игор ефтимов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Sep 2021 12:56:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игор ефтимов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ефтимов: Овие власти не се способни да направат ниту една реконструкција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-ovie-vlasti-ne-se-sposobni-da-napravat-nitu-edna-rekonstrukcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-ovie-vlasti-ne-se-sposobni-da-napravat-nitu-edna-rekonstrukcija/#respond Thu, 23 Sep 2021 12:56:01 +0000 https://kurir.mk/?p=567350

Раскопаните улици на месец пред изборите е очигледна компензација и популизам за неработењето на СДСМ во изминативе 4 години! Не само жителите на улицата Панче Караѓозов, туку веќе и жителите на улица Личка се жртви на неспособноста на локалните власти, изјави на денешната прес конференција, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ. Tој вели дека иако медиумски се експонираа дека инстантно, за 7 денови улицата Личка е со целосно променет водовод и набрзо ќе биде асфалтирана, сепак во реалноста не е така. - Поради тоа што новата водоводна линија и приклучоците до куќите на жителите се многу плитко поставени, а има и површински црева, кои не се затворени, при асфалтирање на улицата истите пукаат! Односно, и после еден месец, властите ја немаат завршено улицата, па граѓаните се принудени да газат во кал, а од бутната шахта, неколку денови и низ истек од канализација. Лошата изведба резултира со еден месец раскопана улица, нешто кое веќе го гледаме во населбата Автокоманда. Очигледно, овие власти не се способни да направат ниту една едниствена реконструкција, истакна Ефтимов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-ovie-vlasti-ne-se-sposobni-da-napravat-nitu-edna-rekonstrukcija/feed/ 0
Ефтимов: ЈП Исар кое секој месец ги товари граѓаните со високи сметки е еден од најголемите должници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-jp-isar-koe-sekoj-mesec-gi-tovari-gragjanite-so-visoki-smetki-e-eden-od-najgolemite-dolznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-jp-isar-koe-sekoj-mesec-gi-tovari-gragjanite-so-visoki-smetki-e-eden-od-najgolemite-dolznici/#respond Wed, 30 Jun 2021 11:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=529884

Популизмот, СДС го краси со цвеќиња, но го гнаси со огромни долгови кон приватни компании. Кога ќе ја плаќате наредната сметка, за услугите кои ЈП Исар ви ги дало за месецот кој изминал, или кога ќе добиете опомена за неплатена сметка, земете го во предвид следново... ЈП Исар, за потрошената електрична енергија, на компанија која ги снабдувала во изминатиов период, должи 20 милиони денари, изјави на денешната прес конференција, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека истото јавно претпријатие, уште во минат мандат на СДС, се има задолжено во ЕБОР, со кредит во износ од 60 милиони денари и само во периодот кога тие се на власт, тој кредит не се плаќа. - Значи, јавното претпријатие кое секој месец ги товари граѓаните со високи сметки и ниско ниво на услуги, е еден од најголемите должници во градот. Но, истото претпријатие не пропуштило минатата година да потроши околу 6.000.000 денари за цвеќиња и садници. Така, сака да ги сокрие огромните долгови и работата во загуби, или да ја замајува јавноста со провиден популизам, за сметка на цинично трошење на народните пари, додаде Ефтимов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-jp-isar-koe-sekoj-mesec-gi-tovari-gragjanite-so-visoki-smetki-e-eden-od-najgolemite-dolznici/feed/ 0
Ефтимов: Дали, поради блиските релации на Градоначалникот со сопствениците на Баргала, за нив не важат закани со високи платни налози? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-dali-poradi-bliskite-relacii-na-gradonachalnikot-so-sopstvenicite-na-bargala-za-niv-ne-vazat-zakani-so-visoki-platni-nalozi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-dali-poradi-bliskite-relacii-na-gradonachalnikot-so-sopstvenicite-na-bargala-za-niv-ne-vazat-zakani-so-visoki-platni-nalozi/#respond Tue, 13 Apr 2021 13:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=496521

Па ваква негативна селекција нема ни во најголемите авторитарни режими! Деновиве општината спроведува голема акција за дислокација на хаварисани возила, гаражи, шупи, голубарници и слично. Истата, се заканува со вкупна наплата од 250 евра, за оние граѓани кои нема да реагираат соодветно на доставените опомени. Меѓутоа, она што јавноста треба да го знае е дека во близина на фабриката за чевли Баргала има неколку возила кои подолг период се вон употреба, изјави на денешната прес конференција, Игор Ефтимов од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип. - Аналогно на наведената акција за отстранување на возилата и објектите на обичните граѓани, се поставува прашање, дали Градоначалникот ќе го направи истото и за возилата пред Баргала? Дали и сопствениците на овие возила ќе бидат казенти по Законот за јавна чистота? Дали Градоначалникот ја потсети и Баргала дека е забрането поставување подвижни и неподвижни предмети на јавна поввршина? Дали, поради блиските релации на Градоначалникот со сопствениците на Баргала, за нив не важат овие закани со високи платни налози, за дислокација на хаварисаните возила, прашува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-dali-poradi-bliskite-relacii-na-gradonachalnikot-so-sopstvenicite-na-bargala-za-niv-ne-vazat-zakani-so-visoki-platni-nalozi/feed/ 0
Ефтимов: Во првите 100 дена на Сашко Николов не видовме ништо друго туку кич, шминка, реваншизам, партизација, непотизам, класичен популизам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prvite-100-dena-na-sashko-nikolov-ne-vidovme-nishto-drugo-tuku-kich-shminka-revanshizam-partizacija-nepotizam-klasichen-populizam/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prvite-100-dena-na-sashko-nikolov-ne-vidovme-nishto-drugo-tuku-kich-shminka-revanshizam-partizacija-nepotizam-klasichen-populizam/#respond Fri, 02 Apr 2021 13:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=491342

По што ќе ги паметиме првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот Сашко Николов? Највпечатлив беше чочекот, кој целиот изборен штаб, во време на пандемија, го изигра на плоштадот во Штип, а развеселените пирови победници забавата ја продолжија во незаконски отворен угостителски локал, во време на забрана. Стоте дена ќе ги паметиме по единствените презентирани проекти, а тоа се санирана шахта и гипс картонски мост во централното градско подрачје, изјави на денешната прес конференција, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ. - За првите 100 дена може и да му честитаме на Градоначалникот, затоа што призна дека неколку години градот тоне во нечистотија и е затрупан од диви депонии, кое го предизвика по итна постапка да ги промени директорите на јавните претпријатија. Во овој период Градоначалникот беше популарен и со неславната изјава за изучување на бугарски јазик во училиштата, која наликуваше на изјавата дадена од неговиот претходник, со кое докажа дека континуитетот за разнебитување на државата од СДС, активно продолжува, вели тој. - На Градоначалникот не му беа потребни ни 100 дена, за да изврши масовна партизација и „вдомување“ на неговите блиски и финансиери во јавна администрација, за кое може да посведочи секој граѓанин кој деновиве влегол во општината. Може да набројуваме до бесконечно, но суштината е таа. Во првите 100 дена на Сашко Николов не видовме ништо друго туку кич, шминка, реваншизам, партизација, непотизам, класичен популизам. За среќа, кратко ќе трае, додаде Ефтимов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prvite-100-dena-na-sashko-nikolov-ne-vidovme-nishto-drugo-tuku-kich-shminka-revanshizam-partizacija-nepotizam-klasichen-populizam/feed/ 0
Ефтимов: И по 48 часа снегот не е исчистен, граѓани во делови од Штип се уште се заробени поради неисчистени улици и тротоари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-i-po-48-chasa-snegot-ne-e-ischisten-gragjani-vo-delovi-od-shtip-se-ushte-se-zarobeni-poradi-neischisteni-ulici-i-trotoari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-i-po-48-chasa-snegot-ne-e-ischisten-gragjani-vo-delovi-od-shtip-se-ushte-se-zarobeni-poradi-neischisteni-ulici-i-trotoari/#respond Mon, 15 Feb 2021 14:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=469104

Почитуван градоначалник, несомнено, не сте информиран за состојбата во јавните претпријатија! Вашиот претходник, од џебот на граѓаните набави сомнителна соларка, која е амортизирана и стара 20 години, но платена во износ од 40.000 евра. Меѓу другото, очигледно не знаете дека потрошени се и дополнителни 750.000 денари за индустриска сол, за која прашање е дали и каде се употреби, изјави денеска за медиумите Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ. -Истите требаше да „се најдат“ во вакви неприлики, но и после 48 часа излезе на површина слабиот менаџерски капацитет на локалната самоуправа и на јавните претпријатија. Некои од граѓаните сѐ уште се заробени поради неисчистени улици и тротоари, а заради ниските температури допрва ќе сведочиме на останати незгоди, посочи тој. Почитуван градоначалник, Залудно се сликате за социјалните мрежи, сакајќи лажно да прикажете дека работите. Со тоа докажувате дека не сте на ниво на задачата. Граѓаните сами ја увидуваат Вашата неспособност да се справите со снегот. А, дека тоа е така, прошетајте и малку подалеку од централното градско подрачје, проверете каква е состојбата во Шашаварлија, во Пухче, во Лесковица, во Селце, затоа што со статуси и фотографии на социјалните мрежи, не се решаваат вакви сериозни проблеми, додаде Ефтимов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-i-po-48-chasa-snegot-ne-e-ischisten-gragjani-vo-delovi-od-shtip-se-ushte-se-zarobeni-poradi-neischisteni-ulici-i-trotoari/feed/ 0
Ефтимов: Власт практикувана од непрокопсани функционери, резултира со криминал во сите ешалони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-vlast-praktikuvana-od-neprokopsani-funkcioneri-rezultira-so-kriminal-vo-site-eshaloni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-vlast-praktikuvana-od-neprokopsani-funkcioneri-rezultira-so-kriminal-vo-site-eshaloni/#respond Thu, 11 Feb 2021 16:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=467472

Почитувани, Власт практикувана од непрокопсани функционери, резултира со криминал во сите ешалони, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ Штип. -Таков пример дава и жената на висок функционер од СДС, која неколку години вешто ја оштетувала сметката на Клиничката болница. Почитувајќи ја презумпцијата на невиност, прашуваме: Дали Главна сестра на Одделението за Физикална терапија во Клиничка болница-Штип во 2017 и 2018 година, направила разлика меѓу фискалниот пазар и благајна во износ од 95.000 и 496.000 денари, соодветно? Дали Јавното обвинителство и МВР веќе имаат отворено предмет за овој случај? Дали криењето на овој криминал, направен од жена на највисок функционер на СДС во Штип, значи и забошотување на истиот?, прашува Ефтимов. Тој додава дека инсистираме да се произнесат сите инволвирани страни, а институциите тековно да ја известуваат јавноста за развојот на овој бесрамен криминал!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-vlast-praktikuvana-od-neprokopsani-funkcioneri-rezultira-so-kriminal-vo-site-eshaloni/feed/ 0
Ефтимов: Болната желба на властодршците за функции, позиции и работни места во јавниот сектор во Штип не престанува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-bolnata-zelba-na-vlastodrshcite-za-funkcii-pozicii-i-rabotni-mesta-vo-javniot-sektor-vo-shtip-ne-prestanuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-bolnata-zelba-na-vlastodrshcite-za-funkcii-pozicii-i-rabotni-mesta-vo-javniot-sektor-vo-shtip-ne-prestanuva/#respond Mon, 30 Nov 2020 13:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=436338

Болната желба на властодршците за функции, позиции и работни места во јавниот сектор, не престанува, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип. -Пример за такво однесување и непотизам во редовите на СДС е неодамнешната промена во статусот на претседателката на Советот на Општина Штип. Непотизмот во таа фамилија е до степен, таа од функција на претседателка во Совет на Општина Штип да си го вработи сопругот во претпријатие основано токму од таа општина. Но, претседателката, очигледно не беше задоволна со добиеното. Па затоа, од неодамна е Раководителка во една од најдобро платените институции во државата - Централен регистар. Значи, во моментов претседателката на Советот зема приходи од најмалку 3 места, вели Ефтимов. Тој додава дека ова е само најнов пример за тоа како се однесуваат властите. Очигледно е дека независно дали има или нема избори, за високите функционери на власта има и работни места, но за обичните граѓани не можат да се набават ниту боци за кислород. -Се прашуваме, што ќе каже на ова, Државната комисија за спречување на корупцијата, граѓаните кои останаа без работни места и компаниите кои ставаат клуч поради пандемијата, потенцира Ефтимов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-bolnata-zelba-na-vlastodrshcite-za-funkcii-pozicii-i-rabotni-mesta-vo-javniot-sektor-vo-shtip-ne-prestanuva/feed/ 0
Ефтимов: СДСМ ги остави Штипјани без вода во ек на пандемија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-sdsm-gi-ostavi-shtipjani-bez-voda-vo-ek-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-sdsm-gi-ostavi-shtipjani-bez-voda-vo-ek-na-pandemija/#respond Sat, 07 Nov 2020 15:36:17 +0000 https://kurir.mk/?p=426276

Па вие едно јавно претпријатие не можете да водите, а не цел град! Вие три од вкупно седум денови во ноември, Штипјани ги оставивте без вода, а не да направите нова филтер станица! Рече на денешната прес-конференција Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ. -Вие во ек на пандемија не можете да обезбедите цистерни за критичните населени места, а не да обезбедите технички чиста вода за пиење како што ветувавте пред изборите! Вие два цели дена Штип го оставивте без вода, а ги манипулирате граѓаните да излезат на гласање и да ви веруваат на овие локални избори. Дали знаете дека има луѓе позитивни на КОВИД-19 и такви во изолација, стари и неподвижни лица, лица во социјален ризик и други категории кои ниту имаат можност, ниту средства да си обезбедат вода за домаќинствата? Кој се грижи за нив? Праша Ефтимов. Затоа бараме ОСТАВКА од директорот на ЈП Исар! Не е способен да отстрани еден дефект, а камоли да реши погорливи проблеми за граѓаните на Општина Штип, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-sdsm-gi-ostavi-shtipjani-bez-voda-vo-ek-na-pandemija/feed/ 0
Ефтимов: Поради неодговорноста на СДСМ, граѓаните на Штип оваа година останале без вода 44 пати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-poradi-neodgovornosta-na-sdsm-gragjanite-na-shtip-ovaa-godina-ostanale-bez-voda-44-pati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-poradi-neodgovornosta-na-sdsm-gragjanite-na-shtip-ovaa-godina-ostanale-bez-voda-44-pati/#respond Tue, 03 Nov 2020 16:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=424431

Оваа година ќе ја запаметиме не само по појавата на вирусот КОВИД-19, туку и по негрижата на ЈП Исар за граѓаните на Општина Штип, изјави денеска за медиумите, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ. - Од направената анализа се утврдува дека во месец септември граѓаните останале без вода седум пати. Во летниот месец јуни дури и осум пати. А, во празничниoт јануари повторно седум пати. Ако ги собереме наведените бројки со останатите денови кога граѓаните биле без вода, добиваме дека Штип оваа година, до сега бил неверојатни 44 пати со рестрикции на основниот ресурс, истакна тој. - Кога на ова несовесно однесување ќе се додаде и пандемијата која единствен начин на заштита го сугерира миењето на раце, ни станува јасно колку ЈП Исар е посветен на општото здравје. Катастрофалната состојба во ЈП Исар посебно се истакнува, поради јасно видливата неспособност да се справат со основните дејности, кои се во неговата надлежност. Меѓутоа, оставањето на граѓаните без вода за пиење во пикот на пандемијата, не само што е страшно и опасно, туку може да придонесе и кон појавување на некоја друга исто така заразна болест, заклучи Ефтимов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eftimov-poradi-neodgovornosta-na-sdsm-gragjanite-na-shtip-ovaa-godina-ostanale-bez-voda-44-pati/feed/ 0
Ефтимов: СДСМ поради лажни ветувања од Штип треба да си оди и тоа со првиот превоз, а тоа се брзите локални избори https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/eftimov-sdsm-poradi-lazni-vetuvanja-od-shtip-treba-da-si-odi-i-toa-so-prviot-prevoz-a-toa-se-brzite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/eftimov-sdsm-poradi-lazni-vetuvanja-od-shtip-treba-da-si-odi-i-toa-so-prviot-prevoz-a-toa-se-brzite-lokalni-izbori/#respond Thu, 29 Oct 2020 13:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=422166

Како и другите лаги, така се обелодени и лагата за ефикасен јавен превоз. СДСМ ветуваше, но како и се друго така и јавниот превоз остана неисполнета желба на прелажаните граѓани, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип. -Меѓутоа кога веќе сме на нови локални избори и кога граѓаните бараат отчет за сработеното за овие три години, локалната самоуправа е должна да одговори. Кога се стави во функција јавниот превоз на патници во Општината Штип? Дали кога замина Бочварски, замина и ветувањето за општински линински превоз? Со кој образ оваа локална самоуправа ќе се појави пред излажаните гласачи во населбите Баби, Три Чешми, Железничка, Балканска и другите оддалечени места? Дали и на овие избори, СДСМ повторно ќе бара гласови со лажни ветувања, кои, ете гледаме дека не се способни да ги исполнат?, прашува Ефтимов. Тој додава дека кои и да се одговорите на овие прашања, јасно е дека ниту се среди сообраќајниот хаос, ниту се изградија катни гаражи, а најмалку се обезбеди евтин и еколошки превоз за граѓаните и студентите. Оваа локална власт треба да има одговорност за измама. Време е да си оди и тоа со првиот превоз, а тоа се брзите локални избори!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/eftimov-sdsm-poradi-lazni-vetuvanja-od-shtip-treba-da-si-odi-i-toa-so-prviot-prevoz-a-toa-se-brzite-lokalni-izbori/feed/ 0