Игор Додик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 17:03:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Игор Додик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД воведоа санкции за ќерката и синот на Милорад Додик и нивните компании https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-vovedoa-sanktsii-za-kerkata-i-sinot-na-milorad-dodik-i-nivnite-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-vovedoa-sanktsii-za-kerkata-i-sinot-na-milorad-dodik-i-nivnite-kompanii/#respond Fri, 20 Oct 2023 17:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891418

САД денеска воведоа санкции за Горица и Игор Додик, ќерката и синот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и фирмите во нивна сопственост. „Игор и Горица Додик се клучен дел од мрежата за поддршка на Додик и ја овозможуваат неговата корупција. Тие земаа јавни средства на Република Српска и граѓаните за сопствено збогатување“, објави американската амбасада во Сараево. Се додава дека поддржале и „дестабилизирачки политики, акции и реторика, кои го оспоруваат и поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, вклучително и нападите врз Дејтонскиот мировен договор и Уставот на Босна и Херцеговина“. Ресторанот „Агапе“ во сопственост на Горица и Ивана Додик, сопругата на Игор Додик, фирмата „Агровоќе“ која се поврзува со Горица Додик, фирмата „Фрут Еко“ која се поврзува со Игор Додик, како и фирмата „Глобал Либерти“, кои се поврзани со Игор и Горица Додик. Министерството за финансии на САД денеска објави дека се воведени санкции за „прорускиот националистички лидер на босанските Срби“, како и за други поединци и ентитети поврзани со него, пренесе Бета. Милорад Додик претходно беше на американската „црна листа“ поради попречување на Дејтонскиот мировен договор. Додик е под санкции и на Велика Британија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-vovedoa-sanktsii-za-kerkata-i-sinot-na-milorad-dodik-i-nivnite-kompanii/feed/ 0