игор маџиров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Feb 2022 08:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игор маџиров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕЌАВАЊЕ: 22 години од смртта на македонскиот актер Игор Маџиров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-22-godini-od-smrtta-na-makedonskiot-akter-igor-madzirov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-22-godini-od-smrtta-na-makedonskiot-akter-igor-madzirov/#respond Sun, 20 Feb 2022 08:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=633768

На денешен ден, пред 22 години во Скопје почина Игор Маџиров, познат македонски актер. Тој беше еден од најдобрите актери во Македонија, најпознат по улогите во серијалот „Во светот на бајките“. Меѓу 60-ина кандидати режисерот Милчо Манчевски му ја доделил улогата на Естој во најнаградуваниот македонски филм „Пред дождот“, кандидат за највисоката холивудска филмска награда Оскар. Јавноста го памети Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, а првата улога како седумгодишно дете ја добил во филмскиот серијал „Белото циганче“. Маџиров остана запаметен по многубројните улоги одиграни во Театарот за деца и младинци, по легендарната серија „Во светот на бајките“ и по неколкуте улоги во „Македонските народни приказни“. Сепак најмногу го поистоветуваа и препознаваа по улогата на Могли – детето од џунглата. Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и млади беше последна за него, кога својата улога ја одиграл само осум часа пред неговата смрт. Во Театарот за деца и младинци во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одиграл над 500 претстави. Роден е во 1970 година во Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sekjavanje-22-godini-od-smrtta-na-makedonskiot-akter-igor-madzirov/feed/ 0
ВЕЌЕ НИШТО НЕ Е ИСТО: Златното момче од „Светот на бајките“ замина во легендите по само 8 часа откако ја одигра последната претстава (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vekje-nishto-ne-e-isto-zlatnoto-momche-od-svetot-na-bajkite-zamina-vo-legendite-po-samo-8-chasa-otkako-ja-odigra-poslednata-pretstava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vekje-nishto-ne-e-isto-zlatnoto-momche-od-svetot-na-bajkite-zamina-vo-legendite-po-samo-8-chasa-otkako-ja-odigra-poslednata-pretstava-foto/#respond Fri, 21 Feb 2020 09:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=306815

На вчерашен ден пред точно 20 години во легендите замина чудесното црвенокосо момче од светот на бајките кое ги освојуваше срцана на сите деца во минатото. -Тажни и празни 20 години без Игор!   ✝️ (1969 – 20 февруари 2000) Денес се навршуваат 20 години од смртта на златното чудесно црвенокосо момче од светот на бајките кое преку своите улоги во истата серија, приказните и други детски тв серии и претстави ги освои срцата на гледачите! Малиот Петар, Рувен, принцот, могли - детето од џунглата и безброј други улоги кои останаа врежани во сеќавањата на најмладите за кои тој најмногу твореше! Секогаш топлото и насмеано лице на Игор кое ветуваше многу како иден актер, трагично го напушти овој свет во триесет и првата година од неговиот живот! Само по 8 часа од одигрувањето на неговата последна претстава "Убавицата и Ѕверот" згасна младиот живот на Игор! Сцената без него не е иста! Младата публика остана без својот принц од бајките! Игор е брат на светскиот, а наш познат македонски музичар Зоран Маџиров кој во сообраќајна несреќа го загуби својот животот на 9 Мај, 2017 година. Игор Маџиров останува запаметен и по една легендарна сцена со Раде Шербеџија во филмот Пред дождот на Милчо Манчевски. Нека му е вечна слава и Бог да го прости! Текст: Горан Марковски, стои во посотот на Фејсбук фан страната на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vekje-nishto-ne-e-isto-zlatnoto-momche-od-svetot-na-bajkite-zamina-vo-legendite-po-samo-8-chasa-otkako-ja-odigra-poslednata-pretstava-foto/feed/ 0