, како и други отворени содржини како што се балканската конференција на ИМАГО и изложбата посветена на големиот јубилеј – 60 години од премиерата на македонскиот филм „Мис Стон“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-iffk-brakja-manaki-prodolzuva-natprevarot-za-zlatna-kamera-300/feed/ 0