игор николов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Aug 2023 10:57:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png игор николов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николов: Пациентите купуваат обични лекови во Косово и Србија, а СДСМ и ДУИ дојдоа на власт со ветување дека ќе донесат модерни лекови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-patsientite-kupuvaat-obichni-lekovi-vo-kosovo-i-srbija-a-sdsm-i-dui-dojdoa-na-vlast-so-vetuvane-deka-ke-donesat-moderni-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-patsientite-kupuvaat-obichni-lekovi-vo-kosovo-i-srbija-a-sdsm-i-dui-dojdoa-na-vlast-so-vetuvane-deka-ke-donesat-moderni-lekovi/#respond Sun, 06 Aug 2023 10:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=863872

Додека секојдневно слушаме во медиумите дека недостасуваат лекови за различни категории пациенти, надлежните институции кои најмалку 10 пати објавија дека формирале Комисија за позитивна листа, сепак во пракса нема доволно ниту основни лекови, а камоли па нови и модерни лекови на позитивна листа, изјави на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека власта ги заборавила клучните предизборни ветувања меѓу кои лек во секое време за секој пациент и нови квалитетни лекови, сокривајќи се зад европски стандарди, заборави на пациентите, нивниот третман и ветувањата дадени кон нив. -Во оваа прилика сакам да потенцирам дека најавената ревизија на позитивна листа и формираната комисија за позитивна листа - истото како парцијално решение не може да даде најдобар ефект за граѓаните и здравствениот систем и со тоа не може да се обезбеди објективно и реално одлучување базирано на докази, без добро системско уредување. Со цел транспарентност во овој процес од надлежните институции бараме да одговорат: Прво, дали законски надлежната институција Агенција за лекови воопшто има податоци за целокупната потрошувачка на лекови во државата? Второ, зошто од Агенција за лекови и министерство за здравство со години нема ниту еден национален официјален податок и извештај за тоа со што отворено прашање е на кој начин и врз основа на што би се оценувале и проценувале потребите на пациентите во Македонија? Трето, дали министерството за здравство ги има во предвид протоколите за лекување според начелата на медицина базирана на докази кои не се ажурирани со години? Четврто, имајќи во предвид низа недостатоци во здравствениот систем, дали може да се очекува објективно одлучување и реална ревизија на позитивната листа? Во оваа прилика сакам да упатам порака да не се импровизира со решенија во здравствениот систем зашто на крај цената ја плаќаат граѓаните, односно сите ние, посебно ако се земе во предвид дека впечатокот во стручната јавност е дека понуденото решение е парцијално што може да е во интерес на одредени центри на моќ. Повеќе од јасно е, може да се кријат позади ЕУ стандардите колку сакаат, но од ефектите од неработењето и негрижата за пациентите не можат да се сокријат. Недозволиво е пациентите да се лекуваат со лекови на позитивната листа кои се од 1995 година. Не може да се дозволи за дијабетичарите да нема ленти, да нема квалитетни лекови и 7 месеци да се оставени на милост и немилост. Не можеме да дозволиме за болните од цистична фиброза да го нема веќе неколку месеци и лекот Креон, веќе познатата Трикафта исто ја нема за сите болни, со што директно се крши начелото на еднаквост. Дојдоа на власт со ветување дека ќе донесат модерни и современи лекови, а денеска пациентите купуваат обични лекови во Косово и Србија. Затоа потребно е итно рестартирање на здравствениот систем и оваа Влада да замине час поскоро, нагласи Николов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-patsientite-kupuvaat-obichni-lekovi-vo-kosovo-i-srbija-a-sdsm-i-dui-dojdoa-na-vlast-so-vetuvane-deka-ke-donesat-moderni-lekovi/feed/ 0
Николов: Наместо нова и модерна позитивна листа, од министерството за здравство по десетти пат најавуваат формирање нова Комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-namesto-nova-i-moderna-pozitivna-lista-od-ministerstvoto-za-zdravstvo-po-desetti-pat-najavuvaat-formirane-nova-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-namesto-nova-i-moderna-pozitivna-lista-od-ministerstvoto-za-zdravstvo-po-desetti-pat-najavuvaat-formirane-nova-komisija/#respond Sat, 05 Aug 2023 09:46:54 +0000 https://kurir.mk/?p=863617

Наместо нова и модерна позитивна листа на лекови деновиве четвртиот министер за здравство во Владата на СДСМ и ДУИ триумфално објави дека има датум за нова Комисија за позитивна листа, истакна на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Николов: Едно е јасно, за 7 години, оваа Влада целосно изгуби допир со реалноста. Наместо да ја замајуваат јавноста, надлежните треба да се фатат за работа и да го почитуваат начелото на транспарентност за кое што очигледно не се многу заинтересирани. Во меѓувреме, целосно ги заборавија ветувањата кои ги дадоа, а се однесуваат на лековите, и тоа, редовно ажурирање на нова позитивна листа, лек во секое време за секој пациент, редовна набавка на квалитетни лекови за 44 000 инсулинско-зависни пациенти. Устите им се полни со ЕУ и европски вредности, но на дело нема ништо. ЕУ има директива (89/105) која се однесува на транспарентност на мерките за регулирање на цените на лекови. Оттука прашуваме: Прво, дали Комисијата ја почитува ЕУ директиравата за јасна и транспарентна постапка за формирање на цени на лекови? Второ, Дали Министерството за здравство има комисија за формирање на цени на лекови? Врз основа на кои анализи ќе се носат одлуки? Трето, зошто наместо експерти од разни области, како што предвидува законот, има членови од иста област иако законот предвидува од различна област од медицината? Четврто, дали ќе се вклучат здруженија на пациенти во овој процес? Петто, кога може да се очекува нова модерна листа или само се замајува јавноста со цел да се прикаже дека нешто се работи? Шесто, зошто се доцнеше 7 години со формирањето на комисијата за позитивна листа? Одговорот на сите овие прашања може да се претпостави. Во стручната јавност впечатокот е дека ова е парцијално решение кое што може да е во интерес на одредени центри на моќ. Повторно се кријат зад ЕУ стандарди за да реализираат индивидуални интереси на штета на народот. Во истиот стил на нерационално и незаконско трошење на буџетските средства не смееме да ги заборавиме ниту наводите во последниот Извештај на Државниот завод за ревизија за јавните набавки каде се констатира: 1. нерационално користење на буџетските средства, 2. нетранспарентност на постапките, 3. нарушување на конкуренцијата и 4. нарушување на начелото на еднаков третман и недискриминација Со секое продолжување на вакви политики, се оптеретуваат граѓаните да плаќаат повеќе, и со здравјето и со пари. Токму затоа потребно е итно да замине оваа Влада за здравствениот систем целосно да се рестартира и тоа час поскоро!, истакна Николов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-namesto-nova-i-moderna-pozitivna-lista-od-ministerstvoto-za-zdravstvo-po-desetti-pat-najavuvaat-formirane-nova-komisija/feed/ 0
Николов: Здравството со оваа власт е со „поминат рок“ – долги листи на чекање, позитивна листа на лекови од 1995, лоша здравствена инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-zdravstvoto-so-ovaa-vlast-e-so-pominat-rok-dolgi-listi-na-chekane-pozitivna-lista-na-lekovi-od-1995-losha-zdravstvena-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-zdravstvoto-so-ovaa-vlast-e-so-pominat-rok-dolgi-listi-na-chekane-pozitivna-lista-na-lekovi-od-1995-losha-zdravstvena-infrastruktura/#respond Sun, 09 Jul 2023 10:55:10 +0000 https://kurir.mk/?p=854586

Членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот - Ова е Македонија за сите“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за состојбите во македонското здравство и за организацијата и за менаџментот на здравствените установи. Николов посочи дека и покрај огромен број на вработени административни службеници во здравството и здравствените институции, работите требаше да одат сами од себе, а наспроти тоа пациентите се соочуваат со долги листи и планови на чекање. „Реално, докторите чувствуваат дека на толку административни работници, работата треба само од себе да оди, а тоа за жал не е случај, за жал, листите за чекање се долги, плановите за чекање се долги и се се пролонгира“, рече Николов. Тој додаде дека една од работите што треба да се спомене и што е поврзана со Фондот за здравствено осигурување, е позитивната листа, затоа што актуелната гарнитура дојде на власт со најава дека ќе направат модерна позитивна листа и дека ќе имаме модерни лекови. „Се случи, да позитивната листа не е мрдната последните седум години нула, а вкупно 11 години. Зошто тоа се случува, не може да се каже, веројатно се нема некаков интерес за да се коригира таа позитивна листа, а веројатно тоа немање на интерес потекнува од повеќе канали или повеќе места, или пак повеќе центри на моќ кои што имаат интерес да остане оваа стара позитивна листа. Така да, нашите пациенти се лечат со лекови од 95-та година, а сето тоа да резултира со не соодветно, односно немодерно лекување“, истакна Николов. Посочи дека касниме со инфраструктурата во здравството, но и со позитивната листа на лекови на кои им е поминат рокот, а владата и министерството за здравство ништо не прават. „И ова оди во прилог на онаа инфраструктура, ако касниме со инфраструктура и е поминат рокот, на позитивната листа и е поминат рокот, се отвора прашањето што чека министерството за здравство и владата последниве седум години и што прави“, додаде Николов. Запрашан, дали со сето ова може да се каже дека на здравството во Македонија му е поминат рокот, додаде дека имаше такви дебати дека имаме здравство со поминат рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-zdravstvoto-so-ovaa-vlast-e-so-pominat-rok-dolgi-listi-na-chekane-pozitivna-lista-na-lekovi-od-1995-losha-zdravstvena-infrastruktura/feed/ 0
Николов: Стратешка грешка е што владата не продолжи со градба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, арбитражниот процес за раскинување на договорот е сериозно напреднат, штетите се над 18 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshka-greshka-e-shto-vladata-ne-prodolzhi-so-gradba-na-klinichkiot-tsentar-majka-tereza-arbitrazhniot-protses-za-raskinuvane-na-dogovorot-e-seriozno-naprednat-shtetite-se-nad-18-milioni-e/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshka-greshka-e-shto-vladata-ne-prodolzhi-so-gradba-na-klinichkiot-tsentar-majka-tereza-arbitrazhniot-protses-za-raskinuvane-na-dogovorot-e-seriozno-naprednat-shtetite-se-nad-18-milioni-e/#respond Sun, 09 Jul 2023 09:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=854561

Одеднаш нема никакво зборување за проблемите на здравството, особено инфраструктурните проблеми на здравството, особено за клиничкиот центар. Доколку пред четири, пет години бевме во континуитет бомбардирани дека ќе се направи ултра модерен, софистициран проект кој што повеќе личеше на мегаломански, иако на хартија го немаше како проект, туку имаше само некакви „Power point“ презентации. Одеднаш сега, денеска сме сведоци на една тишина и нешто што ја нарушува транспарентноста со која што толку се фалеа, заради тоа што кога доаѓаа на власт имаа полни усти транспарентност, а денска сме сведоци на една состојба во која што постои арбитражен процес, арбитражна постапка за клинички центар за која што никој ништо кажува. Односно, нетранспарентно се дознаваат информации кои што успева јавноста да ги дознае преку медиумите, рече членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот - Ова е Македонија за сите“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека информации кои ги имаат велат дека е испратено писмо од министерството за здравство до владата, ама владата сеуште не го добила писмото, па владата кога го добила писмото заседавала па не се кажува што одлучила. Посочи дека според информациите кои ги имаат до сега, во однос на Клиничкиот центар Мајката Тереза, новината е дека арбитражниот процес е сериозно напреднат и, најверојатно, се побаруваат околу 18 милиони евра за негова неизградба и за раскинувањето на договорот за градба, дополнително добија информација дека владата веќе избрала странска адвокатска канцеларија за да ја застапува државата. „По нашите информации кои што ги имаме до сега, новината е дека арбитражниот процес е сериозно напреднат, се побаруваат најверојатно околу 18 милиони евра за неизградба, односно за раскинување на договор за градење на Клинички центар Мајка Тереза во кампусот клиники и сега е почната некаква арбитражна постапка за која што, исто така на нетранспарентен начин дознавме и добивме информација, дека е избрана е странска адвокатска канцеларија, која што ќе ја застапува Македонија во овој процес“, рече доктор Николов. Тој посочи дека изминатите седум години е направена стратешка грешка во здравството со неизградбата на постоечкиот план и потпишан договор за градба за клиничкиот центар во кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје, на сметка на тоа се отиде на медиумската кампања за изградба на клинички центар на нова локација за која немаше ниту проект, ниту истражување на локацијата, што доведе Македонија сеуште да нема современ центар за терциерно здравство за третман на пациентите. „Можеме едно да кажеме дека се случи една голема стратешка грешка, последниве седум години, а тоа е стратешката грешка да не се продолжи градбата на Клиничкиот центар Мајка Тереза, туку се навлезе во еден некаков притисок на градење на клинички центар во локација која што не беше испитана геомеханички, ниту дали има археолошки наоѓалишта, ниту имаше проект и на големи труби и фамфари се велеше дека оваа локација е перфектна и дека тоа ќе биде добро за целиот здравствен систем и на крај завршивме да немаме никаков проект од тоа“, истакна Николов. Николов, меѓу другото, посочи дека откако се потпиша договорот за коридорите се добива впечаток дека повеќе има грижа за нешто друго, отколку грижа за нешто друго, а тоа друго, најверојатно станува збор за грижа за провизии повеќе, отколку за здравјето на македонските граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshka-greshka-e-shto-vladata-ne-prodolzhi-so-gradba-na-klinichkiot-tsentar-majka-tereza-arbitrazhniot-protses-za-raskinuvane-na-dogovorot-e-seriozno-naprednat-shtetite-se-nad-18-milioni-e/feed/ 0
Николов: Владата на СДСМ и ДУИ ги краде граѓаните, плаќа пенали за неизградба на клинички во Скопје и за скапи странски адвокатски куќи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-vladata-na-sdsm-i-dui-gi-krade-graganite-plaka-penali-za-neizgradba-na-klinichki-vo-skopje-i-za-skapi-stranski-advokatski-kuki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-vladata-na-sdsm-i-dui-gi-krade-graganite-plaka-penali-za-neizgradba-na-klinichki-vo-skopje-i-za-skapi-stranski-advokatski-kuki/#respond Sun, 02 Jul 2023 10:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=851755

(Интегрален текст и видео од прес-конференција на Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ) Владата и министерството за здравство прават се друго, освен да се грижат за здравјето на граѓаните. Како тргнале, Владата на СДСМ и ДУИ веројатно ќе биде единствена во свет, која што ќе плаќа казни за неизграден Клинички центар. Иако имаа полни усти транспарентност, денес единствено се занимаат со спроведување на лични и партиски интереси. За најголемата стратешка грешка во здравството, досега немаат преземено апсолутно ништо за да ја намали штетата по државниот буџет. Целата состојба со арбитражната комисија за клинички центар се крие во тајност. Времето тече, а штетите по буџетот можат да бидат огромни. Прекинувањето на договорот за нов клинички во Скопје според информациите во јавноста може да чини и повеќе од 18 милиони евра. Последните информации во јавноста, говорат дека е ангажирана странска адвокатска компанија која за баснословни хонорари ќе ја застапува Македонија во арбитражната постапка за неизграден клинички центар. Доколку се мислеше за јавното здравје и здравјето на граѓаните, тие до сега ќе изградеа клинички центар. Во меѓувреме, сведочиме само на разнебитување на јавното здравство. Лаги како мегаломански проект од кој што нема ниту трага, ниту глас. Сведоци сме само за трошење на народни пари и ништо повеќе. Никаква инвестиција во медицинскиот персонал, ниту пак кадровска политика, никаква инвестиција во услови за работа и ниту пак за лекување на пациенти, никаква инвестиција во инфраструктура која што се заснова најчесто на донации. Се добиваат само вести за поплавени згради на стариот клинички центар и само вести за казни за неградење на нов клинички центар. Со оваа Влада парите на народот, се потрошени на корупција од страна на функционерите на СДСМ и ДУИ и нивните партнери. Низата на стратешки грешки на оваа Влада на СДСМ и ДУИ е огромна. Заради тоа таа мора да замине час поскоро! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-vladata-na-sdsm-i-dui-gi-krade-graganite-plaka-penali-za-neizgradba-na-klinichki-vo-skopje-i-za-skapi-stranski-advokatski-kuki/feed/ 0
Николов: Подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани на територија на општина Бутел https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikolov-podednakvo-vodime-grizha-za-site-nashi-sogragani-na-teritorija-na-opshtina-butel/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikolov-podednakvo-vodime-grizha-za-site-nashi-sogragani-na-teritorija-na-opshtina-butel/#respond Fri, 30 Jun 2023 15:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=851303

Подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани на територија на општина Бутел и проектите кои ги реализиравме и се во тек се проекти од кои ќе имаат сите граѓани бенефит без разлика на националната припадност, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Игор Николов претседател на советот на општината. Оттука потенцираме дека при носењето одлуки во оваа општина исклучиво се водиме од потребата да придонесеме за доброто на граѓаните кои се жители на нашата општина. Токму показател за ова се денешните одлуки на денешната седницата на Совет на општина Бутел за финансиска поддршка за издавање на монографија на г-дин Бајруш Мјаку кој е наш истакнат режисер и глумец и кој живее во нашата општина. Исто така донесовме одлука за финансиска поддршка за врвни спортисти меѓу кои и Марио Мицковски, дете спортски талент кој донесе три медали од специјалната Олимпијада за лица со попреченост. Продолжуваме цврсто и одлучно со грижата подеднакво за сите наши сограѓани кои живеат на територија на општина Бутел, пишува во својата објава Николов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nikolov-podednakvo-vodime-grizha-za-site-nashi-sogragani-na-teritorija-na-opshtina-butel/feed/ 0
Николов: Оваа Влада не прави ништо за здравството, се однесува арогантно и кон медицинскиот персонал и пациентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-ovaa-vlada-ne-pravi-nishto-za-zdravstvoto-se-odnesuva-arogantno-i-kon-meditsinskiot-personal-i-patsientite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-ovaa-vlada-ne-pravi-nishto-za-zdravstvoto-se-odnesuva-arogantno-i-kon-meditsinskiot-personal-i-patsientite/#respond Mon, 19 Jun 2023 17:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=847537

Македонија кубури со секаков вид на медицински кадар. За медицинскиот кадар нема континуирана обука. Претходно престојуваа во познати здравствени центри и искуството го пренесуваа во Македонија. Но, сега од тоа нема ништо. Сите заминуваат или во приватно или во странски здравствени центри, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. Според Николов има повеќе модели да се задржи медицинскиот кадар, но оти не се прави ништо од актуелната Влада. „Моделите за зачувување на кадарот ние ги разгледуваме како Комисија за здравство. Еден е давање стипендии за специјализации на пример. Потоа ќе бидат обврзани знаењето да го применуваат во нашите здравствени институции. Второ, мора да има протоколи за пренос на знаење. Една процедура да не ја прави еден тим, туку да подготвува и друг тим“, вели Николов. Тој укажа и на праксата со тоа што заминуваат лекари некои процедури да не се прават во јавното здравството. „Бевме сведоци, процедури и искуство од јавно да се префрлат во приватно здравство или услугите се преместени од приватното во јавното здравство се разбира за оние кои можат да платат, а здравството треба да е достапно за сите. Граѓаните плаќаат здравствено осигурување“, посочи доктор Николов. Николов укажа дека е исклучително лоша состојбата и за пациентите говорат лошите извештаи на Државниот завод за ревизија. „Ако ДЗР нотира дефицит на лекови, застарена позитивна листа тоа се знае за што зборува. Но можеби евентуално некому ова му одговара. Но трпат граѓаните“, рече Николов. Николов се осврна и на фактот што нема лекови ниту за лицата со ретки болести. „Се прават некои напори, но тоа воопшто не е доволно. Или сите пациенти речиси имаат проблем не само оние со цистична фиброза, туку и лицата со дијабет за нив исто нема од новите лекови, онколошките пациенти исто се соочуваат со проблем и за нив нема нови лекови“, рече Николов укажувајќи дека она што се гледа е само едно арогантно однесување кога станува збор за здравството, или и за медицинскиот персонал и за пациентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-ovaa-vlada-ne-pravi-nishto-za-zdravstvoto-se-odnesuva-arogantno-i-kon-meditsinskiot-personal-i-patsientite/feed/ 0
Николов: Стратешките грешки ги чинат граѓаните многу, не изградбата на клиничкиот во Скопје и Штип засега чини околу 40 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshkite-greshki-gi-chinat-graganite-mnogu-ne-izgradbata-na-klinichkiot-vo-skopje-i-shtip-zasega-chini-okolu-40-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshkite-greshki-gi-chinat-graganite-mnogu-ne-izgradbata-na-klinichkiot-vo-skopje-i-shtip-zasega-chini-okolu-40-milioni-evra/#respond Mon, 19 Jun 2023 16:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=847522

Најголемиот проблем во моментов е недостаток на медицински персонал и несоодветна инфраструктура, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. „Инфраструктурата во здравството ни е со поминат рок. Ни се случија стратешки грешки, се стопираше градбата на клинички Мајка Тереза и се планираше некој мегаломански проект од кој нема ништо, а за оној неизградениот Мајка Тереза постои арбитражна постапка и засега побарувањето или пеналите кои треба да ги плати државава се 18 милиони евра“, рече Николов. Николов посочи дека и клиничкиот во Штип е незавршен и таму треба да се плаќа еден вид на пенали. „Клиничкиот во Штип наликува на автопатот Кичево Охрид почната изградбата, но застаната. Зошто? Нема одговор и Владата не го повлекла одобрениот кредит и сега има побарувања или има загуби. Поточно неградењето на нов клинички во Штип и болница во Охрид носи само штета за не изградбата од околу 40 милиони евра“, кажа Николов. Според него сето ова нанесува големи штети на јавното здравство и сите заминуваат од истите. „Персоналот или во приватното здравство или во странство. Не можам да се сетам за некаква капитална инвестиција во здравството, можам да се сетам само за донации, а се повеќе се бараат и донации за лекување“, вели Николов. Тема за актуелниот министер за здравство, укажа тој, е разрезување на медицински директори од кои бенефит имаат граѓаните. „Потоа тема беше паркинг на Клинички во Скопје, но и од тоа нема ништо. Или неинвестирањето во инфраструктурата не доведува во тешка состојба“, посочи Николов. Од друга страна има и други небулози се најавува укинување на организациски директори во клиниките, а во меѓу време министерот назначува нови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshkite-greshki-gi-chinat-graganite-mnogu-ne-izgradbata-na-klinichkiot-vo-skopje-i-shtip-zasega-chini-okolu-40-milioni-evra/feed/ 0
Николов: Меџити само ги продлабочува проблемите во здравството, со нетранспарентноста на скопските клиники само го демотивира и брка стручниот кадар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-medhiti-samo-gi-prodlabochuva-problemite-vo-zdravstvoto-so-netransparentnosta-na-skopskite-kliniki-samo-go-demotivira-i-brka-struchniot-kadar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-medhiti-samo-gi-prodlabochuva-problemite-vo-zdravstvoto-so-netransparentnosta-na-skopskite-kliniki-samo-go-demotivira-i-brka-struchniot-kadar/#respond Sat, 10 Jun 2023 11:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=844327

Четвртиот министер за здравство во владата на ДУИ и СДСМ, освен политички пазар и партиски интереси ништо друго не прави во ресорот здравство кој и онака е во исклучително лоша состојба, истакна на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Николов: -Министерот вели дека ќе ги укине организациските директори, а во меѓувреме поставува нови на неколку клиники. Разрешува директори, а јавноста не е информирана која е постапката за разрешување и назначување на нови директори. На министерот не му чини директорот на Клиниката за кардиохирургија, ама пак затоа организацискиот му чини, а тие заедно еден без друг ништо не можат да направат. Оттука, министерот Меџити во најкус можен рок треба да даде одговори на неколку прашања. Прво, зошто транспарентно не ги објави постапките при избор на директори во јавните здравствени установи, со оглед на фактот дека до сега има околу 20 нови директори, а јавноста не е информирана кои се. Второ, министерството за здравство и Државниот здравствен инспекторат зошто веднаш не ги објават сите извештаи во кои има наоди за нерегуларности при спроведените контроли, наместо тоа да го прават како и до сега со еден селективен пристап. Трето, врз основа на кои критериуми во последниве 10 дена додека ја замајуваа јавноста дека ќе ги разрешел организациските директори, набрзина се назначени три нови организациски директори, и тоа на Клиниката за гастро, кардиологија, Институт за туберкулоза и белодробни болести и најава има дека има четврт организациски директор. Четврто, по кои критериуми, освен партискиот е назначен на пример и директорот на Клиниката за токсикологија. Тоа е терциерна установа, во која што е назначен семеен лекар кој никогаш не работел во терциерното здравство. Петто, зошто не е разрешен организацискиот директор на Клиниката за кардиологија ако се земе во предвид дека за забелешките на медицинскиот директор и организацискиот има иста одговорност. И шесто, зошто нема одговорност за директорот на Психијатриската болница каде јавноста беше згрозена од физичкото насилство кон пациентите кои таму се хоспитализирани. Наместо тоа, министерот не побара одговорност и не превзема ништо. И на крај седмо, дали министерот смета дека е потценувачки односот кон здравствените лица е односот кон здравствените лица и здравствените работници со покачувањето на платите од 1000-2000 денари и дежурствата од само 300 денари, за кадар кој што заминува и кој што и онака е редок во државата. И покрај тоа што ова е четврти министер за здравство во Владата ДУИ-СДСМ, проблемите само се продлабочуваат. Затоа тоа оваа Влада мора да замине час поскоро, порача Николов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-medhiti-samo-gi-prodlabochuva-problemite-vo-zdravstvoto-so-netransparentnosta-na-skopskite-kliniki-samo-go-demotivira-i-brka-struchniot-kadar/feed/ 0
Николов: Граѓаните на Македонија кои го финансираат здравството не можат да најдат лек и термин за преглед, ама Меџити ќе ги лечел лицата од странство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-graganite-na-makedonija-koi-go-finansiraat-zdravstvoto-ne-mozhat-da-najdat-lek-i-termin-za-pregled-ama-medhiti-ke-gi-lechel-litsata-od-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-graganite-na-makedonija-koi-go-finansiraat-zdravstvoto-ne-mozhat-da-najdat-lek-i-termin-za-pregled-ama-medhiti-ke-gi-lechel-litsata-od-stranstvo/#respond Fri, 09 Jun 2023 10:38:22 +0000 https://kurir.mk/?p=843983

И во овие изминати 100 дена од назначувањето на четвртиот по ред министер за здравство, во Владата на ДУИ и СДСМ уште еднаш се потврди дека за оваа однародена власт, секторот здравство е ставен на маргините и никогаш не бил приоритет. Политички пазар и калкулации при избор на директори, немање пристап до здравствена услуга за пациентите, деградирање на здравствените работници, здравство кое само повремено се закрпува со донации. Видовме дека дури и за кревети во клиники и болници се чекаат донации. При отворање на хируршка сала направена со кредит, поважно е кој бил поканет да сече лента отколку тоа кој ќе остане да работи на клиниката, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ. -Една од главните причини за свесното поткопување на јавното здравство е НУЛА инвестиции во човечкиот потенцијал, па секој ден сме сведоци како директори со години ги молат надлежите институции да им обезбедат согласности за вработување. Ниту по цели две години нема решение за проблемот за недостиг на 100-тина здравствени работници во штипската клиничка болница, исто толку недостасуваат и во битолската болница, 10 специјалисти недостасуваат на Институтот за радиологија каде се вршат дијагностички процедури, а третманот на пациентите е клучно да започне во што порана фаза. Наместо тоа заради недостиг на кадар граѓаните со месеци чекаат да дојдат најпрво до термин, па потоа и да дојдат до резултат, а речиси и да не постои здравствена установа во која нема недостиг на медицински сестри. Целосно отсуство на стратегија за кадар кој лекува, а со ваквиот несериозен пристап штетата ќе биде на долг рок ако се земе во предвид дека за готов специјалистички кадар се потребни и до неколку години. Додека нема пристап до здравствени услуги и нашите граѓани не можат да дојдат до здравствена услуга, властите иако без решенија за проблемите на нашите граѓани кои плаќаат осигурување секој месец без разлика дали користат или не здравство, одлучија повеќе да се грижат како лица од други држави да плаќаат за услуга како и македоснките граѓани. Нејасно е колку оваа мерка ќе ги чини македонските граѓани и како ќе се дојде до тие пари во македонското здравство и како македонските пациенти ќе се лекуваат во здравството, вели Николов. Тој додава дека низата на проблеми, стратешки грешки не се намалува и покрај назначениот четврт министер за здравство. Токму поради тоа оваа влада мора да замине што поскоро и да започне процес на обновување на различните сегменти во државава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-graganite-na-makedonija-koi-go-finansiraat-zdravstvoto-ne-mozhat-da-najdat-lek-i-termin-za-pregled-ama-medhiti-ke-gi-lechel-litsata-od-stranstvo/feed/ 0