Игор Коруноски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 09:28:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Игор Коруноски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДАЛИ ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТРАНСПОРТ ЌЕ БИДЕ ПОГУБНА ЗА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-liberalizatsijata-na-zheleznichkiot-transport-ke-bide-pogubna-za-makedonski-zheleznitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-liberalizatsijata-na-zheleznichkiot-transport-ke-bide-pogubna-za-makedonski-zheleznitsi/#respond Mon, 17 Jul 2023 09:28:24 +0000 https://kurir.mk/?p=857329

Деновиве во собраниска процедура влезе предлог законот за измени и дополнување на Законот за железнички систем, а со тоа и официјално започна процесот на либерализација на железничкиот транспорт во нашата држава. Уште во 2017 година тогашниот министер за транспорт и врски Сугарески, со потпишувањето на договорот за пристапување на Македонија во европската транспортна заедница, де факто ја започна либерализацијата на железничкиот транспорт. Со тоа, Македонија превзеде обврска да го усогласи националното законодавство со европското законодавство од областа на железничкиот транспорт, односно да го отвори железничкиот пазар. Тогаш недостасуваа одговори, дали пред да се потпише тој договор, Сугарески и Владата имале анализи и знаеле што би значело тоа за железниците во Македонија? Ако имале, сигурно требало да имаат план и стратегија како да ги подготват двете државни претпријатија за побезболно и поподготвено го дочекаат овој момент. Кога се мисли на подготовка, се мисли на инвестиции за набавка на нови локомотиви, возови, вагони, ремонтирање на постоечките, ремонтирање на пругите, структурно-организациски реформи итн. После 6 години од потпишувањето на тој договор, не видовме сериозни активности и реформи во тој дел, а во собраниска процедура веќе е поднесен законот, со кој и официјално ќе се отвори железничкиот пазар. Зошто во овие 6 години не се направи апсолутно ништо за да се подготват двете железнички државни претпријатија, спремно да ја дочекаат конкуренцијата на пазарот? Дали намерно и не се вложуваше во истите за овие 6 години, со што денес во вакви услови отворањето на пазарот би било погубно за македонски железници и за над 2000 вработени, кои патем не по нивна вина ќе бидат доведени во ситуација да стравуваат за нивните работни места? Нови оператори ќе се појават само во товарниот транспорт, бидејќи таму се приходите, патничкиот транспорт засега не е интересен за операторите, така да патниците нема да видат некој бенефит од овој процес. Ако не се подготват претпријатијата, приходите посебно во делот на товарниот транспорт сериозно ќе се намалат, а тоа ќе значи дополнителни финансиски проблеми и отпуштања од работа. Да се разбереме, никој не е против конкуренција, всушност конкуренцијата е здрава работа и треба да ја има. Но, имаше доволно време да се посвети внимание на железниците, да се превземат чекори и реформи за да истите бидат спремни за конкуренција.  Отворањето на пазарот во железничкиот транспорт носи предности, но носи и сериозни предизвици и ризици. Либерализацијата треба да придонесе за подобра ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на железничкиот транспорт, но и зајакнување на конкуренцијата. Тоа ќе значи силна конкуренција за единствениот железнички оператор МЖ Транспорт АД, но и сериозни обврски за управителот со железничка инфраструктура ЈП МЖ Инфраструктура. Да се надеваме дека државата има план и дека ваквите процеси нема да остават сериозни последици. Колумна на М-р Игор Коруноски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-liberalizatsijata-na-zheleznichkiot-transport-ke-bide-pogubna-za-makedonski-zheleznitsi/feed/ 0
Коруноски: Имаме целосно нефункционални пруги и застарен железнички сообраќај, државата мора постојано да инвестира во железничкиот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/#respond Fri, 07 Apr 2023 10:22:13 +0000 https://kurir.mk/?p=821425

Дали сме изградиле километар плус железничка делница, нова за разлика од она што претходно е изградено? Одговорот е не. Одговорот е поразителен за сите нас кои што живееме и создаваме во онаа држава. Ако нашите предци успевале во такви тешки времиња да градат пруги, да шират железничка мрежа, за жал ние во овој изминат период на независна и самостојна држава не можеме да се пофалиме со тоа, вели Игор Коруноски „150 години железници во Македонија 1873-2023" во организација на Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. Коруноски посочи дека наместо да се градат нови железнички пруги и да се инвестира, државата дозволила и постоечките да се запуштат и државата денеска да има целосно запуштени и нефункционални пруги, застарени возови, доцнење на возовите, како и лоши услови за корисниците на железничкиот сообраќај. Напротив не само што не изградивме нови железнички делници, ние дозволивме и постоечките да ги запуштиме и да имаме нефункционални пруги. Имаме запуштени нефункционални пруги, неискористени пруги, имаме застарен возен железнички парк, имаме маратонски доцнења на возовите, имаме многу лоши железнички услуги за нашите корисници, рече тој. Коруноски потенцираше дека за разлика од Македонија, во соседна Србија постојано се инвестира во железничкиот сообраќај, и ако претходно можело да се патува со воз до Солун, денеска граѓаните на Македонија го немаат тоа задоволство. Да погледнеме во Република Србија како наша соседна држава од каде што добиваме постојано нови информации за нови проекти во железницата, за набавка на брзи возови, за скратување на времето на патување, за интегрирање на железничкиот систем во транспортната железница на ЕУ. За жал, ние во овој момент после 150 години можеме да констатираме едно, а тоа е дека Македонија е слепо црево на Балканот во делот на железничкиот сектор. Замислете ако пред 150 години можело да се патува со воз до Солун, денеска во 21 век ние граѓаните на Република Македонија го немам тоа задоволство, истакна тој. Според Коруноски потребно е да се направи државна стратегија за развој на железниците, а како што рече таа стратегија треба да обезбеди стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока. Денес ние имаме железничка пруга и возови кои што се движат на релација Скопје Велес со 20 километри на час. Ова е поразително за сите нас. Ние сите кои што овие 32 години работиме во овој сектор и создаваме нови македонски железници. Прашањето е како да ги подобриме овие ситуации и како до стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железничките услуги. Одговорот на ова прашање го темелам на консензус на создавање на државна стратегија за развој на железниците. Ние ако сакаме да останеме во оваа држава и да живееме тука, мораме да се надминеме себе си и да ги засукаме ракавите и да тргнеме од некаде, кажа тој. Таа стратегија би требало да ги даде придобивките на стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока, истакна Коруноски. Вели дека државата мора да сфати дека континуирано мора да помага на железничкиот сектор и да се фокусира во суштинските проекти во делот на изградба на пруги, ремонт на постоечките пруги, како и набавка на нови и современи возови, локомотиви но и ремонт на постоечките. Мора државата да сфати дека континуирано треба да го помага железничкиот сектор, да не се користи железницата како место за непродуктивни вработувања. Напротив треба да се фокусираат кои се оние суштински проекти кои треба да се направат во делот на изградба на пруги, ремонти на постоечки пруги, набавка на нови и современи возови, локомотиви и ремонт на постоечките. Се разбира за тоа се потребни и во човечки и во финансиски ресурси кои што државата мора да ги оддели, ако сакаме современ и модерен железнички сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-imame-tselosno-nefunktsionalni-prugi-i-zastaren-zheleznichki-soobrakaj-drzhavata-mora-postojano-da-investira-vo-zheleznichkiot-sektor/feed/ 0
Коруноски: Дали по 150 години Македонија јубилејот на железницата ќе го дочека без возови? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=768158

Колумна на Игор Коруноски, м-р по технички науки:  Железничкиот сообраќај на територијата на Р. Македонија се одвива од далечната 1873 година. Следнава 2023 година ќе одбележиме јубилеј, 150 години железници во Македонија, односно 150 години од пуштањето на пругата Солун – Скопје и воспоставување на железнички сообраќај во Македонија. Железницата низ историјата во одредени временски периоди одиграла клучна улога во формирањето, градењето и развојот на македонската држава. Така на пример за време на втората светска војна железницата и железничките работници имале активно учество во ослободителното движење на Македонија, а подоцна и во економскиот развој на државата. Во тоа тешко време всушност се направени и најголемите чекори за изградба на железничка мрежа во Р. Македонија. Во тој период во 1926 година е изградена пругата Велес – Кочани, во 1931 година Прилеп – Битола, во 1936 година Велес – Прилеп, во 1952 година Скопје – Гостивар, во 1956 година Куманово – Бељаковце, во 1957 година Бакарно гумно – Сапотница, во 1969 год. Гостивар – Кичево со крак Зајас – тајмиште и последно во 1981 година скопскиот железнички јазол и новата патничка станица Скопје. Но сега сме на крајот од 2022 година. Време на нови предизвици и нови околности. Денес Република Македонија веќе 31 година е самостојна, независна држава. Се поставува прашањето: Што ние како нови генерации кои работиме и создаваме во слободна, независна, самостојна држава, успеавме да направиме за подобрување и унапредување на железничкиот сообраќај во Р. Македонија? Дали изградивме километар плус нова пруга од онаа што ја изградиле нашите предци? Одговорот е не. Реалноста е сурова и поразителна за сите нас. Нашите предци во многу потешки услови од сегашниве успеале да градат железничка мрежа, а ние не само што не изградивме нови пруги, туку дозволивме и постоечките да ги уништиме. И за тоа виновникот не треба да го бараме од надвор, виновни сме сите ние кои живееме, работиме и создаваме во оваа држава. Денес во 21 век имаме руинирани нефункционални пруги, застарен возен парк, маратонско доцнење на возовите, укинати железнички линии без меѓународно железничко поврзување. Денес сме слепо црево на балканот. Наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Замислете пред 150 години можело да се патува со воз од Скопје до Солун, а сега во 21 век тоа е невозможно. Од друга страна да не одиме подалеку, да видиме како соседните држави напредуваат во железничкиот сектор. Еве на пример во соседна Србија, постојано слушаме за нови проекти во железницата, за изградба на брзи пруги, набавки на брзи возови, скратување на времето на патување, подобрување на железничките услуги, интегрирање со железничка Европа итн. Додека тие одат напред, ние стоиме во место. Како да се подобри оваа ситуација во интерес на стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железнички услуги? Како до современи, квалитени и ефикасни македонски железници? Ако сакаме да останеме и живееме во оваа наша Македонија мораме да се надминеме себеси, да ги засукаме ракавите и да тргнеме од негде. Ваквата коматозна состојба не нè води кон прогрес. За континуиран развој на железничкиот сообраќај и подобрување на железничките услуги, потребен е консензус за изработка на државна стратегија за развој на железничкиот сообраќај во Р. Македонија. Стратегија од која нема да има отстапување, без разлика кој е на позиција да одлучува за иднината на државата. Потребно е отворање на широка дебата на која стручни лица ќе дадат препораки за подготвување државна стратегија која ќе обезбеди ефикасен и сигурен железнички систем за превоз на патници и стока. Развојот на железницата е значаен и има директно и индиректно влијание на економскиот развој на Р. Македонија. Зголемена безбедност, зголемен квалитет на сообраќајните услуги, интеграција во транспортниот систем на Европска унија, економски раст низ ефикасен и евтин транспорт и заштита на животната средина се придобивки кои треба да бидат резултат на таа стратегија. Во таа дебата со свои идеи и предлози секако потребно е да се вклучи и бизнис секторот како крајни корисници на железничките услуги. Целта на ЕУ е единствен транспортен пазар на кој нема да постојат граници за железничките оператори. Железницата е еден од најсложените инфраструктурни системи, нејзиното значење треба да го сфатат сите оние кои одлучуваат за иднината на оваа држава и да се има волја за нејзино помагање. Но за тоа се потребни стручни лица кои ќе имаат можности да носат вистински одлуки без мешање на политиката. Неопходна е подобра организација на работите во која главен адут се човековите ресурси. Потребни се млади стручни кадри кои ќе го превземат товарот и со истите идеали како нивните предци, кои ги граделе пругите, ќе одат напред кон модерни и современи македонски железници, затоа што македонските граѓани го заслужуваат тоа.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/korunoski-dali-po-150-godini-makedonija-jubilejot-na-zeleznicata-kje-go-docheka-bez-vozovi/feed/ 0