Игор Клименко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 16:12:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Игор Клименко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клименко: Русија го изведе најголемиот напад во оваа година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/#respond Wed, 01 Nov 2023 16:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895454

Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека Русија гранатирала повеќе од 100 населени места во изминатите 24 часа, повеќе од кој било друг ден оваа година. Руските сили истрелаа милиони гранати врз украинските градови и села долж линијата на фронтот откако ја започнаа офанзивата минатиот февруари, со што многу места во источна Украина станаа урнатини. -Во последните 24 часа непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број на градови и села кои се нападнати од почетокот на годината, напиша Клименко на социјалните мрежи. Тој извести и за руски напад врз нафтена рафинерија во Кременчук, индустриски град во централниот дел на земјата. -Немаше жртви, но беа потребни неколку часа речиси 100 пожарникари да го изгаснат пожарот, рече Клименко. Киев и Западот стравуваат дека Русија ќе ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина пред студената зима, како што направи Москва минатата година. Во текот на ноќта при гранатирање загина едно лице во североисточниот регион Харков и едно во јужниот регион Херсон, соопштија локалните власти. Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека собориле 18 од 20-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека руското Министерство за одбрана информира дека собориле две украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск, кои граничат со Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-rusija-go-izvede-najgolemiot-napad-vo-ovaa-godina/feed/ 0
Клименко: Најмалку двајца загинати при руски напад врз Краматорск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-najmalku-dvajtsa-zaginati-pri-ruski-napad-vrz-kramatorsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-najmalku-dvajtsa-zaginati-pri-ruski-napad-vrz-kramatorsk/#respond Tue, 27 Jun 2023 20:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=850277

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во денешниот руски ракетен напад што погоди ресторан во Краматорск, источна Украина, соопшти министерот за внатрешни работи Игор Клименко. Тој додаде дека во нападот оштетени се еден ресторан и неколку куќи. Клименко наведе дека е можно под урнатините да има уште жртви. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimenko-najmalku-dvajtsa-zaginati-pri-ruski-napad-vrz-kramatorsk/feed/ 0
Игор Клименко ќе ја врши должноста министер за внатрешни работи на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/igor-klimenko-ke-ja-vrshi-dolzhnosta-minister-za-vnatreshni-raboti-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/igor-klimenko-ke-ja-vrshi-dolzhnosta-minister-za-vnatreshni-raboti-na-ukraina/#respond Wed, 18 Jan 2023 15:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=789025

Украинската Влада денеска го именуваше шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко, за заменик-министер за внатрешни работи и му ги довери овластувањата за вршител на должноста министер за внатрешни работи, соопшти украинскиот премиер, Денис Шмигал. Назначувањето на Клименко беше објавено само неколку часа откако украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирск, загина при пад на хеликоптер во близина на Киев Шмигал изјави дека Клименко официјално е назначен за заменик-министер за внатрешни работи, но и оти ќе ги извршува министерските должности. Во хеликоптерска несреќа во близина на Киев загинаа 18 лица, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи и три деца. Шефот на киевската област, Алексиј Кулеба, изјави дека 29 лица се повредени, меѓу кои 15 деца.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/igor-klimenko-ke-ja-vrshi-dolzhnosta-minister-za-vnatreshni-raboti-na-ukraina/feed/ 0